text
stringlengths 65
474k
| source
stringclasses 1
value |
---|---|
Во старо време, личните имиња испраќале семејна или општествена порака за чуствата, надежите, желбите, вербата, и стремежите на родителите.
За новороденчињата се бирале имиња со длабоко значење.
Овој мал речник на лични имиња е од популарен карактер и има за цел, од една страна, на младите родители да им го олесни изборот на име за нивното новороденче, а од друга страна, да овозможи и поврзување на личното име со неговото потекло и значење.
За имиња за кои не биле познати корените, потеклото или значењето, задачата останува на читателот како личен предизвик личен предизвик, да се потруди и да ги открие и да си ги впише во книгава, покрај соодветното име. | fineweb-2 |
Dan Cobley:
Ден Кобли: Што ме научи физиката во врска со маркетингот
Физиката и маркетингот навидум немаат нешто многу заедничко, но Ден Кобли се интересира за обете.
Тој ги поврзува при тоа користејќи ги вториот Њутнов закон, Хајзенберговиот принцип на неодреденост, научниот метод и вториот закон за термодинамика со цел да ја објасни фундаменталната теорија на брендирањето. | fineweb-2 |
Аргумент од незнаење
Аргумент од незнаење, познат и како argumentum ad ignorantiam (односно некој да се повика на незнаењето) е заблуда во неформалната логика.
Според овој аргумент, претпоставката е вистинита бидејќи сè уште не е докажано дека е лажна, таа е "општо прифатена" (или обратно).
Ова претставува еден вид на лажна дихотомија по тоа што исклучува трета опција, која би гласела дека оваа претпоставка е недоволно истражена, поради што нема доволно информации за неа за да правилно се докаже дека таа е вистинита или лажна.
Тука не се дозволува ни признанието според кое изборите можеби не се два (вистина или лага), туку четири:
- вистина;
- лага;
- нешто непознато меѓу вистина и лага;
- непознато (меѓу првите три).
Во расправите и дебатите повикувањето на незнаење понекогаш се користи за да се измести товарот на докажување.
Друг вид на аргумент, оној од лично неверување или аргумент од лично убедување, се однесува на тврдење кое, поради тоа што некој лично ја наоѓа претпоставката за малку веројатна или за неверојатна, тогаш според неговата логика оваа претпоставка не може да биде точна.
Или обратно - дека претпочитаната, но недокажана претпоставка е точна.
И двата аргумента најчесто ја поседуваат следната структура: даден човек го смета недостигот на докази за едно гледиште како доказ во правилноста на друго гледиште.
Овие два вида на софизам не треба да се мешаат со методите на аргументирање reductio ad absurdum.
Наводи[уреди | уреди извор]
- "Argumentum ad Ignorantiam".
Philosophy 103: Introduction to Logic.
2004. архивирано од оригиналот на 30 април 2009. http://web.archive.org/web/20090430170946/http://philosophy.lander.edu/logic/ignorance.html.
29 април 2009. | fineweb-2 |
Гијом де Божоа
Гијом де Божоа, а исто така познат и како Вилијам Божуски или Гилермо де Божу (околу 1243- 18 мај 1291) бил дваесет и првиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1273 година, па се до својата смрт во опсадата на Арка во 1291 година.
Содржина
Потекло[уреди | уреди извор]
Гијом де Божоа бил од областа Божоа, по чиешто име и го добил своето.
Жилом бил потомок на многу моќно семејство коешто припаѓало на најблагородничките во областа Божола.
Тие дури биле поврзани и со францускиот кралот Луј IX и Карлос Анжуски, кралот на Сицилија.
Се верува дека, тој се приклучил во редот на темпларите на 20 години.
Тој најпрвин бил како турист во гарнизонот Темпларија во Триполи во 1271 година, а потоа на 13 мај 1273 година бил избран за Голем мајстор, заземјаќи ја и функцијата командант на Апулија и поради тоа останал надвор од Светата земја.
Откако бил избран, тој организирал патување за постеа на главните темплари на запад и бил повикан од папата Григориј X во советот од Лион.
Во летото 1274 година, Жилом ги разгледал погледите на другите Големиот масјтор на витешкиот ред болничари за организирање на нова Крстоносна војна.
Малиот ентузијазам кај дело од бароните пред идејата за Крстоносна војна и смртта на папата во 1276 година ги прекинале подготовките за издавањето.
Враќањето во Арка и обидот да се заштити Светата земја[уреди | уреди извор]
Поради постојаните повици по темпларите од исток, некаде околу септември 1275 година, Жилом де Божу пристигнал во Арка.
Во 1279 година, Жилом бил во конфликт со Хуго III, кралот на Кипар бидејќи новите случувања конфискувале и многу добра од островот.
Овој конфликт помеѓу островот Кипар и темпларскиот ред траел 20 години, сè додека Голем мајстор не станал Жак де Молеј.
Во 1282, Гијом де Божоа, чијашто полиција добивала време против муслиманските управувачи ја оставила инвазијата поради монголското вознемирување и нивното ширење од исток и север за период од 10 години по истекот на договорот склучен о Баибарите во 1271 година.
Искрената политика била со цел да се развие непријателство помеѓу Монголите и Муслиманите.
Од друга страна пак, Христијаните од Ермеија биле загрозувани од Татарите, додека пак Христијаните јужно останале неутрални.
Сепак, Гијом де Божоа останал во пријателски односи со Каиро.
Во 1288, Калавун, владетелот на Балбарите одлучил да го нападне Триполи.
Жилом де Божу благодарение на пријателските односи со султанот од Каиро, го дознал планот за нападот и ги известил челните луѓе во Триполи коишто не му поверувале.
Тие мислеле сосема спротивно, дека тој сака да го заземе градот под контрола на темпларите.
Поради предупредувањата од Гијом де Божоа и благодарение на недовербата помеѓу христијанските водачи, градот Триполи бил освоен од страна на Муслиманите на 26 април 1289.
Калавун, чијашто цел била да ги протера Крстоносците од Светата земја започнал да се подготвува за освојување на градот Арка.
Врв на непријателството[уреди | уреди извор]
Масакрот на муслиманските трговци во Арка од новопристигнатите франко- ломбардски трупи го оневозможиле оправдувањето за оставрување на нивните цели.
За да ги промени подготовките, Калавун му се заблагодарил на одговорниот за извршениот масакр за да ја навести казната.
Гијом де Божоа им предложил на челните луѓе од градот Арка да ги испразнат затворите и ослободат затворениците и истите да му ги предадат на Калавун со цел да добијат време.
Но, Калавун умрел , па Христијаните уживале неколку недели по неговата смрт во Каиро во ноември 1290 година.
На пошетокот на април 1291, Ал- Ашраф Калил пристигнал со многубројна војска и го опколил градот.
Историчарите сметаат дека неговата војска броела 200.000 луѓе.
Веќе на 5 април градот целосно бил опсаден.
Крајот за градот[уреди | уреди извор]
Големите мајстори на витешките редови Темплари и Болничари, Жилом де Божу и Жуан де Вилиер заборавиле на меѓусебните недоразбирања и се здружиле заеднички во заштита на северните ѕидини од замокот, додека Конрад Фојтвангенски, Големиот мајстор на Тевтонскиот ред, Амаларико, братот на кралот на Кипар Хенри II и водач на коњаницата на Сирија и Кипар, швајцарскиот командант, командантот на британските трупи Отон од Грендсон се договориле да ги заштитуваат западните ѕидини.
Ноќта помеѓу 15 и 16 април, Гијом де Божоа започнал да подготвува околу 300 витези.
Проптивниците биле изненадени од доброзаземените позиции, па морале малку да се повлечат, бидејќи нивните воени машини биле напаѓани и уништувани што и било цел.
Но, Мамлуците се подготвиле за нов напад.
На 16 април, поради пристигнувањето на кралот на Кипар Хенри II придружуван од околу 1.000 војници, дел од ѕидините се урнале од нападите на противниците.
Муслиманите го искористиле направениот премин од урнатите ѕидини за да влезат во градот, но со заеднички сили трите витешки реда успеале да го спречат продорот и ги избркале Муслиманите од пред ѕидините.
Смртта на Гијом де Божоа[уреди | уреди извор]
На 18 мај, Ал- Ашраф Калил го повел завршниот напад.
Околу 2.000 војници поминале од преминот создаден од урнатите ѕидине и ги запоседнале кулите на ѕидините, а при тоа ги нападнале витезите.
Со одреден број на витези, Гијом за еден момент можел да го сопре приливот на противниците, но тие веќе биле во градот.
Кога Сарацените биле речиси пред вратите на Сан Антонио, Гијом де Божоа бил смртно ранет.
Во метежот за време на борбата, Жилом немал време да се тргне и бил погоден од стрела.
Тој се оддалечил од ѕидините и преминал од другата страна испуштајќи го својот меч.
Витезите го наговарале да се врати, но тој на тоа им одговорил:"Je ne m'enfuis pas; je suis mort.
Voici le coup.
"("Не се повлекувам.
Јас сум мртов.
Овде е стрелата.")
и ја подигнал раката, покажувајќи ја раната.
Бргу бил внесен во градот и доведен во една куќа во соседството каде што за последен пат видшал.
Падот на градот[уреди | уреди извор]
Пристигнувањето на нови сили со кои се освежувала противничката војска ги приморало витезите да се повлечат до темпларскиот замок којшто се наоѓал јужно од градот, на самиот брег.
Градот бил освоен од Муслиманите неколку дена подоцна, иако се уште имало темплари кои останувале докрај да се борат.
Ова предизвикало голем број од населението да го напушти градот Арка и да се насели на островот Кипар.
Двајцата влијателни луѓе, Теобалд Годен и Пјер де Севри останале живи во градот Арка, но решиле да се разделат.
Тибо запловил кон градот Сидон којшто се уште бил во христијански раце, а Пјер де Севри се уверил во издржливоста на муслиманските сили.
По неколку дена, покрај брегот, Пјер здогледал илјадници војници лесна пешадија коишто имале одбранбени задачи.
Ал- Ашраф Калил го поседнал градот на 28 мја, а при тоа убивајќи и неколку бранители коишто не можеле ништо против многу побројните противници, а останале живи од оние 2.000 фанатаци коишто останале да го бранат градот.
Традиционално популарно[уреди | уреди извор]
Се вели дека Жак де Молеј пред да умре му доделил чин на Франсоа де Божоа, внук од брат на Гијом де Божоа.
Редот на храмот бил сочубванм и Франсоа требало да отиде во гробницата на Големите мајстори и точно во гробот на својот предок да го остави скапоценикот којшто Жак де Молеј го враќал на својот претходник.
По мисијата, Жак де Молеј извршил нова организација на редот започнувакќи со неговитѕе тајни.
Користена литература[уреди | уреди извор]
- Алан Демургер (1986) Возвишувањето и падот на Темпларите
- Мартин Вокер (1993) Историја на Темпларите
- Бернард Марилер (2000) Историја на Темпларите
|Претходник
Тома Берар
|Голем мајстор
1273–1291
|Наследник
Теобалд Годен | fineweb-2 |
Знамето на Микронезија е официјалното знаме на оваа океанска држава, кое било усвоено на 10 ноември1979 година.
Знамето е составено од сина позадина на која приказ на четири бели ѕвезди.
Сината боја го симболизира Тихиот Океан, додека ѕвездите ги симболизираат четирите островски групи и федерални единици: Чук, Понпеј, Косрае и Јап. | fineweb-2 |
Template:BArch category header/mk< Template:BArch category header
Слики од Германскиот сојузен архив (Deutsches Bundesarchiv), http://www.bundesarchiv.de.
Највеќето слики тука се подигнати како дел од проектот опишан на Commons:Bundesarchiv.
Ова е привремена категорија за извори, а не тематска категорија.
Сите слики од оваа категорија треба дополнително да се искатегоризираат во соодветни тематски категории. | fineweb-2 |
Лох
- езеро или;
- морски затон (долгнавест тесен залив), кој исто така може да биде и ферт, фјорд, утока или залив.
Тесниот морски затон се нарекува "морски лох".
Содржина
Етимологија и примена[уреди | уреди извор]
Називот на оваа водна површина е од гелско потекло и се применува за речиси сите езера во Шкотска како и за многу морски затони во западна и северна Шкотска.
(Список ќе најдете на Список на лохови во Шкотска).
Иако не постои строга дефиниција за големина, мал лох се нарекува "лохан" (шкотски: lochan, ирски: lochán).
Исползување на лоховите[уреди | уреди извор]
Некои нови хидроакумулации за хидроенергија добиле верни имиња како природните водни површини - на пример акумулациите: Лох Слој, Лох Лох Лаган и Лох Трејг (дел од хидроенергетскиот комплекс Лохабер близу Форт Вилијам).
Други површини се нарекуваат едноставно резервоари, как на пример: Блеквотерскиот Резервоар над Кинлохлевен.
Лохови вон Шкотска и Ирска[уреди | уреди извор]
Бидејќи "лох" е општ гелски збор, истиот го наоѓаме и во коренот на неколку мански топоними.
Во САД, военото пристаниште Перл Харбор кое се наоѓа на јужното крајбрежје на главниот хавајски остров Оаху, е еден од комплекс на затони.
Неколку затони во овој комплекс се нарекуваат лохови - Југоисточен Лох, Мери Лох, Источен Лох, Среден Лох и Западен Лох. | fineweb-2 |
Црвен крст и Црвена полумесечина
|Меѓународен комитет на Црвениот крст|
Амблем на МКЦК
|Кратенка||МКЦК|
|Гесло||Помош во војна (лат.
Inter arma caritas)|
|Основана||22 август 1864|
|Цел||Заштитата на животот и достоинството на жртвите на вооружени конфликти|
|Седиште||Женева, Швајцарија|
|Буџет||970 милиони Швајцарски франци во 2005.|
|Мреж.
место||http://www.icrc.org|
|Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина|
Амблем на Федерацијата
|Гесло||Го штитиме човечкото достоинство|
|Основана||1919.|
|Цел||Помош во ситуации кои не се предизвикани од војна.|
|Седиште||Женева, Швајцарија|
|Главно тело||Генерално собрание|
|Мреж.
место||http://www.ifrc.org|
Меѓународен црвен крст и Црвена полумесечина — меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без било каква дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење.
Често слушаниот израз "Меѓународен Црвен Крст" всушност е погрешен, бидејќи не постои таква организација.
Во стварност, Движењето се состои од неколку одделни организации кои се правно независни, но се обединети во Движењето преку заеднички основни принципи, цели, симболи, статути и органи на управување.
Деловите на Движењето се:
- Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст (МКЦК), приватна хуманитарна установа основана во 1863 во Женева, Швајцарија.
25-члениот Комитет, според меѓународните хуманитарни закони, има уникатно право да го штити животот и достоинството на жртвите од меѓународни и граѓански вооружени конфликти.
- Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, основана во 1919 и која денес ги координира активностите меѓу 186 национални здруженија.
Секретаријатот на Федерацијата е со седиште во Женева, Швајцарија.
Федерацијата ги предводи и огранизира, во тесна соработка со националните здруженија, мисиите за помош во случаи на големи непогоди.
Национални здруженија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина постојат во речиси сите земји во светот.
Во моментов, 186 национални здруженија се признаени од МКЦК и се примени како полноправни членови на Федерацијата.
Секоја членка работи во својата земја според принципите на меѓународното хуманитарно право и статутите на меѓународното движење.
Зависно од нивните конкретни околности и можности, националните здруженија можат да преземат дополнителни хуманитарни активности кои не се директно дефинирани со меѓународното хуманитарно право или со одредбите на меѓународното движење.
Содржина
- 1 Историја на Движењето
- 2 Активности на МКЦК
- 3 Активности и Организација на Федерацијата
- 4 Мото на движењето, Ден на движењето, Комеморација
- 5 Црвен крст на Република Македонија
- 6 Надворешни врски
Историја на Движењето[уреди | уреди извор]
Историја на МКЦК[уреди | уреди извор]
До средината на 19. век, не постоел организиран и воспоставен систем за нега на ранетите војници и не постоеле безбедни и заштитени установи кои би ги сместувале и лекувале ранетите.
Во јуни 1859, швајцарскиот бизнисмен Анри Динан патувал во Италија за да се сретне со францускиот император Наполеон III со намера да разговара за тешкотиите во водењето на бизнисот во Алжир, во тоа време окупиран од Франција.
Кога пристигнал до малиот град Солферино, вечерта на 24. јуни, бил сведок на Битката од Солферино, судир во Австро-Сардиниската војна.
Во еден ден, околу 40.000 војници на двете страни загинале или останале ранети на бојното поле.
Анри Динан бил шокиран од страотниот исход на битката, страдањето на ранетите и непостоењето на медицинска грижа за ранетите.
Тој целосно ја напуштил првобитната цел на патувањето, и неколку дена се посветил на помагање и лекување на ранетите.
Успеал да организира значајно ниво на нега и помош така што го мотивирал локалното население да помогне, без никаква дискриминација.
Кога се вратил во Женева, напишал и книга "Сеќавање на Солферино", и ја објавил во 1862.
Испратил копии од книгата на водечки политички и воени личности ширум Европа.
Покрај тоа што ги пренел живите сеќавања од Солферино од 1859, во книгата тој експлицитно се залагал за создавање на национални доброволни организации за помош кои би помагале на ранети во воени судири.
Покрај тоа, повикал на развој на меѓународни договори кои би ја гарантирале неутралноста и заштитата на ранетите војници, медицински лица и теренски болници.
На 9. февруари 1863 во Женева, Анри Динан го основал "Петчлениот комитет" (заедно со 4 други водечки личности од видни семејства од Женева), како анкетна комисија на Женевското здружение за јавна благосостојба.
Нивната цел била да се испита изводливоста на идеите на Дунан и да се организира меѓународна конференција за нивно спроведување.
Веќе на 26-29 октомври 1863, била свикана меѓународна конференција на која присуствувале претставници од 18 држави, 6 делегати од невладини организации, 7 странски неофицијални делегати и петте ченови на комитетот на Анри Динан.
Една година подоцна, владата на Швајцарија ги поканила владите на сите Европски земји, како и САД, Бразил и Мексико да присуствуваат на официјалната дипломатска конференција.
16 земји испратиле вкупно 26 делегати.
На 22. август 1864, Конференцијата ја усвоила првата Женевска конвенција "за подобрување на состојбата на ранетите од војските на бојното поле".
Претставници на 12 земји ја потпишале конвенцијата: Баден, Белгија, Виртемберг, Данска, Италија, Португалија, Прусија, Франција, Хесе, Холандија, Швајцарија, Шпанија.
Конвенцијата соджела 10 члена, за прв пат воспоставувајќи законска обврска за гарантирање на неутралноста и заштитата на ранетите војници, теренскиот медицински персонал и конкретни хуманитарни институции во вооружен конфликт.
Во следните години, национални здруженија на Црвениот Крст никнале низ цела Европа.
Во 1876 година комитетот го усвоил името "Меѓународен комитет на Црвениот Крст".
Се' повеќе земји пристапувале кон Женевската конвенција и почнале да ја почитуваат во вооружени конфликти.
Историја на Федерацијата[уреди | уреди извор]
Во 1919, претставници од националните здруженија на Црвениот Крст на Британија, Франција, Италија, Јапонија и САД се состанале во Париз за да ја формираат "Лигата на здруженијата на Црвениот Крст".
Оригиналната идеја била на Хенри Дејвидсон, тогашен претседател на Американскиот Црвен Крст.
Овој потег овозможил проширување на меѓународните активности на движењето на Црвениот Крст вон тесната мисија на МКЦК, и овозможило соработка за помош во вонредни ситуации кои не се предизвикани од војна.
Првата мисија на Лигата била помош на гладните и болните од тифус во Полска.
Во почетокот, МКЦК се противел на создавањето на Лигата, гледајќи во неа потенцијална конкуфенција и преплетување на задачите.
За прв пат тие соработувале во текот на Руската граѓанска војна ([PHONE]).
Во 1928 бил создаден "Меѓународен совет" кој требало да ја координира работата помеѓу МКЦК и Лигата.
Оваа задача подоцна ја презел Постојаниот Комитет.
На 10. декември 1963., Федерацијата и МКЦК добиле Нкбелова награда за мир.
Лигата се преименувала во "Лига на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина" за да се одрази растечкиот број на здруженија кои оперирале под знакот на полумесечината.
Во 1991. името било променето во "Меѓународна федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина".
МКЦК и Федерацијата го потпишале Севиљскиот договор кој дополнително ги дефинира одговорностите на двете организации во рамки на Движењето.
Во 2004 Федерацијата ја изведе најголемата мисија во својата историја - помошта на настраданите од цунами во јужна Азија.
Повеќе од 22.000 доброволци работеа на помош за стотиците илјади жртви кои останаа без покрив и храна и под закана од епидемии.
Активности на МКЦК[уреди | уреди извор]
Мисија и задачи на МКЦК во рамки на Движењето[уреди | уреди извор]
Официјалната мисија на МКЦК како непристрасна, неутрална и независна организација е да се залага за заштитата на животот и достоинството на жртвите на меѓународни и граѓански вооружени конфликти.
Според договорот од Севиља од 1997, тој е "Водечка агенција" на движењето во конфликти.
Главните задачи на Комитетот, кои произлегуваат од Женевските конвенции и од сопствениот статут, се:
- да ја следи усогласеноста на завојуваните страни со Женевските конвенции
- да организира нега и грижа за ранетите на бојното поле
- да го надгледува третманот на заробените во војна
- да помага во наоѓањето на исчезнатите во воени конфликти (трагање)
- да организира заштита и грижа за цивилното население
- да арбитрира помеѓу завојуваните страни во вооружен конфликт
Финансирање на МКЦК[уреди | уреди извор]
Буџетот на МКЦК за 2005 изнесувал околу 970 милиони Швајцарски франци.
Најголем дел од тие средства доаѓаат од Швајцарија во функција на депозитарна држава на Женевските конвенции, од националните здруженија на Црвениот Крст, од потписничките на Женевските конвенции и од меѓународни организации како што е Европската Унија.
Сите плаќања на МКЦК се доброволни и во форма на донации во два вида на барања доставени од Комитетот: Годишно барање за покривање на трошоците и Итни барања за поединечни мисии.
Вкупниот буџет за 2005 изнесувал околу 819,7 милиони Швајцарски франци (85% од вкупниот износ) за работа на терен и 152,1 милиони (15%) за трошоци на организацијата.
Активности и Организација на Федерацијата[уреди | уреди извор]
Мисија на Федерацијата и нејзини одговорности во Движењето[уреди | уреди извор]
Федерацијата ја координира соработката меѓу националните здруженија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина ширум светот и го поддржува создавањето на нови национални здруженија во земјите каде тие официјално не постојат.
На меѓународен план, Федерацијата организира и води мисии за помош по несреќи како што се природни катастрофи, несреќи предизвикани од човекот, епидемии, масовни бегалци и други.
Според Договорот од Севиља од 1997, Федерацијата е водечка агенција на Движењето во било која вонредна ситуација која не се одвива во вооружен конфликт (спротивно на МКЦК).
Федерацијата соработува со националните здруженија на погодените земји, како и со националните здруженија на земјите кои се подготвени да помогнат.
Помеѓу 187-те национални здруженија примени во Генералното собрание како полноправни членки или набљудувачи, околу 25-30 постојано работат како даватели на помош.
Најактивни од нив се Американскиот Црвен Крст, Британскиот Црвен Крст, Германскиот Црвен Крст, и здруженијата на Црвениот Крст од Шведска и Норвешка.
Друга главна мисија на Федерацијата која добива на значење во последниве години е посведеноста да работи на озаконување на забраната на употреба на нагазни мини, и да обезбеди медицинска, психолошка и социјална помош за луѓето повредени од нагазни мини.
Задачите на Федерацијата може да се сумираат вака:
- да ги промовира хуманитарните принципи и вредности
- да обезбеди помош во вонредни ситуации од поголеми размери
- да поддржува локални проекти за здравствена заштита
- да ги поддржува националните здруженија со активности поврзани со младите.
Правен статус и организација[уреди | уреди извор]
Како и Меѓународниот Комитет, и Федерацијата е со седиште во Женева.
Покрај тоа, има 14 постојани регионални канцеларии и околу 350 делегати во повеќе од 60 делегации низ светот.
Правната основа за работата на Федерацијата е нејзиниот устав (статут).
Извршното тело на Федерацијата е Секретаријатот, предводен од Генерален Секретар.
Секретаријатот е поддржан од четири оддели наречени "Оддел за поддршка", "Поддршка на национални здруженија и теренска поддршка", "Политика и релации" и "Соработка со движења".
Одделот за Соработка со движења ја организира врската и соработката со МКЦК.
Највисок орган на Федерацијата е Генералното Собрание кое се состанува секои две години со делегати од сите национални здруженија - членки.
Генералното Собрание го избира Генералниот Секретар и решава по сите други важни прашања за Федерацијата.
Меѓу две сесии на Генералното Собрание, највисок орган е Управниот Одбор, кој се состои од претседател и потпретседатели, претседавач на Финансиската комисија, и дваесет избрани претставници од националните здруженија.
Покрај тоа, Управниот одбор има и 4 додатни комисии: "Помош во непогоди", "Младина", "Здравствени и локални услуги" и "Развој".
Финансирање[уреди | уреди извор]
Главниот дел од буџетот на Федерацијата доаѓа од националните здруженија кои се членки, и преку приходи од сопствени инвестиции.
Износот на придонесите за секое национално здружение го определува Комисијата за финансии, а го одобрува Генералното Собрание.
Секое дополнително финансирање, особено за непредвидени трошоци за мисии за помош, се обезбедува преку повици објавени од Федерацијата и од доброволни донации на националните здруженија, влади на држави, други организации, фирми и поединци.
Мото на движењето, Ден на движењето, Комеморација[уреди | уреди извор]
Изворното мото на Меѓународниот Комитет е Помош во војна (лат.
Inter arma caritas), а на Федерацијата Со хуманост кон мир (лат.
Per Humanitatem ad Pacem).
Мисијата на Меѓународното движење формулирана во документот "Стратегија 2010" е да ги подобри животите на ранливите луѓе преку мобилизирањето на моќта на хуманоста.
Во 2003, 28.-та меѓународна конференција го усвои мотото на конференцијата Го штитиме човечкиот дигнитет.
како нов слоган на Движењето.
На XVI Меѓународна конференција во Лондон во 1938 г. е одлучено 8 мај, роденденот на Анри Динан, да биде комеморација и прослава како ден на Движењето, и тој ден, од 1984 г., се слави како Светски ден на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина.
Во Солферино се наоѓа и споменик на Црвениот Крст, подигнат во 1959, на 100-годишнината од Битката кај Солферино.
Во Кастиљоне деле Стивиере, мало гратче до Солферино, во 1959. е отворен и Музеј на Црвениот Крст.
Покрај тоа, уште еден музеј, Музејот на Меѓународниот Црвен Крст и Црвена Полумесечина постои во Женева, близу до седиштето на МКЦК.
Конечно, и во гратчето Хајден во Швајцарија постои Музеј на Анри Динан посветен на основачот на Движењето.
Црвен крст на Република Македонија[уреди | уреди извор]
Црвениот крст на РМ е формиран 17 март 1945 година, а како самостојна невладина организација делува од 21 мај 1992 година.
Црвен крст на РМ од Меѓународниот комитет на Црвениот крст е признат на 1. ноември 1995 година, а во Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 ноември 1995 година како 169 членка.
Основни задачи на националната организација се:
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа,
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва, и
- Координација на активностите со меѓународните организации.
Работата и ексклузивноста на Црвениот крст на Македонија е регулирана со Закон објавен во "Службен весник на Р.М."
број 41/94 од 05 август 1994 год.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Македонски[уреди | уреди извор]
- Црвен крст на Република Македонија (македонски)
- Закон за Црвениот крст на Република Македонија.
(македонски)
Странски[уреди | уреди извор]
- Меѓународно Движење на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (англиски)
- Постојана Комисија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (англиски)
- Меѓународен Комитет на Црвениот Крст (МКЦК) (англиски)
- Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (МФЦК) (англиски)
|Статијата "Црвен крст и Црвена полумесечина" е избрана статија.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).| | fineweb-2 |
Напишано:
24 декември 1917
Извор: Avanti!, миланско издание, според МИА
Првпат објавено: Il Grido del Popolo, 5 јануари 1918
Превод и техничка обработка: Горан Мариќ, од англиски јазик
Онлајн верзија: февруари 2006
Болшевичката револуција сега дефинитивно е дел од сеопштата револуција на рускиот народ.
Максималистите сè до пред два месеци беа активните агенти кои овозможуваа настаните да не стагнираат, дека движењето кон иднината нема да запре и дека конечна спогодба - буржоаска спогодба - нема да се случи.
Сега овие максималисти ја освоија власта и воспоставија своја диктатура, и создаваат социјалистичка рамка во која револуцијата треба да се скроти за да продолжи да се развива хармонично, без фронтални конфронтации, на темелите на огромните придобивки што веќе се направени.
Болшевичката револуција повеќе е сочинета од идеологија отколку од настани (и затоа, во крајна линија, не мораме ни да знаеме повеќе од она што веќе го знаеме).
Ова е револуција против "Капиталот" на Карл Маркс.
Во Русија, Mарксовиот "Капитал" беше повеќе книга на буржоазијата отколку на пролетаријатот.
Таа беше критички показател како настаните треба да се одвиваат во однапред утврден курс: како во Русија буржоазијата треба да се развие, и капиталистичката ера да започне, и со воспоставување на цивилизација од западен тип, пред пролетаријатот дури и да помисли на сопствен револт, на сопствени класни барања, сопствена револуција.
Но настаните ја преплавија идеологијата.
Настаните ја разнесоа критичката шема која одредуваше како историјата на Русија треба да се одмотува според каноните на историскиот материјализам.
Болшевиците го отфрлија Карл Маркс и нивните непосредни акции и успеси се сведоштво дека каноните на историскиот материјализам не се толку цврсти како можеби се мислело или се мислеше.
А сепак сè уште има и фаталност во овие настани, и ако болшевиците отфрлаат некои изјави од "Капиталот", тие не ја отфрлаат неговата жива, суштинска мисла.
Овие луѓе не се "марксисти", тоа е сè; тие не ги користеа делата на Учителот да создадат збирка крути доктрини на догматски фрази кои не смеат да се доведат во прашање.
Тие ја живеат марксистичката мисла - мислата која е вечна, која го претставува континуитетот на германскиот и италијанскиот идеализам и која во случајот на Маркс беше зафатена од позитивистички и натуралистички израстоци.
Оваа мисла како доминантен фактор во историјата ги гледа, не голите економски факти, туку човекот, луѓето во заедниците, луѓето во односите едни со други, спогодувајќи се меѓусебно, развивајќи преку овие контакти (цивилизација) заедничка, општествена волја; луѓе кои почнуваат да ги разбираат економските факти, просудувајќи ги и прилагодувајќи ги на сопствената волја сè додека тие не станат движечка сила на економијата и не ја обликуваат објективната реалност, како жива и подвижна и сè додека таа не почне да наликува на потоци вулканска лава која е канализирана таму каде што и како што човековата волја ќе одреди.
Маркс го предвиде предвидливото.
Не можеше да ја предвиди европската војна, или поточно не можеше да предвиди дека војната ќе трае толку долго колку што траеше и дека ќе ги има оние ефекти кои ги имаше.
Не можеше да предвиди дека во период од три години неискажливи страдања и мизерии, оваа војна ќе ја предизвика во Русија колективната народна волја која што ја предизвика.
Во нормални времиња потребен е долг период на постепена дифузија низ општеството за да се формира таква колективна волја; неопходен е широк спектар на класно искуство.
Луѓето се инертни, тие треба да бидат организирани, најпрвин екстерно во корпорации и здруженија, потоа интерно, во нивните мисли и нивната волја.
Тоа бара непрестаен континуитет и разноликост на надворешни стимулации.
Токму затоа, во нормални услови, каноните на марксистичката историска критика ја разбираат реалноста, ја уловуваат и ја разјаснуваат.
Во нормални услови двете класи на капиталистичкиот свет ја создаваат историја низ сè поинтензивна класна борба.
Пролетаријатот е изразено свесен за својата сиромаштија и за своето сеприсутно незадоволство и ја притиска буржоазијата да го подобри животниот стандард.
Тој влегува во борба и ја принудува буржоазијата да ги подобри техниките на производство и да ги прилагоди на неодложните потреби на пролетаријатот.
Резултатот е постојан притисок за подобрување, забрзување на ритамот на производството и постојан пораст на добра корисни за општеството.
И овој притисок многумина не го издржуваат, правејќи ги потребите на преостанатите уште поитни; масите постојано се во состојба на вриење и од овој хаос тие развиваат некаков ред во своите мисли и стануваат сè повеќе свесни за својот потенцијал, за сопствениот капацитет да ја понесат општествената одговорност и да станат господари на сопствената судбина.
Тоа се случува во нормални услови.
Кога настаните се повторуваат со извесна правилност.
Кога историјата се развива низ етапи кои, иако сè покомплексни и побогати во значење и вредност, се сепак слични една на друга.
Но во Русија војната ја галванизира народната волја.
Како резултат на страдањето акумулирано во период од три години, нивната волја стана како една речиси преку ноќ.
Оскудицата е неизбежна, како и гладта, смртта од гладот може да земе било кого, може да однесе десетици милиони луѓе со еден замав.
Отпрвин механички, потоа активно и свесно после првата револуција, народната волја стана едно.
Социјалистичката пропаганда го запозна рускиот народ со искуствата на останатиот пролетаријат.
Социјалистичката пропаганда можеше да ја оживее историјата на пролетаријатот во еден миг: неговата борба против капитализмот, постојаните напори потребни да се еманципира од синџирите на сервилноста која го унижување и која му овозможи да искова нова свест и да стане жив сведок на новиот свет во раѓање.
Токму социјалистичката пропаганда ја искова волјата на рускиот народ.
Зошто да чекаат историјата на Англија да се повтори во Русија, за буржоазијата да се крене, за класната борба да почне, за класната свест да може да се формира и за најпосле конечната катастрофа на капиталистичкиот свет да го погоди?
Рускиот народ - или барем помал дел од рускиот народ - веќе помина низ тие искуства во своите мисли.
Сега ќе ги искористи за да застане цврсто токму како што ќе го искористи западното капиталистичко искуство за брзо да се развие на истото ниво на производство како и западниот свет.
Во капиталистички рамки, Северна Америка е поразвиена од Англија, бидејќи Англо-саксонците во Северна Америка започнаа со развој директно од нивото до кое Англија се разви по долга еволуција.
Сега рускиот пролетаријат, социјалистички образуван, ќе ја почне својата историја - на највисокото ниво кое Англија го достигнала до денес.
Бидејќи мора да тргне од почеток, ќе почне од она што е усовршено од други, и затоа ќе биде поттурнат да го достигне тоа ниво на економска зрелост кое Маркс го сметаше за неопходен предуслов за поопштествување.
Самите револуционери ќе ги создадат условите потребни за остварување на нивната цел.
И ќе ги создадат побрзо отколку што тоа ќе го направеше капитализмот.
Критиките кои ги упатуваат социјалистите на буржоаскиот систем, да го нагласат неговото несовршенство и неговото расфрлање на добрата, сега ќе се применат на револуционерите да се подобрат, да го избегнат расфрлањето и да не станат жртви на несовршеностите.
Отпрвин тоа ќе биде поопштествување на сиромаштијата и страдањето.
Но и буржоаскиот режим ќе ги наследеше истите услови на сиромаштија и страдање.
Капитализмот немаше да направи ништо повеќе отколку поопштествувањето во Русија.
Всушност денес ќе направеше далеку помалку, бидејќи ќе беше соочен со незадоволен и турбулентен пролетаријат, пролетаријат веќе неспособен да го издржи страдањето и сиромаштија што ќе следеше од економскиот потрес.
Значи и во апсолутни, хумани рамки, социјализмот може да се оправда во Русија.
Тешкотиите што ги очекуваат откако ќе биде склучен мирот ќе бидат подносливи само ако пролетаријатот чувствува како ја има контролата и знае дека со неговиот труд ќе ги надминат тие тешкотии во најкраток можен рок.
Може да се добие впечаток дека максималистите во овој момент се спонтан израз на биолошката нужност - тие мораа да ја земат власта за рускиот народ да не стане жртва на страшна трагедија; за рускиот народ, впуштајќи се во овој колосален потфат на сопствена регенерација, да го издржи загризот на прегладнетиот волк; за Русија да не стане огромна кланица каде безмилосни ѕверови се растргнуваат на парчиња.
Антонио Грамши интернет архива
марксистичка интернет архива | fineweb-2 |
Бакнежот е најубавиот начин да искажете љубов и нежност, и со тоа би се согласил секој, дури и најрамнодушната личност на овој свет.
Има најразлични видови на бакнежи и секој ве прави да се чувствувате добро.
Но, внимавајте со кого се бакнувате, бидејќи и нешто толку убаво како бакнежот, може да има последици.
Бакнувањето лекува главоболка
Бакнувањето влијае одлично на вашето здравје.
Го подобрува изгледот на вашата кожа, ја зголемува циркулацијата, го спречува крварењето на непцата и ја лекува главоболката.
Ако ве боли глава, не барајте антибиотици, тргнете во акција.
Бакнежот е како дрога
Доколку добивате вртоглавици по бакнување, не грижете се!
Докажано е дека додека се бакнувате, во вашиот организам се лачи ендорфинот кој има појак ефект од морфиумот, па со тоа предизвикува и блага вртоглавица.
Колку повеќе се бакнувате, толку позаматено ќе ви изгледа се.
Но, не престанувајте, тоа е слатка вртоглавица!
Здраво бакнежи, збогум калории!
Доколку не сакате многу да вежбате, тогаш навалете на бакнувањето.
Обичен бакнеж активира две групи на мускули и со тоа се согоруваат многу калории.
Францускиот бакнеж активира дури 34 групи на мускули и согорува пет калории.
Ако се бакнувате една минута, ќе согорите 26 калории, а ако се бакнувате еден час, ќе согорите неверојатни 1.560 калории.
Затоа, не чекајте.
Почнете со "вежбање".
Ескимски бакнежи
Приказната дека Ескимите се бакнуваат со носот е само измислица.
Според зборовите на еден Еским, овие бакнежи ги измислил Холивуд, па така, знајте дека и Ескимите се бакнуваат исто како сите останати.
Внимавајте со кој се бакнувате
Многу е важно да му верувате на човекот кој бакнувате.
Со еден бакнеж се пренесуваат 278 бактерии, а веќе вториот бакнеж ќе ви пренесе дури 10.000 бактерии.
Опасни бакнежи
Преку бакнежот се пренесуваат и многу болести, како мононуклеоза или херпес.
Дополнително, преку бакнеж може да се пренесе и сида, ако двајцата партнери имаат мали рани во усната празнина.
Затоа, секогаш внимавајте кој и зошто го бакнувате.
Забрането овошје
Во Наполи, во 16 век, било забрането бакнување на јавно место.
Истото, било казниво со смртна казна.
Верувале или не, оваа забрана се уште постои во некои делови во Америка, па така во градовите Чедер Рапидс и Хартфорд жените не смеат да ги бакнуваат своите мажи во недела. | fineweb-2 |
Шеќер
Шеќерот, сухроза или сахароза, претставува бел кристал на тврд дисахарид.
Луѓето најчесто ја избираат сухрозата како средство за менување на вкус или карактеристики (чувство во уста, одржување и текстура) на течности и храна.
Шеќерот што се произведува комерцијално се прави од шеќерна трска или шеќерно цвекло.
"Простите" шеќери, или моносахаридите (како глукоза), содржат енергија која биолошките клетки ја користат и трошат.
Во просечна листа на состојки, секој збор што завршува со "оза" најверојатно претставува вид на шеќер. | fineweb-2 |
Српска православна црква
|Српска православна црква|
Катедралата Свети Сава во Белград
|Основач||Свети Сава|
|Независност||1219 како архиепископија, 1346 како патријаршија.|
|Признавање||1219 од Вселенската патријаршија|
|Поглавар||Архиепископ пеќски, митрополит белградско-карловечки и патријарх српски Иринеј|
|Седиште||Белград, Србија|
|Територија|| Србија
Црна Гора
Босна и Херцеговина
Хрватска
Унгарија
|Власт|| САД
Канада
Европска Унија
Австралија
|Јазик||српски и црковнословенски јазик|
|Верници||7–11 милиони|
|Портал||www.spc.rs|
Српска православна црква или скратено СПЦ (српски: Srpska pravoslavna crkva) е автокефална црква која се наоѓа на шестото место во православниот свет, веднаш по Цариград, Александрија, Антиохија, Ерусалим и Русија.
Денеска, Српската православна црква е доминантна на територијата на Србија, Црна Гора и Република Српска во Босна и Херцеговина, со повеќе од 84% од населението на трите земји.
Нејзините метрополии и епархии се наоѓат и надвор од земјата, односно во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, како и во целиот свет.
Моментален патријарх на црквата е Иринеј.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Почеток[уреди | уреди извор]
Србите христијанството го примиле доста бавно.
Кон крајот на 8 век завршила борбата помеѓу христијанството и паганството.
Во почетокот христијанството во Србија било под јуросдикција на Охридската православна црква.
Растко Немањиќ односно Свети Сава во 1219 година успеал да ја организира првата српска црква, позната како Пеќската архиепископија, а подоцна патријаршија.
Српскиот владетел Стефан Душан успеал да го подигне угледот на црквата, и да ги прошири нејзините граници, станувајќи патријаршија.
Свети Сава бил прогласен од страна на Цариградската патријаршија за прв архиепископ на српскиот народ.
Според канонското право, самостојноста на една земја подразбирала и автокефалност на самата црква.
По 1204 година, седиштето на Вселенската патријаршија било преместено од Константинопол во Никеја.
Свети Сава имал голема мисија во Никеја, чија цел била признавање на новата српска црква.
Најверојатно како резултат на состојбите во тогашната распадната Византиска империја, Вселенската патријаршија дозволила за прв архиепископ на српската црква да биде избран Свети Сава, брат на српскиот крал Стефан.
Наследниците на Свети Сава, со подршка на династијата на кралот Немањиќ во 1346 ја создале Печката патријаршија.
Со зголемувањето на улогата на српската држава, истоивремено растела и моќта на српската црква.
Кога кралот Душан одлучил да се прогласи за цар на Србите и Грците, во исто време старешината на православната црква требало да добие ранг на патријарх.
Душан оваа акција ја покренал главно поради политички причини.
Според државно-правниот систем во источните земји, царот не можел да биде замислен без патријарх.
Освен ова, Душан се надевал дека со освојување на грчката држава, полесно ќе може да ги урамнотежи односите како цар на двата народи, а од друга страна пак би имал патријарх кој достојно ќе го замени вселенскиот.
Но, според канонското право, границите на црковните региони секогаш се софпаѓале со оние на земјата.
Според ова, Вселенската патријаршија имала ipso facto јурисдикција над епархиите кои биле одвоени од Византија, а припаѓале на некоја од соседните земји.
За прогласување на српската патријаршија, тој се обратил кај Бугарската држава.
Прогласување на српскиот патријарх[уреди | уреди извор]
На државниот собор во Скопје, во 1346 година, дотогашниот печки архиепископ Јаниќиј II свечено бил прогласен за српски патријарх.
На тој собор биле присутни сите архиепископи, митрополити, епископи, игумени и други претставници на црквата.
Како гост присуствувал и бугарскиот трновски патријарх Симеон со своите епископи и свештеници.
На овој собор било решено некои угледни епископии да добијат ранг на митрополија.
Од друга страна пак, Охридската архиепископија, бидејќи влегла во составот на Српското царство, и понатаму останала автокефална.
Нејзиниот архиепископ морал да го признае првенството на Печката патријаршија.
Грчките епархии пак, кои претходно биле под надлежност на Константинопол, исто така биле вклучени под власта на Печката патријаршија, вклучувајќи ја и Света Гора.
По седум дена од прогласувањето на патријаршијата, на 16 април 1346 година, бугарскиот патријарх Симеон, со новиот печки патријарх Јаниќиј и охридскиот архиепископ Николај I, го крунисале Душан за цар на Србите и Грците.
Реорганизација и пад[уреди | уреди извор]
Во следните години српската црква доживеала огромна реорганизација, каде биле основани неколку нови епархии, и биле изградени неколку манастирски комплекси.
Во 1349 година, во Скопје бил направен т.н.
Душанов законик, кој дополнително ја наложил потчинетоста на епархиите на Печката патријаршија.
Според законот, главата на Печката патријаршија бил избиран од страна на државен собор, кој собор го сочинувале членови на црквата и државата.
Епископите биле избирани од страна на синодот.
Избраниот патријарх бил следбеник на престолот на Света Сава, и се носел со титулата: Патријарх на сите српски и поморски земји.
Владетелот на земјата често пати го повикувал на патријархот да учествува во дискусиите при земање на важни решенија за земјата.
Во 1354 година починал првиот српски патријарх.
На негово место застанал Сава IV.
Во негово време започнал процесот на помирување на српската и цариградската црква.
Цариградскиот патријарх Калист I, кој имал пуштено проклетство кон српскиот народ, главно поради постојаните закани од страна на Османлиите, во 1364 година отишол во Сер за да побара помош од Србите.
Но тој во Сер набргу се разболел и починал.
Преговорите на двете цркви било продолжено од страна на деспотот Углеша.
Во 1368 гопдина сите епархии во своите области ги одвоил од Печката патријархија и ги повратил под контрола на Константинопол.
Углеша, набргу по ова, заедно со својот брат Волкашин, загинал на битката на Марица во 1371 година.
Инвазијата на Османлиите на Балканот продолжила со голем успех.
По Маричката битка, сите епархии на Света Гора повторно биле ставени под јурисдикција на Цариградската патријаршија.
Во меѓувреме, српските калугери на Света Гора се нашле во лоѓа положба.
Сепак, во 1374 година, светогорскиот старец Исаија отишол кај кнезот Лазар и побарал подршка од помирување на двете цркви.
Лазар очигледно ги разбрал барањата на монахот.
Така Исаија бил испратен во Константинопол.
Јован Палеолог и Филотеј го примиле, и по разговорите бил донесен мир помеѓу двете цркви.
Призренски акт[уреди | уреди извор]
Така, официјалното помирување помеѓу двете цркви било објавено во Призрен во 1375 година.
Сепак, по овој акт, авното единство започнало да опаѓа, како и моќта на српската црква.
До смртта на патријархот Сава IV, патријархот бил избиран на дрдржавен собор.
По неговата смрт било решено да новиот патријарх биде изберен самите архиреи и игумени на сите српски земји без улога на српскиот владетел.
Во 1375 година се состаниле во Печката патријаршија, но долго време не можеле да дојдат до договор.
Проблемите најмногу биле потикнувани од некои свештеници кои пред се ги гледале своите лични интереси.
На крај, сепак било решено да за нов патријарх биде избран Ефрем.
Ефрем на чело на патријархијата бил од 1375 до 1382 година.
Косовска битка[уреди | уреди извор]
По Косовската битка во 1389 година, деспотот Стефан Лазаревиќ успеал да најголемиот дел од српските земји ги стави под своја контрола.
Патријаршијата од една страна ги изгубила сите свои епархии во јужните делови на земјата и Македонија, кои биле зазедени од страна на Отоманската Империја и кои попаднале под Охридската архиепископија.
Деспотот Стефан својата престолнина ја пренел од Крушевац во Белград.
Наследник на Стефан бил Ѓураѓ Бранковиќ, кој во 1427 година Белград го предал на Кралство Унгарија, па тој се населил во Смедерево, а со ова и престолнината на патријаршијата.
Отоманска власт[уреди | уреди извор]
Со пропаѓањето на српската држава настапиле тешки времиња за патријаршијата.
Голем број на српски манастири биле напуштени или разрушени.
Печката патријаршија била укинета, а повторно обновена во 1557 година.
Во 1459 година Смедерево паднало под власта на Отоманците.
Со ова, власта на охридскиот архиепископ се проширила.
Во текот на 1530 до 1541 година, смедеревскиот митрополит постојано се обидувал да ја обнови Печката патријаршија.
Овие обиди траеле еден подолг период од 1527 до 1541 година.
Охридскиот архиепископ Прохор овие обиди успеал на три пати да ги осуди на црковните собори, а истото го сториле и цариградскиот, александрискиот, ерусалимскиот и антиохискиот архиепископ.
Во времето кога Османлиите конечно ги освоиле сите територии на Печката патријаршија, голем број на христијански објекти биле претворени во џамии, или пак биле рушени.
Од каменот кој го добивале од рушењето на црквите биле градени различни мостови, сараи и слично, за потребите на новите владетели.
Според законот, Османлиите ја признавале слободата на вероисповед, но во практика тие настојувале христијанското насление да ја прифати муслиманската религија.
Мехмед-паша Соколовиќ[уреди | уреди извор]
Во времето на Мехмед-паша Соколовиќ, потурчен србин од Херцеговина, Пеќската патријаршија била обновена.
Големиот везир на Сулејман Величенствениот успеал да го убеди султанот во тоа.
Охридскиот архиепископ немал моќ за да се спротистави на ова.
Така, за прв патријарх на обновената Печка патријаршија бил поставен братот или близок роднина на голамиот визер, Макариј Соколовиќ.
Печката патријаршија опфаќала најголема територија досега, не само онаа од времето кога била основена, туку и делови од Бугарија (Ќустендил и Самоков), цела Босна и Херцеговина, Далмација, Црна Гора, Славонија, Банат, се до Будимпешта.
Охридската архиепископија пак останала со деловите јужно од Тетово, Скопје, Велес, Штип вклучувајќи ги и реоните околу Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци и Струмица.
Патријархот Макариј започнал со уредување на својата патријаршија.
Српскиот поглавар бил признаен за врховен лидер не само на реонот на Печката патријаршија, туку и пошироко.
градот повторно станал престолнина на новиот патријарх, голем дел од манастирите и црквите биле обновени.
Борба со Османлиите[уреди | уреди извор]
По смртта на Макариј во 1574 година, неговиот наследник започнал постепено да размислува околу можното политичко ослободување од Османлиите.
Во следните години низ целата српска земја започнале голем број на бунтови и востанија кои на крај завршувале со пораз за Србите.
Често пати, патријарсите стапувале во контакт со римските папи.
Но тие преговори со Рим не успевале, најчесто поради тоа што и самата Западна Европа била соочена со сличен проблем.
Патријархот Пасиј (1614—1647) започнал да преговара и со православна Русија.
До контакт дошол преку скопскиот митрополит Симеон, кој во 1641 година отишол во Москва.
Патријархот Гаврил I заминал во Русија на преговори, но подоцна кога се вратил бил уасен и погубен.
Најголема улога во ослободувањето на Србите имале патријархот Арсениј III и Арсениј IV.
Грчки патријарси[уреди | уреди извор]
Главно поради овие случувања, Османлиите повеќе ја изгубиле довербата во патријархот, па затоа започнале, според договорот со Цариградската патријаршија, за нови патријарси да поставуваат Грци.
Соодветно на ова, и епископите биле Грци.
Во следните години за многу мал период биле сменето голерм број на патријарси.
Така, во периодот од 1737 до 1766 биле сменети 10 патријарси.
Ваквите промени директно влијаеле врз угледот на Печката патријаршија.
Од друга страна пак, цариградскиот патријарх ова го користел за свои цели, спремајќи се за укинување на патријаршијата.
Повторна обнова[уреди | уреди извор]
Од година Српската православна црква повторно се нашла под јурисдикција на Цариградската патријаршија.
Со воспоставувањето на српската автономија во 1832 година, во Белград била прогласена автономна митрополија, повторно под контрола на Цариград, а во 1879 година црквата добила автокефалност.
Во текот на Балканските војни, во составот на Белградската митрополија влегле Скопската, Велешко-дебарската и Призренската.
До 1920 година не постоела единствена црквена организација, и овој период од историјата на српската црква е познат како период на поокраинските цркви.
Најзначајна од сите овие покраински цркви била Карловечката митрополија.
Со создавањето на Кралство СХС во 1918 година, биле создадени услови за обединување на црквата и обновување на Печката патријаршија.
Од 1920 година, седиштето на црквата е во Белград, а црквата има ранг на патријаршија.
Структура[уреди | уреди извор]
Српски светци[уреди | уреди извор]
- Свети Сава, прв српски архиепископ
- Свети Симеон Мироточивиот
- Лазар Хребелановиќ
- Света царица Милица
- Свети Стефан Лазаревиќ
- Свети Милутин
- Свети Драгутин
- Стефан Урош III Дечански
- Свети цар Урош
- Преподобна мати Ангелина
- Свети Стефан Штилановиќ
- Света Петка
- Свети Василиј Острошки
- Свети Петар Цетински
- Свети Петар Коришки
- Свети Јоаникиј Девички
- Николај Велимировиќ
- Јустин Поповиќ
Храмови и манастири[уреди | уреди извор]
Српската православна црква поседува голем број на манстири и цркви.
Од нив, најпознати се:
Наводи[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
Египетска митологија
Египетска митологија (или египетска религија) — различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството.
Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества.
Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка.
Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот.
Христијаните ја нарекувале египетската религија паганство, а овој термин се користел и од следбениците на Кенетизмот, современ реконструиран облик на древната египетска религија.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Старо Кралство[уреди | уреди извор]
Периодот на Старото Кралство најчесто се смета дека го опфаќал временскиот период кога Египет бил под владеењето од Третата до Шесттата династија, од 2686 год.
до 2134 год.
Тоа бил почетокот на највисокото ниво на културен развиток кој го постигнале древните Египќани, чии културни корени се проширувале до шест илјади години порано, во праисторијата.
Божества од Старото Кралство се:
- Енеад од Хелиополис, чиј главен бог бил Атум, подоцна наречен Атум-Ра;
- Огдоад од Хермополис, каде главниот бог бил Тот;
- Тријадата Кнум-Сатис-Анукет од Елефантин, чиј главен бог бил Кнум;
- Тријадата Амон-Мут-Конс од Теба, чиј главен бог бил Амун;
- Тријадата Птах-Секмет-Нефертем од Мемфис, која не е вообичаена поради тоа што боговите не биле поврзани пред да се формализира тријадата, каде главен бог бил Птах.
Пирамидалните текстови (околу 25-23 век п.н.е.)
содржеле магии или "искажувања" кои главно биле наменети: за да ги заштитат останките на фараонот, за оживување на неговото тело после смртта и за да му помогнат да се искачи кон небото.
Како такви, се квалификуваат како светските најстари познати религиски текстови, кои за малку ги надминуваат сумериските химни за Енхедуана.
Ковчежните текстови претставуваат погребни текстови кои се поврзани со Пирамидалните текстови и датираат од Првиот среден период.
Средното Кралство[уреди | уреди извор]
Култот кон Амон пораснал за време на Средното Кралство.
Санусрет III (1878 г. п.н.е.-1839 г.
изградил убав религиозен храм во Абидос, кој иако е сега уништен, од релјефите кои биле зачувани се гледа високиот квалитет на декорациите.
Бил воздигнат на степен на божество при крајот на Средното Кралство и бил обожуван од фараоните од Новото Кралство.
Ново Кралство[уреди | уреди извор]
Кога започнал периодот на Новото Кралство, Огдоад и Енеад биле споени во една синкретизирана космологија.
Во Енеад, Озирис е мажот на Изида и брат на Сет, каде сите биле правнуци на богот-создавател Атум, а во овој систем Хор не е присутен.
Во Огдоад, Озирис не е присутен, а Хор е син на Атум, богот-создавател.
Кога Енеад и Огбоад се споиле, Ра и Амон се идентификуваат како едно битие, создавајќи го Амон-Ра, а во почeтокот Хор е сметан за петтиот брат на Озирис, Изида, Нефтис и Сет.
Сепак, мајката на Хор, Хатор, постепено се поистоветувала со формата на Изида, што довело Хор да се смета за син на Изида, со тоа и син на Озирис.
Атенизам[уреди | уреди извор]
За време на владеењето на Ахенатен (Аменхотем IV) (1350-ти до 1330-ти години п.н.е.)
се појавил мал интервал на монотеизам, кој се задржаувал на египетското божество на сонцето Атен.
Атен типично се прикажува како сончев диск од кој на сите страни излегуваат сончеви зраци.
Ахенатен изградил нов главен град во Амарна со храмови посветени на Атен.
Тоа претставувало симболичен чин со кој Ахенатен сакал да создаде ново место каде ќе се слави Атен.
Промената на религијата постоела до смртта на Ахенатен, со што старата религија брзо била повратена за време на владеењето на Тутанкамон и бил направен обид да се избрише името на Акенатен од историјата поради неговите еретички дејства.
Доцен период[уреди | уреди извор]
После падот на династијата Амарна, пантеонот од новото кралство преживеал како доминантна религија до освојувањата на Ахаменидите.
Во тој период била стандардизирана Египетска книга на мртвите.
Од записите на грчкиот историчар Херодот добиваме бледа слика за владеењето на Камбиз, каде кралот се опишува како луд, безбожен и суров.
Херодот веројатно се потпирал врз локалната традиција која ја одразува огорченоста на Египќаните, особено на свештенството за декретот на Камбиз каде се спречуваат кралските давачки кон египетските храмови за време на владеењето на Амасис.
За да се задржи поддршката на моќната свештеничка класа, Дариј I (522-486 година п.н.е.)
го отповикал декретот на Камбиз.
Пред 486 год.
во Египет избувнува бунт кој е задушен од Ксеркс I во 484 година п.н.е.
Поради бунтот провинцијата била подложена на сурова казна.
Опаѓање[уреди | уреди извор]
Египетската религија продолжила да напредува и за време на Птоломејскиот период, кога некои култови биле синкретизирани со грчките традиции, паѓајќи под влијание на хеленистичката магија.
За време на Римското владеење (од 30 година п.н.е.)
ситуацијата во голема мера останала неизменета.
Римјаните за разлика од Птоломејците ги почитувале и ги заштитувале египетските религиски обичаи, иако постепено бил воведуван империскиот култ од Римската држава и императорот.
Египетката религија навлегла во период на опаѓање по прифаќањето на христијанството во првиот век од нашата ера.
Остатоците од локалните традиции останале да постојат во традиционални делови како хиерархиите во храмовите, кои не биле гонети, но постепено биле потиснати од раното христијанство.
Последните ликови од египетската религија опстојале до 5. век, како што е опишано во хиероглификата.
Оживување[уреди | уреди извор]
Главен концепт[уреди | уреди извор]
Теологија[уреди | уреди извор]
Египетската религија главно е политеистичка, и подразбира верување во повеќе богови и божици, познати како "нетер" (бог) и "нетерет" (божица).
Повеќето од овие божества контролирале одредени аспекти од природата.
На пример, богот Ра и божицата Хатор биле сметани за божества на Сонцето.
Некои божества, пак, биле поврзувани со конкретни области или градови во Египет.
Божестватa од египетскиот пантенон понекогаш имале конфликтна улога.
Како на пример, лавицата Секмет која била пратена од Ра да ги уништи луѓето кои се побуниле против него, а подоцна станала бестрашен заштитник на кралството, на животот во целина и на болните.
Уште посложена е улогата на Сет.
Разгледувајќи ја митологијата за Сет од моредна перспектива, особено за митологијата околу односот на Сет со Озирис, лесно може да се утврди Сет како главниот злосторник и изворот на злото.
Сепак, не било секогаш така, бидејќи Сет претходно имал улога на уништувач на Апоп, во служба на Ра, а со тоа и во служба за одржувањето на Маат (вистина, правда и хармонија).
Не постои едно главно божество за цел Египет.
- Најзначајните богови се:
- Атум (Тем, Тему, Тум, Атем), бог на создавањето
- Ра, бог на сонцето
- Хор (или Херу, Хор, Херу, Хер), сокол, бог на воскреснувањето
- Хатор (Хеб), божица на сонцето
- Озирис (Асар), господар на подземјето, сопруг и брат на Изида
- Изида (Асет или Есет), божица на мајчинството и плодноста
- Геб, бог на плодноста и земјата
- Анубис (Анпу), бог на балсамирањето
- Тот (Техути), бог на месечината, пишувањето и знаењето
- Сет, бог на хаосот, силата, војната, бурите, и пустините.
- Други божества:
- Нефтида, божица на подземното царство
- Нут, божица на небото
- Тефнут, божица на водата и плодноста
- Шу, бог на воздухот
- Апоп (Апеп) - кобра, зол демон, темница и хаос
- Маат (Ма'ат или Мает) - ги штити вистината, правдата и хармонијата, понекогаш претставена и како божица
- Фараоните
Фараонот или кралот на Египет, бил согледуван и како божество и имал улога на посредник помеѓу египетскиот народ и боговите.
Неговото значење било толку големо, што египетскиот збор за "крал" се однесувал само за фараонот, додека било кој владетел од друга земја едноставно се нарекувал "големиот поглавар.
" Фараоните во древен Египет се сфаќани како божество и така се третирани.
Едно општо верување било дека фараоните се инкарнација на богот Хор додека се живи, а на богот Озирис по смртта.
- Атенизам
Во 14 век п.н.е.
во египетската религија постоел период кога фараонот Акенатен го поставил обожувањето на сончевиот диск Атен над сите други божества.
Постепено целосно го забранил обожувањето на другите богови, со што ја сменил официјалната египетска религија во вистински монотеизам.
Сепак, промените кои ги спровел Акенатен биле во спротивност со синкретичната традиција на претходните египетски верувања што ги отуѓувало обичните Eгипќани.
Така, под водството на наследникот на Акенатен, Египет повторно се вратил кон традиционалната религија.
Космогонија[уреди | уреди извор]
Голем дел од египетската митологија е изгубен, но од она што денес го знаеме е содржано во нивната космогонија.
Египетските верувања се развивале во продолжение на околу три илјадалетија и се менувале со текот на времето.
Египетската митологија се разликува од грчката или римската поради фактот што повеќе божества во Египет имале човечко тело и животинска глава или обратно.
За нив, најважно било да ги изучуват следните циклуси:
- циклус на деновите и сонцето кое се преродува секое утро;
- годишниот цикулс со приливот на реката Нил;
- циклус на животот со раѓање, проследено со смртта.
Првите митови зборуваат дека на почетокот универзумот бил исполнет со прастарите води на хаосот, а тоа е богот Нун.
Богот Ре-Атум се појавил од водата, како што земјата на Египет се појавува секоја година после поплавите на Нил.
Ре-Атум плукнал, и од тоа излегле божествата Шу (воздух) и Тефнут (влажност).
Светот е создаден кога Шу и Тефнут ги родиле двете деца: Нут (небото) и Геб (земјата).
Луѓето се создадени кога Шу и Тефнут тргнале да се шетаат по темната пустелија и се изгубиле.
Ре-Атум го испратил своето око за да ги најде.
Откако биле пронајдени, неговите солзи радосници се претвориле во луѓе.
Геб и Нут биле заедно, но кога Шу слушнал за блудот на неговите деца, ги раздвоил, така што застанал меѓу нив (воздухот се наоѓа меѓу небото и земјата).
Тој исто така решил бремената Нут да не може да се породи во ниеден ден од годината.
Нут се пожалила кај Тот, кој заради неа се коцкал со богот на месечината Кнос (Кносу) и добил пет дополнителни денови кои ги додал на оние постоечки 360 од годината.
Нут родила по едно дете во секој од овие пет дополнителни дена: Озирис, Изида, Сет, Нефтида и Хор.
Братот на Озирис, Сет кој го претставувал хаосот во универзумот, го убил Озирис со тоа што го измамил да влезе во кутија, која потоа е закована и фрлена во Нил.
Откако го убил Озирис, Сет го исекол неговото тело на парчиња.
Изида ги пронашла повеќето од парчињата и ги погребала под храмот, но претходно го воскреснала Озирис и со него го создала нивното дете Хор.
Сет себеси се прогласил за крал, но бил предизвикан од синот на Озирис - Хор.
Сет изгубил и бил испратен во пустината.
Изида го мумифицирала Озирис, и така тој станал бог на смртта, а Хор станал крал и од него потекнуваат фараоните.
Една друга верзија која ја раскажува Плутарх вели дека Сет направил сандак во кој можел да влезе само Озирис.
Потоа тој правел гозба и предложил кладба дека никој не може да влезе во сандакот.
Озирис бил последниот кој пробал да влезе, но пред да влезе, Сет го прашал дали може да му ја причува круната.
Озирис се согласил и влегол во сандакот.
Како што легнал во него, Сет го затворил капакот и си ја ставил круната на главата.
Потоа го пуштил сандакот во Нил.
Изида не знаела за смртта на својот сопруг сè додека не ѝ кажал ветерот.
Тогаш го сместила синот на сигурно место и фрлила чинки за никој да не може да го најде.
Во потрагата по својот сопруг, едно дете ѝ кажало дека сандак испловил на брегот и дека од него израснало дрво.
Дрвото било толку право, што кралот го употребил како централен столб за неговата нова палата.
Изида отишла и замолила да го добие телото на својот сопруг и го добила.
Богот на подземјето ѝ рекол дека Озирис може да биде крал, но само во подземниот свет.
Богот на сонцето Ра бил најважен меѓу боговите, бидејќи имал суштинско значење за животот на земјата.
Според митот, движењето на сонцето преку небото се објаснувало со патувањето на Ра во едреник, а заоѓањето на сонцето се сметало за влегување на Ра во подземниот свет, каде патувал во текот на ноќта.
Додека се наоѓал во подземниот свет се сретнувал со Озирис, кој повторно имал улога на бог на воскреснувањето и животот на Ра бил обновен.
Ра исто така секоја ноќ се борел со Апеп, змијовиден бог кој го претставувал хаосот.
Поразувањето на Апеп и средбата со Озирис го осигурувало изгревањето на сонцето наредниот ден, уште еден настан кој претставувал повторно раѓање.
Религиозни практики[уреди | уреди извор]
Храмови[уреди | уреди извор]
Уште од најраните периоди на египетската историја постоеле храмови посветени на боговите, а за време на врвот на цивилизацијата такви храмови постоеле речиси во сите градови.
Тука биле вклучени посмртните храмови кои им служеле на душите на починатите фараони и храмовите посветени на боговите заштитници.
Сепак, немале сите богови свои храмови, бидејќи постоеле многу космички божества кои не биле обожувани од широките народни маси.
Храмовите имале централно знчење во египетското општество и за нивното одржување биле обезбедувани многу средства.
Фараоните често придонесувале кон храмовите како дел од нивната обврска за да им се оддаде почит на боговите и затоа многу храмови биле многу големи, како на пример Храмот од Карнак, кој претставува најголема религиска градба во светот.
Многу храмови главно била градени по ист план.
Храмовите кои биле градени по брегот на Нил обично биле ориентирани на оската исток-запад, иако оваа оска обично била израмнета на 90 степени со текот на реката, локалните варијации на текот на Нил значеле дека ориентацијата на храмовите не била секогаш насочена кон вистинските правци.
Во таквите храмови главниот влез обично се наоѓал блиску до кејот на Нил, од каде патот за религиската поворка поминувал низ ѕидовите кои го опкружувале храмот.
Освен ова, обично постоеле една или повеќе порти со столбови, проследени со двор опкружен со колонада.
Се верува дека во ваквите дворови обичните граѓани се сретнувале со свештениците и дека тука ги донесувале своите дарови.
Одвнатре бил покриен со хипостилна сала, а после салата имало светилиште опкружено со дополнители соби во кои се одвивале секојдневните работи и ритуали во храмот.
Надворешната област на храмот била декорирана со обелиск и статуи, а ѕидовите и колумните биле исцртани со релјефи.
Целиот пат кој водел од влезот на храмот до светилштето се согледувал како пат од човековиот свет кон божественото кралство, поради што најсветиот дел од храмот било светилиштето каде постоел олтар со сликата на богот на храмот.
Само фараонот и свештениците од висок ред имале право на пристап во светилиштето.
Обично ритуалните принесувања на дарови се извршувале наутро и навечер од страна на фараонот, но најчесто од страна на свештеникот кој имал улога на заменик.
При таквите ритуали, пред да се постават принесувањата со храна пред статуите или во салата за принесување пред светилиштето, статуите на боговите биле миени, помазувани и раскошно облекувани.
После тоа, откако богот ја примил духовната есенција од принесувањата, самите понуди биле земани и распределени меѓу свештениците.
Во имотот на храмот биле вклучени и многу дополнителни градби.
Меѓу нив се наоѓала "Kyќата на животот" каде биле чувани сите свети списи и земски регистри на храмот, а служела и како центар за изучување на различни предмети.
Во многу храмови веројатно биле вклучени и санаториуми каде болните доаѓале да бидат излечени од боговите.
Во поголемите храмови имало и кујни и работилници за произведство на храна и добра за боговите или за практичните потреби на храмот, како и градби за складирање од каде ваквите дејности се снабдувале.
Надвор пред имотот на храмот, постоеле големи ниви, каменоломи и рудници кои биле во сопственост на храмот, а кои се употребувале за да се одржува малата економија на храмот.
Свештеници[уреди | уреди извор]
Бидејќи фараонот бил посредникот на Египет со боговите, теоретски сите свештеници делувале во негово име.
Всушност, за време на Старото и Средното Кралство не постоела одделна класа на свештеници, а наместо тоа многу државни службеници ја вршеле оваа должност неколку месеци од годината пред да се вратат на своите секојдневни должности.
Професионалното свештенство се проширило дури во Новото Кралство, иако поголем дел од свештениците од пизок ред и натаму работеле само привремено.
Сепак, како што растело богатството на храмовите, се зголемувало и влијанието на свештенството, додека не станало речиси конкурентно со моќта на фараонот.
При политичката поделба на Третиот среден период, правосвештеници на Амон дури биле назначени и за важечки владетели на Горен Египет.
Свештениците обично биле мажи.
Во периодот на Старото Кралство, многу жени од богати семејства имале значајни свештенички улоги, обично во храмовите на женските божества.
Сепак, во периодот на Средното Кралство жените биле помалку застапени во јавниот живот, а после тоа многу жени кои биле вклучени во активностите на храмовите имале многу помалку важни улоги, како пејачки или музичарки за време на религиозните церемонии.
Свештениците биле поделени во неколку различи класи.
Една од најважните поделби била меѓу "слугите на боговите", на кои им бил дозволен пристап до светилиштето на храмот и "прочистувачите" кои ја немале таа дозвола.
Должноста на прочистувачите често се состоела од неритуални задачи, улога која првенствено ја имале државните службеници.
Во свештенството постоеле и неколку специјализирани улоги, како на свештеникот-лектор кој ги рецитирал формулите по кои се извршувале ритуалите.
На врвот од хиерархијата во секој храм стоел правосвештеник или "првиот слуга на богот".
Правосвештениците често биле назначувани од страна на фараонот, но должноста често била пренесувана од татко на син и постепено станала наследна.
Сите свештеници биле платени со парцели земја кои биле во сопственост на храмот и со дел од дневните принесувања на храна.
Постоеле и многу луѓе кои биле вработни во храмовите, како што биле земјоделците и занаетчиите кои го снабдувале храмот со сите негови потреби, како и музичари и рецитатори кои помагале при ритуалите.
Сите вработени бил плаќани со дел од приходот на храмот.
Свештениците при нивното активно служење во храмот строго се придржувале кон стандардите на ритуалната чистота.
Од нив се барало да ги избричат главите и телата, да се мијат неколку пати дневно и да носат само чисти ленени наметки.
При служење на одредени богови, постоеле и одредени начини на однесување, како на пример свештениците да се воздржуваат од јадење одредена храна.
Од свештениците не се барал целибат, но од сексуалните односи станувале нечисти додека не извршеле понатамошно прочистување.
Задгробен живот[уреди | уреди извор]
Египет имал високо развиено сфаќање за задгробниот живот со ритуали за подготовка на телото и душата за вечниот живот после смртта.
Египќаните верувале дека аспектот "ка" на душата треба да се спои со "ба" за да го поддржи "ак", за да си го пронајде своето место меѓу ѕвездите.
Ова значи дека балсамирањето и мумифицирањето се практикувале за да се зачува идентитетот на умрениот во задгробниот живот.
Телото на умрениот се обложувало одвнатре и однадвор со смола заради зачувување, а потоа се виткало со завои, украсени со религиозни амајлии и талисмани.
Внатрешнитe делови од стомакот, како и белите дробови се чувале одделно во посебен ќуп.
Само срцето се оставало на своето место, затоа што се сметало дека е дом на душата.
Процесот на мумификација обично траел седумдесет дена.
Мумифицирањето се извршувало на малкумина одбрани, повеќето од кралското семејство.
Забележано е мумифицирање на животни, било како миленичиња на семејството или како претставници на божествата.
Како мумии денес можат да се најдат: ибис, мачка, крокодил, еден вид нилска риба, сокол и бабун.
По смртта на човекот, Анубис (богот на мумифицирањето) ја води душата во салата за пресуда во Дуат, а срцето на починатиот кое претставува доказ за моралноста на умрениот, се мери со пердув, што ја претставува Маат (концептот на вистина и ред).
Доколку исходот е пожелен, починатиот се води пред Озирис, богот на задгробниот живот во Аару, но доколку пресудата е негативна демонот Амит ("јадач на срца" - дел крокодил, дел лав и дел нилски коњ) го уништува срцето и сопственикот останува во Дуат.
Срцето кое при мерењето било полесно од пердувот се сметало за чисто срце, кое не тежело од вина или гревови предизвикани од постапките на човекот за време на животот, со што се добивала пожелна пресуда.
Доколку срцето било тешко со вина и грев од животот на умрениот и тежело повеќе од пердувот, му било давано на Амит да го изеде.
Според верувањето на Египќаните не постоел човек во задгробниот живот без срце, бидејќи срцето било центар за разум и емоции, за разлика од мозокот кој за време на мумификацијата бил отстрануван и исфрлан.
Многу пати се случувало одредено лице да биде погребано со срце сурогат кое го заменувало нивното срце при церемонијата на мерење на срцето.
Текстови[уреди | уреди извор]
Не постои една религиозна книга или текст во Египет, налик на христијанската Библија или исламскиот Коран, но постојат различни текстови за различна употреба, како што се: "Амдуат", "Книга на дишењето", "Книга на пештерите", "Книга на земјата", "Книга на долниот свет", "Книга на портите", и најпознатата "Книга на мртвите".
Некои митолошки информации се застапени во храмовите, и покрај тоа што турбулентните настани кои биле застапени во митовите биле во спротивност со вистинската намена на храмовите да ја слават вечната моќ и љубезност на боговите.
Освен тоа, Египќаните верувале дека преку запишувањето или прикажувањето на негативните митолошки настани, особено во камен, ќе им се даде моќ на силите на хаосот.
Од тие причини постојат зачудувачки малку митови во храмовите.
Информации за митологијата можат да се пронајдат на посветени статуи и стели кои им биле понудувани на богоите од страна на поединците, а голем дел информации можат да се најдат и во погребните текстови.
Но и покрај тоа, целосни митолошки нарации до нас доаѓаат од грчки или римски извори.
Симболи[уреди | уреди извор]
Различни симболи биле користени во древен Египет, а најчесто во облик на талисмани заради заштита од зло.
Еден симбол е Хоровото око, друг симбол е анкот и како трет симбол е бубачката скарабеј (лепешкар).
Види исто така[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- Johnston, Religions of the Ancient World, стр.
417
- known from a Demotic Egyptian text on the back of papyrus no.
215 in the Bibliotheàque Nationale, Paris
- Peters, F.E.
"The Harvest of Hellenism", стр.
42
- Fleming, Fergus; Alan Lothian (1997).
The Way to Eternity: Egyptian Myth.
Amsterdam: Duncan Baird Publishers.
- F. Fleming & A. Lothian, 12, 59
- Fleming and Lothian, стр.
- Wilkinson, Richard H. (2000).
The Complete Temples of Ancient Egypt.
Thames & Hudson.
p. 38-39 ISBN 0-500-05100-3.
- Fergus, Fleming; Alan Lothian (1997).
The Way to Eternity.
Amsterdam: Duncan Baird Publishers.
- Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, стр.
- Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, стр.
- Fleming and Lothian, Way to Eternity, pp.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- On the Banks of the Nile, p. 68.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Henri A. Frankfort, Kingship and the Gods, University of Chicago Press 1978, стр.
64
- Herodotus, Euterpe, 2.86
- Pinch, Geraldine (1994).
Magic in Ancient Egypt.
University of Texas Press.
- Fleming and Lothian, Way to Eternity, стр.
|Статијата "Египетска митологија" е избрана статија.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).| | fineweb-2 |
"ГП Пелистер" е градежна компанија којашто целосно работи според највисоките европски и светски стандарди.
За таа цел ја поседува лиценцата " А " за градба од прва категорија, " Б " дозвола која се издава според Законот за животна средина што претставува усогласување со оперативниот план на градежната компанија. "
ГП Пелисте " е единствената градежна компанија која што ги добила сертификатите за квалитет ISO9001:2000, OHSAS 180001 и сертификат за заштита на животната средина ISO14001:2004.
Визионерскиот пристап на менаџментот предводен од м-р Силјан Мицевски на "ГП Пелистер" е клучот кон остварување на квалитетот, за градењето на позитивниот дух и филозофијата да се биде прв, со што ретко може да се пофали некоја од градежните фирми во државата, не само во секторот градежништво.
Работата во таква атмосфера неизоставно води кон успеси и настојувања а во случајот на " ГП Пелистер " е постојаната желба за нови градежни проекти.
Error: No articles to display | fineweb-2 |
Алелна фреквенција
Алелна фреквенција — поим од популациона генетика, ја означува пропорцијата од сите копии на еден ген кој пак се состои од одредена генска варијанта — алел.
Со други зборови, тоа е бројот на копии на одреден алел поделен со бројот на копии од сите алели кои се наоѓаат на генетското место (локус) во популацијата.
Алелната фреквенција може да се изрази во проценти.
Во популационата генетика, алелните фреквенции се користат за да го отсликаат генетскиот диверзитет на индивидуално, популационо и видово ниво.
Доколку имаме:
- даден локус на хромозом и ген кој го зафаќа тој локус
- популација од N единки кои носат n локуси во секоја од нивните соматски клетки (на пример, два локуси во клетките на диплоидните видови, кои содржат два сета на хромозоми)
- постоење на различни алели на генот
- постоење на еден алел во a копии
тогаш алелната фреквенција е делчето (фракцијата) или процентот од сите појавувања на тој локус кој е заземен од даден алел, а фреквенцијата на еден од алелите е a/(n*N).
На пример, доколку фреквенцијата на еден алел е 20% во дадена популација, тогаш еден од пет хромозоми ќе го носи тој алел меѓу членовите на популацијата.
Четири од вкупно пет ќе бидат заземени од страна на други варијанти на генот.
Треба да се забележи дека за диплоидните гени, фракцијата на единки кои го носат овој алел може да биде близу два од пет. | fineweb-2 |
Планински венец
Планински венец (верига) е географско подрачје што се состои од геолошки поврзани планини.
Склоп од венци што припаѓаат на извесно подрачје се нарекува планински систем.
Венците обично се испрекинати со предгорја или превои и долини што се протегаат од една позначајна планина до друга.
Поединечните планини во рамките на еден венец не мора да имаат иста геолошки состав или петрологија.
Тие можат да бидат мешавина од рразни орогени изрази и терени, како на пр.
навлаки, поткренати блокови, наборни планини и вулкани, со што се добиваат различни видови карпи.
Најзначајни венци[уреди | уреди извор]
Ако ја вклучиме и подводната топографија на Земјата, средноокеански сртови сочинуваат најдолги планински системи во светот.
На копно, најголемите системи се претежно сместени во два региона: таканаречениот Тихоокеански Огнен Прстен и Алпско-хималајскиот систем (Алпиди).
Во првиот влеегуваат планините на западното крајбрежје на Америка, Камчатка, Јапонија, Тајван, Филипините, како и делови од Индонезија и Папуа Нова Гвинеја.
Алпско-хималајскиот систем се протега од Индонезија до Алпите, вклучувајќи ги Хималаите и други европски и азиски венци.
За најдолг (надводен) систем се сметаат Андите (7.000 км во должина).
Во Хималаите спаѓаат највисоките планини на Земјината површина, од кои највисока е Монт Еверест.
Најдолг планински систем воопшто е средноокеанскиот срт, чија верига се протега низ дната на пет океани.
Долг е 65.000 км, а вкупната должина на системот изнесува 80.000 км.
Најсеверен планински систем на светот е Арктичката Кордилјера и ја опфаќа највисоката планина во источна Северна Америка.
Поделба и категории[уреди | уреди извор]
Планинските системи се одликуваат со разгранета структура, па така многу венци на светот имаат свои подвенци.
На пример, Апалачките Планини се матичен венец на другите венци што ги сочинуваат.
Некои од нив се Белите и Синосртските Планини.
Белите Планини пак, се матични на уште помали вериги - Сендвичкиот и Претседателскиот Венец.
Претседателскиот Венец потоа може да се подели на Јужен и Северен Претседателски Венец.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
BucephalusIII
Македонци и Македонки!
Во последно време многу се шпекулираше од страна на повеќе играчи во врска со односот на релација Бугарија - ЕДЕН - Турција.
Но, верувајте повеќемина го знаеа исходот кој би следел во врска со оваа ситуација и игра на нерви помеѓу двата табори на Бугарија и Турција...па и кај нас нормално
Ми е од огромно задоволство да ви го соопштам ова и ОФИЦИЈАЛНО!
БУГАРИЈА ГО НАПУШТА БРОДОТ ШТО ТОНЕ...не е Титаник...него е ТЕДЕН!
Преку следниов линк и шаут ќе се уверите во тоа:
http://tinyurl.com/8556tlx
Иако пролетта ни е пред прагот, дрвото ЕДЕН ги губи своите лисја
КОЈ Е СЛЕДНИОТ???
ШАУТ:
Бугарија го напушта ЕДЕН!
http://tinyurl.com/7cshsrj
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Внатрешно уредување
Содржина
Обликување на внатрешноста на градбите[уреди | уреди извор]
Молерски работи[уреди | уреди извор]
Молерај е уредување на површините на внатрешните ѕидови и плафони.
Подополагачки работи[уреди | уреди извор]
Подополагање е уредување на подовите на градбите.
Столарски работи[уреди | уреди извор]
Столарија е поим кој се користи за прозорците и вратите во една градба.
Столарските работи се изработување и поставување на прозорци и врати.
Инсталациони работи[уреди | уреди извор]
Распоредување на покуќнина[уреди | уреди извор]
Внатрешото уредување се занимава со обликување и распоредување на покуќнината, каде главен акцент е исцртувањето и распоредувањето на мебелот во градбата.
За обликувањето и исцртувањето на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди се користи поимот дизајн, иако и таа вештина може да се смета како дел од внатрешното уредување.
Тешко може да се постави граница меѓу внатрешно уредување и дизајн, воошто и меѓу уредување, архитектура и дизајн.
Бидејќи производство на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди е индустриализирано се користи и терминот индустриски дизајн како мултидисциплина на машинство и дизајн.
Поврзано[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
Жолтото Море е плитко со рамно дно и претставува делумно затворен ракав на Тихот Океан.
Најголемиот дел се наоѓа југозапад од јужниот дел на Корејскиот Полуостров.
Понатаму на север има две продолженија на морето: Корејскиот Залив на североисток и заливот Би Хаи, на северозапад, во кој се влева Жолтата Река.
Жолтото Море името го добило по бојата на водата која е полна со тиња од Жолтата Река, Јангцекјанг и другите големи реки.
Дното на Жолтото Море во поголемиот дел е континентален подводен гребен кој пред 10,000 години бил суво копно или широка утока на Жолтата Река.
Во близина на брегот на Кина има многу песочни плитки делови, а недалеку од брегот на Кореја има неколку мали острови.
Топлата струја доаѓа од југоисток до средината на Жолтото Море, а по должината на брегот, струите течат кон југ.
Приливот во ова море е многу силен, особено оп должината на западниот брег на Корејскиот Полуостров, а најголемата амплитуда на приливот е 8 м. Површинската температура на морето има големи колебања, од близу температурата на мрзнење на север за време на зимата се до 28 степени во плитките делови за време на летото.
Жолтото Море е многу богато со риби кои живеат на дното, а ги ловат рибарските бродови од Кина, Јапонија, Северна и Јужна Кореја. | fineweb-2 |
Августовски државен удар
|Августовски државен удар
руски: Августовский путч
|Дел од Револиции од 1989 година, Студена војна, и Распаѓање на Советскиот Сојуз|
Тенкови на Црвениот плоштад за време на Августовскиот државен удар
|Завојувани страни|
| Државна комисија за вонредна состојба
Советска армија
|Руска СФСР:|
|Команданти и водачи|
| Генадиј Јанаев
Дмитриј Јазов
Владимир Кричков
| Борис Елцин
Иван Силаев
Константин Кобетс
|(1917–1927)|
|(1927–1953)|
|(1953–1964)|
|(1964–1982)|
|(1982–1991)|
|Портал:СССР
Августовскиот државен удар или Августовскиот пуч — обид за отстранување на Михаил Горбачов од функцијата Претседател на Советскиот Сојуз.
Обидот бил организиран од група конзервативно настроени заговорници од раководствата на ЦК на КПСС, Владата на СССР, армијата и КГБ, во периодот од 19 август до 21 август 1991 година.
Водачите на превратот сметаат дека реформската политика на Горбачов отишла предалеку и дека новиот Сојуз на суверените држави, кој Горбачов започнал да го основа, обезбедувал премногу самостојност на републиките.
Иако превратот бил неуспешен и истиот траел само два дена, настанот во голема мера го дестабилизирал Советскиот Сојуз и помогнал да се забрани КПСС и распаѓање на Советскиот Сојуз до крајот на годината.
Цел и план[уреди | уреди извор]
Главната цел на заговорниците била да се спречи распаѓањето на Советскиот Сојуз, кое распаѓање според учесниците требало да започне на 20 август со потпишување на првиот документ според кој СССР ќе биде претворена во конфедерација на независни држави односно да се создаде Сојуз на суверени држави.
Документот требало да биде потпишан на 20 август, меѓу претставниците на РСФСР и Казахстан, а другите републики требало да се вклучат до 22 октомври 1991 година.
Овој договор ќе биде одобрен од страна на највисоките државни органи на новата унија и договорот ќе влезе во сила со негово потпишување од страна на овластените делегации.
За државите кои ќе го потпишат, од истиот ден се смета неважечки Договорот за основање на Сојузот на Советските Социјалистички републики од 1922 година.
Организатори[уреди | уреди извор]
Лидер на заговорниците бил Генадиј Јанаев, но според голем број на аналитичари, зад целиот обид стоел Владимир Кручков.
Заговорниците за ден на државниот удар ја одбрале неделата кога претседателот е наоѓал во отсуство, на тој начин што објавиле дека тој е привремено отстранет од должноста поради наводни здравствени причини.
Службениот комитет за вонредна состојба се состоел од следните членови:
- Олег Бакланов — прв заместник претседател на Советот за одбрана на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Владимир Кручков — претседател на КГБ на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Валентин Павлов — Премиер на СССР.
- Борис Пуго — Министер за внатрешни работи на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Василиј Стародубцев — претседател на Селскиот сојуз на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Александар Тизјаков — претседател на Ассоциацијата на државните претпријатија
- Дмитриј Јазов — Министер за отбрана на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Генадиј Јанаев — заменик-претседател на СССР, член на ЦК на КПСС.
Подршка[уреди | уреди извор]
Комитетот сметал за воена поддршка на силите на специјалните единици на КГБ - "Алфа", војските на Министерството за внатрешни работи (МВД), Тулската дивизија, Таманската дивизија и Кантемировска дивизија на Советската армија.
Така, во Москва биле внесени околу 400 војници, 362 тенкови, 427 оклопни возила и БМП.
Дополнителни сили биле префрлени во реонот на Ленинград, Талин, Тбилиси и Рига.
На чело застанале генералите Павел Грачов и неговиот заменик Александар Лебед.
Грачов одржувал телефонска врска, како со Дмитриј Јазов, така и со Борис Елцин.
И покрај желбата, заговорниците немале целосна контрола над воените делови, затоа уште во првиот ден на бунтот, делови од Таманската дивизија преминале на страната на заштитниците на т.н.
Бела куќа (токму од тенк на оваа дивизија, Борис Елцин го направил познатото обраќање кон народот).
Информативна поддршка заговорниците добиле од државното радио - во текот на три дена, вестите се состоеле од пораки на различни акти на корупција и на кршење на државните закони, извршени во рамките на реформскиот период.
Државниот комитет за вонредни ситуации побарал поддршка и од ЦК на КПСС но оваа институција не успеала да докаже некакво влијание врз луѓето во земјата.
Противници[уреди | уреди извор]
Главни противници на бунтот биле членовите на Комитетот предводени од политичкото раководство на РСФСР, на чело со претседателот Борис Елцин, потпретседателот Александар Руцкој, премиерот Иван Силаев и претседателот на Врховниот совет Руслан Хасбулатов.
На повикот на руските власти пред зградата на сојузниот парламент, наречена Белата куќа, се собрале бројни претставници на различни социјални групи - студенти, интелектуалци, ветерани од војната во Авганистан, па дури и криминални елементи.
Хронологија[уреди | уреди извор]
- 17 јуни 1991 година.
Горбачов и лидерите на девет републики се обединиле околу проект за сојузен договор.
Самиот проект предизвикал негативна реакција кај министрите на СССР: Јазов, Пуго и Кручков.
- 20 јули 1991 година - Претседателот на Русија Елцин издал указ за деполитизиране, вклучувајќи забрана за функционирање на партиски комитети во фабрики, установи итн
- 29 јули 1991 година, Горбачов, Елцин и претседателот на Казахстан Нарсултан Назарбаев се сретнале тајно.
Дискутирале за потпишувањето на нов сојузен договор, на 20 август.
- 2 август 1991 година, Горбачов објавил дека потпишувањето на Сојузниот договор треба да се случи на 20 август.
- 4 август 1991 година, Горбачов заминал во отсуство во вилата на Крим.
- 17 август 1991 година, Владимир Кручков, Валентин Павлов, Дмитриј Јазов, и Валериј Болдин се сретнале во резиденцијата на КГБ.
Била донесена одлука за воведување на вонредна состојба на 19 август, да се формира Државен комитет за вонредна состојба (ГКЧП), кој ќе го спречи Горбачов да потпише соодветните декрети и да биде принуден да поднесе оставка, предавајќи ги ингеренциите на потпретседателот Генадиј Јанаев.
Елцин по ова требало да биде уапсен на аеродромот, веднаш по слетувањето од Казахстан.
По ова било решено да се делува во зависност од развојот на преговорите и настаните.
- 19 август, во 6 часот наутро, медиумите на СССР изјавиле дека во земјата е објавена вонредна состојба и дека претседателот Михаил Горбачов нема да може да ги извршува своите функции "поради здравствени причини", функции, кои ќе се преземат целосно од Комитетот за вонредната ситуација.
Истовремено со тоа во главниот град и други големи градови биле воведени армиски сили, а членовите на Демократската опозиција (како што самите се нарекувале) им било изјавено дека ќе бидат уапсени.
Во текот на ноќта специјалните единици Алфа се движиле кон вилата на Борис Елцин во Архангелска област, но не го блокирале претседателот и не добиле наредба за какви било активности.
Во исто време Елцин во екстремни услови ги мобилизирал сите свои поддржувачи и симпатизери.
Противниците на бунтот подготвиле и испратиле по факс до сите медиуми обраќање "Кон граѓаните на Русија".
Главен портпарол на противниците на превратот станало радио "Ехо Москвы".
Елцин јавно го осудил обидот за државен удар и дал жестока критика за Комитетот застанувајќи врз еден тенк од Таманската дивизија, пред Белата куќа.
Со обезбедувањето на Специјалните единици Алфа, Елцин влегол во 9 часот наутро во Белата куќа и заедно со раководството на РСФСР основал Центар за отпор на превратот.
Противењето на одлуките од страна на Комитетот довеле до организирање на митинзи во Москва и Ленинград околу Белата куќа, Краснопресненски плоштад и Маринскиот плоштад во Ленинград.
Биле организирани концерти во поддршка на противниците на превратот, и истите концерти биле наречени "Рок на барикадите".
Во Москва започнале да се издигнуваат барикади и да се шират летоци.
Во 12 часот, Елцин се обратил на насобраната толпа од народ.
Од редовите на толпата луѓе започнале да се прегрупираат вооружени единици на командата од пратеникот Константин Кобеца.
Главните сили биле составени од борци-ветерани од војната во Авганистан и соработници од приватната фирма за обезбедување "Алекс".
Елцин во исто време испратил свои претставници во Париз за преговарање од можното создавање на влада во егзил.
- 20 агуст, по наредба на Комитетот била спроведена подготовка за преземањето на зградата на Белата куќа од групата со посебна намена на КГБ.
Некои од генералите кои останале верни на министерот за одбрана Дмитриј Јазов, започнале да изразуваат сомневања за соодветноста на бунтот.
Генералот Александар Лебед преминал на страната на заштитниците на Белата куќа.
Командантите на специјалните единици "Алфа" и "Вимпел", Карпухин и Бесков го замолиле заменик-претседателот на КГБ Агеев да ја поништи операцијата.
На тој начин нападот бил откажан.
- 21 август, тенковските единици контролирани од Комитетот, спровеле маневри во близина на Белата куќа (зграда на Врховниот Совет на РСФСР).
Единиците на "Алфа" одбиле да учествуваат во нападот врз Белата куќа.
Во 5 часот наутро Јазов дал наредба за повлекување на единиците од Москва.
Во текот на денот се одржала седница на Врховниот совет на РСФСР под претседателство на Руслан Хасбулатов.
На седницата биле осудени активностите на Комитетот.
Потпретседателот на РСФСР Александар Руцкој и Премиерот Иван Силаев отишле за Форос, каде што се наоѓал Горбачов.
Редица други авиони, во кои се наоѓале и некои членови на комитетот, се упатиле кон Крим, за да побараат прошка од Горбачов, која не била прифатена.
Кон крајот на бунтот, Елцин се изјаснил за заштита на законската власт на Горбачов и заштита на слободна Русија.
Михаил Горбачов на 22 август се вратил во Москва, заедно со Руцкој и Силаев.
Членовите на Комитетот биле уапсени.
Во директно предавање, Елцин во присуство на Горбачов потпишал Указ за прекин активностите на КПСС на територијата на РСФСР, лишавајќи го Горбачов од власт.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Ольга Васильева, «Республики во время путча» в сб.статей: «Путч.
Хроника тревожных дней».
// Издательство «Прогресс», 1991.
Archived 17 June 2009.
- Solving Transnistria: Any Optimists Left?
by Cristian Urse.
Available at http://se2.isn.ch/serviceengine/Files/RESSpecNet/57339/ichaptersection_singledocument/7EE8018C-AD17-44B6-8BC2-8171256A7790/en/Chapter_4.pdf
- партијата предводена од националистичкиот политичар Владимир Жириновски - http://www.lenta.ru/lib/[PHONE]/full.htm.
Accessed 13 September 2009.
Archived 16 September 2009-.
- 10-я годовщина событий августа 1991 года // Эхо Москвы, 19.08.2001
- Ъ-Власть — Государственный недоворот
- Маршал Советского Союза Дмитрий Язов: Возможно, ГКЧП был клубом самоубийц... // «Комсомольская правда», 16.08.2001
- ГКЧП: реабилитация намерений
- Договор и Декларация об образовании СССР в 1924 году были объединены в первую конституцию СССР, которая прекратила действие в 1936 году, когда была принята новая конституция СССР | fineweb-2 |
Основи на математиката
Основи на математиката е израз кој понекогаш се употребува во некои полиња на самата математика, имено за математичката логика, аксиоматската теорија на множествата, доказната теорија, теоријата на моделите и теоријата на рекурзијата.
Меѓутоа потрагата по основите на математиката е централно прашање на философијата на математиката: На која фундаментална основа можат математичките искази да се сметаат за точни?
Основачката философија на Платонистичкиот математички реализам, (чиј пример е математичарот Курт Гедел), вели дека постои свет на математички предмети независен од човекот; човекот ги открива вистините за овие предмети.
Според ова гледиште, законите на природата и законите на математиката се со сличен статус, и ефективноста на случаите е неразумна.
Тукa основата не ја сочинуваат нашите аксиоми, туку вистинскиот свет на математичките предмети.
Така, очигледното прашање е: како да пристапиме кон овој свет?
Anglin 1991, стр.
218)
Основачката философија на формализмот, (чиј пример е Давид Хилберт), се заснова на аксиоматската теорија на множествата и формалната логика.
Практично сите математички теореми денес можат да се формулираат како теореми на теоријата на множествата.
Според ова, вистинитоста на некој математички исказ, не е ништо повеќе од тврдење дека исказот може да се изведе од аксиомите за теоријата на множествата користејќи ги правилата на формалната логика (вид.
Anglin 1991 стр.
Користењето на формализмот само по себе не дава објаснение за неколку проблеми: зошто треба да ги користиме аксиомите кои ги користиме, а не неки други, зошто ги користиме логичките правила, а не некои други, зошто "точните" (вистинските) математички искази (на пр.
законите на аритметиката) излегуваат вистинити во физичкиот свет, и тн; меѓутоа често овие прашања можат достатно да се одговорат по пат на изучување на формалните теории, кај дисциплините како обратна математика и теорија на пресметковната комплексност.
Формалните системи исто така ризикуваат да бидат недоследни; кај Пеановата аритметика, овој проблем е веројатно веќе решен, по пат на неколку докази за доследност, но сепак спорно е дали тие се доволноконечни за да имаат значење.
Геделовата втора теорема за непотполноста воспоставува дека формалните системи на аритметиката не можат да содржат валиден доказ за нивната сопствена доследност.
Основачката философија интуиционизам или конструктивизам, (чиј пример, во екстрем, е Брауер и покохерентно од С. К. Клини) бара доказите да бидат "конструктивни" по природа – постоењето на еден предмет мора да се покаже, наместо да се изведе од покажување на непостоење.
На пример, како последица од ова, обликот на доказот познат како редукција до апсурд е осомничен (вид.
Anglin 1991 стр.
Некои современи теории во философијата на математиката го порекнуваат постоењето на основи во првичен смисол.
Некои теории се задржуваат на математичката практика, и се стремат да ја опишат и анализираат фактичката работа на математичарите како општествена група.
Други се обидуваат да создадат когнитивистика на математиката, задржувајќи се на човековото сфаќање како извор на издржаноста на математиката при нејзината примена во вистинскиот свет.
Според овие теории, основите лежат само во човековата мисла, а не во некакви објективни надворешни творби.
Ова продолжува да биде спорно.
Наводи[уреди | уреди извор]
Видете исто така[уреди | уреди извор]
- Епистемологија
- Математичка логика
- Евклидови елементи
- Парадокс на лажгото
- Нови Основи
- Философија на математиката
- Принципија Математика
- Квази-емпирицизмот во математиката
Надворешни врски[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
Милиметар
Милиметар (симб.
мм или mm) — мерка за должина, илијадити дел од метарот, што е основна мерна единица за должина во СИ Системот.
Милиметарот дел дел од Метричкиот систем.
Може да се користи и како дел за мерење на површина како милиметар квадратен или за волумент како милиметар кубен.
Следствено милиметарот припаѓа заедно со останатите мерки: | fineweb-2 |
Географска ширина
Латитудата е аголна мерка која се движи од 0° на екваторот до 90° на половите.
Други географски ширини од особена важност се: северниот повратник (Соѕвездие Рак), јужниот повратник (Соѕвездие Овен), северниот поларен круг (арктички круг), јужниот поларен круг (антарктички круг).
Секој степен на географската ширина е понатаму поделен на 60 минути, а секој од нив поделен на 60 секунди.
Една географска ширина, на пример, е определена како 13° 19' 42" СГШ.
За повисока точност, секундите се децимално поделени.
Алтернативното прикажување ги користи степените и минутите, но деловите на минутата се искажани со децимална поделба, на пример 13° 19,717' СГШ.
Степените, исто така, понекогаш се делат на децимали: 13,32861° СГШ.
Понекогаш, наставката север/југ (СГШ/ЈГШ) се заменува со негативен предзнак за југ.
Определена географска ширина, потоа може да се комбинира со географската должина (лонгитуда) за прецизно да се определи позицијата на Земјината површина.
Колатитудата е комплементна на географската ширина (латитудата).
Во вообичаена употреба географска ширина се однесува на "геодетска" или географска"' φ и го претставува аголот помеѓу висината и екваторијалната рамнина — поради тоа што најпрво претставувала агол помеѓу хоризонтот и поларната ѕвезда.
Поради тоа што Земјата има елиптична форма под дејство на нејзината ротација, картографите се потпираат на разновидни помошни географски ширини за прецизно прилагодување на сферните проекции во согласност со нивната цел.
За другите планети како на пример Марс, географската и геоцентричната ширина се нарекуваат "планетографска" и "планетоцентрична" ширина.
Повеќето карти за Марс од 2002 година па наваму користат планетоцентрични координати.
Географската ширина и богатството[уреди | уреди извор]
Често е забележувано дека постои изразена корелација помеѓу географската ширина и богатството на нациите.
Континентите покрај екваторот, Африка и Јужна Америка се најсиромашните.
Дури и во рамките на Африка и Јужна Америка може да се забележи дека нациите најдалеку од екваторот се побогати.
Во Африка најбогатите нации се трите на јужниот крај на континентот, Јужна Африка, Боцвана, и Намибија, како и земјите во Северна Африка.
Слично во Латинска Америка - Аргентина, Чиле, и Уругвај долго време се најбогатите.
Во Азија, Индонезија, лоцирана на екваторот, е меѓу најсиромашните.
Најбогатите нации во светот со најголем животен стандард имаат тенденција да бидат оние во најсеверните области достапни за населување на човекот, Канада, и нордиските земји.
Во рамките на богатите континенти, богатството се зголемува со разликата од екваторот.
Јужна Европа долго била посиромашна, како и јужните Соединети Американски Држави.
Постојат голем број на објаснувања за овој феномен.
Првиот што се обидел да го објасни ова бил францускиот философ Монтескје кој сметал дека ладното време значи помалку крв во екстремитетите што го прави телото помалку еластично; и ова им дава на северњаците повеќе сила и ги прави помалку способни да се релаксираат.
Ова насочување на крвта во внатрешноста, според Монтескје, исто така значи поголем проток во срцето, што ја зголемува виталноста.
Овие откритија се целосно отфрлени од модерната наука.
Исто така отфрлено, но сѐ уште присутно меѓу некои групации, е расното објаснување.
Оние покрај екваторот имаат тенденција да бидат со црна кожа, и поотпорни на директна сончева светлина.
Некои сметаат дека црната боја на кожата е поврзана со помала интелигенција.
Не постојат докази за оваа претпоставка.
Уште едно објаснување, што сѐ уште е доста актуелно, е дека модерните технологии и институции се дизајнирани примарно во мала област во северозападна Европа.
Оттука земјоделските техники, машини и лекови се дизајнирани да одговорат на умерена клима.
Овие технологии и модели се рашириле на области со слична клима, како Северна Америка и Австралија.
Кога и овие области исто така станале иновациски центри, ваквиот развој бил уште позајакнат.
Многу помалку напор бил вложен во подобрување на тропското земјоделство отколку на земјоделството на умерена клима, токму поради ова.
Технологијата, од автомобили до електродистрибуција се дизајнирани за пострудени и посуви региони и работат многу полошо во тропските области.
Поедноставно кажано, животот во тропските области не создава силен природен нагон за развој на нова технологија, бидејќи условите за живот во смисла на основни потреби на телото, се доволно удобни.
Колку е постудено времето, повеќе е потребно за да се преживее, што создава силна мотивација за постојан иновативен процес.
За да се создаде поудобен живот подалеку од тропските области потребна е поразвиена технологија.
Но кога животот е доволно удобен, иновацискиот појас се движи уште подалеку од екваторот.
Овој суров циклус на технологија дизајнирана за богатите, ги прави уште побогати и оттаму поспособни да го финасираат технолошкиот развој.
Доказ за ова е дека далечниот север не секогаш бил најбогата географска ширина.
Пред само неколку векови, најбогатиот појас се наоѓал помеѓу Јужна Европа, преку Блискиот Исток, северна Индија и јужна Кина.
Драматичниот пресврт во технологијата што започнал со прекуокеанските бродови и кулминирал со Индустриската револуција предизвикал најразвиениот појас да се придвижи северно, во Европа, Кина, и во Америка.
Северна Русија станала суперсила, додека јужна Индија станала сиромашна колонија.
Ваквите драматични промени во распоредот на богатството сугерираат дека тоа не се должи на непроменливи фактори како клима и раса.
Поврзано со ова објаснување се болестите.
Тропските области се многу поподложни на епидемии на болести поради нивната температура која го прави животот полесен за инсектите и глодарите.
Долго постои малариски појас што ја опкружува земјата; ова го прави животот на луѓето уште потежок.
Најзабележливо е дека е речиси невозможно за северните домашни животни да живеат.
На овие проблеми им се додава и богатството на северот: многу повеќе пари одат на истражување за лекови за заболувањата на северњаците.
Физиологот Џаред Дајмонд, во неговото дело наградено со Пулицерова Награда - Пиштоли, микроби и челик, тврди дека евроазиската земјена маса е посебно погодна за преминување од ловечко-собирачка во земјоделска заедница.
Континентот се протега на многу повеќе линии на географската ширина од било кој друг континент.
Поради ова многу е полесно да се пренесуваат домашни животни во рамките на иста географска ширина, одошто од потопла во поладна клима, секое животно растено на определена географска ширина ќе биде пренесено во рамките на континентот за релативно брзо време.
Затоа жителите на овој континент имаат почетна предност за поран развој на земјоделството, и поголем интервал на растенија и животни од кои може да се избира.
Тој истотака го поврзал овој напредок со развојот на болестите кои подоцна им се заканувале на жителите на другите континенти.
Блиската поврзаност на луѓето во Евроазија со нивните домашни животни создале услови за брзо пренесување на болести.
Жителите на земјите со малку домашни животни никогаш не биле изложени на таков интервал на болести, и затоа, барем на Американскиот континент, потклекнале на болестите донесени од Европа. | fineweb-2 |
Декамерон
Декамерон е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо, најверојатно започната во 1350 година, а завршена во 1353 година.
Тоа е средновековно алегориско дело најпознато по љубовните приказни.
"Декамерон" има антиклерикален карактер, зашто сатирата е насочена кон лажната чистина на свештениците.
Но, освен тоа, ова е дело што носи голема етичка порака, типично хуманистичка каде се велича сè што е човечко.
Според Бокачо, луѓето се еднакви, само се разликуваат по својот карактер и интелигенција.
Насловот на книгата е кованка од два грчки збора што значат "десет" (δέκα дека) и "ден" (ἡμέρα хемера).
Се верува дека некои делови од приказните се поврзани со влијанието на Книгата на добра љубов.
Многу значајни писатели како Џефри Чосер имаат извлечено инспирација за своите дела од Декамерон.
Содржина
- 1 Композиција
- 2 Новели со остроумни изреки
- 3 Новели за големите добродетелства
- 4 Љубовни новели
- 5 Новели за ниските човекови нагони
- 6 Изданија на македонски јазик
- 7 Наводи
Композиција[уреди | уреди извор]
"Декамерон" претставува заокружена збирка раскази кое авторот го постигнал со воведниот дел, односно "Уводната новела", каде Бокачо го прикажува својот концепт на збирката.
Имено, за време на големата чума во Фиренца, група млади луѓе, седум жени и тројца мажи, се засолнуваат во една куќа, надвор од градот и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават.
Во текот на тие десет дена, сите десетмина, секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема (10 X 10 = 100).
Затоа збирката содржи 100 новели.
Според темите тие се поделени на:
- 1 ден - нема одредена тема - кралица е Пампинеа;
- 2 ден - неприлика со среќен крај - кралица е Филомена;
- 3 ден - за двомислени луѓе - кралица е Немфиле;
- 4 ден - за несреќната љубов - крал е Филострат;
- 5 ден - за среќната љубов - кралица е Фијамета;
- 6 ден - за оние кои биле итри и досетно се спасиле - кралица е Елиза;
- 7 ден - за жените кои го изневериле мажот - крал е Дионес;
- 8 ден - исмејувањата на мажите од жените и обратно - кралица е Лаурета;
- 9 ден - слободна тема - кралица е Емелија;
- 10 ден - за правилните постапки - крал е Помфил.
Во "Декамерон" се прикажани многу настани, ликови и случки.
Освен според деновите, како што ја направил поделбата самиот Бокачо, новелите тематски, може да ги поделиме во неколку групи: куси новели со остромни изреки; новелите каде се прикажани големите добродетелства; љубовно-еротски новели и новелите во кои Бокачо ги критикува ниските човекови нагони, а особено ги разобличува свештениците.
Новели со остроумни изреки[уреди | уреди извор]
Во првата група новели од "Декамерон", може да ги ставиме кусите новели со остромни изреки.
Такви се, на пример, новелите: "Итрината на Кикибио", "Франческа и огледалото", "Форезе и Џото", и др.
Итрината на Кикибио[уреди | уреди извор]
Во расказот "Итрината на Кикибио", главниот лик, слугата Кикибио итро се снаоѓа кога неговиот господар ја бара ногата од жеравот што бил приготвен за вечера, а кој претходно го изела жената на Кикибио.
За да ја докаже својата невиност, утредента Кикибио и неговиот господар отишле да ги видат живите жерави и да се убедат дали имаат една или две нозе.
И навистина, додека спиеле жеравите стоеле на една нога па така Кикибио го имал својот доказ.
Но, тогаш, неговиот господар извикал "хо, хо" и ги разбудил и растерал жеравите кои ја испружиле и другата нога.
Збунетиот, и фатен во "небрано" Кикибио, веднаш се снашол и рекол дека господарот синоќа не викнал "хо, хо"!, па затоа жеравот од трпезата не ја покажал својата друга нога.
Франческа и огледалото[уреди | уреди извор]
Расказот "Франческа и огледалото" е остра критика на каприциозните, самодопадливи луѓе, кои го презираат сиот свет, а всушност се многу плитки:
Некојси Фреско од Челатико имаше внука што на галено ја викаа Ческа.
Макар што беше со убава става, сепак не беше со таква ангелска убавина што се наоѓа понекогаш.
Но затоа пак се ценеше себеси толку многу, што ѝ влезе во крвта да куди и мажи и жени, и сè што ќе види, не обѕирајќи се на себеси.
А беше така незгодна, досадна и каприциозна, како ниедна друга, и никогаш со ништо незадоволна.
Освен тоа, беше така горда, што би било премногу дури и да му е ќерка на францускиот крал.
Кога одеше по улица, толку се муртеше на сè, што само носот го креваше како да ѝ смрди секој што ќе го види или ќе го сретне.
Сега, да не ги набројуваме сите нејзини срамни и незгодни навики, ќе ви кажеме еден настан за неа.
Некој ден се врати во Фресковата куќа и преправајќи се и муртејќи се, седна покрај него.
Фреско ја праша:
— Што си се вратила, Ческо, толку брзо, кога денеска е празник?
Таа му одговори напернато:
— Навистина си дојдов рано, зашто во овој град како да не биле ни мажите ни жените никогаш така досадни и несносни како денеска.
Ниеден не помина по улица што да не ми е мрзок како лоша среќа.
Верувам дека нема на светов жена на која да ѝ е подосадно да ги гледа овие одвратни луѓе одошто мене.
Па за да не ги гледам, си дојдов рано дома.
Фреско, кому ни малку не му се бендисуваа лошите навики на внучката, забележа:
— Ќерко моја, ако ти е така мрско да гледаш непријатни луѓе, немој никогаш да се огледуваш во огледало, ако сакаш да живееш задоволно.
Но, таа празна тиква (а мислеше дека е мудра како Соломон), ги сфати вистинитите зборови на Фреско како што би ги разбрала овца, па му одговори дека ќе се гледа во огледало како другите.
Така во својата глупост живееше и векот си го помина.
Форезе и Џото[уреди | уреди извор]
Расказот "Форезе и Џото" е типичен за оваа група раскази со остроумни изреки.
Започнува поучно, хуманистички - изедначувајќи ги сите луѓе, без разлика на надворешниот изглед, образованието и струката; за да заврши со остроумна досетка во дијалогот на двајцата протагонисти:
Како што честопати најголемите добродетели се кријат во човек со скромен занает, исто така и под грда надворешност често се кријат чудесни душевни способности.
За тоа се доказ двајца сограѓани.
Едниот од нив се викаше господин Форезе од Работа и беше толку низок, со нескладна фигура, сплескано лице и тап нос, што ќе беше грд и за куќата Баронци, но беше толку вешт во законите што многу умни луѓе го сметаа за ризница на граѓанското право.
Другиот, којшто се викаше Џото, беше исто така необично надарен, што немаше таков предмет во природата, мајката на сè што е создадено и двигателка на небесата и на световите, што тој да не можеше со перо или со молив или со четка да го нацрта, и тоа така вешто што не само да биде слично на природата, туку природата сама.
И така многупати се случило да се измами човечкото око, да мисли дека е стварност тоа што го насликал тој.
Бидејќи ѝ го вратил блесокот на уметноста, кој за многу години беше го закопала заблудата на тие што сликале повеќе да ги забават очите на незнајковците одошто да угодат на духот на мудреците, тој може со право да се вброи меѓу најсјајните ѕвезди на фирентинската слава; и тоа толку повеќе што со најголема скромност одбиваше да го викаат мајстор, макар што целиот живот им беше учител на другите.
Тоа име што тој го отфрли, толку повеќе сјаеше во него, колку повеќе со копнеж го присвојуваа тие што знаеја помалку од него или беа негови ученици.
Но, колку и да беше неговата уметност голема, тој самиот ни по лик ни по става не беше ни малку поубав од господин Форезе.
Туку, да се вратиме на приказната.
Господин Форезе и Џото имаа свои имоти во Муџело.
Некој ден, во време кога судот не работи, господин Форезе беше отишол да си го види имотот.
Враќајќи се на некое позајмено коњче, по пат го сретна Џота, којшто исто така од својот имот се враќаше во Фиренца.
Ни неговиот коњ, ни спремата не му беа ништо подобри од тие на Форезе.
Бидејќи беа стари, полека јаваа еден до друг, и така се случи, како што се случува често лете, да ги изненади по патот ненадеен дожд, па колку што можеа поскоро, се засолнаа во куќата на некој селанец, свој пријател и познат.
По некое време, бидејќи изгледаше дека дождот нема да запре, тие, сакајќи уште дење да стигнат во Фиренца, посакаа од селанецот две стари гуни од груба аба и две шапки целите изабени од старост, зашто не најдоа ништо подобро и тргнаа на пат.
Откако јаваа така некое време и добро накиснаа и се искалнија бидејќи коњитe ги испрскаа (тоа, да кажеме не го зголемува достинството на луѓето), времето се расчисти и тие по долго молчење фатија да разговараат.
Господин Форезе, јавајќи и слушајќи го Џото, којшто беше извонреден раскажувач, почна да го загледува од глава до петици и гледајќи на него сè така безоблично и изветвено, а не гледајќи се себеси, почна да се смее зборувајќи:
— Џото, да наидеме случајно на некој туѓинец што не те видел никогаш, мислиш ли дека би поверувал дека ти си најдобриот сликар на светот, како што си навистина?
Џото му одговори спремно:
— Господине, мислам дека би поверувал, ако, гледајќи во вас, поверува дека ја знаете азбуката!
Кога го чу тоа, господин Форезе си ја сфати грешката и увиде дека Џото му врати мило за драго.
Новели за големите добродетелства[уреди | уреди извор]
Во втората група раскази се оние каде се прикажани големите добродетелства, силните и издржливи луѓе, без разлика на сталежот на кој му припаѓаат.
Такви се, на пример: "Маркизот од Салуцо", "Приказна за соколот" и др.
Маркизот од Салуцо[уреди | уреди извор]
Во новелата "Маркизот од Салуцо", издржливоста, покорноста и достоинството на сиромашната селанка Гризелда која ја зема за жена маркизот од Салуцо не може да се спореди со карактеристиките на ниедна благородничка.
Неговото изживување и искушување ја превршува секоја мерка (ѝ ги одзема децата, кои божем ги убива; по многу години ја брка од куќата велејќи ѝ дека ќе се жени за друга), но таа достоинствено истрпува сè.
На крајот таа ја добива наградата - љубовта и почитувањето од својот маж и од сите луѓе.
Приказна за соколот[уреди | уреди извор]
Во "Приказната за соколот" , љубовта и достоинството го креваат главниот лик до совршенство.
Неговата жртва за љубовта доведува на крајот до остварување на таа љубов, токму поради неговите добродетелства.
Имено, тука се раскажува за Федериго, синот на Филипо Албериги којшто живеел во Фиренца и кој бил ценет младич во Тоскана.
Љубовта на Федериго спрема Џована, дама од благороден род, го бодрела да се бори во турнири, витешки игри за да ја придобие нејзината љубов.
Додека постојано се расфрлал со богатството што го поседувал, многу повеќе одошто печалил, Џована не му обрнувала внимание и тој осиромашил.
Поради сиромаштијата во која се нашол, тој се преселил во Кампи, на негов имот каде што ловел птици со неговиот сокол, како единствен начин да ја поднесува својата сиромаштија.
Во меѓувреме, мажот на Џована умира, оставајќи ја сама со нивниот син.
Така, вдовицата Џована, за време на летото, заминала со сина си на некој имот близу до Федериговиот.
Момчето се спријателило со Федериго, заинтересирано за птици и кучиња, му се восхитувал на соколот.
Но, ненадејно момчето се разблело, а негова најголема желба била да го поседува Федериговиот сокол.
Сакајќи да ја исполни желбата на синот, верувајќи дека состојбата ќе му се подобри, Џована со тешко срце заминала во посета кај Федериго.
Благодарна на Федериговата љубов, таа со пријателката посакала да ручаат во неговата куќа.
Сиот радосен, Федериго заборавил на својата немаштија.
Не сакајќи да бара од други, а бидејќи немал со што да ја понуди, го заклал соколот и ѝ го приготвил.
Попладнето, Џована на укажана прилика, културно го замолила Федериго да му го подари соколот на син ѝ, објаснувајќи му ја тешката ситуација.
Федериго го облеало силна тага бидејќи не можел да ѝ го подари соколот, зашто го приредил за ручек за да може да ја угости.
Ожалостена и загрижена, Џована се вратила дома кај болното синче.
Подлегнато на болеста, младото момче починало, а Џована останала сама вдовица.
Нејзините браќа ја терале да се премажи бидејќи била сè уште млада, убава и богата.
Обвиена од тага, таа посакала или да остане вдовица или да го земе Федериго.
Иако осиромашен, заради големата љубов и добрата душа на Федериго, браќата му ја дале за жена.
Љубовни новели[уреди | уреди извор]
Голем дел од расказите во "Декамерон" се со љубовна содржина.
Во нив, љубовта е прикажана и како трагична, и среќна, и достоинствена, и, се разбира, телесна.
Рушењето на бариерите во однос на класата на која ѝ припаѓале луѓето е многу присутна токму во овие новели.
Селаните можат да бидат со благороден карактер и поради тоа да бидат еднакви со богатите.
Таа граница која во средновековието била непробојна, кај Бокачо веќе речиси не постои.
Според него, човекот е човек, без разлика на кој сталеж му припаѓа.
Па затоа, во љубовните раскази често спојува парови од различна социјална средина, а нивната приказна понекогаш завршува трагично - за што Бокачо го осудува општеството, а понекогаш среќно.
Босилокот на Изабета[уреди | уреди извор]
Една тажна приказна за голема и несреќна љубов е прикажана во расказот "Босилокот на Изабета".
Љубовта што ја чувствувала и остварила Изабета е многу овоземна, телесна и страстна.
За жал, таа завршува трагично, поради моралните норми кои ги поставиле општеството и нејзините браќа.
Како и да е, таа останува верна на единствената љубов во нејзиниот живот, без разлика што бил од друг сталеж.
Изабета имала тројца браќа кои по смртта на татко им наследиле трговски дуќани и како богати трговци живееле во Месина.
Изабета била убава девојка, скромна и добро воспитана.
Но, таа се вљубува во слугата, момчето што работело во дуќаните на браќата - Лоренцо.
Тој ѝ ја возвратил љубовта, но се криеле од браќата зашто знаеле дека тие не би ја одобриле.
Еден ден ги открил едниот од браќата, и тие мислејќи дека таквата врска би била срам за семејството, го убиле, а на луѓето им кажувале дека го испратиле во друг град по работа.
Несреќната Изабета тагувала по момчето и безуспешно го исчекувала да ѝ се врати.
Браќата не сакале да ѝ кажат ништо за него.
Но, таа го сонила, а во сонот момчето ѝ кажало за убиството.
Верувајќи во сонот Изабета без да им каже на браќата отишла до покажаното место и го пронашла трупот.
Таа ја земала неговата глава и ја чувала во својата соба скриена во саксија за цвеќе и покриена со земја.
Во неа таа посадила босилок и го негувала нежното растение со вода од ружи и со своите солзи.
Поради долгата и внимателна грижа и мрсната земја од главата што се распаѓала внатре цвеќето станало бујно со чудесен мирис.
Тажната Изабета постојано седела и плачела над цвеќето што го забележале и соседите и им кажале на браќата.
Тие безмилосно ѝ го одземале на несреќната девојка цвеќето, иако таа ги молела да ѝ го вратат.
Зачудени од упорнотото барање, браќата ја провериле земјата од цвеќето, ги виделе остатоците од главата и ја препознале косата на Лоренцо.
Престрашени, тие ја закопале главата, заминале од Месина и се преселиле во Неапол, а девојката од преголема тага и плачење се разболела и умрела.
Славејчето[уреди | уреди извор]
"Славејчето" е расказ со забавна љубовна содржина и среќен крај.
Во него е прикажана љубовта меѓу убавата Катерина, ќерката на Лицио ди Валбона и стројното момче Ричардо, од куќата на Манарди од Бретиноре.
На почетокот и двајцата ја криеле својата љубов, но откако си ги искажале чувствата сакале да поминат една вечер заедно.
Катерина требала да ги убеди своите родители да ја пуштат да преспие на балконот, а Ричардо да ѝ се придружи подоцна во ноќта.
По еден безуспешен обид, користејќи ја горештината и желбата за слушање на песната на славејчето додека заспива како изговор, татко ѝ ѝ дозволил.
Истата ноќ, откако родителите на Катерина заспале, Ричардо се искачил на балконот и заедно ја поминале ноќта.
Меѓутоа, не успеале да се разбудат навреме за Ричардо да си замине, па татко ѝ утрото ги видел.
Бидејќи не знаел што да прави, веднаш ја извикал жена си, Џакомина.
Ѝ кажал да дојде и да види како на ќерка ѝ ѝ замилел славејот, па го фатила и го држи во рака.
Госпоѓата сакала да му се развика на Ричардо, но господинот ја запрел ѝ ѝ кажал дека најдобро е да ги венчаат.
Ричардо бил пристоен и богат, а Катерина го сакала.
Кога се разбудиле, Лицио им кажал дека ќе мора да се венчаат поради направениот грев, но и бидејќи се вљубени еден во друг.
Веднаш се венчале, а подоцна направиле и вистинска свадба, по што Ричардо долго со својата убава невеста на мир ловел славеи, и дење и ноќе.
Новели за ниските човекови нагони[уреди | уреди извор]
Фра Чипола и светиот јаглен[уреди | уреди извор]
Во четвртата група новели може да ги ставиме новелите во кои Бокачо ги критикува ниските човекови нагони, а особено ги разобличува свештениците.
Тој им се потсмева на свештениците кои едно зборуваат, а друго прават, кои проповедаат воздржаност од физичка љубов, а самите се развратни.
Ја опишува нивната алчност, нечесност, злоупотребата на религиозноста и суеверието на неукиот народ за своја полза.
Таков е, на пример, фра Чипола кому Бокачо му ја разоткрива лажната светост и лицемерието.
Конкретно, во расказот е опишана една случка кога пријателите на Фра Чипола сакале да си поиграат со него и да видат како тој ќе се снајде во ситуацијата.
На почетокот е опишан калуѓерот и неговите причини за доаѓање во малото гратче:
Макар што тоа беше мало гратче, некогаш во него живееја благородници и имотни граѓани.
Бидејќи таму имаше добра жетва, редовно секоја година по еднаш идеше по некој калуѓер од редот на свети Антонио, да собира милостина што му ја даваа будалите.
Тој калуѓер се викаше фра Чипола и во Черталдо го сакаа поради неговата набожност, а и поради неговото име (чипола на италијански значи кромид), зашто во тој град расте кромид познат низ цела Тоскана.
Брат Чипола беше низок човек, црвенокос, со ведро и румено лице, и многу весел.
Макар што прост, беше извонреден и итар говорник, па секој што не го познаваше, го сметаше не само за голем говорник, туку за некој Тулиј или можеби Квинтилијан.
Освен тоа на сите во тој крај им беше кум и пријател или барем драг познат.
По својот обичај пристигна таму еднаш во месец август, па во некоја недела изутрина, кога сиот народ од околните села се собрал во жупната црква, во згоден час излезе пред нив и рече:
— Браќа и сестри, како што знаете, вие имате обичај секое лето да им испратите на сиромасите на нашиот господар свети Антонио, пченица и друго жито, кој повеќе кој помалку, според своите можности на набожност за да ви ги чува пречесниот свети Антонио воловите, магарињата, овците и прасињата.
Притоа уште имавте обичај да платите малку нешто и во пари, што се плаќа секоја година, а тоа особено тие што се запишани во нашето братство.
Мојот старешина, господин опатот, ме испрати да го приберам тоа.
Затоа, со благослов божји, по девет часот, кога ќе заѕвонат ѕвончињата, елате вака пред црква, кајшто обично ќе ја слушате мојата проповед и ќе целивате крст.
Освен тоа, (бидејќи знам дека сите го почитувате нашиот господар, свети Антонио) ќе ви покажам како особена милост една пресвета и чудесна реликвија што сум ја донел некогаш од света земја, отаде морето.
А тоа ви е пердушка од крилото на арханѓелот Гаврил што му паднало во собата на пресвета Богородица кога бил во Назарет да и каже за безгрешното зачнување.
Но, неговите пријатели му го сокриле пердувот и во ковчежето му ставиле јаглен, а вечерта на проповетта само чекале да видат како Фра Чипола ќе се извлече од ситуацијата:
Прво очита некои молитвички во слава и чест на архангел Гаврил и светите мошти, тогаш го отвори ковчежето и кога виде, тоа беше полно со јаглен.
(...) Ни бојата на лицето не му се смени заради тоа, туку подигнувајќи ги погледот и рацете кон небото, гласно извика:
— О, боже, нека е вечна слава на твојата семоќност!
Потоа го затвори ковчежето и обрнувајќи му се на народот, продолжи:
— Браќа и сестри, треба да знаете дека мојот старешина, додека бев уште многу млад ме испрати во земјите откаде што изгрева сонцето со особена наредба дотогаш да барам Порчелански повластици, додека не ги најдам; тие макар што не вредат ништо, многу им се покорисни на други одошто нам.
Затоа тргнав по патот на Венеција, минав преку Борга де Гречи, па отидов во Гарапското кралство и преку Балдака стигнав во Парионе, а оттаму, зажеднет мошне, по кратко време стигнав во Сардинија.
Но зошто да ви ги спомнувам сите тие градови и земји што сум ги минал барајќи?
Пребродувајќи го ракавот Сан Џорџо, пристигнав во Труфија и Буфија, земји многу населени со моќни народи.
Оттука тргнав во земјата Лагарија каде што најдов многу наши калуѓери, а доста и од другите редови што ја избегнуваа немаштијата бога ради, малку се грижеа за туѓиот труд, се грижеа само за своја полза и по сите тие земји трошеа само нековани пари.
Тогаш минав во земјата Абруци каде што и машко и женско со цокули се качуваа по планините, а прасињата ги облекуваат во цревата.
Малку понатаму најдов народ што го носи лебот на ластегарки, а виното во вреќи.
Оттаму стигнав до Црвливите планини каде што сите води течет надолу.
Накратко, патував толку далеку што стигнав, мили мои, до Индија нечистата каде што видов, ви се колнам во облеката што ја носам, како летаат перја, кое навистина тешко ќе го поверува тој што не видел.
А дека не ве лажам, сведок ми е Мазо дел Саџо кого таму го најдов како голем трговец; кршеше ореви и ги продаваше лушпите на мало.
Бидејќи не можев да најдам тоа што барав, бидејќи натаму се патува по море, се вратив и на враќање до овие свети земји каде што лете продаваат студено јадење за четири пари, а топло за бадијала.
Таму го најдов пречесниот отец Повели Неколниме, многупочитуван ерусалимски патријарх.
Од почит кон облеката на нашиот господар свети Антонио, што секогаш ја носам, сакаше да ми ги покаже сите реликвии што ги имаше кај себе, а ги имаше толку што би ми требале неколку милји кога би сакал да ви ги набројам сите и уште би ми било малку.
Прво ми го покажа прстот на светиот дух, зрав и цел, каков што некогаш бил, потоа парче од косата на серафимот што му се прикажал на свети Фрањо, потоа еден нокот од херувим, едно од ребрата на зборот што станал дело, и облеката на светата Вера Католичка, и неколку зрака од ѕвездата што им се покажала на тројцата мудреци од Исток; и канче со потта што го облеала св.Михаила кога се борел со сатаната, и вилицата на смртта на свети Лазар и уште триста чуда и други светињи.
А кога доброволно му дадов опис на брдото Монте Морело на народен јазик и препис од Капрецио што ги барал веќе доста долго, ме направи ортак на своите свети мошти, и од своја страна ми подари еден заб од светиот Крст и во канче малку од звукот на ѕвоното од Соломоновиот храм и перото на арханѓел Гаврил за кое веќе ви зборував, цокулата на свети Герардо Виламањски.
Неа неодамна ја подарив на неговиот голем почитувач Герардо ди Бонси од Фиренца; и уште ми даде нешто јаглен на кој се печел блажениот маченик св.
Сите тие светињи ги донесов ваму со мене и побожно ги чував.
Навистина, мојот старешина никогаш не ми дозволи да ги покажувам додека не се увери дека се вистински.
И сега по некои чудеса што се случија по патријарховите писма се сведочи за нивната вистинитост, па ми дозволи да ги покажам слободно.
И јас ги носам сакогаш со мене, плашејќи се да ги поверам некому.
Вистина е дака перото на архангел Гаврил го носам во ковчеже да не се оштети, а во друго исто такво ковчеже јагленот на кој се печел свети Лаврентиј, па често се излажувам и го земам едното наместо другото.
Ете, тоа ми се случило и овојпат, па мислејќи дека сум го зел тоа со перото, сум го зел тоа со јагленот.
Но, не сметам дека е тоа заблуда, дури сум убеден дека е тоа волја божја, и дека сам господ ми го ставил в рака ковчежето со јагленот, зашто сега баш ми текна дека по два дни од денеска е празникот на свети лаврентиј, па сам господ сакал да запалм во вашите срца побожност кон него, покажувајќи ви го јагленот на кој се печел светецот.
Не ми дал да го земам перото, како што си мислев, туку благословениот јаглен, угаснат од сокот на пресветото тело.
Затоа, деца мои блажени, симнете ги капите и приближете се со скрушено срце ваму за да го видите.
Но, најнапред сакам да знаете дека секого што ќе го допрам со овој јаглен во знак на крст, може да биде сигурен дека цела година нема да го допре огин, а да не го сети.
По оваа беседа му запеа химна на свети Лаврентиј, го отвори ковчежето и им го покажа јагленот.
Глупавиот народ некое време го гледаше восхитено и побожно, а после нагрнаа како стадо кај Фра Чипола, давајќи му поголеми дарови од обично и молејќи го да ги допре со јагленот.
Фра Чипола го зеде јагленот в рака и почна по нивните бели елеци и забани и по забратките на жените да шара толкави крстови колку само што можеше, уверувајќи ги дека подоцна во ковчежето ќе се направи толку јаглен колку што ќе се потроши, како што многупати се уверил во тоа.
Така, на своја голема полза го прекрсти сиот народ и со својата досетливост ги насамари тие што, земајќи му го перото, мислеа да го осрамотат него.
Младичите беа на проповедта и слушаа како зборуваше и како се извлече од стапицата, па од пуста смеа вилиците скоро им се разглобија.
Откако се разотиде народот, дојдоа кај него и во смеа и шега му открија што сториле, а потоа му го вратија неговото перо што идната година му донесе не помала полза одошто дента јагленот.
Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]
Издание на "Македонска книга" од 1974 година[уреди | уреди извор]
Во 1974 година, издавачката куќа "Македонска книга" ја објавила книгата "Декамерон" во рамките на библиотеката "Атлас", а во превод на Радмила Угринова - Скаловска.
Книгата е отпечатена во Графичкиот завод "Гоце Делчев" во мек повез и не е каталогизирана, ниту ја поседува меѓународната ознака ISBN.
Книгата претставува скратено издание на "Декамерон" и содржи 38 раскази: Пролог, Увод, Сер Чапелето, Саладин и Малхиседек, Мартелино, Риналдо Д'Асти и вдовицата, Андреучо од Перуџа, Приказна за Бернабо и неговата жена, Коњушарот на кралот Аџилулфо, Џилета од Нербон, Босилокот на Изабета, Андруола и Габриото, Пјетро од Бокамаца и Ањолела, Славејчето, Џакомино од Павија, Теодоро и Виоланта, Приказна за соколот, Пекарот Чисти, Итрината на Кикибио, Фортезе и Џото, Франческа и огледалото, Гвидо Кавалканти, Фра Чипола и светиот јаглен, Џани Лотеринги и духот, Измамениот Тофано, Каландрио и сончецот, Шегата со маркезанскиот судија, Прасето на Каландрио, Вдовицата и учениот Риниери, Пак за Каландрио, Чеко Фортариго и Чеко Анџулери, Каландрино заљубен, Советот на Соломон, Вражањето на дон Џили, Митридан и Натан, Приказна за Саладин и Торело, Маркизот од Салуцио, и Поговор на авторот.
Издание на "Мисла" и "Македонска книга" од 1988 година[уреди | уреди извор]
Во 1988 година, "Мисла" и "Македонска книга" објавиле заедничко издание на "Декамерон" во едицијата "Светска книжевност", а во превод на Радмила Угринова - Скаловска.
Книгата е каталогизирана во НУБ "Климент Охридски", Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 86-15-00056-5.
Таа е испечатена во мек повез, со обем од 22 сантиметри и има 300 страници.
Ликовното уредување е дело на Коста Бојаџиевски и Кочо Фидановски, коректурата ја направила Соња Димковска, а книгата е отпечатена во печатницата "Просвета" од Куманово.
Книгата претставува скратено издание на "Декамерон" и содржи 38 глави: Пролог, Увод, Сер Чапелето, Саладин и Малхиседек, Мартелино, Риналдо Д'Асти и вдовицата, Андреучо од Перуџа, Приказна за Бернабо и неговата жена, Коњушарот на кралот Аџилулфо, Џилета од Нербон, Босилокот на Изабета, Андруола и Габриото, Пјетро од Бокамаца и Ањолела, Славејчето, Џакомино од Павија, Теодоро и Виоланта, Приказна за соколот, Пекарот Чисти, Итрината на Кикибио, Фортезе и Џото, Франческа и огледалото, Гвидо Кавалканти, Фра Чипола и светиот јаглен, Џани Лотеринги и духот, Измамениот Тофано, Каландрио и сончецот, Шегата со маркезанскиот судија, Прасето на Каландрио, Вдовицата и учениот Риниери, Пак за Каландрио, Чеко Фортариго и Чеко Анџулери, Каландрино заљубен, Советот на Соломон, Вражањето на дон Џили, Митридан и Натан, Приказна за Саладин и Торело, Маркизот од Салуцио, и Поговор на авторот.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Грчкиот наслов треба да гласи δεκάμερον (τό), односно поправилно класично грчки: δεχήμερον
- Стојка Бојковска, Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски, Невена Исакова, Бранко Пендовски; Македонски јазик и литература за II година за реформираното гимназиско образование; Просветно дело, 2009, Скопје
- "Декамерон" од Бокачо на Македонски јазик и литература за средните стручни училишта, од Билјана Богданоска
- "Декамерон" од Бокачо на Македонски јазик и литература за средните стручни училишта, од Билјана Богданоска
- "Декамерон" од Бокачо на Македонски јазик и литература за средните стручни училишта, од Билјана Богданоска
- Џовани Бокачо, Декамерон.
Скопје: Македонска книга, 1974.
- Џовани Бокачо, Декамерон.
Скопје: Мисла и Македонска книга, 1988.
- Џовани Бокачо, Декамерон.
Скопје: Мисла и Македонска книга, 1988. | fineweb-2 |
Еден од главните мотиви за сериозниот и организиран криминал е финансиската добивка.
Организираните криминални групи го инвестираат нелегално стекнатиот профит во понатамошни илегални активности или спроведуваат перење на пари за негово легализирање и инфилтрација со цел да се стекнат со економско влијание во општеството.
Конфискацијата на приходи стекнати од криминал се повеќе е признаено како ефикасен начин за борба против организираниот криминал.
Замрзнувањето и запленувањето на приходите стекнати од криминал е ефикасен пристап во борбата против тешкиот и организиран криминал при што главниот мотив е да се стекне некаква корист.
Република Македонија помеѓу првите Балкански земји ги имплементираше мерките за конфискација на приходи стекнати од криминал и ја воспостави законската основа за конфискација на приходи при што главниот предизвик е нејзината практична имплементација.
Агенцијата за управување со одземен имот основана со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во делот на конфискацијата презема широк спектар на мерки со кои треба да ја задржи вредноста на имотот преку забрана за негово отуѓување, преку негово поставување во соодветен магацински простор, продавање или раководење со замрзнатиот имот.
Мерката зависи од природата на имотот (пари, акции, добра, возила, подвижен имот, компанија, недвижности, итн.)
Од погоре наведеното можеме да заклучиме дека со донесувањето на законот како и со основањето на Агенцијата во нашата држава се обезбедува конзистентна правна рамка, која го регулира начинот на управување и постапување со конфискуваниот имот и одземените предмети, домаќинско и соодветно управување на надлежните органи, засновано врз начелата на законитост, економичност и ефикасност. | fineweb-2 |
Правен факултет
Правен факултет
Правниот факултет (исто така познат како Факултет на правото или Колеџ на правото) е институција од областа на правното образование.
Содржина
- 1 Дипломи од областа на правното образование
- 2 Полемики
- 2.1 САД
- 2.2 Алтернативни системи за правно образование
Дипломи од областа на правното образование[уреди | уреди извор]
САД[уреди | уреди извор]
Во САД, Правниот факултет нуди програма за постдипломски студии која обично трае три години и со со која студентите се здобиваат со титула Доктор по правни науки .
На некои факултети во Луизијана истовремено се доделуваат дипломи за завршени студии по граѓанското право.
За да добие пристап до одобрената програма за правни науки на Американската адвокатска асоцијација на САД (ААА) , потенцијален студент мора да го положи приемниот испит на Правниот Факултет, и да има посетувано најмалку четири години додипломски студии, а со тоа и стекнато соодветна диплома.
Сепак, некои Правни факултети како што е Правниот факултет Кули ( Одобрен од ААА) во Мичиген, им признава на студентите најмалку 60 додипломски кредити.
Во моментов, постојат 199 Правни факултети кои се одобрени од страна на ААА .
Во моментов има пет онлајн Правни факултети кои не се акредитирани од ААА, но се регистрирани и регулирани од страна на Државната адвокатска асоцијација на Калифорнија.
Канада[уреди | уреди извор]
Најстариот факултет во Канада кој нуди дипломи од областа на правното образование е основан во 1848 година на Универзитетот Мекгил во Монтреал.
За основно владеење на правото во Канада се доделува Диплома по правни нуки , за која е потребно да се има посетувано курс на колеџ и е слична на првиот степен по правни науки во Соединетите Држави, освен што курсевите имаат научна содржина (како што е семинарскиот труд за академски истражувања која се бара во повеќето школи) .
Програмите траат три години, и имаат слична содржина во нивната прва година од задолжителните курсеви.
Покрај првата година и минималните услови за дипломирање, изборот на курсеви се врши и врз основа на различно насочување кон деловното право, меѓународно право, право поврзано со природните ресурси, кривично право, Абориџинско право, итн Со оглед на тоа дека во правниот систем на Канада се вклучени француското граѓанското право и англо-американската вообичаено право, некои Правни факултети нудат Диплома по правни науки ( Вообичаено право) и Диплома по право( Граѓанско право), како што е Универзитетот Мекгил и Универзитетот во Отава.
Некои универзитети како на пример Универзитетот во Торонто, Правниот факултет Осгуд Хол, Кралскиот Универзитет, Универзитетот во Западен Онтарио, Универзитетот во Виндзор и Универзитетот во Британска Колумбија го сменија називот на дипломата во Доктор по правни науки.
Наспроти промените во означувањето, факултетите кои се одлучуваат за дипломата Доктор по правни науки не ги менуваат нивните програми.
Ниту дипломата за Доктор по правни науки или дипломата по правни науки сами по себе се доволни за квалификации за канадска лиценца, секоја општина со провинцијален закон бара стажирање и успешно завршување на провинциската обука за вештини и одговорности, како што е Професионалниот правен курс за обука на Правното општество во Британска Колумбија, Програма за обука за вештините и одговорностите наметнати од правното општество на Горна Канада и Училиштето за адвокатура во Квебек.
Иако главната причина за воведување на дипломата Доктор по правни науки во Канада беше да се направи разлика од дипломата во Европа каде не е потрбно да се има предходно високо образование, Американската адвокатска асоцијација допрва треба да ја признае дипломата за да биде доделена од страна на која било институција во Канада.
[8 ] Според канадскиот образовен систем дипломата за Доктор по правни науки доделена од канадските универзитети ги има задржано карактеристиките на дипломата по правни науки и се смета како втора програма за влез, но не како програма за дипломирање.
(Овој став е аналоген на ставот на Канадските Универзитети дека дипломите за Доктор по право и академската диплома по право се сметаат како втора програма за влез, а не како постдипломски студии.)
И покрај тоа, несогласувањето продолжува во врска со статусот на дипломата, на Факултетот за правни науки на Универзитетот во Торонто, дипломата за Доктор по правни науки се смета за супериорна во однос на дипломата по правни науки.
Некои универзитети имаат развиено заедничка канадски и американски програма за дипломи по правни науки и дипломата за Доктор по правни науки, како што се Јорк Универзитетот и Њујоршкиот универзитет, Универзитетот во Виндзор и Универзитетот во Детроит Мерси, и Државната универзитетска програма на Универзитетот во Отава и Мичиген.
Англија и англиски земји во кои владее вообичаеното право[уреди | уреди извор]
Во Англија, Австралија, Нов Зеланд и други англиски земји во кои владее вообичаеното право, диплома по право обично е додипломски квалификација, дипломите по правни науки се најчестите.
Во Австралија и Нов Зеланд, дипломата по право може да се земе како Комбинирана диплома по право заедно со друга титула и студирањето трае пет години, наместо можните шест години ако се зема секој степени одделно.
По додипломски квалификација (дипломата по правни науки) дополнително студирање е потребно пред започнувањето со праксата.
За да стане адвокат студентот мора да го заврши Курсот за правна пракса и последователно да го исполни двегодишниот договор за обука.
За адвокатура поединецот мора да земе диплома по правни науки, курс за обука за професионална адвокатура (поранешен професионален курс за адвокатура), а потоа се се здобие со учеништво (правно стажирање) пред да започне со работа во канцеларија.
Додека дипломата по правни науки се добива на универзитетот (обично на оние како Оксфорд, Кембриџ и институциите на Расел групацијата за најамбициозните кои сакаат да бидат правници) подоцнежните професионални курсеви се земаат на Професионалните факултети, како на пример на Правниот факултет за градење кариера.
Ретко, некои студенти се образуваат на Техничкиот колеџ во Градскиот Правен факултет (поранешните простории на Судот на Правниот факултет), кој е најстар организатор на правни обуки.
Азија[уреди | уреди извор]
Индија[уреди | уреди извор]
Во Индија, правното образование традиционално се нуди како три годинишни постдипломски студии.
Сепак структура е променета од 1987 година.
Степените на правно образование во Индија се доделени и уредени според Законот за адвокати од 1961 година, овој закон е усвоен од страна на Собранието од аспектот на правното образование и регулирање на правната професија.
Според Законот, Адвокатскиот Советот на Индија е врховно регулаторно тело за регулирање на правната професија во Индија и исто така обезбедува усогласување на законите и одржувањето на професионалните стандарди од страна на правната професија во земјава.
Во таа насока, Советот на адвокати на Индија ја пропишува основната наставна програма што треба да се спроведува за да може една институција да добие квалификации за доделување на диплома по право.
Советот на адвокати врши надзор на институциите на кои им е одобрена диплома и ја оценува нивната методиката и наставниот план, утврдува дали институцијата ги исполнува потребните стандарди, ја признава институцијата и одобрената диплома.
Традиционално, дипломите кои се одобрени се именуваат како Диплома по правни науки или Диплома по право.
Услов за да се добие некоја од овие дипломи е кандидатот да има веќе диплома од одредена насока која ја нуди институцијата.
Потоа курсот за Диплома по правни науки/ Диплома по право трае три години, по успешното завршување му е доделена една од споменатите дипломи.
Сепак по предлог од страна на Комисијата за закони на Индија и по доминантниот повик за реформи на Адвокатскиот Советот на Индија се експериментира со креирањето на специјализирани правни универзитети единствено посветени на правно образование и на тој начин академски стандарди на правната професија во Индија се ставаат на едно повисоко ниво.
Оваа одлука била донесена некаде во 1985 година, а потоа бил формиран и првиот Правен универзитетот во Индија во Бангалор кој бил именуван како Национален Правен факултет на Универзитетот во Индија (популарно "НПФ").
Овие правни универзитети требало да понудат мулти-дисциплинарен и интегриран пристап врз правно образование.
Тоа било прв пат една диплома по право, освен Дипломата по правни науки или Дипломата по право да биде доделена во Индија.
НПФ понудила петгодишен курс по право, кога успешно ќе се заврши се доделува диплома со назив " Диплома по правни науки (Одликување)".
Подоцна биле основани други Правни универзитетите, сите нуделе петгодишни правни студии доплолнети со повеќе програми со различни стручни називи.
Следен на листата бил Универзитет на Националениот правен институт формиран во Бопал во 1997 година.
Уневерзитети од овој тип биле основани и во 1998 година.
Националниот Правен универзитет Јодхпур за прв пат во 2001 година понудил дополнета диплома по право "Диплома по бизнис администрација и правни науки (Одликувања)", која и предходела на "Дипломата по правни науки (Одликувања)" доделена од Националниот универзитет на правни науки во Западен Бенгал.
Националниот универзитет во Гуџарат основан во Гандингар понудил дипломи по комјутерски накуи, по природни науки, по уметност како и Дипломата по правни науки.
Сепак и покрај овие специјализирани Правни универзитети, други институции во Индија продолжуваат да ги нудат традиционалните тригодишни степени на образование и се подеднакво признати како прифатливи квалификации за вршење на правна дејност во Индија.
Уште една суштинска разлика која сеуште се провлекува е дека прифатлива квалификација за тригодишните студии по право е кандидатот да поседува диплома по право, а за да се кфалификуваат за петгодишните дополнети студии по право, кандидатот мора да има успешно завршено Класа XII од соодветните Одбори за образование во Индија.
И студентите кои посетуваат тригодишни студии и оние кои посетуваат петгодишни дополнети студии можат да бидат дел од Советот на адвокати на Индија, по исполнувањето на условите за подобност и по запишувањето, може да се појават пред кој било суд во Индија.
Малезија[уреди | уреди извор]
Во Малезија, освен за Правниот факултет МАРА, дел од Универзитетот за технологии на Малезија( УТМ )( ang.
MARA Law School), за новата програма за правни студии потребно е кандидатот да има завршено 8 семестри во додипломски студии за да може да конкурира за учеништво или за работа во почитувани фирми.
Секој странски кандидат кој поседува Диплома по правни науки потребни е да добие Сертификат за правна пракса за да може да биде примен како адвокат и правник.
Сепак, локалните дипломци со Диплома по правни науки (Одликувања) се ослободени од полагање на Сертификат за правна пракса, и подлежат на професионална обука во својата четврта година од додипломски студии.
Најстариот Правен факултет основан во Малезија можно е да датира од 1967 година од формирањето на Правниот факултет на Универзитетот за технологии, каде се нуди надворешната програма преземена од факултетите низ Лондон за Диплома по правни науки.
Подоцна, кога УТМ започна да доделува свои дипломи понуди и програма за диплома за правни студии (Одликувања).
По завршување на програмата, студентите можат да изберат или да работат како правни советници / правни извршители или како адвокати и правници.
Ако изберат да се усовршуваат како адвокати и правници, тие ќе бидат тестирани и најтесниот круг ќе продолжи со едногодишна програма за Диплома по правни науки (Одликувања) .
Предвидениот број на студенти кои ќе ја посетуваат програмата за Диплома по правни науки на УТМ (Одликувања) е ограничен, а оние кои не се квалификувани треба да го земат испитот за добивање на Сертификат за правната пракса ако сеуште сакаат да работата во адвокатска канцеларија.Дипломата по правни науки на УТМ е призната како стручен испит и како таков, за разлика од другите правни програми, студентите работат во симулирана адвокатска канцеларија.
Студентите се опремени со уредена канцеларијата за пракса и од нив се бара да работат во импровизираните правни фирми.
Структура на програмата е дизајнирана така што на студентите, всушност, ќе им биде овозможено да стекнат практично искуство во правната пракса со цел да бидат подготвени за вистинскиот свет на правото.
Националниот универзитет во Малезија, исто така познат како Правниот факултет на УКМ е формиран во февруари 1984 година.
На овој факултет студентите започнаа да се запишуваат во 1986/87 учебна година.
Целта на факултетот е да ги обучи правниците да биде стручњаци во пракса, како адвокати и правници и да служат во правната и судската служба и приватниот сектор.
Наставната програма е дизајнирана да може да вклучи академски и практични аспекти на правото вклучувајќи Исламската курсеви за да се прикажи зголемената важноста на исламското право во Малезија.
Студентите се бара да ги прошират своите знаења во исламското право наместо да го сторат тоа во областа на граѓанското право.
Кина[уреди | уреди извор]
Хонг Конг[уреди | уреди извор]
Во Хонг Конг, кој воглавно се раководи според англискиот систем на вообичаено право, додипломската Диплома по правни науки е честа појава, проследено со една или две години постдипломски сертификат по правни науки пред поединецот да може да склуче договор за обука (адвокати) или учеништво (правници ).
Јапонија[уреди | уреди извор]
Во Јапонија, диплома по право обично е додипломски квалификација, најчеста е Дипломата по правни науки.
Потребно е поединецот да се обучува во полето на правото, да се земе Националната правосуден испит и да се посетува судска обука (или работно искуство како законодавец, официјален претставник на владата, професор итн). "
Поделбата на степени на Правен факултет ", која нуди можност кандидатите да се здобијат со диплома Магисер по правни науки и Доктор по правни науки, постои, во голема мера за неколку студентите да изградат академска кариера (а делумно и за политика кариера), " Правниот факултет " кој има многу поголем капацитет бил дополнително воведен во 2004 година за оние студентите кои градат правна кариера според законот по препораки на Советот за реформи во правниот ситем, и сега е во преодна фаза.
За еден адвокатски степен обично е потребно да се студира две години.
Филипини[уреди | уреди извор]
Правното образование се смета како постдипломски студии на Филипините.
Како таква, за прием на Правните факултети е потребно кандидатот да поседува диплома, со доволен број на кредити или делови од одредени области.
Примарен услов за стекнување право да се земе правосуден испит на Филипините, тоа е национален испит за лиценца за адвокат во државата, е да се заврши на Правен факултет на Филипините.
Правосуден испит е спроведен од страна на Врховниот суд на Филипините во текот на месец септември секоја година.
Јужна Кореја[уреди | уреди извор]
На 3 јули 2007 година, Корејското Национално собрание донесе закон за воведување на "Правниот факултет", кој е воден од моделот на американскиот постдипломски систем Исто така, се разбира, од 2 март 2009, 25 (јавни и приватни) тригодишни професионални Правни Факултети кои се официјално одобрени од страна на Корејската Владата, отворени се со цел да ги обучуваат идните корејски адвокати.
Првиот адвокатски тест за дипломците на Правните Факултети ќе бидат закажани во 2012 година.
Шри Ланка[уреди | уреди извор]
Во Шри Ланка да се биде обучуван во областа на правото, мора да се биде примен и запишан како адвокат по право на Врховниот суд на Шри Ланка.
Ова се постигнува со земање правни испити на Правниот колеџ во Шри Ланка кој е управуван од страна на Советот за правна едукација и поминување на период од шест месеци во практикување на адвокатурата по образование од најмалку 8 години.
За да полагаат правен испит студентите треба да добијат дозвола од Правниот колеџ на Шри Ланка и да студираат право или директно да полагаат испити по добивањето на Диплома по правни науки од локален или странски универзитет.
Тајван[уреди | уреди извор]
Тајван била колонија на Империјалистичка Јапонија се додека САД не ја поразил Јапонија во 1945 година, и и ја предал власта на Република Кина.
Во тоа време бил воспоставен еден нов правен систем.
Оттогаш , студирањето право е додипломски циклус и резултира со диплома.
Странците не смеат да се обучуваат во полето на правните науки (не се прави исклучок за граѓаните на САД).
Постдипломски и професионалните студии[уреди | уреди извор]
Некои факултети нудат програма за магистарски студии (Магистер по правни науки) како специјализација во одредена област на правото.Следен степен на студии се академски докторски студии по право, дипломата го има називот Доктор по јуристички науки (во САД), или доктор по правни науки во Канада, или Доктор по право низ европските или австралијанските универзитети.
Со цел да се студира на Правните факултети, многу надлежни институции бараат дипломците на Правните факултети да полагаат државен или провинциски правосуден испит пред да почнат да се занимаваат со правна дејност.
Повеќенационалниот правосуден испит ( ППИ ) е дел од правосудниот испит во скоро сите Соединети Американски Држави надлежни институции.
Општо земено, стандардизираниот предмет вообичаено право на ППИ е комбиниран со испитни прашања од специфични државни теми за да се оформи еден сеопфатен правосуден испит.
Во другите земји каде што владее вообичаеното право правосудниот испит често се заменува со период на работа во правна фирма позната како вработување со определен рок.
[Се бара извор]
Полемики[уреди | уреди извор]
САД[уреди | уреди извор]
Можности за вработување[уреди | уреди извор]
Генерално Правните факултети се претставени како добра инвестиција, повикувајќи се на високи плати и стапката на вработеност.
Но, Националната асоцијација за професионална правни кариерата доставува годишен извештај со кој накратко ги прикажува податоците за вработувања во Правните факултети во САД со кој сугерира дека ситуацијат е поинаква.
Почнувајќи со извештајот од 2009 година ,од вкупно 44.000 студенти кои дипломирале на Правните факултети , помалку од 80 проценти (35.002) се изјасниле дека нашле какво било вработување (со полно или определено работно време) во период од 9 месеци по дипломирањето.
Повеќе од 25 проценти од сите вработени одговориле дека се вработени привремено, со што бројот на дипломирани студенти кои не се привремено вработени на каква било позиција (правна или друга) е под 60 проценти.
Само 45 отсто од дипломираните студенти беа вработени на привремени работни места како адвокати и помалку од 40 отсто од сите дипломирани се вработени со полно работно време како како адвокати.
Спорна е точноста на приложените статистички податоци[уреди | уреди извор]
Неодамна [кога?]
во САД беше наметнато прашањето за преиспитување на некои од Правните факултети дали навистина им обезбедуваат на идните студенти точни факти во врска со работните места и стапките на надоместок, укажувајќи на тоа дека Правните факултети можат да ја изобличат статистиката за да привлечат студенти.
Конкретно, многу од дипломираните на Правните факултети укажуваат на тоа дека нивните факултети користат лажни статистички податоци за привлекување на студенти.
Еден пример за ова би било кога факултетите претставуваат релативно висока стапка на вработеност според студентите кои се одзваале на нивната анкета за вработување без да го вклучат процентот на студенти кои се одзвале.
Ова е погрешно, бидејќи невработените дипломирани студенти немаат тенденција да се одзиваат на анкетите за вработување се додека не добијат вработување, а во некои училишта дури и експлицитно им е кажано на дипломирани студенти да не одговорат доколку не се вработени.
Освен тоа, факултетите ја наведуваат почетната плата на дипломираните студенти, наместо просечната , додека просечната плата на дипломирани правници во САД е околу 62.000 УСД, почетната вредност на платата може да е преувеличена во средини каде што има релативно мала концентрација на дипломирани студенти кои заработуваат повисока почетна плата од просечната На пример, почетна плата во огромните правни фирми, во неколку градови низ земјава во 2008 година е 160.000 УСД.
[не е даден во цитатот] Исто така, постои веројатнот дека дури и статистиките во врска со просечната плата се неточни, бидејќи студентите кои се невработени, кои се вработени на привремени работни места или кои имаат ниска плата обично не приложуваат извештај за платата до училиштата.
[се бара извор]
Соодветна реакција на оваа критика, сепак, е тоа што таа едноставно ја одразува реалноста на конкурентноста во правна едукација и правната пазар.
Со ограничен број на врвни позиции, потенцијалните студенти право треба да бидат внимателен во врска со можностите за вработување, која ќе ги чекаат по завршувањето на студиите, особено ако тие планираат да студираат на пониско рангираните училиште.
[Се бара извор]
Во исто време, сепак, студенти на престижните, високорангирани институции често имаат различни можности на располагање.
Ова несовпаѓање може да се гледа како едноставно функционирање на понудата и побарувачката, заедно со бројот на нови (а со тоа и пониско рангирани) Правни факултети кои стануваат се помногубројни во последниве години.
Слични потешкотии може да се појават за студентите на додипломски студии во други области, иако претходно споменатиот недостигот на точни информации за вработувањата по дипломирањето може да го влоши проблемот за студенти по право.
Зголемување на школарината на Правните факултети[уреди | уреди извор]
Исто така, има некои контроверзии во врска со неодамнешните зголемувања на школарината во Правните факултети, во време кога платите во секторот за правни услуги се зголемуваат многу побавно отколку стапката на инфлација во САД.
Некои ова го поврзуваат со недоволната регулирање на Правните факултети од страна на Американската адвокатска асоцијација.
Вкупниот број на дипломирани правници е во подем во последниве години,тоа барем делумно се должи на акредитација на нови училишта од ААА.
Продолжува зголемувањето на бројот на Правните факултети[уреди | уреди извор]
Во Соединетите Држави продолжува тенденцијата на отворање нови Правни факултети во време кога веќе има повеќе од 900.000 правници, со тоа се ризикува да се појави вишок на понудата [неутралноста е спорна] .
Исто така, за да се стане лиценциран адвокат во Калифорнија, не е задолжително да се има посетувано Правен факултет.
Во Калифорнија има 69 Правни Факултети (20 од нив се одобрени од ААА), 18 се одобрени од Адвокатската асоцијација на Калифорнија, и 31 се неакредитирани факултети).
Исто така, Калифорнија служи како седиште за некои онлајн Правни Факултети, како што се Правниот факултет на Калифорнија и Правниот факултет на Конкорд.
Постојат 6 Правни факултети во областа на Чикаго, и 3 други Правни факултети во Илиноис.
Дипломираните на Правните факултети во Мидвестерн кои бараат работа во руралните средини имаат неколку можности.
Њујорк неодамна беше опишуван како "презаситен" од Правни факултети, со вкупно 15 факултети по Држава.
Два правци на движење на правниот пазар[уреди | уреди извор]
Според Националниот правен весник 40% од дипломираните правници не ги помириле трошоците за школарина.
Дипломираните правници не си ги помируваат обврските многу почесто од лекарите, инженерите, како и дипломираните во бизнис секторот.
Според годишниот извештај на Асоцијацијата за професионална правна кариара за 2009 година, 55% од дипломираните студенти се одзваа на барањата поврзани со статистиките за вработување.
Од 19.513 испитаници, 88,3% се изјасниле како вработени или околу 45,2% од сите дипломирани вклучувајќи ги и оние кои не се одзвале, не се вработени.
Од испитаниците 39,1% се изјасниле не работат како правници, туку работеле во војска, јавен сектор, бизнис или ја работат истата работа како и пред да започнат да студираат на Правните факултети.
За преостанатите 61,1% од испитаниците (33,55% апсолвенти) пријавената плата за прва година како адвокати се дели на два табора: оние кои заработуваат околу 30.000 до 65.000 УСД годишно (што претставува околу 34 отсто од пријавените адвокат плати), а оние кој заработи околу 160.000 УСД годишно (што претставува околу 25 отсто од пријавените адвокатски плати).
Многу малку адвокати всушност добиваат "просечна", или дури средната плата.
Дополнително, 86% успеваат да се пробијат дури по 6 месеци од полагањето на адвокатурата.
Така според Асоцијацијата за професионална правна кариера - АППК, оние кои заработуваат адвокатски плати од околу 160.000 УСД претставуваат само 8,37% од вкупниот број на дипломирани.
Со ова се отсликуваат врвните 10% на "супер адвокати", кои се спомнуваат во повеке прилики.
Најдобрите адвокати се највисоко рангираните 10% во 10 најдобри Правни факултети кои заработуваат 160.000 УСД.
Преостанатите 90% имаат долгови кон Правните Факултети кои можат да надминат 200.000 УСД, профитот од инвестицијата е многу мал и може значително да влијае врз квалитетот на животот.
Почнувајќи од 2010 година, Бирото за статистика на пазарот на трудот објавил дека очекува бројот на нови работни места за адвокати да биде помалку од 60% од бројот на дипломирани студенти на Правните факултети.
Сепак, статистиките за вработување се различни за различна раса, етничка припадност, пол, возраст, локација, и рангирањето на факултетот.
На пример, по последната рецесија во Лос Анџелес вработувањето на адвокати во јавниот сектор било замрзнато за период од 5 години (од 2010 година, бил замрзнат за 1 година).
Во приватниот сектор во Калифорнија околу 3.500 адвокати прекинале со работа во 2009 година.
Севкупно економијата влијае врз намалување на бројот на адвокатите.
Во еден ден само на национално ниво 800 адвокатска работни места во фирми били прекинати .
Загубите кај дипломираните на Правните факултети се исто така многу висока, 39,1% од нив изјавиле дека не вршат правна дејност по една година од завршувањето.
По 10 години во пониско рангираните факултети бројката се доближува до 90%.
Според интервјуата дадени од стручниот кадар на врвните Правни факултети во Лос Анџелес во 2009 година пријавени се многу малку позиции за соработници во текот на летото.
На пример на Универзитетот во Јужна Калифорнија, највисоко рангираниот студент бил единствената личност на која и била понудена работна позиција.
Алтернативни системи за правно образование[уреди | уреди извор]
Многу потенцијални студенти на право не може да посетуваат Правни факултети каде можат да се сместат поради работа или семејни обврски, а да не зборуваме за финансиското оптоварување на школувањето и патувањето.
Онлајн Правните факултети може да бидат добра алтернатива за такви студенти.
За дискусија во врска со предностите и негативностите на онлајн правно образование, и споредба на резултатите од педагогијата и од Испитот од првата година на Правниот факултет на " регистрираните" онлајн Правни факултети (не "акредитирани") од државната адвокатска асоцијација на Калифорнискиот , одете на [].
Велика Британија и Европа[уреди | уреди извор]
Додека Правните факултети во САД и Канада се типично постдипломски институции со значителна автономија, правно образование во другите држави е утврдено со традиционалниот образовен систем на универзитетско ниво и / или на ниво на институции кои нудат стручна обука без диплома.
Во земјите како што се Велика Британија и поголемиот дел од континентална Европа, академско правно образование е утврдено со традиционалниот универзитетски систем почнувајќи со додипломски студии, и правните оддели на универзитетите се едноставни оддели како и секои други, а не посебени "Правни факултети".
Во овие земји, поимот "Правен факултет" може да се користи, но нема исто значење како во Северна Америка.
Постојат, исто така, правни колеџи кои нудат стручно образование како постакадемска фаза на правно образование.
Еден пример е Правниот колеџ во Обединетото Кралство, кој нуди одредени професионални квалификации кои британски адвокати мора да ги стекнат пред да почнат да работат како правници или адвокати.
Австралија[уреди | уреди извор]
Во Австралија, Правните факултети како што се Правниот факултет во Сиднеј и Универзитетот во Мелбурн ја потенцираа комбинација од британскиот и американскиот систем.
Меѓутоа, други универзитети, како што од универзитетот во Нов Јужен Велс, Австралијанскиот национален универзитет и Универзитетот Монаш се познати по нивната интензивна и практична работа. | fineweb-2 |
ИМАТЕ СУПЕР БИНЗИС ИДЕА ?
Реализирајте ја !
Јануари 20, 2010Posted by biznisidea in Идеи.
Tags: Идеи, бизнис план
add a comment
На памет ви паднала одлична идеа , а од таа идеа одличен бизнис план !
Сепак не сте сигурни какосето тоа да го реализирате и да го претворите во реалност .
И покрај тоа што вашата идеа е супер , сепак не сте сигурни како сето тоа ке изгледа и дали ке им се допадне на другите .
Вас ви се чини дека може навистина да успее и тоа генијално , но ….
Сите детали не ви се јасни и не можете точно и прецизно да смислите .
Токму поради тоа на крајот никому ништо не кажувате , ништо не преземате и повремено се присетувате на вашата спектакуларна бизнис идеа .
По извесен период дознавате дека некој друг смислил нешто слично , но за разлика од вас , тој некако ја реализирал идеата и се испаднало онака како што треба .
Не дозволувајте да ви се случи нешто вакво !
Ако веќе имате брилијантен бизнис план , потрудете се да го реализирате .
Еве како да го сторите тоа :
За почеток визуелизирајте .
Замислете ги вашите цели и вашата идеа реализирани .
Тоа правете го секој ден неколку пати дневно .
Замислувајте исти сцени , тоа ке ви овозможи да се фокусирате тогаш кога ке се почуствувате несигурно .
потоа изберете некој во кого имате најмногу доверба , а сепак ја сметате за личност без влакна на јазикот .
токму пред таа личност изложете го вашиот бизнис план .
Прашајте ја таа личност за искрен совет и ако ви каже дека вашиот бизнис план не е толку одличен како што мислете , барајте за тоа детално објаснување .
Доколку ви предложи неколку ситни промени кои и на вас ви изгледаат добро , прифатете ги и корегирајте го вашиот бизнис план .
Следниот чекор е да пронајдете сојузници !
Одредете колеги или пријатели кои би можеле да ви помогнат во остварувањето на вашиот бизнис план и обидете се да ги убедите да ви се придружат .
Така , кога ке дојдете до крајниот чекор ќе знаете дека не сте сами во сето тоа .
Нивните сугестии секогаш можат да ви бидат добредојдени .
Конечно , разработете го детално вашиот бизнис план пред да им се обратете на претпоставените .
веќе кога ќе им се обратите и кога ќе ја презентирате суштината на своите идеи , тоа направете го јасно , едноставно и кратко .
Објаснете како сето тоа ќе функционира .
Ако вашиот бизнси план биде одбиен , не се откажувајте .
Обидете се повторно и повторно и повторно ….
Работете на тоа се додека не биде прифатен вашиот бизнис план .
ВО БИЗНИСОТ , УПОРНОСТА СЕКОГАШ Е ИСПЛАТЛИВА ! | fineweb-2 |
Накит
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
Накит претставува еден вид украсување на сопственото тело, како што се брошеви, прстени, ѓердани, обетки и белегзии.
Имајќи во предвид неколку исклучоци, како што се медицинските белегзии за предупредување или воените метални идентификациски плочки, накитот обично се разликува од другите елементи за лично украсување бидејќи неговата примарна намера е да привлече внимание.
Долги години човекот создава накит и го носи истиот- почнувајќи со 100,000 години старите монисти направени од Nassarius школки кои се воедно и најстариот накит за кој денес се знае.
Накитот може да се прави од различни видови материјали но скапоцените камења, скапоцените метали, монистите и школките се оние кои се широко распространети.
Во зависност од културата и времето во кое живееме, накитот може да се цени како статус симбол, благодарение на неговите материјални својства, неговите дезени или како симбол со значење.
Накитот се создава за да го разубавува секој дел од делото, од шнола до прстен за ножните прсти.
Самиот збор накит води потекло од зборот jewel, на кого му придале англиски карактеристики и кој потекнува од старофранцускиот "joiel" и од латинскиот "jocale" со значење играчка.
Во Британско-англискиот јазик зборот накит може да се спелува како jewelery или jewellery, додека во Американско-англискиот како jewelry.
Содржина
- 1 Форма и фукција
- 2 Материјали и методи
- 3 Влијание врз општестото
- 4 Историја
- 4.1 Рана историја
- 4.2 Европа и Средниот Исток
- 4.3 Азија
- 4.4 Северна и Јужна Америка
- 4.5 Северноамерикански Индијанци
- 4.6 Пацифик
- 5 Модерно време
- 6 Промена на телото
- 7 Пазар на накит
- 8 Надворешни врски
- 9 Понатамошно читање
Форма и фукција[уреди | уреди извор]
Накитот се користи од многу причини:
Повеќето култури во одредени моменти имале обичај да чуваат големи количини богатство складирани во форма на накит.
Голем број култури ги преобразуваат свадбените мирази во форма на накит или создадаваат накит како средство за складирање или прикажување монети.
Алтернативно, накитот се користи како валута или артикл за размена; како што е примерот со трговијата на монисти.
Многу елементи од накитот како што се брошеви и копчиња, се создаваа со намера да се употребуваат како функционални направи но со тек на времето, со намалувањето на нивната функционална употреба, се развија во украсни елементи.
Накитот може да симболизира и членови на одредена група, како што е во случајот на Христијанското Распнување или Еврејската Ѕвезда на Давид или пак да претставува статус, како во случајот на големи синџири кои се носеле околу вратот како знак на лојалност во средновекониот период; како венчалните прстени симболизирајќи ги луѓето кои се во брак, обичај кој се практикува на Запад.
Во некои култури се применува носење амајлија или ланче со религиозно значење како мерка на заштита или избегнување на злото; тие можат да имаат форма на амблем (како што е ankh-клучот на животот),камења, растенија, животни, делови од човечкото тело (како што е khamsa-амајлија во форма на дланка добро позната во средновековието и Западна Африка) или глифови (како што се модернизирани верзии од Throne Verse –најпозната верзија на Куранот во исламската уметност).
Иако од самиот почеток уметничкото прикажување беше својствоено за накитот, останатите гореспоменати улоги се стремат кон заземање на предноста.
Во доцнежниот 19ти век, со дејноста на големите уметници како Петар Карл Фаберже (анг.
Peter Carl Fabergé) и Рене Лалик (анг.
René Lalique) уметноста го превзеде водството над функцијата и богатството.
Овој тренд се рашири од уметниците како што се Роберт Ли Морис (анг.Robert Lee Morris), Ед Левин (анг.
Ed Levin) и Алберто Репоси (анг.Alberto Reposсi )и продолжи низ модерните времиња.
Материјали и методи[уреди | уреди извор]
Во содазавањето на накитот, скапоцените камења, монетите и останато, често се употребуваат скапоцени елементи и како по обичај се вметнуваат во скапоцени метали.
Легурата од речиси секој метал за кој знаеме се среќава во накитот.
На пример, бронзата беше чест случај во римското време.
Модерниот префинет накит вклучува злато, бело злато, платина, паладиум и сребро.
Поголемиот број од амрикансткиот и европскиот златен накит се прави од легурата на златото, чија чистота се изнесува во карати означени со број по кој следи буквата К. Американскиот златен накит мора да биде најмалку десекаратен (41,7% чисто злато), ( и покрај тоа што во Обединетото Кралство е деветкаратен (37% чисто злато) и вообичаено се среќава накит кој е осумнаесеткаратен(75% чисто злато).
Помалку застапени се нивоата на чистота со легура од 22К (91,6% чисто злато) и 24К (99% чисто злато) кои се сметаат за премногу нежни за да се употребуваат како злато во Америка и Европа.
Овие легури со висока чистота се користат во голема мера низ Азија, Средниот Исток и Африка.
Легурите од платинум се движат од 900 (90% чистота) до 950 (95,0 %чистота).
Среброто кое се користи за накит обично е чисто сребро или 92,5% чисто сребро.
Понекогаш за изработка на бижутерија се користи сребро кое не 'рѓосува.
Други материјали кои често се користат се стакло, мурано стакло или емајл; дрво, често резбано ; школки и други природни животински материи како коска и слонова коска; природна смола па дури и пластика.
Коноп и други канапи се користат со цел да се направи накит кој има поприроден излгед.
Сепак, секое вклучување на олово или оловен лем ќе предизвика Англиската Институција за проверка на скапоцени метали (анг.
English Assay office) ( зградата која го дава својот печат за одобрување на накитот во Англија, the Hallmark-официјален знак кој се поставува на предметите изработени од скапоцени метали) да го унитшти тоа парче накит.
Монистите често се користат како накит.
Можат да се изработат од стакло, скапоцени камења, метал, дрво, школки, глина и глина од полимер.
Накитот од монисти често вклучува ѓердани, белегзии, обетки, каиши и прстени.
Монистите можат да бидат големи или мали; најмалите видови кои се користат се познати како монисти со големина на зрно, кои се користат за ,,проткаен" стил на накитот украсен со монисти.
Друга нивна употреба е техниката за везење каде бисерите се зашиваат на подлога од материјал за да се создаде голем ѓердан околку вратот и белегзии.
Везењето на монисти, познат вид рачна-изработка во Викторијанскиот период, ја отсликува ренесансата преку модерниот накит во денешно време.
Во доста африкански и локални западно-американски култури е познат и декоративниот елемент.
Техниките за усовршување на стаклото и прозводството на монисти од стакло на врвните уметници кои како материјал го користат стаклото Мурано и Венетиан (анг.Murano and Venetian) развија кристално јасно стакло, стакло со глазура (емајл), стакло со златни делчиња (златен камен), шарено стакло (илјада цвеќиња (анг.
millefiori), млечно стакло (латимо (анг.
Lattimo)) и имитација на скапоцени камења направени од стакло.
Веќе во 13тиот век стаклото и монистите Мурано беа познати.
Методите на кујунџијата, златарот и обработувачот на скапоцени камења вклучуваат ковање, леење, лемење или заварување, сечење, резбање и ,,ладно спојување" (користејќи лепило, спојалици и навртки за да се спојат деловите).
Дијаманти[уреди | уреди извор]
Првото копање на дијамнти беше во Индија.
Плиниј, римски држајанин и научник, можеби ги има спомнанто, иако постои дебата за вистинската природа на каменот која тој ја нарече Адамс.
Во 2005-та година Австралија, Ботсвана, Русија и Канада се рангираа помеѓу првите извори на производство на скапоцени дијамантски камења.
Британскиот кралски накит се состои од дијамантот Џулијан ( анг.
Cullinan Diamond), дел од најквалитетен необработен дијамант некогаш пронајден (1950 година), со 3,106,75 карати (621,35 грама).
Денес познати се венчалните прстени.
Оваа употреба датира од времто кога Максим I се оженил со Марија од Бургундија во 1477 година.
Други скапоцени камења:[уреди | уреди извор]
Многу скапоцени и полускапоцени камења се користат како накит.
Помеѓу нив се следниве:
Килибар.
Килибар- древен, органски, скапоцен камен, се состои од смола од дрво која се стврднала со текот на годините.
Каменот мора да биде најмалку милион години стар за да се класифицира како килибар а некој килибар може да биде стар и 120 милиони години.
Историсрки, аметистот бил еден од највисоко ценетите скапоцени камења кај семејствата од повисоката класа.
Нему му се придава големо значење поради неговата боја, која може да се класифицира по нијанса од најсветла до најтемна.
Смарагдите се едни од трите главни скапоцени камења (заедно со рубинот и сафирите) и се познати по нивната светло - зелена до синкаво- зелена боја.
Тие биле ценети низ текот на годините и според некои извештаи Египќаните копале смарагд дури 3500 години п.н.е.
Жадот најчесто е со зелена боја но може да се појави и во голем број други бои.
Тој е тесно поврзан со азиската култура , историја и традиција и понекогаш се нарекува каменот од рајот.
Јасписот води потекло од фамилијата млечни камења и може да се појави во различни бои.
Јасипот често може да се истакне со уникатни и интересни дезени во обоениот камен.
Picture jasper е вид на јаспис познат по боите (најчесто беж и кафена) и спиралните облици во шемата на каменот.
Кварцот се однесува на фамилијата кристални скапоцени камења во различни бои и големини.
Помеѓу најпознатите видови на кварц се розов кварц ( кој има светло- розева боја) и зачаден кварц (кој се појавува во разновидни нијанси на проѕирна кафеава).
Одреден број од другите скапоцени камења како што се аметист и цитрин се дел од фамилијата на кварцот.
Rutilated quartz e познат вид на кварц кој во во својата содржина вклучува смеси во форма на игла.
Рубинот е познат по неговата интезивно црвена боја и се вклучуа помеѓу највисоко ценетите скапоцени камења.
Веќе илјада години рубинот е доста ценет скапоцен камен.
Во санскритскиот јазик за рубин се користи зборот ratnaraj со значење кралот на скапоцените камења.
Најраспространетата форма на сафир е синиот сафир кој е познат по неговата боја која се движи од средно сина до темно сина и неговата силна заситеност.
Во САД се смета дека синиот сафир е најпознатиот и најдостапниот од трите најголеми бесценети скапоцени камења (смарагд, рубин и сафир).
Тиркизот може да се најде само на неколку места на земајта.
Југозападна Америка е најголемиот регион за производство на тиркиз во светот.
Тиркизот се цени по неговата привлечна боја, најчесто интензивно сина или зеленикаво сина и по древното богатство.
Тиркизот се користи во разни видови на накит.
Можеби е најтесно поврзан со јужнозападните и севернозамериканските Индијанци но и со елегантните модерни стилови на накит.
Некој тиркиз има матрица од темнокафеава шара која овозможува интересн контраст на сетлосината боја на скапоцениот камен.
Некои скапоцени камења (како бисери, колар и килибар) се класифицираат како органски што значи дека се настанати од живи организми.
Други се неоргански што значи дека се состојат и произлегуваат од минерали.
Методот на вадење на аметистот почна помалку да се вреднува па поради тоа нивното увезување се зголеми.
Некои камења кои човекот ги направил можат да послужат како природни скапоцени камења како што е коцкастиот циркон кој може да се користи на местото на дијамантот.
Крајна обработка[уреди | уреди извор]
За накитот од платина, злато и сребро има повеќе техники за да се направи крајна обработка.
Најчести се висoко полирање, техника за добивање мазен или мат изглед , грубо полирање (шмирглање) и ковање.
Досега високо полираниот накит е најзастапен и му дава на металот голем сјај кој се одбива и краен, сјаен изглед.
Техниката за мат или мазна обработка го намалува сјајот и рефлективноста на накитот и често се користи за истакнување на скапоцените камења како што се дијамантите.
Грубото полирање му дава текстура на накитот и често се прави со стругање на металот( слично како шмирглање) оставајќи ,, траги од четки".
За ковањето вообичаено се користи мек, заоблен чекан и накитот се кова со цел да му се даде брановиден изглед.
Некој накит се обложува со цел да добие сјаен и рефлектен изглед или за да се постигне посакуваната боја.
Накитот од чисто сребро може да се обложи со тенок слој од 0,999 чисто злато (процес познат како светнување) или пак со родиум или злато.
Бижутеријата со основа метал може исто така да се обложи со сребро, злато или родиум за поатрактивен краен излгед.
Влијание врз општестото[уреди | уреди извор]
Накитот се користи за да одбележи одреден статус.
На пример, во стариот Рим само одредена класа луѓе носеа прстени, подоцна сумптуарните закони одредија кој може да носи таков вид накит и повторно врз основа на класата.
Прописите на културата одиграа значајна улога.
На пример, во 19-тиот и почетокот на 20-тиот век кога некој од западот носел обетки се сметало за женственост.
До неодамна, покажувањето на накитот за тело,како што е пирсањето, стана знак за припадност и некои групи луѓе тоа го сметаат за храброст а други пак се сосема против тоа.
Исто така хип хоп културата го разви жаргонскиот термин bling-bling кој укажува на накит кој е наметлив и се носи од страна на мажи и жени.
Во почетокот на 20-тиот век луѓето од индрустијата за накит кои започнаа акција за популаризирање на венчалните прстени за мажи, кои станаа познати, како и свршенички прстени, кои не достигнаа популарност, отидoа толку далеко што измислија лажна историја и тврдеа дека ова се применува уште од средновековните години.
До средината на 40-тите години, 85% од свадбите во САД се карактеризираа со церемонија за разменување на прстени, за 15% повеќе од 20-тите години.
Покрај споменатите фактори и религијата има голем придонес : на пример исламот смета дека носењето злато од страна на мажот е општествена забрана и многу религии имаат дектрети против претераното изложување на накитот.
Во христијанството Новиот Завет заповеда против носењето злато, во евангелијата на апостолите Павле и Петар.
Во Апокалипсата 17 (последната книга од Библијата) ,,големата блудница" или лажниот религиозен систем се опишува како ,, накитен со злато, скапоцени камења и бисери, со златна чаша во раката".
Историја[уреди | уреди извор]
Накитот има долга историја со многу различни употреби во различни култури.
Опстојува веќе илјадници години и овозможува различни проникнувања за тоа како древните култури се развиваа.
Рана историја[уреди | уреди извор]
Првите знаци на накит водат потекло од луѓето во Африка.
Во Бломбос пештерата се пронајдени исдупчени монисти кои упатуваат кон накитот од школки направен од школки од морски полжави стари 75, 000 години.
Во Кенија, во Енкапун Ја Мутоанг.Enkapune Ya Muto, монистите кои се направени од исдупчените лушпи од јајце од ној датираат од пред 40,000 години и повеќе.
Надвор од границите на Африка кромањонецот поседуваше груби ѓердани и белегзии од коски, заби, зрнести плодови и камења кои висат на конец или на животинска мускулна жила или на делови од изделкана коска чија цел беше да ја држи облеката заедно.
Во некои случаи накитот опфаќаше школки или бисерни школки.
Во јужна Русија се пронајдени изгравирани колби од заб од мамут.
Венера од Hohle Fels се карактеризира со отвор на врвот покажувајќи дека била наменета да се носи како украс за на врат.
Пред околу 7,000 години се здогледа првиот знак на накит од бакар.
Во октомври 2012-та година изјавата на Музејот на древна историја во Покраина, за пронаоѓањето на гроб на жена која изработувала накит-ги натера археологистите уште еднаш да ги истражат половите улоги откатко се покажа дека професијата за која претходно се сметаше дека ја работеле само мажи ја работеле и жени изработувајќи накит од метал.
Египет[уреди | уреди извор]
Првите знаци на официјалните производства на накит во Стар Египет датираат од пред 3,000-5,000 години.
Египќаните претпочитаа луксуз, уникатност и искористување на златото отколку на останатите метали.
Египќаните од прединастичкиот период кои поседуваа накит во Египет почнаа да ја симболизираат моќта и религиозната сила во општеството.
Накитот не само што го носеле богатите Египќани додека биле живи дури и по нивната смрт накитот бил со нив, во нивните гробници често до благодетите за задгробен живот.
Надоврзувајќи се на златниот накит, Египќаните користеа обоено стакло заедно со скапоцени камења.
Бојата на накитот имаше значење.
Зелената, на пример, симболизираше плодност.
Иако увозот на синиот камен и среброто бил надвор од границите на државата многу други материјали беа пронајдени во или близу Египет.
Египетските дезени често беа застапени кај финикискиот накит.
Старите турски дезени застапени кај накитот од Персија укажуваат на честата трговијата помеѓу Средниот Исток и Европа.
За време на свеченостите жените носеа добро изработен накит од злато и сребро.
Европа и Средниот Исток[уреди | уреди извор]
Месопотамија[уреди | уреди извор]
Пред околу 4000 години производството на накит стана значаен занает во градовите во Месопотамија.
Најбитниот археолошки доказ доаѓа од Кралската гробница во Ур, каде илјадници гробови од периодот помеѓу 2900-2300 година од п.н.е.
беа откопани, гробови како оној на Пуаби со мноштво од ракотворби во злато, сребро како и полускапоцени камења, како круни од син камен украсени со златна статуетка, ѓердани во форма на јака и украсни брошеви за на глава.
Во Асирија и мажите и жените носеа премногу накит вклучувајќи амајлии, колби за зглобовите, тешки ѓердани од повеќе слоја и цилиндрични печати.
Во Месопотамија се настојуваше накитот да се прави од тенок метален лист и се декорираше со светли лисја, спирали, монети и сноп грозје.
Златарите произведуваа накит и за човечка употреба и за украсување на статуи и идоли.
Тие применуваа напредни техники за преработка на метал во голема разновидност како што се емајлирани садови, гравирање, фина гранулација и филигран.
Меѓу останантите пронајдоци, низ археолошките локации во Месопотамија се пронајдени опширни и прецизни извештаи кои се однесуваат на трговијата и прозводството на накит.
На пример, еден изештај во кралската архива Мари дава увид на изработката на разновидни елементи од накит:
- Еден ѓердан од мазни, шарени монисти кој вклучува: 35 мазни, шарени монисти од млечен камен и 35 златни монисти зацврстени со жлебови во група од пет.
- Еден ѓердан од мазни, шарени монисти кој вклучува: 39 мазни, шарени монисти од млечен камен со 41 мониста зацврстени со жлебови во група составувајќи го делот што виси.
Грција[уреди | уреди извор]
Грците почнаа со употреба на златото и скапоцените камења за накит во 1600-тата година п.н.е.
и покрај сознанието дека монисти во форми на школки и животни се произведуваа многу години пред тоа.
До 300-тата година п.н.е.
Грците станале стручнаци за накит во боја и користење на аметист, бисери и смарагд.
Се открија и првите знаци на камеја, кои Грците ја создадоа од индијски оникс (истакнат вид на калцедон), пругаст ахат со кафеаво розева и кремаста боја.
Грчкиот накит отсекогаш беше поедноставен за разлика од оној во другите култури, со едноставни дезени и обработка.
Сепак, како што поминуваше времето, дезените станаа посложени и набргу разновидни материјале почнаа да се користат.
Грците едвај носеа накит и најчесто го носеа кога се појавуваа во јавноста или во свечени прилики.
Често како подарок си даваа накит и претежно жените го носеа за да го покажзат своето богатство, општествен статус и убавина.
Од накитот се очекуваше да го заштити корисникот од ,, злобното око" или да му даде надприродна моќ додека сите останати предмети кои му претходеа на накитот имаа само религиозно значење.
Постари парчиња накит беа посветени на боговите.
Најголемото производство на накит од овој период беше од Западна Грција и Македонија.
Покрај многубројниот накит од злато и сребро со слонова коска и скапоцени камења се правеа и примероци од бронза и глина.
Грците изработуваа два вида на арчиња накит: леани парчиња и парчиња измазнети на метална плоча.
Откриени се неколку парчиња леен накит.
Се правеа со леење на металот на два камења или глинени калапи.
Двете половини потоа се спојуваа заедно со восок и во средината се ставаше растопен метал.
Оваа техника се практикувала од времето на донцната бронзена доба.
Најчестата форма на накит беше кована плочка.
Плочките од метал се коваа додека не станат тенки а потоа заедно се лемеа.
Внатрешноста на двете плочки се пополнуваше со восок или друга течност за да се заштити металот.Во тоа време се користеа различни техники, како печат или гравирање за да се направат апликации на накитот.Многу од дезените Грците ги зедоа од надворешно потекло, на пример од Азија, кога Александар Велики освои дел од неа.
Други влијанија од Европа можат да се забележат во поранешните дезени.
Кога римскиот закон се воведе во Грција не настана промена во изгледот на накитот.
Сепак, од 27-тата година п.н.е.
големи промени се забележуваат кај грчкиот накит под влијание на римската култура но тоа не значи дека дезенот на домородците не напреднувал.
Голем број многубојни приврзоци во форма на пеперутки на сребрено синџирче од лисичја опашка кои датираат од првиот век се пронајдени близу Олбија (анг.
Olbia) со еден единствен примерок во светот.
Рим[уреди | уреди извор]
Иако изработката на накит беше во избилство разновидна во поранешни времиња, особено помеѓу варварските племиња како што се Келтите, кога Римјаните ја освоија скоро цела Европа, накитот претрпе промени како резултат на помали фракции кои влијаеја врз римските дезени.
Најзастапен артефакт кај древните Римјани беше брошот со намера да ја држи облеката прицврстена.
Римјаните користеа голем избор на материјали од нивните пространи извори низ државата.
Покрај златото, Римјаните понекогаш користеа бронза и коска и во поранешни времиња стаклени монисти & бисери.
Речиси пред 2,000 години тие увезија сафири од Шри Ланка и индијски дијаманти и користеа смарагд и килибар за изработка на накит.
Во Англија, упраувана од Рим, фосилизирано дрво наречено ахат од Северна Англија често се длабеше на парчиња накит.
Древните Италјанци работеа со грубо злато и произведуваа копчиња, ѓердани, обетки и колби.
Изработуваа и огромни приврзоци исполнети со парфем.
Исто како кај Грците, целта на Римјаните беше заштита од ,, злобното око" на душманите.
Иако жените носеа голема количина накит, мажите често носеа само прстен.
Покрај очекуваното да носат само еден прстен, некои од нив носеа на секој прст а други воопшто и не носеа.
Римјаните, вклучувајќи ги и мажите и жените носеа прстен со изгравиран скапоцен камен на него кој кога се користеше со восок служеше за запечатување на документи, обичај кој продолжи и во средновековието кај кралевите и аристократите.
По падот на Римската империја, дезените беа превземени од соседените држави и племиња.
Средновековиe[уреди | уреди извор]
Пост-Римска Европа продолжи да развива техники за правење накит.Келите и Меровињаните (анг.
Merovingians) воглавно биле забележени по нивниот накит кој во поглед на квалитет се совпаѓал и го надминувал оној од Византија.
Патенти за облека, амајлии и во помал број прстен-печат се артефакти за кои денес знаеме.
Особено впечатлив пример е Тара брошот на Келтите.
Торк е метален ѓердан кој често се користеше во Европа симболизирајќи статус и моќ.
До 8ми век, оружјето украсено со накит беше својствено за мажите а останатиот вид на накит со исклучок на прстенот-печат, беше карактеристичен за жените.
Како пример служат закопани добра пронајдени во гроб близу Шалон-сур-Салон (анг.
Chalon-sur-Saône ) во 6-7-ми век.
Млада девојка била закопана со два сребрени брошеви, ѓердан со парички, колба, златни обетки, еден пар шноли за коса, чешел и шнола.
Келтите се остручија во понатамошната обработка и декорирање на накит додека дезените на Меровињаните (анг.
Merovingians) се најдобро познати по стилизирани животиснки фигури.
Тие не сe единствено познати по добрата изработка на накит.
Обрнете внимание на работата на Визиготите (анг.
Visigoth) и многубројните украсни објекти пронајдени кај англо-саксонскиот погребален брод (анг.
Ship burial) во Сутон Хо Суфолк (анг.
Sutton Hoo Suffolk), Англија кои претставуваат осебено добар пример.
Би можело да се констатира дека во овој период на континентот емајлираните садови и гранатот претставуваа совршен метод и скапоцени камења.
Источниот наследник на Римската Империја, Византиска Империја продолжи со употреба на повеќе римјански методи и покрај тоа што преовладуваа религиозни мотиви.
За разлика од Римјаните, Франките и Келтите, граѓаните на Византиум користеа лесен златен лист наместо тешко злато и повеќе акцент ставаа на камењата и скапоценостите.
На запад, жените од повисок стаж носеа византиско злато додека кај мажите беше ограничен само на прстен-печат.
Женскиот накит имаше некои карактеристики како колт анг.
kolts кои претставуваа дел од женски шешир и служеа за украсување на панделки за коса.
Како многу други современи култури, накитот се закопуваше заедно со својот сопственик.
Ренесанса[уреди | уреди извор]
Ренесансата заедно со истражувањето имаа големо влијание врз развојот на накитот во Европа.
До 17-тиот век зголеменото истражување и трговија придонесоа за поголема достапност на разновидни скапоцени камења и откривање на уметноста на другите култури.
Овој период се одликуваше со зголема доминантност на скапоцени камења и нивните приспособувања додека претходно на прво место била обработката на злато и скапоцен метал.
Извонреден пример за ова е Cheapside Hord залиха на накит скриена во Лондон за време на периодот на Републиката која не се пронајде се до 1912-та година.
Содржеше колумбиски смарагд, топаз и амазонит од Бразил, шпинел, кордиерит и берилиум алуминат од Шри Ланка, рубин од Индија, афганистански син камен, персиски тиркиз, оливин од Црвеното Море како и бохемиски и унгарски опал, гранат и аметист.
Прстените со глазура се украсуваа со големи камења сместени во кутии со жлебови.
Помеѓу трговците оној кој привлекуваше внимание беше Жан Баптист Таверниер (анг.
Jean-Baptiste Tavernier), кој во 60-тите го донесе во Франција каменот кој му претходи на Кралскиот дијамант.
Кога Наполеаон Бонапарта беше назначен за крал на Франција во 804-та година им го врати сјајот на стилот и раскошот на накитот и модата во Франција.
Под власт на Наполеаон произодителите на накит претставија parures - комплет од накит, како што е дијамантска круна, дијаманстки обетки, дијамантски прстени, дијамантски брош и дијамантски ѓердан.
Двете жени на Наполеон поседуваа ваков сет од накит и редовно го носеа.
Друг моден елемент кој Бонапарта го возобнови е камеја.
По претставувањето на неговата круна која беше гравирана, ваквиот метод се бараше во голема мера.
Прите фази на бижутеријата беа видливи во овој период, стаклени монисти во форма на рибина крлушка наместо бисери или гравирани школки од морски полжави наместо гравирање на камења.
Нови термини се измислија за да се разликува филофозијата: златарите кои работеа со поефтини материјали се нарекуваа bijoutier додека златарите кои работеа со поскапи материјали –joailliers, обичај кој продолжи до денешен ден.
Романтизам[уреди | уреди извор]
Почнувајќи во доцниот 18-ти век, романтизмот остави силно влијание врз развојот на накитот од западот.
Можеби најзначајните влијанија беа занесот на јавноста од новоотркиените богатства со раѓањето на археологијата и привлечноста на средновековната и ренесансна уметност.
Промената на општествените услови и почетокот на Индустриската Револуција доведоа до пораст на средната класа која сакаше и можеше да си дозоли да носи накит.
Како резултат на тоа, користа од индустриските процеси, ефтината легура и имитациите на камен доведоа до развој на бижутеријата.
Истакнати златари продолжија да просперираат, сепак, побогатите господари кои сакаа да го истакнат она што го носат стоеја подалеку од вообичаениот накит не само со употребата на скапоцени камења туку и со врвна уметничка и техничка обработка.
Еден таков уметник беше францускиот златар Франсоа Десир Формент Морис (француски Françoise Désire Froment Meurice).
Уникатна категорија и доста соодветна на филофозијата на романтизмот беше накитот на жалост, кој обично се носеше по загубата на блиска личност.
Потекнува од Англија каде кралицата Викторија често носеше накит од црн килибар по смртта на принцот Алберт со што беше дозволено да се носи ваков накит за време на жалост поради смртта на саканата личност.
Во САД во 1837 година е основана Tiffany & Co. oд Чарлс Левис Тифани.
Оваа корпорација ја постави Америка на светската мапа во однос на накитот и постигна слава создавајќи еклатантени комисии за одредени луѓе како што е жената на Абрахам Линкон.
Подоцна ќе се здобие со лоша слава со објавувањето на филмот ,,Појадок кај Тифани".
Во Франција, Пјер Картиер ја основа Cartier SA во 1847година додека во 1884-та година ја основа Bulgari во Италија.
Се роди студиото на модерното производсто кое беше чекор напред од поранешната доминантност на индивидуални занаетчии и покровителство.
Соработката помеѓу исток и запад го одблежи овој период.
Соработката во Pforzheim помеѓу германски и јапонски уметници доведе до колекција шакидо плочи во филигрански рамки кои фирмата Stoeffler ги создала во 1885 година.
Можеби големото финале- и соодветен премин до следниот период- беа маестралните креации на рускиот уметник Петар Карл Фаберже (анг.
Peter Carl Fabergé), кој работел за рускиот кралски двор и чиј накит и доста познатите уметнички јајца направени од накит сè уште се сметаат како пример за златарската уметност.
Модернизам[уреди | уреди извор]
Во 1890тите години создавачите на накит почнаа да го истражуваат потенцијалот за развивање на модернизмот и блиско поврзаниот германски Jugendstil, британскиот (и за некој степен американски) Arts and Crafts Movemenт, каталонскиот модернизам, австро-унгарскиот Sezession, италјанскиот ,,Liberty" итн.
Накитот од овој правец опфаќа многу различни одлики како фокусирање на женските форми и ставање акцент на бојата, најчесто интерпретирана преку употребата на техниките за глазура вклучувајќи basse-taille- техника на емајлирање за создавање барејлеф шема во металот, champleve – техника за украсување на метали каде одредени делови изделени од металот се пополнети со емајл и се палат, емајл и plique-à-jour (анг.
letting in daylight- допуштање на дневна светлина).
Мотивите вклучуваат орхидеи, ирис, љубичица, винова лоза, лебеди, пауни, змии, водно коњче, суштества од митологијата и женската силуета.
Рене Лалик (француски René Lalique), кој работел во продавницата на Семуел Бинг (анг.
Samuel Bing) во Париз, современиците го признаа за водечка личност во овој тренд.
Darmstadt Artists' Colony и Wiener Werkstätte веројатно го овозможија најзначајниот германски придонес во овој тренд, додека во Данска, тоа е Џон Џенсен (анг.
Georg Jensen) , најдобро познат по неговото сребро, кој придонесе за значајни парчиња накит.
Во Англија Liberty & Co. and the British arts & crafts movement на Чарлс Роберт Ашби (анг.
Charles Robert Ashbee) овозможија повеќе линиски но сепак карактеристични дезени.
Новиот стил ја помести главната точка на уметноста на златарите од сложувањето на камењата до уметничките дезени на самото парче накит.
Дезенот на водно коњче на Лилик е најдобар пример за ова.
Глазуарата имаше голема улога во техниката додека змијулестите структурни линии се најпрепознатлива одлика на дезенот.
Крајот на Првата светска војна уште еднаш го смени гледиштето на јавноста со што се разви посериозен дизајн.
Арт Деко[уреди | уреди извор]
Растот на политичкиот притисок и поствоените последици доведе до поедноставни форми комбинирани со поефикасна изработка за масовно производство на високо квалитетен накит.
Опфаќајќи го период од 1920-тите и 1930-тите новиот правец стана познат како Арт Деко.
Волтер Кропиус (анг.
Walter Gropius) и германското движење Bauhaus со нивната филозофија дека ,,не постојат граници помеѓу уметниците и занетчиите" доведоа до некои интересни и стилски опростени форми.
Се претставија и модерни материјали: најпрво се користеше пластика и аломиниум и од значење се прврзоците од хром на рускиот Bauhaus умтеник Naum Slutzky.
Стручната вештина се вреднуваше исто како и самиот материјал.
На западот во овој овој период од значење беше повторното откривање на гранулацијата од страна на германката Елизабет Тресков (анг.
Elizabeth Treskow) иако овој развој на повторно создавање продолжи во 1990тите.
Се базира на основни форми.
Азија[уреди | уреди извор]
Во Азија, Индискиот потконтинент се истакнува со најголемото сведоштво за правење накит од било кое друго место на светот со историја постара од 5,000 годинии.
Првите кои започнаа со изработка на накит се луѓето од цивилизираната долината Инд каде денес претежно се наоѓа современ Пакистан.
Раното производство на накит во Кина започна приближно истиот период но стана широко распространет со ширењето на Будизмот пред околу 2,000 години.
Кина[уреди | уреди извор]
Кизените користеа повеќе сребро отколку злато во изработката на накит.
Сините перја на птиците рибарче беа поврзани со кинескиот накит и подоцна во дезенот на накитот се вклучија и скапоцени камења и стакло.
Сепак, повеќе се претпочиташе жадот отколку некој друг камен.
Кинезите го почитуваа жадот поради човечките квалитети кои му ги препишуваа, како што се неговата цврстина, издржливост и убавина.
Првите парчиња жад беа многу едноставни, но како што минуваше времето се воведоа посложени дезени.
Прстени од жад кои датираат помеѓу 4-тиот и 7-миот век п.н.е.
докажаа дека се обработувале со сложена машина за мелење стотици години пред оваа опрема да се спомне на западот.
Во Кина најнесекојдневен елемент на накит беше обетката, која ниту мажите ниту жените ја носеа.
Вообичаени беа амајлиите најчесто со кинескиот симбол или змеј.
Змејови, кинески симболи и феникс најчесто беа насликани на накитот.
Кинезите често го сместуваа нивниот накит во нивните гробови.
Повеќето кинески гробови кои археологистите ги пронајдоа содржат украсен накит.
Индиски потконтинент[уреди | уреди извор]
Индискиот потконтинент ( вклучувајќи ја Индија, Пакистан и други земји од Јужна Азија) има долга историја на накит која помина низ различни промени со културни и политички влијанија повеќе од 5,000 – 8,000 години.
Иднија го има најголемото сведоштво за правење злато од било кое друго место на светот од времето на ''Рамајана'' и ''Махабхарт''а (анг.
Ramayana and Mahabharata).
Како резултат на многубројните извори на накит, Индија финансиски напредна со извезувањето и размената со други земји.
Додека западните традициите беа под поголемо влијание на царствата кои се зацврстуаат и слабеат, Индија уживаше во непрекинат развој на уметнички форми приближно 5,000 години.
Први кои ја започнаа изработката на накит беа луѓето од цивилизираната долина Инд (опфаќајќи го денешен Пакистан и северозападна Индија).
До 1500-тата година п.н.е.
луѓето од долината Инд изработуваа златни обетки и ѓердани, ѓердани од монисти и метални алки.
Пред 2100-тата година п.н.е.
претходејќи на периодот кога металот се користеше во голема мера, најголемата трговија на накит во долината Инд беше трговијата со монисти.
Монистите во оваа долина се правеа со едноставни техники.
Најпрво се купуваше цврст камен кој можеше да се набави од трговец на камења од истокот.
Потоа каменот се ставаше во жешка печка каде се загреваше се додека не стане темно црвен, високо ценета боја од страна на жителите на долината Инд.
Потоа каменот се кршеше се додека не ја добие потребната големина.
Монистите потоа се полираа а некои се украсуваа со дезени.
Овој метод се пренесуваше на следните генерации во семејството.
Децата на изработувачите на монисти го учеа овој занает уште од рани години.
Персискиот стил одигра голема улога кај индискиот накит.
Секој камен си има свои карактеристки поврзани со хиндуизам.
Накитот во долината Инд претежно го носеа жените кои на рачните зглобови имаа многубројни колби од глина или школки.
Најчесто беа во форма на крофна и во црна боја.
Со тек на време, глинените алки се отфрлија за други, поиздржливи.
Во денешна Индија алките се прават од метал или стакло.
Други парчиња кои жените обично ги носеа се тенки златни врвки на челото, обетки, примитивни брошеви, тесен ѓердан и златни прстени.
Иако жените претежно носеа накит, некои мажи од долината Инд носеа монисти.
Малите монисти најчесто се изработуваа за да се стават во косата на жените и мажите и беа со должина од еден милиметар.
Женски скелет (моментално изложен во Националниот музеј, Њу Делхи, Индија) носи алка од карнеол на нејзината лева рака.
Според хинду верувањето златото и среброто се сметаат за религиознни метали.
Златото го исмболизира топлото сонце додека среброто ладната месечина.
Двата се сметаат за совршени метали кога станува збор за индискиот накит.
Чистото злато не оксидира и 'рѓосува со тек на времето па поради тоа хинду религијата го поврзува златото со бесмртноста.
Во древната индиска литература често се среќава сликовито изложување на злато.
Во ведските хинду верувања на космолошкото создавање изворот на физичкиот и духовниот човечки живот води потекло и се развива од златната утроба (hiranyagarbha) или од јајцето (hiranyanda), метафора за сонцето чија светлина се издига од исконските води.
Владеењето на Mughal беше најзначајниот период поврзан со накитот.
Многу произведувачи на накит просперираа од 16-тиот до 19-тиот век.
Накитот имаше голем статус во индиското кралсто, толку моќен што се воведоа закони и ограничување за носење накит кај кралското семејство.
Само кралското семејсто и неколку други на кои им беше дозволено можеа да носат накит на нозете.
Ова обично се сметаше за недоволно почитување на вредноста на светите метали.
Иако поголемиот дел од населението во Индија носеше накит, Махараџа и луѓето од кралското семејство беа подлабоко порзани со накитот.
Улоготата на Махараџа беше од големо значење што хинду филозофите го одредија за главен за урамнотежното раководење на светот.
Се смета за боженствено битие, божество во човечки облик чија должност е да ги поддржува и заштитува принципите на космичкиот ред (анг.
dharma), моралниот ред на универзумот.
Наваратна (девет скапоцени камења) е накит со голема важност кој често го носел Махараџа.
Тоа е амајлија, која се состои од дијамант, бисер, рубин, сафир, смарагд, топаз, мачкино око, корал и хијацинт (црвен циркон).
Секој од овие камења се поврзува со небесно божесто, а кога сите девет камења се заедно го претставуваат совршенството на хинду универзумот.
Дијамантот е највлиијател од сите други камења.
Постојат различни исечоци на скапоцени камења.
Индиските кралеви индивидуално купуваа скапоцени камења од продава;ите.
Махараџа и други членови од кралското семејство го ценат скапоцениот камен како да е хинду Бог.
Тие разменуваа скапоцени камења со луѓе со кои биле многу блиски посебно членовите на кралското семејство и други блиски сојузници.
Само на самиот владетел, неговото блиско сродство и на некои одредени членови од неговата свита им беше дозволено да носат кралски турбан.
Како што империјата се развиваше, различни форми на украсни елемети се стекнаа со едно заедничко име sarpech, споено од sar или sir што значи глава и pech со значење копче.
Индија беше прва држава која копаше дијаманти, со некои рудници кои датираат од 296-тата година п.н.е.
Индија тргуваше со дијамнати имајќи ја во предвид нивната вредност.
Според историјата, дијамантите се поседувале за да се задржи во сеќавање или да се врати изгубената љубов, како знак за пофалба или за изразување верност во замена на одобрување и заштита.
Мугхал владетелите ги користеа дијамантите како средство со кое ќе ја обезбедат нивната бесмртност со тоа што нивните имиња и звања биле напишани на дијамантите.
Покрај сето тоа, Махараџа имаше и продолжил да има главна улога во социјалните, политички, економски и религиозни случувања во Индија како и во многу други места.
Во историјата на Индија, дијамантите се користеле за да се здобие со воена опрема, финансиски војни, поттикнати револуции и дезертерство.
Тие придонесле за одрекување од престолот или обезглавување на моќните.
Се користеле за убиство на претставниците на доминантната власт со тоа што ја мешале нивната храна со згмечени дијаманти.
Индијските дијаманти се користеле за обезбедување на големи заеми потребни за политички или економски кризи.
Воените херои се наградувале со дијаманти кои се користеле и како откупнуна за ослободување од затвор или грабнување.
Употребата на накитот продолжува и во денешно време и е незаменлив во индијските церемонии и свадби.
Северна и Јужна Америка[уреди | уреди извор]
Накитот имаше главна улога во судбината на Американците кога Шпанците создадоа империја за да го запленат американското злато.
Во Централна и Јужна Америка прозводството на накит се разви пред 5,000 години.
Големи количини накит беа лесно достапни и Ацтеките (анг.
Aztecs), Микстеките (анг.
Mixtecs), Маите (анг.
Mayans) и голем број други андски култури како што е Мочика (анг.
Mochica) од Перу создадоа прекрасни парчиња накит.
Со културата на Мочика, обработката на златото достигна висок подем.
Парчињата накит не се веќе едноставна обработка на метал туку се маестрални примери на накит.
Тие се софистицирани во нивниот дезен со елемнти од тиркиз, седеф, школката спондилоза и аметист.
Украсите за нос и уво, плочки за градниот кош, мали кутии и свирки се сметаат за ремек дела од перунската култура.
Помеѓу Ацтеките само аристократите носеа злато што укажува на класата на кое припаѓаа, моќта и богатството.
Накитот од злато најчесто беа најзастапен во империјата на Ацетките каде често се украсуваше со пердуви од птицата Quetzal и други.
Главно колку повеќе накит носеа аристократите толку повисок статус или углед имаше накитот.
На пример, владетелот и неговите првосвештеници беа целосно покриени со злато кога се појавуваа во јавноста.
Иако златото беше најзастапениот и најпознатиот материјал кој го користеле Ацетките, жадот, тиркизот и одредени пердуви многу повеќе се ценеа.
Како допполонение на украсите и статусот, Ацетките го користеа накитот и во принесувањето жртви за да ги успокојат боговите.
Свештениците во изршувањето на животински и човечки жртви користеа долг нож покриен со скапоцени камења.
Друга древна американска цивилизација со познавања за изработка на накит беа Маите.
При крајот од нивната цивилизација тие изработуваа накит од жад, злато, сребро, бронза и бакар.
Нивните дезени беа слични со оние на Ацетките, со богати украси за на глава и накит.
Маите тргуваа со скапоцените камења но во поскорашни времиња имаа слаб пристап до метал, па поголемиот дел од накитот го изработуваа од коска или камен.
Трговците и аристократите беа помеѓу оние малкумина кои носеа скап накит во областа на Маите, слично како и во случајот на Ацетките.
Во Северна Америка, Северноамериканските Индијанците користеа школки, дрво, тиркиз и стеатит, речиси недостапни во Јужна и Западна Америка.
Тиркизот се користеше за ѓердани и обетки.
Пристапот на домородците до школките од острига често сместени во една област во Америка им овозможи да ги разменуваат школките со другите племиња со што укажува на големата важност на трговијата на украси за тело во Северна Америка.
Северноамерикански Индијанци[уреди | уреди извор]
Накитот на северноамериканските Индијанци претставува индивидуално украсување најчесто во форма на ѓердани, обетки, колби, прстени, шноли за коса, брошеви, labret(пирс на устата) и многу други украси кои овие американски домородци ги направиле.
Накитот на Идијанците ја отсликува културната разноликост и историја на создавачите.
Домородните племиња се уште ја развивааат јасната естетика вкоренета во нивните индивидуални уметнички визии и културни традиции.
Уметниците содзаваат накит за украсување, церемонии и трговија.
Луј Шер Дубин (анг.
Lois Sherr Dubin) пишува: во отсуство на пишани јазици, украсувањето стана битен елемнт во домородната комуникацијата спроведувајќи разни видови информации.
Подоцна накитот и личното украсување ,, најавуваа отпорност кон прилагодувањето.
Накитот останува главно изразување на племенскиот и индивидуалениот идентитет. "
Ковачите на метал, произведувачите на монисти, резбари и обработувачи на скапоцени камења спојуваат различни видови на метали, дрва, скапоцени и полискапоцени камења, beadwok(нижење монисти)-украси направени од монисти, quillwork – вид украсување со ткаенина применувајќи перо од бодликаво прасе,заби, коски, кожа, растителни влакна и други материјали за правење накит.
Палетата на накит на современите домородци нуди накит од рачно искршени и преработени камења и школки до накит од челик и титаниум направен со помош на компјутер.
Пацифик[уреди | уреди извор]
Поради недамненшни човечки населувања, производството на накит во Пацификот започна подоцна.
Првобитниот накит се правеше од коска, дрво и други природни материјали и како резултат на тоа не опстана.
Поголемиот дел од овој накит се носи над половината, опфаќа украси за на глава, ѓердани, шноли за коса и каиши за раце и половина кои се парчиња накит кои најмногу се употребуваат.
Накитот во Пацификот, со исклучок на Австралија се носи за да симболизира било плодност или моќ.
Усовршени украси за на глава се користат во многу култури од Пацификот и некои жители како што се оние на Папуа Нова Гвинеја (анг.
Papua New Guinea) носат украси на главата по убивството на некој непријател.
Поглаварот може да носи коска од диво прасе пикната низ носот.
Културата на островот сè уште е примитивна поради недостокот на комуникација со културите вон островот.
Западните нации допрва ќе истражуваат некои области од Борнео и Папуа Нова Гвинеја.
Сепак, западните мисионери кои го преплавија островот предизвикаа драстични промени во дезенот на накитот.
Мисионерите сметаа дека секој кој носи племенски накит е приврзаник на паганството.
Многу од племенсите дезени се изгубија при преобразувањето на луѓето во христијани.
Денес, Австралија е број еден снабдувач на опал во светот.
Во Европа и Јужна Америка веќе имаше ископувања на опал кои многу години беа главен извор на опал но во доцниот 19ти век, астралискиот пазар на опал го превзеде водството.
Само во одредени места во Австралија се копа опал кој стана еден од најпрофитабилните камења во Пацификот.
Маори луѓето од Нов Зеланд традиционално имаа силна култура на лично украсување.
Нивен најпознат накит е hei-tiki рачно изгравиран од коска, нефрит и bowenite- минерал од светлозелен серпетин сличен на нефрит.
Во денешно време широк спектар од вакви традиционално инспирирани предмети како што се приврзоци изгравирани од коска закачени на традиционални јадици hei matau и накит од диорит се доста популарни кај младите од Нов Зеланд од било кое подрачје- за кои накитот се поврзува со генерализираното чувство за идентитет.
Освен накитот кој се создал под влијание на Маори луѓето, модерниот накит во Нов Зеланд е мултикултурен и разновиден.
Модерно време[уреди | уреди извор]
Движењето на модерниот накит започна во подоцнежниот период од 40те години, на крајот од Втората светска војна со освежен интерес кон нова уметност.
Движењето станува забележливо со делата на Џорџ Џенсен (анг.
Georg Jensen) и други создавачи на накит кои ја унапредија замислата за правење накит.
Со појавувањето на нови материјали како пластика, Скапоцена Метална Глина (анг.
Precious Metal Clay (PMC)) и техники за боење придонесоа за зголемена разновидност во стиловите.
Други предностии како што е развојот на усовршената берба на бисери од страна на луѓето како што се Микимото Кокичи и развојот на подобрениот квалитет на вештачките скапоцени камења како што е moissanite (дијамант симултант), направи народот да има сè поголема потреба од накит.
Во доцниот 20-ти век се забележа мешање на европскиот дезен со техники од истокот како што е Mokume-gane.
Следниве се иновации во деценииите кои ја опфаќаат и 2000-та година: Mokume-gane, хидраулично формирање со калап, анти-конгломеративно металство, превиткување, анодирање на реактивен метал, форми на школки , Скапоцена Метална Глина (анг.
Precious Metal Clay (PMC)), фотолитографија и компјутерко-потпоомогнати техноглогии).
Сè повеќе се зголемува желбата за правење уметнички накит и како хоби и како професија.
Во САД со повеќе од 17 списанија за самостојно изработување на накит, за пристапот, изворите и можноста да се вложат малку пари за да се започне овој бизнис се причинители произодството на рачно направени украси постојано да се зголемува.
Ваков накит може да се види во Метрополитан музејот за накит и во Њујорк.
Во последниве 20 години во Аврстралија се зголеми бројот на студенти кои сакаат да студираат дизајн и изработка на накит па денес Австралија има современо општество за производство на накит.
Многу од овие создавачи на накит опфаќаат модерни материјали и техники како и соединување на традиционалните вештини.
Промена на телото[уреди | уреди извор]
Накитот кој се користи во ваква примена, за вннесување некоја промена во изгледот, најчесто е едноставен, без некоја шара.
Преовладува употребата на нитни од чисто сребро, прстени и обетки.
Обетките кои ги носиме кои се ставаат со продупчување на увото придонесуваат за промена во нашиот изглед.
Padaung жените во Мајанмар (анг.
Myanmar) носат големи златни прстени околу вратот.
На речиси петгодишна возраст девојчињата се во пресрет со нивниот прв ваков прстен.
Низ годините се повеќе прстени се додаваат.
Покрај десетте и повеќе килограми на прстени околу нејзиниот врат, Padaung жената може да носи исто толку и на нејзините потколеници.
Како резултат од големината на прстените вратот на овие жени значително се издолжува дури и до 10-15 инчи (25- 38 сантиметри).
Ваквата примена лошо влијае врз здравјето и во последните години многу повеќе се носат заради љубопитност на туристите отколку заради нормите кои им ги налага културата.
Племиња поврзани со Paduang како и други култури насекаде во светот го користат накитот за да го растегнат долниот мек дел на увцето или зголемувањето на бројот на обетки (пирсинг).
Во Америка labret (пирс на вилицата) се носи уште од првиот контакт со Ину луѓето и првите народи од северозападното крајбрежје.
Lip plate (округли плочи за устата) се носат од Мурси Африканците(анг.
Mursi) и Сара народот(анг.Sara) како и од јужноамериканците.
Во доцниот 20ти век влијанието од модерниот примитивизам доведе многу од овие примени да се метнат во западни супкултури и повеќето од нив се потпираат на комбинација од изменување на изгледот на телото и украсни предмети, на тој начин зачувувајќи ја оригиналноста на овие два вида нејасни декорации.
Во многу култури накитот се користи како приверемен модификатор на телото, во некои случаи на својата кожа човекот може да закачи кука или други предмети големи како велосипедите кои на нив вклучуваат и шанк.
Иако оваа традиција се применува од племенски или полуплеменски групи и најчесто во полусвесна состојба за време на нивните религиозни церемонии, се вметна и кај западната култура.
Многу продавници за екстремно голем накит им овозможуваат на луѓето да го украсат своето тело со предмети како кука или клинци.
Најчесто овие куки се користат во комбинација со роданкотур за да го подигне човекот во воздухот и се претпоставува дека предизвикува еротско чувство кај човекот па некои двојки дури ја изведуваат нивната садбена церемонија на ваков начин.
Пазар на накит[уреди | уреди извор]
Според недамнешно истражување на KPMG, Сад го држи првото место за најголем пазар на накит со 30,8 % дел од пазарот, Јапонија, Индија, Кина и Средниот Исток секој со 8-9% и Италија со 5%.
Авторите на ова истражување предвидуваат дека до 2015-та година ќе се случи драматична промена со тоа што пазарниот удел на САД ќе падне на 25% а Кина и Индија ќе доживеат пораст до 13%.
Средниот Исток ќе остане на речиси исто рамниште, околу 9% помалку или повеќе додека пазарниот удел на Европа и Јапонија ќе биде преполовен со помалку од 4% за Јапонија и помалку од 3% за најголемите индивудуални европски земји, Италија и Велика Британија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Понатамошно читање[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
HILL INTERNATIONAL МАКЕДОНИЈА – Повеќе од класичен HR консалтинг
Бидете пред конкуренцијата!
Искористетете го вашиот талент на најдобар начин!
HILL International Ви нуди поддршка со помош на проверени, научно докажани методи и повеќе од 35 годишно искуство во HR консалтинг на регионот на Централна, Источна и Југо-источна Европа.
Вашиот успех, е и наш успех! | fineweb-2 |
Пет хоризонтални ленти во сина (3 ленти) и бела (2 ленти) боја.
Во прицврстениот дел од знамето се наоѓа црвен триаголник со бела петокрака.
Творец
Нарсисо Лопез
Знамето на Куба е официјалното знаме на оваа островска држава во Средна Америка.
Знамето е официјално усвоено на 20 мај1902 година и е составено од еднакви пет хоризонтални ленти од кои три се во сина, а две во бела боја.
Од левата страна има црвен триаголник на кој има приказ на бела петоктака.
Знамето било создадено во 1848 година за време на ослободителното движење.
Според официјалниот опис, сините ленти ги претставуваат три дела со кои била поделена Куба пред независноста, додека белите ленти ги претставуваат идеалите за слобода.
Црвениот триаголник претставува плодност, еднаквост и слобода како и крвта на народот кој се борел за независноста на Куба.
Белата ѕвезда симболизира слобода. | fineweb-2 |
Што е Coderetreat?
Coderetreat е едно-дневен настан на интензивно вежбање развој и дизајн на софтвер.
Се прават pair-programming сесии од по 45 минути во кои двајца програмери заедно работат на решавање на одреден проблем.
Потоа се брише кодот, се прави кратка пауза и ретроспектива, се ротираат паровите и се почнува од ново.
Поентата е преку вежбање на основни принципи на објектно-ориентиран дизајн во различни програмски јазици да се разменат искуства и начини на размислување без било каков притисок дека нешто "мора да се сработи".
Резултат: ефективно подобрување на вештините кај секој што учествува.
Настанот е од глобален карактер и ќе се случува во преку 90тина градови во целиот свет (може ќе имаме комуникација во живо со останати градови или нешто слично).
Влезот е слободен и може да се пријави кој сака.
Потребно е да дојдете со ваш лаптоп и инсталирани програмски јазици во кои работите за да не се губи време на тоа.
За настанот треба да се регистрирате за да планираме колку луѓе ќе дојдат.
Mислам дека капацитетот на Хаклабот е 12 луѓе во една просторија, но секако ќе се снајдеме со другите простории ако се пријават повеќе луѓе.
Настанот ќе се случува во Сабота (03.12.2011) од 10.00 - 17.15 часот во Скопје Хаклаб 2.0.
Потребно е сите пријавени да дојдат на време.
Програмата ќе биде следна:
Проблемот кој ќе се решава во сите сесии е Conway's Game of Life но секоја сесија е различна бидејќи фокусот е на учење и испробување различни работи како на пример:
Целта не е да се испрограмира играта, туку да се фокусира на пишување перфектен код и преку вежбање да се разменат и научат нови идеи. | fineweb-2 |
КОЈ НЕ ГО ЗАТВОРА ДОСИЕТО НА ВЛАДО ЧЕРНОЗЕМСКИ?
Убиството на кралот Александар го покажува само старото правило кај атентатите - страдаат само жртвата и убиецот а сите други, стотина замешани, продолжуваат да си го живеат животот, комплетно безбедни, како ништо да не се случило
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Минатиот вторник главна тема за битолчани бил плакатот за Владо Черноземски, атентаторот кој го убил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 година.
Професионалниот атентатор, кого поголем дел од современите историчари го класификуваат како истурен војник на врховистичката, пробугарска ВМРО, предизвика посебно незадоволство во боречката организација, потоа во поголем дел од оние на кои им беше наменета - на младите кои дел од времето го минуваат на Широк сокак.
ПРЕЛЕАНА ЧАША На едниот плакат биле испишани стихови од песна посветена за него, а на другиот се нарекува херој заради извршениот атентат.
-"За жал, пред 11 Октомври се појавуваат некои летоци со фашистички идеи величајќи го Черноземски и други убијци.
Ние треба најупорно да се спротиставиме на сите овие идеи на се ова што прокламираат- фашизмот и пробугарските идеи,"- рече пред камерите Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борците од Битола.
Реагираа и битолчани, според тв извештајот на Алфа, кои сметаат дека сега чашата е прелеана, а според еден битолски графит, дури и методите од времето на Черноземски не се заборавени.
-"Владо Черноземски беше во онаа тајфа што се бореа за Бугарија"- реагираше еден пензионер.
-"Да се велича човекот што го уби Димо Хаџидимов и други македонски дејци, стварно е срамота"- рече рече друг Битолчанец.
-"Не се свесни политичарите што прават,"- додаде друг пензионер.
Барем засега, не се знае кој стои зад ваквите плакати.
Во својата писмена реакција, историчарот д-р Александар Литовски јавно запраша дали ни се враќа фашизмот на македонската општествена сцена?
Черноземски по националност бил Бугарин, а од 1922 година бил вклучен во автономистичката ВМРО и извршувал специјални егзекуторски задачи.
Меѓу другите, ги убил револуционерот Димо Хаџидимов и идеологот на протогеровистичката ВМРО, Наум Томалевски.
Откако во триесеттите години михајловистичката ВМРО целосно се фашизирала, Черноземски станал фашистички платеник и инструктор на хрватските фашисти, вели д-р Литовски во својата писмена реакција.
ПАНИХИДИ Славењето на Черноземски во земјава започна пред 18 години, кога на истиот датум во црквата "Св.
Димитрија" во Скопје се одржува панихида и за Владо Черноземски, а на која се собираат истите оние луѓе што присуствуваат на годишнината на Мара Бунева - основачите на Здружението "Ратко".
Недвојбно е дека тие кои џлават се сметаат за Бугари и не бегаат од ролјата на продолжувачи на делото на Ванчо Михајлов.
Едно време на овие настани од Софија задолжително доаѓаа претставници на тамошната ВМРО на Красимир Каракачанов.
Освен што знае да ја забавува својата средина со антимакедонизмот, Каракачанов (за тоа известуваше и Глобус) пред повеќе од една година предводеше и една масовна хистерија против Ромите во Бугарија!
Истата "конечна пресметка" со Ромите требаше да му биде "поен плус" во трката на неговата партија на локалните избори.
Но
да не побегнеме од темата - кој е, всушност, Владо Черноземски?
Утрински весник, на пример, преку своите фељтони често одговараше на ова прашање, чудејќи се како тој заслужил да биде величен секоја година, дури и повеќе и од многумина познати македонски револуционери, како што се Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и во дел од популацијата на земјава?
И последното претражување на документите достапни на Интернет покажува дека нема сомнение дека се работи за речиси неписмен човек, дури и со непознато потекло.
Некои велат дека е роден во денешен Велинград, тогаш село Каменица, денес предградие на споменатиот град на непознат датум во 1897 година.
Некои други извори тврдат, па и од неколку македонски историчари, дека тој е роден во село Гавран (штипско) а други дека бил роден во Ново Село, близу до Штип.
Според народни преданија, кога кралот Александар бил убиен во Марсеј, селото Гавран било опожарено а според други, исто така фолклорни извори, следниот ден по убиството во Ново Село српката жандармерија нашла дел од неговите роднини (се говори за неговата сестра, најчесто) и ги убила во дворот на куќите.
Ова секако не се потврдени сознанија.
Можно е родителите на Черноземски (Димитар Керин и Риса Балтаџиева) да дошле во Велинград од штипско.
Но тоа станало нерелеватно и за самите нив!
Неговото крстено име е Величко Димитров Керин.
Во селото завршил само три одделение од школото.
Како млад имал склоност кон алкохолот, но подоцна целосно се воздржувал од пиење и дури станал вегетаријанец.
Величко служел како војник најпрво во Пловдив.
Учествувал и во Првата светска војна, тогаш служел во инженерските сили.
Бил ослободен од воена служба во 1919 година (!).
Една година подоцна се оженил.
Работел како шофер и часовникар.
Во 1923 се родила неговата ќерка Латинка.
ЛАДНОКРВЕН УБИЕЦ Инаку , во почетокот на 20-те години Черноземски се преселил во Банско, каде е извршувал задачи за Внатрешната македонска револуционерна организација, која била основана од Тодор Александров.
Стана член на таа организација во 1922 г. и се вклучил во четата на војводата Иван Брло.
Во [PHONE] година е во четата на Трајан Лакавишки.
Како четник дејствува во Штипско, Кочанско и Радовишко... Учествувал во околу 15 престрелки со полиција и жандармерија во Вардарска Македонија.
Станал познат како еден од најдобрите стрелци на Организацијата, во акциите се истакнувал со храброст, ладнокрвност и дисциплина.
Во 1924 година Тодор Александров го повикал во Софија и оттогаш Владо Черноземски е на располагање на ЦК на ВМРО за извршување на специјални задачи.
Смрта пак на самиот Александров предизвикала серија на убиства сред македонското револуционерно движење и македонската емиграција.
Првата задача која ја добил од Иван Михајлов е да го ликвидира македонскиот деец и воедно бугарски народен пратеник Димо Хаџи Димов.
Тоа е еден од најагилните македонски патриоти кој пред убиството влегол во ЦК на Бугарската комунистичка партија и како нејзин пратеник бил во Парламентот.
Формирал во партијата и посебна секција на комунисти - емигранти!
Како влијателен член на бугарското општество и како човек кој се заложувал за независна Македонија станал опасен за плановите на Михајлов и овој го ставил на список за ликвидација.
Хаџи Димов на 13 септември 1924 г. разбрал за убиството на Славчо Ковачев, негов пријател и сомисленик; за овој акт тој искоментирал дека повторно започнале физичките истребувања во македонското револуционерно движење и изразил жалење за таквата состојба.
Димо Хаџи Димов се упатил кон кафеаната Галик за да се запознае со подробности околу убиството на Ковачев.
На улицата Пиротска тој бил пречекан од Владо Черноземски, кој со неколку револверски истрели го соборил на земја, а за да се осигури во неговата смрт се наведнал над трупот на жртвата и пукал уште два пати.
Во 1924 година Софискиот окружен суд го осудува на смрт со бесење, но пресудата не е извршена, а во 1925 година Черноземски "бега" од полицијата.
Во 1930 година го ликвидирал Наум Томалевски, еден од водачите на протогеровистите, инаку познат масон од Крушево.
Черноземски е осуден по втор пат на смрт (!
), поради убиството на Томалевски, но во 1932 година тој бил помилуван поради блиските односи на Иван Михајлов со бугарските власти и дворот.
ТРЕТИОТ РАЈХ Бугарската историографија (види бугарска Википедија) многу не сокрива околу реалната позиција на силите кои го организирале атентатот и околу тоа кој стои објективно зад него - Третиот рајх!
Уште во летото 1932 година Владо Черноземски, еден од најизвежбаните терористи на ВМРО е испратен во Хрватска на располагање на тамошното движење Усташа.
Тоа е сторено во голема дискреција, па и неговото семејство не знаело каде е тој.
Дури самото ВМРО пушта гласови дека истиот е убиен од самата негова организација.
Черноземски бил инструктор на усташките терористи во логорот Боргеторо а потоа и во унгарскиот логор за обука Јанка Пуста.
Черноземски знаел дека се готви атентат врз висок југословенски функционер, но не знаел конкретно кој.
Таа обука траела долго.
Две години откако тој заминал во странство по 19-мајскиот преврат во Софија, новата власт, презема решителени мерки да ги прекрати дејствијата на ВМРО и на 1 септември таа година е донесен Закон за заштита на државата.
Законот предвидува брзи процедури за апсење и осудување на раководители на организацијата, па Иван (Ванчо) Михајлов експресно и илегално бега од Бугарија во Стамбол.
Во тоа време францускиот министер за надворешни работи Луј Барту се обидува да создаде една антихитлеровка коалиција во која би влегле Франција, Италија и Југославија а на која би се придружиле и членки на идниот Балкански Пакт, односно Малата Антанта.
Факт е дека кралот Александар во стартот на политичката кариера на Хилер имал симпатии за неонацистите, но во летото 1934 година сепак попуштил пред притисокот на старите пријатели - Французите.
Оттаму, од крајот на август, германското воено разузнување започнува подготовки за атентат, под шифрувано име "Операција тевтонски меч", каде цел е убиство на Луј Барту и на крал Александар.
Организацијата е доверена на Усташа, а во нивната обука треба да влезат искусни кадри на ВМРО.
КОМПЕНЗАЦИЈА Историски истражувања упатуваат на тоа дека во 1930 година со помош на Анте Павелиќ во арсеналот на ВМРО влегле 1.
000 автоматски пушки, кои биле купени од фабриката Хајнрих Фолмер.
За возврат од страна на ВМРО на располагање на усташката организација и бил испратен специјалист за употреба и ракување со експлозивни материи, а како инструктор на усташките терористи во нивниот логор за обука кој бил стациониран во Јанка Пуста во Унгарија, во 1931 година отишол Кирил Дрангов.
Соработката меѓу двете организации продолжила со тоа што на 12 февруари 1933 година во Горна Џумаја, на Големиот собор на македонската емиграција што тогаш ја истакнал паролата за создавање на независна Македонија и се обратил и пратеникот од усташката емиграција со подршка на таа идеја - Марко Дошен.
Сите овие околности во непосредното опкружување на Југославија говореле дека овие две организации се подготвувале за некоја крупна вооружена акција.
Подоцна, пред атентатот како непосредни извршители биле определени Владо Черноземски, Мио Краљ (роден во 1903 година во Копривица, по професија автомеханичар, неоженет), Звонимир Поспишил (земјоделец, неоженет од Вуковар, роден 1904 година) и Иван Раиќ (автомеханичар, ожнет и татко на едно дете, роден 1903 година).
Со лажни унгарски пасоши тие четворицата на 22 септември пристигнувата во Лозана (Швајцарија).
Тука се сретнуваат, според бугарскиот извор, со Гвидо Кватерник, еден од највисокопоставените раководители на Усташа и со Марија Водрачек (се мисли дека на оваа таинствена русокоса вистинското име и презиме и е Катица Шилер и дека за атентаот дошла од Бразилија), која им дава други, чешки пасоши, бидејќи со нив во Франција влегуваат без виза.
ДВОЈКИ Атентаторите дошле во Париз на 29 септември а на 6 октомври се делат на две двојки - Черноземски и Краљ одат за Марсеј, кога се знае дека таму ќе се истовари од брод југословенскиот крал а Писпишил и Раиќ заминуваат во Версај, каде треба да дејствувата врз Барту и кралот ако не успее првиот атентат!
На пат за Марсеј двајцата атентатори.
Черноземски и Краљ, застануваат во Авињон, каде одново се сретнуваат со Кватерник и тој им дава два пиштоли и една граната и тие заминувата со автобус за Марсеј.
Француските известувачи добиваат од италијански извори аларм дека ќе биде извршен атентат врз кралот Александар.
Еден ден пред атентатот изворот прецизира дека убијците имаат чешки пасоши.
Ова му е соопштено и на крал Александар, пред тој да се качи на моторен чамец, со од бродот би го довел до пристаништето, но тој рекол дека се е доцна и дка треба да се оди по проколот.
Одбил да облече и метален елек!
Рекол дека с енаоѓа во пријателска земја.
Черноземски и Краљ стигнале во Марсеј околу 14 часот и заземале позиција сптои Борсовата палата, на централниот билевар Канебиер.
Тоа е место е само100 метри оддалечено од пристаништето, каде со крстосувачот "Дубровник" пристигнал кралот Александар.
Околу 16 часот тој се симнал од бродот, бил пречекан од Бату и генералот Алфонс Жорж.
Во автомобил кабриолет, покрај многу полицајци и почесна чета на француската армија (коњаница) колоната тргнала кон префектурата.
Соочен со толкаво обезбедување, Мио Краљ избегал, но Черноземски одлучил да ја изврши задачата, согласно на планот.
КОЛОНА Колоната инаку се движела со брзина од 5 километри на час (по протоколот требала со 20 километри), бидејќи транвајските шини создавале додатно триење.
Черноземски зел цвеќе, во кое е сокриен револверот, минал крај полицискиот кордон извикувајќи "да живее кралот" на француски, со едната нога застанал на десно скалило на автомобилот и истрелал ќетири куршуми кон кралот Александар, кој веднаш умирел.
Черноземски продолжил да стрела, тешко го ранил министерот Барту (кој умфрел пдодоцна заради спората интевенција), потоа генералот Жорж и еден агент од обезбедувањето (Гале).
Дури потоа еден офицер од коњаниниците со сабја го погодил два пати в глава и Черноземски паднал на земјата.
Факт е дека обезбедувањето дејствувало доста неорганизирано, исплашено и збунето, потоа стрелало без врска и убила многу луѓе од публиката на улицата!
Черноземски умрел дури неколку часови потоа (во0 20 часот), во една болница.
Идентитетот на Черноземски е откриен многу подоцна, практично по една есхумација, но се знаело дека атенаторот е од ВМРО бидејќи на неговата рака е окриена тетоважа на која пишувало "ВМРО - слобода или смрт!".
Вкрстените коски на тетоважата по некои извори се сметаат дека се масонски симбол!
Ова можеби има некоја врска со еден од неговите претходни атентати (оној врз Томалевски)?
МИХАЈЛОВ Бугарија се нашла пред силен меѓународен притисок.
Дури постоела шанса силите на Малата антанта да и објават војна и дури да ја окупираат!
Олеснувачки факт е дека непосредно пред атентато кралот бил гостин во Бугарија и таму немал никаква непријатност, бидејќи, претходно властите расчистиле со ВМРО!
Да биде парадоксот поголем, Бугарија прогласила жалост и ги имала сите церемонии (освен погребот) како и Југославија!
Инаку, на 9 октомври 1934 година во Истанбул, Турција, во домот на бугарскиот митрополит Андреј Велички, по ручекот излегле на терасата за да го испијат попладневното кафе, митрополитот и водачот на распуштената ВМРО, Иван Михајлов.
Некаде околу 16 часот, Михајлов погледнал на часовникот и изјавил дека од овој момент ќе започне да се бројат одново годините!
Тој сметал дека неизоставно атентатот ќе предизвика војна.
Михајлов му објаснил на бугарскиот митрополит дека бил испланиран атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ и дека во тој момент веќе бил убиен во францускиот град Марсеј.
Михајлов понатаму дообјаснил дека зад атентатот стоел не само ВМРО, туку и Германија и некои други земји, коишто не ги посочил.
Следното утро митрополитот Андреј Велички побрзал да ги купи сите можни весници коишто ги имало во Истанбул.
На насловните страни митрополитот го видел и прочитал сето она што претходниот ден му го имал навестено неговиот гостин.
Мио Краљ, кој побегнал од местото на атентатиот пред тој да се случи допол близу Авињон, каде сењ сретнал со Кватенрик.
Земал соба во еден хоел и чекал четири часови евентуално да дојде Черноземски.
Потоа заминал на железничката станица а таму у го легитимирале двајца енти при пшто тој побегнал во блиска шума.
Сопственичката ка хотелот "Модерн" отишла во полиција и раскажала за нејзиниот чуден гостин и истрагата тргнала во вистинска насока.
Четири дена и ноќи Краљ се криел во шумата а потоа исцрпен излегол од неа и веднаш бил уапсен - по него имало потерница со слика!
УАПСЕНИ На границата со Швајцарија биле уапсени другите двајца атентатори и сите тројца, заедно со Краљ биле "разговорливи" со полицијата и за заднината на атентатот лесно се открило практично се.
Потоа во Торино, под притисок на Франција, биле уапсени Кватерник и Павелиќ, но по тримесечен притвор тие биле пуштени а екстрадикција не е изршена.
Вдовицата на кралот - кралицата Марија поднела приватна тужба, но на наговор на францускито амбасдор во Белград ја повлекла, бидејќи Франција се уште сметала дека Мусолини може да им стане сојузник!
Таинствената русокоса за која никогаш не се открил вистинскиот идентитет, неколку часови после атентатот, веројатно како непријатен сведок е убиена во конструирана сообраќајка, близу Џенова.
Судењето на тројцата приведени како соучесници атентатори се одвивало под силни мерки на обезбедување.
Обвинетите одоварале за четири дела - подготовка на атентат, помагање во атентат, користење на лажни документи и припадност на терористичка организација.
Казните биле најстроги за соучесништво во убиство - за тоа в оваа земја се казнува со одење на гилјотина!
Исто така, и за припадништво на тајна организација е предвидена смртна казна.
ИСМЕЈУВАЊЕ Судењето започнало во ноември следната година.
Траело само четири дена бидејќи адвокатот - ангажиран од хрватската емиграција во Канада - успевал постојано да прави сцени кои го исмејувале судот.
Судењето е прикинато, владата се "пресметала" со судиите (тие се пензионирани предвреме, бидејќи, дозволиле судницата да стане "циркус").
Во меѓувреме во Франција доаѓа до политички промени - на власт веќе е идниот фашистички колаборационист Пјер Лавал.
Тој барал на обвинетите да им се суди како на криминалци а не како на терористи.
На обновеното судење во 1936 година Мио Краљ велел дека уценуван, додка бил осуденик, па своевремно лежел во затвор во Целовец и дека морал да пристапи во усташката организација, за преку врски да биде ослободен од издржување на казната до крај, што и се случило, откако ветил лојалност за усташите.
Инаку, важел за човек со нарушено ментално здравје, на што тој ја темелел одбраната.
Раиќ велел дека бил економски емгранант во Латинска Америка а дека во Јанка Пуста, базата за подготовки, дошол за да се бави со земјоделство (Унгарија, во меѓувреме, пред Лигата на народите "докажала" дека во ова место нема никаква база а дека тоа е измислица на Југославија).
Поротата нашла олеснителни околности и обвинетите добиле казна доживотен затвор.
Тројца од обвинетите во отсуство добиле смртни казни (Кватерник, Павелиќ и Иван Перчевиќ).
Постојат две верзии што станало со тројцата осудени лица на доживотна робија во француските затвори.
Звонимир Поспишил починал по три години во затворот и за тоа нема двојба.
Краљ и Раиќ биле ослободени откако нацистите влегле во Франција (1940 г.
), по што се вратиле во Хрватска, но според една верзија биле ликвидирана од нивната "братска" власт (Раиќ е отруен во неговиот стан во Загреб), бидејќи, биле незгодни сведоци, според една верзија, при што Краљ бил дури одведен во еден логор?!
По втората верзија тие се убиени во првите судири со партизаните, во 1941 година, во Западна Босна со поттекст дека можеби биле наместени да стојат во првите редови... Кватерник побегнал во Аргентина а таму загинал во сообраќајка под неразјаснети околности!
Како и да е, и при овој атентат (да направиме споредба со атентатот на Кенеди) се случува истото како и при сите познати атентати врз познати личности: клучните актери загинуваат а оние кои се нарачатели некаде далеку спокојно го продолжуваат животот, како ништо да не било.
Малку е познато дека Хитлер на погребот на кралот Александар го испратил лично Геринг!
Тој оставил венец на гробот на кралот на кој пишувало дека тие му се поклонуваат како на свој непријател од Првата светска војна!
Павелиќ успеал да побегне од НДХ и умрел после 10-тина години во Мадрид а релативно добро си проживеале и другите "патриоти" како Ванчо Михајлов, на пример, кој доживува длабока старост. | fineweb-2 |
Каросерист
Каросерист (англиски: coachbuilder) е изработувач на школки (каросерии) на автомобили.
Првично овие била така специјализирани за изработка на дрвени и метални школки, што највеќето автомобилски производители склучувале договори за изработка на каросерии врз нивните шасии.
Како што производителите на автомобили почнале самите да изработуваат каросерии, практиката на школки по порачка почнала да се популаризира меѓу богатите.
Некои ултралуксузни возила се продавале само како шасија.
Вакви примери се Бугати Тип 57, Кадилак V-16, Ферари 250 и сите Ролс-Ројс автомобили произведени пред Втората Светска војна.
Многу каросеристи биле поврзувани со славни дизјнери како Пининфарина и Џугиаро.
Со доаѓањето на едноделната каросерија, изработувањето на каросерии станало невозможно.
Многу каросеристи биле купени од автомобилските производители и припоени кон нивните фирми.
Други станале составувачи на возила по договор, правејќи ниша на локализирани автомобили за поголеми фирми.
Видете исто така[уреди | уреди извор]
|"| | fineweb-2 |
Карл Фаберже
Карл Фаберже (30 мај, 1846 – 24 септември, 1920) бил руски златар и филигран, добро познат по своите прекрасни "фаберже-јајца", направени во стилот на вистински велигденски јајца, но со користење на скапоцени метали и драги камења.
Фаберже бил роден во Санкт Петербург во семејството на јувелирот Густав Фаберже и неговата жена Шарлота Јунгштед која била данка.
Татко му на Густав и неговото семејство биле Хугеноти кој пребегнале од Франција по отповикувањето Нантскиот указ, првобитно во Германија, а потоа, во 1800 год.
во балтичката покраина Ливонија, тогаш дел од Русија.
Во 1860 семејството повторно се преселило, сега во Дрезден и накратко подоцна Карл, тогаш младич, отишол да го учи јувелирскиот занает во Куќата на Фридман во Франкфурт.
Во 1864 год.
тој се враќа во Санкт Петербург и му се придружува на татка си во фирмата.
Во 1872 Карл го преземал управителството на истата.
Карл и неговиот помлад брат Агатон биле сензација на Серуската изложба во Москва во 1882.
По три години, царот Александар III го назначува Карла за Официјален дворски снабдувач, како награда за тоа што му направил прекрасно велигденско јајце наменето за царицата.
Од тогаш, па натаму Фаберже секоја година правел по едно вакво јајце за царот како подарок за царицата Марија.
Цар Николај II порачувал по две јајца секоја година, едно за неговата мајка и едно за неговата жена, Александра, обичај кој се одржал од 1895 до 1916.
Фаберже не правел само јајца, туку и многу повеќе; во 1896 фирмата ги произвела сите подароци за крунисувањето на Николај II.
Во 1897 шведскиот двор го назначил Фаберже за Дворски јувелир, а во 1900 неговите дела ја претставувале Русија на Светската изложба во 1900 во Париз.
Исто така Фаберже станал Дворски јувелир на дворот на царот во 1910.
Неговата фирма била најголемата во Русија со 500 вработени, со филијали во Санкт Петербург, Москва, Одеса, Киев и Лондон.
Најголемит дел од вработените во петербуршката филијала кои ги изработувале Фаберже-јајцата биле Финци.
Таа филијала произвела 150,000 предмети помеѓу 1882 и 1917 год.
Но во 1917, во хаосот на Октомвриската револуција, Фаберже ги продал своите акции на вработените и избегал од Русија.
Најпрвин отишол во Финска, со помош на британската амбасада, а подоцна се преселил во Вајсбаден, Германија.
Неколку години подоцна Фаберже умира во Лозана, Швајцарија и бил погребан крај неговата жена Августа во гробницата Симетиер ду Гран Жа во Кан, Франција.
Еден друг потомок, Тео (внук на П. К. Фаберже) и неговата ќерка Сара, развиле нови дизајни.
Нивната цел е да бидат достојни за името Фаберже и да произведуваат прекрасни предмети со висок квалитет.
Тие отвориле мал бутик во во Санкт Петербург во 2003.
Во октомври 2005, вториот ваков бутик бил отворен на Црвениот плоштад во Москва.
Извори[уреди | уреди извор]
- Чарлс Бејнбриџ, Peter Carl Fabergé: Goldsmith and Jeweller to the Russian Imperial Court.
His Life and Work (1949, reprinted 1971).
Bainbridge was a personal friend of Fabergé, and later managed the London branch.
- Абрахам Кенет Сноумен, Carl Fabergé: Goldsmith to the Imperial Court of Russia (Random House, 1988), ISBN 0-517-40502-4
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Fabergé, Imperial easter eggs and Gatchina
- Empire of Eggs, Svetlana Graudt, Moscow Times, 18 ноември, 2005 | fineweb-2 |
ambar0
Еве го Македонското ерепулик радио :
http://plug.dj/erepublik-mkd/
Ајде сите по еден воут и еден шаут за да види цела еМакедонија за Македонсково радио.
Ајде да бидиме малце поразлични од другите да има секој можност да пушта музика каква шо сака !
ПОЗДРАВ ГОРДИ еМАКЕДОНЦИ !
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Неговиот последен поклон е збирка раскази со Шерлок Холмс од писателот Артур Конан Дојл како и насловот на еден од расказите во таа збирка.
За првпат била објавена во 1917 год.
и содржи разни раскази објавени помеѓу 1908 и 1913 год., како и расказот со истоимениот наслов објавен во 1917.
Збирката првобитно била насловена како Сеќавања на Шерлок Холмс и не го содржела расказот Неговиот последен поклон, кој се појавил подоцна, по објавувањето на романот Долината на стравот.
Во следните изданија овој расказ бил додаден и насловот бил сменет.
Некои скорешни целосни збирки го употребуваат стариот наслов. | fineweb-2 |
Асиметрично мултипроцесирање
Содржина
Асиметрично Мултипроцесирање[уреди | уреди извор]
Асиметрично мултипроцесирање, или AMP, била софтверска stopgap(затка) за управување со повеќе процесори пред симетричното мултипроцесирање, односно пред СМП да стане достапно.
Мултипроцесирање значи, повеќе од еден процесор во еден компјутерски систем.
CPU (Централно Процесирачка Единица) е аритметичка и локичка машина која извршува кориснички апликации; влезно/излезен интерфејс како што е GPU, дури и ако е применет користејќи вграден процесор, не формира Централно Процесирачка Единица(CPU) затоа што не покренува кориснички апликативни програми.
Со повеќе CPU, можат да се покренуваат (да работат) повеќе од една корисничка апликација, во исто време.
Сите од процесорите го имаат истиот кориснички инструкциски режим, така извршувањето на една работа може да биде прераспределена од еден процесор на друг.
Позадина и Историја!
[уреди | уреди извор]
За компјутерите со големина на соба од периодот на '60 и '70 години, исплатлив начин за зголемување на компјутерската моќ било додавањето на втор процесор (CPU).
Уште од времето на тие компјутери, кои биле најблиску до најбрзиот кој бил на располагање (близу врвот на соодносот цена:перформанси), два процесори со стандардна брзина биле далеку поефтини отколку процесор кој работи два пати побрзо.
Исто така, додавање на втор процесор било помалко скапо отколку целосен втор компјутер, на кој ќе му бидат потребни сопствени периферни уреди, што значи потреба за поголем простор и зголемен број на извршен персонал.
Значајни понуди од компјутерските производители биле Burroughs B5000, DECsystem-1055 и IBM System/360.
Имало исто двојни процесори (dual CPU) машини изградени во факултетите.
Проблемот со додавање на втор процесор во компјутерски систем било тоа што оперативниот систем бил развиен за единечен процесорски систем, а со проширувањето за да подржи повеќе процесори ефикасно и сигурно, требало долго време.
За да се потполни јазот, оперативните системи наменети за единецни процесори биле првично проширени да обезбедат минимална подршка за втор процесор.
Со оваа минимална подршка, оперативниот систем, се стартува на процесорот за бутирање, со други единствено дозволено да извршува кориснички програми.
Со текот на времето оперативните системи се подобриле во искористувањето на дополнителните процесори, се додека не достигнале Симетрично Мултипроцесирање, во кој оперативниот систем и апликациите под негова контрола, се извршуваат на сите процесори истовремено.
Borroughs B5000[уреди | уреди извор]
Опција на Borroughs B5000 бил "Процесор Б".
Овој втор процесор за разлика од "Процесор А" нема конекции со периферните уреди, значи двата процесори делат главна меморија.
Оперативниот систен работи само на Процесорот А. Кога имало корисничка задача што треба да се изврши, може да биде извршена на Процесорот Б, но кога таа задача ќе се обиде да пристапи до оперативниот систем, процесорот запира и сигнализира на Процесорот А. Тогаш бараната задача од оперативниот систем е извршена на Процесорот А.
IBM Систем/360 модели 65MB и 67-2[уреди | уреди извор]
IBM понуди компјутерски систем со двоен процесор, базиран на неговиот System/360 модел 65 и сличниот на него, моделот 67.
Оперативниот систем кој работи на овие машини бил OS/360 M65MP и TSS/360.
Исто така имало и софтвер развиен во универзитетите кој ги користел и двата процесори, особено MTS.
Двата процесори имаат пристап до каналите за податоци, и така можат да иницираат ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ.
M65MP бил поблизок до SMP отколку MCP за B5000 или TOPS-10 за DECsystem-1055, откако јадрото на оперативнот систем работи на двата процесори и периферните уреди можат да бидат приклучени на двата процесори.
MTS контролер (UMMPS) работи на еден или на двата процесори од IBM System/360 модел 67-2.
Контролите клуцеви биле мали и биле користени да ги заштитат структурите од лични податоци до кои може да се пристапи од двата процесори.
Како со M65MP, индивидуалните задачи (работи, процеси) ќе бидат извршени само на еден процесор во одреден момент.
CDC 6500 и 6700[уреди | уреди извор]
CDC понуди две конфигурации од својата серија CDC 6000. која вклучува два процесори.
CDC 6500 беше CDC 6400 со два процесори.
CDC 6700 беше CDC 6600 со CDC 6400 процесор додаден на него.
Овие системи биле организирани прилично различно од другите мултипроцесори во овој параграф.
Оперативниот систем работи на периферни процесори, додека корисничките апликации се извршуваат на Централната Процесна Единица.
Така да термините ASMP и SMP не соопдветно се применуваат кај овие мултипроцесори.
DECсистем-1055[уреди | уреди извор]
Digital Equipment Corporation понуди верзија на својот DECsystem-1050(која користи KA10 процесори) со двоен процесор.
Оваа понуда беше проширена со подоцнежните процесори од PDP-10 линијата.
DEC исто така имаа и мултипроцесор PDP-11 и неколку мултипроцесорни системи VAX.
IBM Систем/370 модел 168[уреди | уреди извор]
Две опции биле на располагање за IBM Систем/370 модел 168 за прикачување на втор процесор.
Еден бил IBM 3062 прикачена процесорка единица, во кој вториот процесор нема пристап до каналите, и затоа бил сличен со B5000 Процесорот Б или вториот процесор ма VAX-11/782.
Другата опција понудила втора ЦПЕ(Централна Процесирачка Единица) и затоа беше повеќе како Систем/360 модел 65MP.
Референци[уреди | уреди извор]
- Bell, C. Gordon, Mudge, J. Craig, McNamara John E. "The PDP-10 Family".
(1979).Дел V од Компјутерско инжињерство: Преглед на дизајнот на хардверскиот систем на DEC. Digital Equipment Corp.
- Rajkumar Buyya (издавач): High Performance Cluster Computing: Architectures and Systems, Volume 1, ISBN 0-13-013784-7, Prentice Hall, Њу Јорк, УСА 1999.
- Rajkumar Buyya (издавач): High Performance Cluster Computing: Programming and Applications, Volume 2, ISBN 0-13-013785-5, Prentice Hall, NJ, USA, 1999.
- IBM, IBM System/360 and System/370 Asymmetric Multiprocessing System: Прирачник за општи информации, Програмски број 360A-CX-15X, GH20-1173 | fineweb-2 |
Проектот за Реконструкција и адаптација на делови од регионалниот зелен пазар во Битола.
Фаза 1 - Изградба на плато и канализација и Фаза 2 - Изградба на 6 павиљони, покривање на простор и електрика чиј носител е Центарот за развој на Пелагониски плански регион во партнерство во ЈП Пазари е во во полн тек. | fineweb-2 |
Компанијата Samsung ја претстави камерата Gear 360, која може да снима под агол од 360 степени.
Се работи за камера со два сензора од 15 мегапиксели, кои се наоѓаат позади fisheye леќата, а на неа има и мал екран од 0,5 инчи.
Камерата може да се држи во рака по поставувањето на рачката или да се стави на подлога со помош на мини трипод.
Рачката и триподот се вртат на одредени места на камерата и пристигнуваат во истото пакување.
Од Samsung тврдат дека камерата снима видео резолуција од 3.840x1.920 пиксели при 30 фрејмови по секунда.
Тоа значи дека е многу близу до 4К резолуција.
Фотографиите се многу поголеми, а нивната резолуција изнесува 7.775x3.888 пиксели, односно 30 мегапиксели.
Камерата не поседува интерна меморија, туку има microSD, кој подржува картичка до 128 GB.
Камерата Gear 360 овозможува снимање на видеа кои можат да се гледаат со помош на Gear VR уред.
Можно е камерата да се синхронизира со паметните телефони Galaxy S7 и S7 Edge, за да со неа се управува од далечина.
Исто така снимената содржина може да се прегледа во живо на екранот на паметните телефони.
Освен тоа секое видео кое се снима може да се прегледа, едитира и сочува на телефонот. | fineweb-2 |
Антонис ван Дајк
Антонис ван Дајк холандски: Antoon van Dyck, англиски: Anthony van Dyck; 22 март 1599 - 9 декември 1641) — фламански сликар од епохата на барокот.
Тој е еден од најистакнатите ученици на Рубенс кoj подоцна станал дворски сликар во Англија.
Развил сопствен специфичен стил кој се карактеризира со одредена строгост, официjалност, истовремено доловувајки елеганција и достоинство кај неговите модели.
Биографија[уреди | уреди извор]
На единаестет години тој отишол во работилницата на Хендрик ван Бален.
Подоцна, во 1617 год.
оди во работилницата на Рубенс и станува нејзин водач, која тогаш била најпозната сликарска работилница во Европа.
Во 1618 год.
добива назив мајстор и е прифатен во како сликар во црквата Св.
Лука во Антверпен.
Од 1621 до 1627 работел низ европските културни центри како Лондон, Џенова, Рим, Фиренца, Марсеј и Париз.
Од 1627 до 1632 престојувал во Антверпен, а потоа до крајот на животот (1641) во Лондон каде станал дворски сликар на кралот Чарлс I, големиот колекционер на уметнички дела.
Со тек на време станал најпoзнат портретист на англиското високо општество.
За сликање на приватни лица земал тогаш големи парични суми — од 40 до 60 фунти и можел да се посвети на одамна сонуваниот добар живот како голем господин.
Кога вo 1635 го посетил Антверпен, триумфално бил дочекан од месното население. | fineweb-2 |
BraveMKD
Република Литванија е држава која се наоѓа во северна Европа.
Граничи со Полска, Латвиа, Белорусија, Русија и Шведска.
Таа е позната како нај јужната држава од трите Балтички држави.
Додадена е на мапата на еРепаблик на 8 Април 2009 година.
еЛитванија до ден 1887 има 2135 активни играчи.
Просечниот левел на играчите е 22.
Има 5 оригинални региони и тоа:
1.Lithuanian Highland - главен град
2.Dainava
3.Lithuania Minor
4.Samogitia
5.Sudovia
Економија:
Има 3/10 ресурси и тоа Риба, Жито и Железо.
Моменталната состојба на трезорот изнесува: 176,80 злато и 512783,29 цц
Минимална плата изнесува 1,00 LTL
Политика:
Претседател на еЛитванија е pararam.
Премиер е Jokimas Tamulionis.
Министер за одбрана е M'anvydas.
Министер за надворешни работи (МоФа) е Udra.
Гувернер е freshass.
Министер за образование EmuSV.
Конгрес:
Solidarumas има 9 конгресмени,
Lietuvos Laisves Sajunga има 10,
Lietuvos Moderatu Sajunga има 6,
Lietuviu Nacionalistu Partija има 8,
Lietuvos Tevynes Sajunga има 5 конгресмени.
Воено поле:
Природен непријател: моментално нема.
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Природна селекција
Природната селекција (,,природно одбирање'') претставува фактор кој елиминира одредени генотипови и на тој начин ја нарушува генетичката рамнотежа во популацијата.
Генетички, природната селекција означува намалување или зголемување на генетипови во популацијата.
Селекцијата подразбира одбирање единка или потомок кој ќе ја претставува следната генерација со издвојување на одредени фенотипови или генотипови.
Тие се потпомагаат или фаворизираат при што се менува генетичката структура.
Содржина
- 1 Механизам на природната селекција
- 2 Видови на природна селекција
Механизам на природната селекција[уреди | уреди извор]
Идејата дека видовите можат да се изменуваат под дејство на селекцијата била позната на учените луѓе уште од античките времиња, а подоцна и на неколку англиски автори од почетокот на XIX век.
Концепцијата за природната селекција добила широко признание кога во 1858 година англиските учени Чарлс Дарвин и Алфред Волес ги објавиле своите статии во журналот ,,Journal of the Proceedings of the Linnean Society of London''.
Во нив, тие укажале на тоа дека кај живата природа постои механизам, сличен на оној од вештачката селекција.
Оваа концепција добила уште поголеми симпатии по објавувањето на дарвиновата книга ,,За потеклото на видовите'' во 1859 година.
Смислата на нивните идеи се основа на следните принципи:
- принцип на варијација;
- принцип на адаптација;
- принцип на наследување.
Принцип 1: единките се разликуваат меѓусебно[уреди | уреди извор]
Општо земено, во една популација составена од единки од ист вид, меѓу единките постојат помалку или повеќе "важни" разлики.
Во биологијата, под "белег", "својство" или "особина" се подразбира сè она што може да се набљудува и што може да варира од една единка до друга.
Постојат повеќе варијации за ист белег.
На пример, кај луѓето, бојата на кожата, бојата на очите, висината итн.
се белези што се јавуваат во најразлични варијации.
Варијацијата на некој белег кај дадена единка е нејзиниот фенотип.
Ова е првиот услов кој треба да е исполнет за да постои природна селекција: во рамките на една популација, одредени белези се варијабилни - ова е принципот на варијација.
Принцип 2: најприлагодените единки преживуваат и се размножуваат[уреди | уреди извор]
Некои единки во популацијата поседуваат варијации кои им даваат поголеми шанси за размножување за разлика од други, во одредена средина.
Се вели дека тие имаат селективна предност над нивните ривали:
- На пример, со подобар начин на избегнување на грабливците, помалку разболувања, полесен пристап до храна, овие единки достигнуваат полнолетство и многу полесно се размножуваат.
Тие кои преживуваат имаат поголеми шанси да се размножат.
- Во случајот на полово размножување, единките кои преживеале можат да носат белег со кој стануваат особено привлечни за спротивниот пол.
Тие се способни да дадат повеќе потомство.
Во двата случаи, зголемената способност за преживување и размножување води до зголемен степен на размножување, а со тоа и повеќе потомство за единките кои ги носат овие белези.
Тогаш се вели дека дадениот белег дава селективна предност над другите.
Ова е принципот на адаптација.
Принцип 3: варијациите кои носат придобивка се наследуваат[уреди | уреди извор]
Третиот услов за да има природна селекција кажува дека белезите на единките мора да се наследни, односно да можат да се предадат на нивното потомство.
Навистина, некои белези, како тенот и културата, не зависат од генотипот.
За време на размножувањето, гените се предаваат на потомството, што води до пренесување на одредени белези од една генерација во друга.
Ова е принципот на наследување.
Наследните варијации кои даваат селективна предност понатаму ќе се предаваат на следната генерација, за разлика од варијациите со помала предност.
Според ова, единките кои носат погодни варијации ќе се среќаваат во следните генерации.
Со текот на генерациите, фреквенцијата на гените со помала предност ќе се намалува, сè додека тие не исчезнат, а погодните варијации ќе се шират во популацијата, сè додека не се сретнат кај сите членови на популацијата.
На пример, кај луѓето, двоножното движење (бипедализам) е заеднички белег за сите современи човечки суштества.
Денес механизмите на природната селекција се објаснуваат со помош на генетиката.
Мутациите во гените кои оперираат во првата етапа од погоре опишаниот процес се јавуваат како дискретни измени во генотипот.
Меѓутоа, јасно е дека основната смисла на идеите на Дарвин е иста.
Видови на природна селекција[уреди | уреди извор]
Движечка (дирекциона) селекција[уреди | уреди извор]
Движечката или дирекциона селекција е форма на природна селекција која дејствува кога се изменети условите на надворешната средина.
Ја опишале Дарвин и Волес.
При неа имаат предност единките од популацијата со карактеристики кои се отклонуваат во определена насока од просечните карактеристики на останатите единки (средната вредност).
Останатите единки подлежат на негативна селекција.
Како резултат на тоа, со текот на генерациите, во популацијата ќе се поместат средните (просечни) карактеристики во определена насока.
Притисокот кој ја движи селекцијата мора да дејствува во рамките на адаптациските способности на популацијата и фреквенцијата на мутациските измени (во спротивен случај, притисокот може да доведе до изумирање на популацијата).
Современ пример на движечка селекција е индустрискиот меланизам кај еден вид на британски пеперуги, кои се јавуваат во две форми - светла и темна.
Индустрискиот меланизам претставува драматично зголемување на бројот на меланизирани (со темна боја) единки во популацијата од овие пеперуги кои живеат во индустриските региони на Велика Британија.
Како резултат на индустриското загадување, кората на дрвјата во овие подрачја е значително потемнета, а исчезнати се и светло обоените лишаи.
Ова довело до поголема забележливост на светло обоените пеперуги, кои станале повидливи за птиците кои се исхрануваат со нив, а темните - помалку.
Во XX век во некои подрачја, бројноста на темните форми достигнала и до 95%, додека првата темна пеперуга (morfa carbonaria) била фатена во 1848 година.
Движечката селекција се јавува кога има измени во животната средина или при адаптирањето на новите услови во средината при проширувањето на ареалот на некои видови живи суштества.
Таа одржува наследливи промени во одредена насока, преместувајќи ја соодветно и нормата на реакцијата.
На пример, при населувањето на почвата како станиште за многу различни групи животни, нивните екстремитети се преобразиле (измениле) во органи за копање.
Стабилизирачка селекција[уреди | уреди извор]
Ова е форма на природна селекција при која дејството се врши против единките кои имаат екстремни отстапувања од просечните, а во полза на единките со просечни карактеристики.
Поимот ,,стабилизирачка селекција'' го вовел во науката и го истражувал Иван Иванович Шмалхаузен.
Опишани се мноштво на примери за дејството на стабилизирачката селекција во природата.
На пример, на прв поглед изгледа дека најголемо учество во генофондот на следната генерација има единката со најголема плодност.
Меѓутоа, набљудувањата на природните популации на птици и цицачи покажуваат дека тоа не е така.
Колку повеќе пилиња и младенчиња има во гнездото, толку е потешко да се одгледаат, па затоа секое од нив ќе биде помало и послабо.
Затоа, како најдобро адаптирани се покажуваат единките со просечна плодност.
Селекцијата во полза на средните (просечни) вредности била проучена врз основа и на многубројни други примери.
Кај цицачите, новороденчињата со многу мала и многу голема тежина имаат поголема шанса да умрат при пораѓањето или во првите недели од животот, за разлика од новороденчињата со просечна тежина.
Според големината на крилата кај врапчињата кои изумреле за време на бурата во 50-тите години во Санкт Петерсбург (тогашен Ленинград), се покажало дека повеќето од нив имале премали или преголеми крила.
И во овој случај како најадаптирани се покажале единките со средна големина на крилата.
Нарушувачка (дисруптивна) селекција[уреди | уреди извор]
Оваа форма на природна селекција ги фаворизира единките со две или повеќе екстремни карактеристики, но таа не оди во полза на единките со просечни карактеристики.
Како резултат на оваа селекција можат да се јават неколку нови форми од една исходна.
Неа ја опишал Ернст Маер.
Дисруптивната селекција доведува до полиморфизам во популацијата и истиот го одржува, а во некои случаи може да доведе и до специјација.
Една од можните ситуации во природата при кои настапува дисруптивната селекција е кога полиморфната популација зазема нееднородно (хетерогено) станиште.
Притоа, разните форми се адаптираат на различни еколошки ниши или подниши.
Како пример за дисруптивна селекција може да послужи образувањето на две раси од растението Rhinanthus minor на една ливада.
При нормални услови, времето на цветање и созревање на семето е во лето.
Но, на сенокосните ливади, им се дава предност на оние растенија кои успеваат да расцветат и да созреат до периодот на косење, или тие кои цветаат на крајот од летото, по косењето.
Како резултат на ова се образувале две раси од ова тревесто растение - рана и послецветна.
Дисруптивната селекција е тестирана и во експерименти со винска мушичка (дрозофила).
Селекцијата се вршела на бројот на четинки, при што опстојувале само единки со најмалку и најмногу четинки.
Во текот на 30 генерации се развиле две линии на вински мушички кои силно се разликувале, и покрај фактот што тие продолжиле да се вкрстуваат меѓусебно и ги разменувале своите гени.
Во некои други експерименти (со растенија), интензивното вкрстување пречело на ефективното дејство на дисруптивната селекција.
Полова (сексуална) селекција[уреди | уреди извор]
Преживувањето на организмите е важен, но не и единствен составен дел на природната селекција.
Друг клучен дел е привлечноста на единките од спротивниот пол.
Чарлс Дарвин овој феномен го нарекувал сексуална или полова селекција:
Оваа форма на селекција е одредена не по борбата за опстанок изразена во односите меѓу органските суштества со надворешните услови и меѓусебе, туку со соперништвото меѓу единките од еден пол, најчесто мажјаци, со цел владеење со единките од другиот пол.
Сексуалната селекција е природна селекција која се однесува на успехот во размножувањето.
Својствата кои ја намалуваат животоспособноста на нивните носители можат да се појават и да се распространат доколку придобивките кои ги даваат за размножувањето се многу поголеми отколку негативностите кои ги носат за преживувањето (опстанокот) на единката.
Биле предложени две основни хипотези за механизмите на дејство на сексуалната селекција.
Според хипотезата на ,,добри гени'', женката ,,расудува'' на следниот начин: ,,доколку тој мажјак, без разлика на неговото светло перје и долга опашка, успее да преживее од канџите на грабливецот и да достигне полова зрелост, тој има добри гени кои тоа му го овозможиле.
Значи, треба него да го одберам за татко на своите деца - тој ќе им ги предаде своите добри гени''.
Со изборот на светли мажјаци, женките бираат добри гени за нивното потомство.
Според хипотезата на ,,привлечни синови'', логиката на избор на женките е некако поинаква.
Доколку светлите мажјаци, поради било која причина, се привлечни за женките, тие ги избираат нив за татковци на своите идни синови, бидејќи синовите ќе ги наследат гените кои даваат светла обоеност и на тој начин ќе бидат привлечни за женките во идната генерација.
На ваков начин се образува позитивна повратна врска која доведува до тоа што од генерација во генерација, светлоста на перјето на мажјаците ќе се зголемува и засилува.
Процесот напредува сè додека не се дојде до работ на животоспособноста.
Во изборот на мажјаци, женките се не повеќе и помалку логични отколку во нивното останато однесување.
Кога животното чувствува жед, тоа не расудува дека треба да пие вода за да ја обнови водно- јонската рамнотежа во организмот - тоа оди да пие бидејќи чувствува жед.
Токму на ваков начин женките бираат светли мажјаци, следејќи ги своите инстинкти - тие ги сакаат светлите опашки.
Сите оние кај кои инстинктот доведува до подруго однесување, не оставаат потомство.
На овој начин тука не се зборуваше за логиката на женките, туку логиката на борбата за опстанок и природната селекција - слеп и автоматски процес кој дејствувајќи постојано, од генерација на генерација, го образувал сето тоа вчудоневидувачко разнообразие на форми, бои и инстинкти кое може да се набљудува во живата природа. | fineweb-2 |
Јазична локализација
Јазичната локализација (доаѓа од англискиот збор"лоқале" што во буквален превод значи "место каде нешто се случува или каде нешто е поставено") е втора фаза од еден подолг процес на превод на производи и нивна културна адаптација (за одредени земји, регионални групи) имајќи ги предвид разликите на различните пазари, процес познат како интернационализација и локализација.
Јазичната локализација не е само преведувачка дејност, бидејќи вклучува сеопфатна студија на целната култура со цел правилно да се адаптира производот за локалните потреби.
Процесот на локализација главно се однесува на културната адаптација и превод на софтвер, видео игри и веб-страни, ретко на пишан превод (кој исто така може да вклучува процес на културна адаптација).
Процесот на локализација може да биде реализиран во региони или држави каде луѓето зборуваат различни јазици или кадешто се зборува истиот јазик: на пример различни шпански дијалекти со различни идиоми се зборуваат во Шпанија и Латинска Америка.
Исто така, изборот на зборови и идиоми е различен во земјите кадешто англискиот јазик е официјален јазик (пр.
во Америка, Велика британија и Филипините).
Содржина
Целокупен процес: интернационализација, глобализација и локализација[уреди | уреди извор]
Како што објаснува Асоцијацијата за локализација на индустриските стандарди, глобализацијата "може подобро да биде разбрана како циклус отколку како еден процес".
Глобализацијата всушност претставува однапред планиран дизајн и развојни методи за одреден производ, имајќи предвид мултикултурна- публика, со цел да се избегне зголемување на трошоците и проблеми со квалитетот, да се заштеди време и да се намалат напорите за локализација за секој регион или држава.
Локализацијата е составен дел на целокупниот процес наречен глобализација.
Постојат два основни технички процеси од кои се состои глобализацијата, а тоа се интернационализацијата и локализацијата.
Првата фаза, интернационализација, опфаќа плански и подготвителни фази за производ кој е направен со дизајн за поддршка на глобалните пазари.
Овој процес ги отстранува сите културни претпоставки, такашто специфичните содржини на секоја држава или јазик се зачувани за да бидат полесно адаптирани.
Ако оваа содржина во текот на фазата не биде оддвоена,во текот на локализацијата ќе биде потврдена,па ке бидат пресметани и времето и трошоците за проектот.Во екстремни случаи,производите кои не поминале низ фазата на интернационализација,нема да можат да битат локализирани.
Втората фаза,локализација, се однесува на завршната адаптација на проиводот наменет за одреден пазар.
Процесот на локализација,покрај другите работи, вклучува и четири други прашања: лингвистички, физички, бизнис и културни,како и технички прашања На крајот на секоја фаза се врши тестирање и гаранција за квалитет,за да се осигурат дека производот нормално функционира и дека може да ги задоволи очекувањата на клиентот.
Преводот наспроти локализацијата[уреди | уреди извор]
Локализацијата обично е претставена како "обичен" превод со користење на висока технологија меѓутоа на тој начин не може да се пренесе важноста и комплексноста на локализација, ниту пак што таа опфаќаили она што е опфатено.
Понекогаш е многу тешко да се направи разлика помеѓу превод и локализација.
Во принцип, локализацијата се насочува кон значајните, нетекстуални компоненти на производите или услугите.
Во споредба со преводот (и притоа граматичките и правописни прашања кои варираат од место во место кадешто се зборува ист јазик), процесот на локализација може да содржи и графичко прилагодување и усвојување на локални валути, користење на соодветна форма за датуми, адреси и телефонски броеви, избор на бои и многу други детали, меѓу кои и осмислување на физичката структура на призводот.
Целта на сите овие промени е да се препознае локалната чувствителност, да се избегне конфликтот со локалната култура и навики и влез на локалниот пазар преку спојување на личните потреби и желби.
На пример: локализацијата се стреми да понуди специфични веб-страни на истата фирма за секоја земја или различни изданија на книгата во зависност од местото каде книгата е објавена.
Глобализацијата наспроти локализација[уреди | уреди извор]
Ако локализацијата претставува процес на прилагодување на еден производ одредена локација, тогаш глобализацијата го дизајнира производот за да ја намали дополнителната работа што се бара во процесот на локализација.
Да претпоставиме дека некој работи за компанија која сега функционира исклучиво во САД.
Меѓутоа, компанијата отвара голема канцеларија во Кина и потребна и е веб-страна на кинески јазик.
Компанијата ги нуди истите производи и услуги во двете земји, само со некои мали разлики, меѓутоа некои од елементите кои се појавуваат на оригиналната веб-страна и се однесуваат на САД, може да бидат навредливи или со вознемирувачка содржина за Кина (употребата на знамиња, бои, националистички слики, песни итн.)
Така, поради мали детали во презентацијата, компанијата може да изгуби одреден пазар.
Исто така, компанијата може да го прилагоди производот според потребите на своите нови купувачи (најдобар пример за тоа би биле видео игрите).
Сега, да претпоставиме дека оваа компанија има големи канцеларии во десетина земји, како и потреба од специјално дизајнирани веб-страни во секоја од овие земји.
Пред да одлучат како да се локализираат веб-страните и производите понудени во секоја земја, професионалец во оваа област треба да ја посоветува компанијата за создавање на целокупна стратегија: да се глобализира начинот на кој организацијата делува.
Јазици и кодови[уреди | уреди извор]
|Основен јазик||Код ISO 639-1||Јазична варијанта|
|en-GB||Британски англиски|
|Англиски||en-US||Американски англиски|
|en-CA||Канадски англиски|
|es-ES||Кастилијански шпански (Шпанија)|
|Шпански||es-MX||Мексикански шпански|
|es-AR||Аргентински шпански|
|es-CO||Колумбиски шпански|
|Португалски||pt-PT||Европски португалски (Португалија)|
|pt-BR||Бразилски португалски|
Наводи[уреди | уреди извор]
- "What is Globalization?".
Romainmôtier, Switzerland: Localization Industry Standards Association.
6 септември 2010.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Localization Industry Standard Association (LISA) - They offer an interesting glossary on localization
- Worldware Conference - Global Software Strategies
- 22 Ideas for Better Game Localization - Tips and ideas on how to improve the localization process for video games
- Foreignword - List of translation magazines
- LocalVersion - Cross-Platform Localization (Mac, Windows, iPhone) | fineweb-2 |
Индиска астрологија
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
Индиската астрологија позната како Џотиш (jyoti-светло и ishvara-управител бог) или во превод наука за светлоста божја.
Хороскопотот што се употребува е сидерален и е различен од општо прифатениот западен хороскоп.
Разликата се состои во почетната астрономска точка т.н.
aries ingres или почетната точка на хороскопот, којашто астрономски се поистоветува со сидералниот помин на сонцето на 0 степени во Овен, а којашто приближно се случува на 14 април секоја година (корекција - Лахириева прецесија).
Еден од најистакнатите преставници и пионер на индиската астрологија во Македонија е Симеон Атанасоски.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Веб-местото на Симеон Атанасоски (македонски) | fineweb-2 |
Гама-зрачење
Настануваат при интеракциите на субатомските честички како што се анихилација честичките и античестичките и радиоактивното распаѓање; повеќето зрачења потекнуваат од нуклеарните реакции што се одигруваат во меѓуѕвездената средина во вселената.
Името γ-зраци (γ-зрачење) го добиле затоа што тоа бил трет вид продорни зраци што биле откриени после α- и β-зраците.
Историја[уреди | уреди извор]
Гама зрачењето го открил францускиот истражувач Пол Вилард (Paul Ulrich Villard) во 1900 год., додека го испитувал радиумот.
Тој открил дека гама зрачењето (за разлика од алфа- и бета-зрачењето) не свртува од праволиниската патека во магнетното поле.
Карактеристики[уреди | уреди извор]
Гама фотоните на енергиите повисоки од 1.02 MeV, во близина на атомското јадро можат да доживеат реакција што се нарекува создавање парови, при што енергијата од 1.02 MeV се употребува за создавање на два електрони со спротивна наелектризираност, а остатокот на енергијата на фотоните се дели на кинетичката енергија на овие честички.
Оваа реакција има значење само за фотоните со висока енергија во материјалите со висок атомски број.
Во електромагнетниот спектар гама зраците се наоѓаат во областа на големите фреквенции и, соодветно на тоа, тие се со мала бранова должина.
Радиоактивните материјали можат да емитуваат гама зраци.
Тие навлегуваат длабоко во живите ткива и можат да предизвикаат рак.
Како и светлината, и гама зраците се составени од фотони, но кај гама зраците овие фотони имаат исклучително голема енергија.
Заштита[уреди | уреди извор]
Заштитата од гама зраците бара големи количини на маса.
Тие подобро се апсорбирани од материјали со високи атомски броеви и висока густина, иако ефектот на заштита на масата не е толку голем во однос на вкупната маса по единица површина (односно густината) на патеката на гама зраците.
Поради оваа причина, масата на оловото е само до некаде подобра (20-30%) како гама заштита од еднаква маса на друг материјал, како што се алуминиумот, бетонот или почвата; најголемата предност на оловото е неговата густина.
Колку поголема е енергијата на гама зраците, толку подебела заштита е неопходна.
Материјалите за заштита од гама зраците обично се мерат со нивната дебелина што е неопходна за на половина да се намали интензитетот на гама зраците.
На пример, за да се намали интензитетот на гама зраците за 50% неопходно е олово со дебелина од 1 см, гранитни карпи со дебелина од 4,1 см, бетон со дебелина од 6 см или пакувана почва од 9 см.
Сепак, масата на бетонот или од почвата е 20-30% поголема од онаа на оловото со истaтa апсорпциона способност.
Употреба[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Медицински информации за гама зрачењето
- Радијација
- GCSE информација
- Факти за радијацијата
- Информации за радијацијата
- Гама зраци
- Табела на радиоактивни изотопи
|"|
Наводи[уреди | уреди извор]
- L'Annunziata, Michael F. (2007).
Radioactivity: introduction and history.
Amsterdam, Netherlands: Elsevier BV. | fineweb-2 |
Кариес
|Забен кариес|
Уништување на заб од кариес.
|Класификација и надворешни извори|
|МКБ-10||K02|
|МКБ-9||521.0|
|DiseasesDB||29357|
|MedlinePlus||001055|
Кариес (лат.
Caries dentium) е хронично заболување на тврдите забни ткива кое напредува прогресивно, центрипетално и доведува до разорување на забот.
Причините за појава на кариесот се многубројни, а големата зачестеност го прави едно од најчестите заболувања кај современиот човек.
Кариесот започнува на површината на забот (кај 75% од случаите на гризната површина), притоа разградувајќи ја глеѓта (деминерализација) и прогресивно навлегува во длабочина и широчина, зафаќајќи ги останатите структури на забното ткиво.
Кариесот е инфекција која најчесто е со бактериско потекло.
Двете најчести причинители за појавата на кариес се бактериите Streptococcus mutans и Lactobacillus.
Овие бактерии произведуваат киселина во присуство на ферментабилни јаглехидрати какви што се сахароза, фруктоза и глукоза.
Минералната содржина на забот е осетлива на зголемувањето на киселоста што се постигнува со производство на млечна киселина.
Кога pH на површината на забот опаѓа под 5,5 тогаш процесот на деминерализација го надвладува процесот на реминерализација (овие два спротивни процеси постојано се одвиваат), што значи дека има вкупна загуба на минералната содржина.
Повеќето храни се кисели токму до овој степен, така што без реминерализација, ова доведува до кариес.
Во зависност од зафатнината на кариесот се користат различни третмани за враќање на правилната форма, функција и естетика на забот, но досега не е познат метод за регенерација на поголеми количини на забната структура.
Стоматолошките организации практикуваат превентивни и профилактички мерки за избегнување на појавата на кариес, како на пример, редовна орална хигиена и промени во исхраната. | fineweb-2 |
Кит-убиец
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
|Кит убиец|
|Transient killer whales near Unimak Island, eastern Aleutian Islands, Alaska|
|Научна класификација|
|Царство:||Animalia|
|Колено:||Chordata|
|Класа:||Mammalia|
|Ред:||Cetacea|
|Подред:||Odontoceti|
|Семејство:||Delphinidae|
|Род:||Orcinus|
|Вид:||O.
orca|
|Биномен назив|
|Orcinus orca
Linnaeus, 1758
|Orcinus orca range (in blue)|
|Синоними|
Orca gladiator
Кит-убиец (науч.
Orcinus orca) или орка — забест кит кој припаѓа на фамилијата окенаски делфини.
Китотовите убијци се среќаваат во сите океани, од ледените региони на Артик и Антартик до тропските мориња.
Китовите убијци се видови со разновидна исхрана , иако некои индивидуални видови често се специјализираат во одредена врста на пленови.
Некои се исхрануваат исклучиво со риба, додека другите ловат морски цицачи како што се морски лавови, фоки, моржови па дури и големи китови.
Китовите убијци се гледаат како врвни грабливци, изземајќи ги природните.
Китовите убијци се високо социјализирани, некои видови се составени од мајински фамилијарни групи кои што се најстабилни од сите животински видови.
Нивната софистицирана техника на ловење и вокално држење, кои што се често специфични за посебни групи низ генерациите, опишани како манифестирање на култура.
IUCN (НУЗП –национална унија за заштита на природа) моментално пристапува на статусот за зачувување на орките како недостаток на податоци , поради веројтноста дека една или повеќе типови на китови убијци се одделни видови.
Некои локални видови се сметаат како загрозени или во опасност поради осирумашуање на пленот, загубата на живеалишта, загадување ( со ПХБ), фаќање за паркови со морски цицачи и конфликти со роболовот.
Кон крајот на 2005 година китот убиец познат како јужен кит убиец беше ставен на листата на загрозени видови.
Дивите китови убијци не се сметаат за закана за човекот, иако имало случаи пленикот да биде убие или повреди некои од нивните скротители во морските паркови.
Китовите убијци се појавуваат често во митологиите на домородни култури.
Во западните култури, има репутација на бестрашен грабливец.
Содржина
- 1 Таксономија и еволуција
- 2 Познати имиња
- 3 Типови
- 4 Опис
- 5 Животен циклус
- 6 Опсег и живеалиште
- 7 Популација
- 8 Исхрана
- 9 Риби и друг ладнокрвен плен
- 10 Цицач плен
- 11 Птици
- 12 Однесување
- 13 Социјална структура
- 14 Вокализација
- 15 Интелигенција
- 16 Заштита
- 17 Врски со луѓето
- 18 Литература
Таксономија и еволуција[уреди | уреди извор]
Orcinus orca е единствениот признает вид од родот Orcinus, еден од многуте животински видови оригинално опшан од Linnaeus во 1758 во Systema Naturae.
Конрад Гешнер ја напиша првата научна дескрипција за китот убиец во неговата Fish book од 1558, базирана на испитување на мртово заробено животно во Заливот Грифсвалд кој што привлече големолокално внимание.
Китот убиец е еден од 35 видови во фамилијата на окенаски делфини, кои прв пат се појавиле пред 11 милиони години.
Веројатно лозата на китот убиец подоцна се одделила.
Иако има морфолошки сличности со пилот китовите и китовите пигмејци убијци, нивен најблизок род е Ирвади делфинот.
Познати имиња[уреди | уреди извор]
Научници од англиско говорно подрачје најчесто го користат изразот кит убиец исто така терминиот орка е во зголемна уоптреба.
Адвокатите потенцираат дека кит убиец и долга историја.
Всушност, родот наречен Orcinu значи припадност на кралство на мртвите, или припадност на Оркус.
Античките римјани оригинелано ја употребуваат орка ( множина оркае) за овие животни , можно е позајмување од грчкиот збор ὄρυξ кој се однесува на видовите китови ( помеѓу другите работи ).
Уште од 1960, орка најбрзо доби популарност , и двете имиња сега се користат.
Терминот орка се префериа од некои за да се избегне негативната конотација на убоец и поради тоа што видовите поблиску се поврзуваат си делфините отколку со китовите.
Понекогаш се именуваат како blackfish, име што се користи за некои видови на китовиисто така.
Grampus е поранешното име за овие видови, но сега не се употребува Ова значење на грампус не треба да се меша со подорт Грампус, чиј што член е Risso's Dolphin.
Типови[уреди | уреди извор]
Има од три до пет типа на китови убијци кои што се раликуваат доволно за да се сметаат како посебни раси, подтипови или можно е и дури како видови.
Иуцн изјави во 2008, таксономијата на овој род е јасна дека е потребно прегледување, и е веројатно дека о орка ќе биде разделен во поголем број на различни видови или најмалку во подвидови во наредните неколку години.
Во 1970 и 1980, истражувањата на западниот брег на Канада и Сад ги идентификуваа следниве три типа
Постојани Овие се најчесто распространети од сите три популации во крајбрежнитњ води на северниот Пацифик.
Исхраната на се состои првенствено од риби и понекогаѓ лигњи, и тие живееат во комплексни и кохесивни семејни групи наречени ... Женките карактеристично имаа заоблена грбна перка кој што завршува со остар агол.
Тие ги посетуваат истите области константно.
Популацијата на постојаните китотови во Британска Колумбија и Вашингтон најинтензивно се изучуваат морските циццачи.
Истражувањата покажаа и именуваа преку 300 китови убијци во изминативе 30 години.
Повремени Исхраната на овие китови се состои искклучиво од морски цицачи, тие не јадат риба.
Повремените китови Воглавно патуваат во малли групи, вообичаено од две до шест животни, и имаат помалку значајни семејни врски од постојаните китови.
Повремените китови вокализираат во помалку променливи и помалку сложени дијалекти.
Женка од групата повремени се одликува со триаголна иистакната перка од другите постојани китови.
Сивата или белата област околу перката , е познат како седло крпеница, често содржи црна боја кај постојаните китови.Како и да е, седлото крпеница на повремените китови е еднобојна и еднакво сива.
Повремените китови скитаат долж брегот – некои поединци се распространети и на јужната страна на Аљаска и Калифорнија.
Крајбрежни Трета поулација од китовите убијци во северно-источен Пацифик откриена во 1988 кога грбавиот истражувач на китови Џим Дарлинг ги набљудуваше во отворена вода.
Како што и имието им сугерира, тие патуваат далеку од брегот и се хранат првенствено со schooling fish.
Меѓутоа поради големата застрашувачка и засечена грбна перка личат на повремените китови, тие можат да јадат исто така и цицачи и ајкули.
Најчесто се среќаваат на западниот брег на Островот Ванкувер и блисзу до Островите на Кралица Шарлот.
Крајбрежните китови обично се собираат во групи од 20 -75 со повремени проширувања на групите до 200.
Моментално, малко знаеме за нивните навики, но тие генетски се разликуваат од постојаните и повремените китови.
Крајбрежните се помали од другите , а женките се одликуваат грбна перка која секогаш е заоблена.
Повремените и постојаните китови живеат во исти области , но се избегнуваат едни со другли.
Името повремени потекнува од верувањата дека овие убијци китови се истерани од поголеми групи на постојаните китови.
Подоцнежните истражувања откриваат дека повремените китови не се родени во групи на постојаните или обратно.
Еволуционалната поделба помеѓу двете групи се верува дека започнала пред две милиони години.
Генетските податоци покажуваат дека типовите не се вкрстиле повеќе од 10,000 години.
Другите популации не се добро проучени, иако китови убијци специјализирани за исхрана со риба или пак јадачи на цицачи постојат на други места.
Посебни популации на китови убијци на риби и јадачи на цицачи се забележани покрај Обединетото Кралство.
Китови убијци јадачи на риби на Аљаска и Норвешка имаат постојани китови како социјлана структура, додека китовите убијаци јадачи на цицацчи во Аргентина и Крозет островите се однесуваат многу повеќе како повремените китови.
Три типа се документирани на Антартикот.
Два џуџе видови, наречени Orcinus nanus и Orcinus glacialis, беа опишани во текот на 1980 од руските иструвачи , но многу истражувачи на цицачи се скептични за нивниот статус и тешко е да се поврзат овие директно со типовите опишани подолу.
- Тип А изгледа како типичен кит убиец, долг, црна и бела форма со средна големина на белата патека околу очите, чивеат во отворени води и се хранат исклучиво со минк китовите.
- Тип Б e помал од Тип А. Има голема бела патека околу очите.
Нјаголемиот дел од темниоте делови од неговото тело со со средно сива боја на место црна, иако има темно сива патека наречена грбен нос кој се протега од неговото чело до крајот на грбната перка.
Белите делови се обоени со жолта боја.
Најмногу се хранат со фоки.
- Тип Ц е најмалиот тип и живеат во поголеми групи од останатите.Делот околу очите е навалена напред, наместо паралелно со оската на телото.
Како и Типо Б, тие се првенствено бели и средно сиви, со темно сив грбен нос и жолто обоени делови.
Нивниот плен е само на Анартикот.
Типовите Б и Ц живета блиску до ледени површини, и двоатомноста на овие води може да биде причина за нивната жолтеникава боја.
Митохондричната ДНК секвенца ја подржува теоријата дека овие се посебни видови што неодамна се оделиле.Неодамна, комплетното митохондрично секвенцирање покажува на две јата од Антартикот кои јадат фоки и риби можат да се оделат од другите видови, како и повремните китови Во Северен Пацифик, оставајќи ги другите како подвидови во очекување за нови податоци.
Истражувањата продолжуваат во генетските врски мегу типовите на китовите убијци, и длаи типовите ѓто се идентификувани претставуваат длабоки еволуциски трендови.на пример, долго се мислеше дека китовите убијци што јадат цицачи најверојатно се тесно поврзани со другите китови убијци што јадат цицачи од другите региони, но генетското тестирање ја демантираше оваа хипотеза.
Опис[уреди | уреди извор]
Китот убиец има цнр грб, бел стомак и бели страни, и бела патека над очите.
Младунчињата на китовите се раѓаат со жолтеникава или портокалова нијанса, која што избледува во бело.
Китовите убијци имаат тешко и робустно тело ( поизразено од другите делфини) и голема грбна перка и до 2 метра (6,6 стапки) висока.
Позади перката имаат темно сива седло низ грбот.
Антартичките китови убијци може да имаат и бледо сива на кај бела боја на грбовите.
Возрасните китови убијци се многу различни и не се мешаат со другите морски животни.
Кога се гледаат од далечина, младите можат да бидат звркани со други видови на китови како што се лажниот кит убиец или Risso's делфинот.
Мажјаците обично достигнуваат од 6 до 8 метри (20 -26 стапки) должина и тежат над 6 тони.
(5.9 лт, 6,6ст).
Женките се помали, воглавно тежат од 5 до 7 метри (16-23 стапки) и тежат околу 3 до 4 тони (3,0 до 3,9лт до 4,4ст).
Најголемиот мажјак кит забелеќан беше од 9,8 метри (32стапки), со тежина преку 10 тони (9,8лт, 11ст), додека најголемата женка беше 8,5 метри (28 стапки) со тежина од 7,5 тони (7,4лт, 8,3ст).
Младенчињата при раѓање теќат околу 180 килограми(397лб) и се околу 2,4 метри(7,9стапки) долги.
Големината и должината на китот убиец го прави еден од најбрзите морски цицачи, способни да достигнат брзина од 30кноти (56км на час).
Пекторалните перки на китот убиец се долги и заоблени слични на весла.
Мажјаците имаат значително поголеми пекторални перки од женките.
Со должина од 1,8 метри(5,9стапки) машките грбни перки се два пати поголеми од големината кај женките и се со потриаголна форма во висина, издолжен рамностран триаголник а кај женките се пократок и повеќе заоблен.
Мажјаците и женките исто така имаат различни модели на црна и бела кожа во гениталната област.
Поединечни китови убијци често можат да бидат препознатливи по грбната перка и селото.
Варијациите како засеците, гребнатини и солзи на грбанта перка и моделот на белата или сивата боја на седлото се уникатни.
Публицирани директориуми содржат идентификувани фотографии и имиња на стотици животни од Северн Пацифик.
Фото препознавањето овозможува локалната популација на китовите убијци да биде избројана секоја година отолку предвидена и овозможува одличен поглед кон животниот циклус и социјалнире структури.
Белите китови убијци се појавуваат повремено помеѓу нормалните китови убијци, но се ретки.Забелеќани се ви северното Берингово Море и околу Св.
Лоренцовите Острови и блиску до Руското крајбрежје.
Во февруари 2008, бел кит убиец беше фотографиран на 2 милји (3км) од вулканот Канага.
Китовите убијци имаат добар вид и под вода и над вода, одличен слух и добро чувство за допир.
Имаат инзвонредно софистицирани хидролокаторски способности, откривање на локации и карактеристики на пленот и други објекти во нивна околина емитувајќи звук на кликање и слушаат ехо.
Животен циклус[уреди | уреди извор]
Женките китови убијци созреваат на возраст од 15 години.
Тогаш тие имаат периоди на репродуктивен циклус со не циклусни периоди помеѓу 3 и 16 месеци.
Гестацијата варира од 15 до 18 месеци.
Мајките на младенчињата, обично се со една рожба, еднаш на 5 години.
Кај постојаните групи китови, раѓањето се одвива во било кое врем од годината, иако зимата е најпоуларна.
Смртноста е екстремно висока за време на првитњ ѓест месеци од животот, кога 37-50% од сите младенчиња умираат.
Одвикнувањето започнува на околу 12 месеци старост а завршува на возраст од две години.
Според набљудувањата во неколку региони, сите членови мажјаци и женки китови убијци од групата учествуваат во грижата за младенчињата.
Китовите убијци и Пилот Китовите се едниствени видови кои женките поминуваат низ менопауза и живеаат со децении соткако ќе завршат со размножување.
Женките се размножуваат до возраст од 40 години, што значи во просек тие одгледуваат по пет поколенија.
Животниот просек на дивите женки е до 50 години, со максимум од 80 -90 години.
Мажјаците сексуално созреваат на возраст од 15 години но не се размножуваат додека навршат 21 година.
Дивите мажјаци живееат околу 29 години во просек, со максимум од 50-60 години.
Еден мажјак познат како Стариот Том, наводно бил забележан секоја зима помеѓу 1840 и 1930 покрај Нов Јужен Велс, Австралија.
Според ова тој би имал 90 години.
Испитувањата на неговите заби покажале дека тој починал на возраст од 35 години, но сега се верува декоа овој метод е неточен за постари животни.
Еден мажјак добро познат на истражувачите Во Северо-западен Пацифик наречен Руфлес (Ј1) е претпоставено дека се родил во 1951, што во 2009 го прави на возраст од 58 години.
Кај плениците китови убијци животниот век е значително пократок, вообичаено помалку од 25 години, како и да е безбројни поединци се живи и во нивните триести, а имаат достиганто и 40 години.
Во многу случаи животниот век на китовите убијци зависи од самата волја на животното.
Опсег и живеалиште[уреди | уреди извор]
За да се движат побрзо китовите убијци скокаат од водата кога пливаат- однесување познато како потскокнување.
Китовите убијци се сретнуваат во сите океани и во повеќето мориња.
Поради нивната голема распространетост, бројност и густина, дистрибутивните проценки се тешки за проценување, но тие јасно преферираат поголеми ширини и крајбрежни области преку океанските средини.
Систематските истражувања укажуваат на најголема густина на населеност на китови убијци (.0,40 поединци на км2) во северно-источен Атлантик околу Норвешкиот брег, Во северн Пацифик долж Алеутанските острови, Заливот на Аљаска и во јужниот океан најмногуу на брегот на Антартик.
Се сметаат за чести (0,20-0,40 поединци на 100км2) во источен Пацифик долж бреговите на Британска Колумбија, Вашингтон и Орегон, Во Северниот Атлантски Океан околу Исланд и Фарските острови.
Висока густина на населеност е пријавена но не квантифицирана во западниот Северен Пацифик околу Јапонското Море, Окотското Море, Курилските Острови, Камчатка и Командантските Острови и во јужната хемисфера на бреговите од Јужна Австралија, Патагонија, на брегот на јужен Бразил и на врвот на јужна Африка.
Тие се пријавени како сезонски чести во Канадскиот Артик, вклучувајќи го Заливот Бафин помеѓу Гренланд и Нунавут, околу Тасманија и Макуори Островот.
Информации за крајбрежните региони и тропските води се оскудни, но широката распространетост, ако не и честа, укажуваат на тоа дека китот убиец може да преживее во разни температури на вода.
Има забележувања на пример, во Медитеранот, Арапското Море, Заливот на Мексико и Индискиот Океан околу Сејшелите.
Најверојатно најголемата популација живее во водите на Антартик, каде што досегот оди до рабовите на ледените површини и се верува дека со пробушување на ледените отвори , се наоѓаат отворени води како и белуга китовите на Арктикот.
Во спротивно, китовите убијци се сезонски летни посетители на Арктикот, каде ѓто тие не се доближуваат до ледените површини.
Со брзиот арктичко морски лед ад во Протокот Хадсон, нивниот опсег сега е длабоко проширен и во северно-западниот Атлантик.
Миграционите движења се сиромашно разбирливи.
Секое лето, истите поединци се појавуваат надвор од Британска Колумбија И Вашингтон.
После децении на истражувања каде овие животни одат во остатокот од годината останува неоткриено.Групите на повремените китови убијци понекогаш патуваат и п 160км (100 милји) на ден, а општо може да се види за еден месец или повеќе.
Групите на постојаните китови убијци варираат од 320 до 1300километри (200 до 810 милји)
Понекогаш китовите убијци пливаат и во водите на реките.
Забележани се на 100 милји ( 161км ) во Колумбиската Река во Соединетите држави .
Исто та се сретнати и во Фрејзер Реката во Канада и во ХОрикава во Јапонија.
Популација[уреди | уреди извор]
Светската популација останува не проценета, но скорешните консензуси сугерираат на апсолутен мимимум од 50,000.
Локалните проценки вклучуваат околу 25 000 на Антартик, 8,500 во тропскиот Пацифик, 2,250-2,700 во ладниот северно-источен Пацифик и 500-1,500 околѕ Норвешка.
Јапанската Риболовна Агенција оцени дека таму имало 2,321 китови убијци во морињата окол Јапонија.
Исхрана[уреди | уреди извор]
Китовите убијци ловат разновиден плен , како и да е ралични популации/видови имаат тенденција да се специјализираат.
На пример, некои популации од Норвешкото и Гренландското море се специјализирани за харинга и ја следат миграцијата на оваа риба во есен до Норвешкиот брег.
На други популации пленот им се фоките.
Лососот претставува околу 96% исхрана за постојаните китови убијци во северно-источен Пацифик.
65% се дебелите и масни чинук риби.
Чум лососот исто така се јадат, а помалите соки и розевиот лосос не се значајна храна за нив.
Намаллувањето на храната за одредени видови грижата да биде пренесена на локалното население, и покрај големата разновидност на пленот.
Во просек кит убиец јаде 227килограми (500лб) дневно.
Откако на некои китови убијци плен им се големи китови и ајкули се сметаат за врвни граблици.
Понекогаш се нарекуваат морски волци, затоа што ловат во групи како и волците.
Риби и друг ладнокрвен плен[уреди | уреди извор]
Пленот на китовите убијци јадачи на риба е околи 30 видови на риба, особено чинук лососот, харинга и туна.
Во Нов Зеланд најчест плен на китовите убијци е ражата и тие исто така се набљудувани како ловат ајкули ( особено makos, threshers и smooth hammerheads ).
Лигњите и морските желки исто така претставуваат плен.
Постојаните (јадачи на риба) китови убијци.
Китовите убијци можат да индуцираат парализирачки тоници во ајкулите и ражите држејќи ги така безпомошни и неспособни да го повредат китот.
Некои ајкули се задушуваат во пок од 15 минутидодека китот сешуте ја држи мирна, затоа што овие ајкули за да дишат треба да мрдаат.
Во една несреќа снимена близу Фарските Острови, женка кит уби од 3-4 метри долга бела ајкула, очигледно со пливањето со неа во устата нагоре-надолу и внесувањето на тоникот во неа.
Женката и уште едне член на групата го изеле дробот на ајкулата и го оставиле трупот да потоне.
Во јули 1992 година два кита убијци нападнале и се нахраниле со 8 метри долга бела ајкула Rhincodon typus, во водите на Бахиа де Лос Ангелес во Ваја Калифорнија.
Додека лососите се ловат вообичаено од поедници или мали групи, харингата се најчесто фаќаат користејќи carousel feeding, китовите убијци ја туркаат харингата во цврста топка испуштајќи распрскувачки балончиња или трепкааат до нивните бели долни делови.
Тогаш тие ја удираат топката со врвот од опачката, или ги зашеметуваат или ги убиваат од 10-15 наеднаш.И тогаш ја јадат харингата една по една.
Оваа техника на рингишпил прехранување е забележана само кај Норвешките китови убијци и кај некои окенаски видови на делфини.
Цицач плен[уреди | уреди извор]
Калифорниските морски лавови се чест плен за китовите убијци јадачи на цицачи од западниот брег на Северна Америка.
Китовите убијци се ефективни и софистицирани грабливци.
Дваесет и два вида на видови на китови се запишани како плен на китовите убијци, со испитување на стомачните состојки, лузните по телата на пленовите, или активноста при исхрана.
Групите дури напаѓаат и поголеми китови како што се минк китовите, сивите китови а ретко и сперма китовите или сините китови.
Ловење на големи китови обично трае по неколу часа.
Китовите убијци избираат за напад млади или слаби животни.
Како и да е , група од пет или повеќе може да нападне и возрасно и здрво животно.
Кога се лови млад кит, групата го брка и него и негоавата мајка се додека не се истрошат.
За конечно да го разделат парот и го обиколуваат младенчето, сметајќки му да излезе на површина за да диши, и го удавуваат.
Група од женки сперма китови понекогаш се штитат со формирање на заштитнички круг околу нивните млади со нивните опаши свртени нанадвор, користејќи ги за да ги одвратат напаѓачите.
Други видови на пленови морски цицачи се фоки, морски лав и крзнена фока.
Моржовите и морските видри се поретко земани како плен.
Често, за избегнат повреда, китовите убијци му онеспособуваат на нивниот плен пред да го убијат и го јадат.
Ова вклучува значи фрлање во воздух, плескање со опашката, удирајќи го, или кршејќи го и слетувајќи на него.
Морските лавови се убиваат со удирање по глава или по застрашувачки удар со опашката.
На Алеутанските одтрови, падот на популацијата на морските видри во 1990 година беше контраверзно пренесена од некои научници на грабливоста на китовите убијци, иако нема директен доказ за ова.
По намалувањето на морските видри следеше намалување на пристанишните фоки и популацијата на Стелер морскиот лав, омилениот плен на китовите убијци па во наврат можеме д акажеме дека може да биде замена за нивниот оригинален плен , сега десеткуван од индустриското китоловство.
Во стрмните насипи на плажите на Пенисула Вадес, Аргентина и Кроцет Островите, китовите убијце се хранат со Јужноамерикански морски лавови и јужните фоки слонови во плити води, дури и изглегуваат приверемено на плаќа за да грабнат плен пред да се извиткаат повтрорно во морето.
Излегувањето на плажата најчесто е фатално за китовите, не е нивно инстинктивно однесување, и потребана и неколку годишна пракса за младите.
Китовите убијци пливаат покрај ледени брегови со Адели пингвините во Рос морето, Антартик.
Со Драгислскиот леден јаик во позадина.
Китовите убијци ловци на бранови шпионираат за да лоцираат Ведел фоки, рос фоки, фоките јадачи на краби и леопард фоките одмарајќи се на ледот а потоа пливаат во групи за да направат бранови кои што плискаат преку ледот.
Ова ги носи фоките во вода каде што друг кит убиец чека за да ги убие.
Китовите убијци се набљудувани како ловат и копнени цицачи, како што се елени и мусови пливајчи меѓу островите покрај северно –западниот брег на Северна Америка.
Канибализмот е исто така забележан кај китовите убијци базиран на анализи од стомачните состојки, но ова е поверојатно како резултат на исфрлените остатоците од страна на китоловците.
Еден кит убиец беше исто така нападнат од неговите другари откако беше застрелан.
Иако постојаните китови убијци никогаш не се забележани како јадат други морски цицачи понекогаш вонземируваат и убиваат мали видови на китови и делфини без очигледна причина.
Птици[уреди | уреди извор]
Китовите убијци во много области ловат видови на птици, вклучувајќи пингвини, корморани и галеби.
Заробен кит убиец во Маринленд беше откриен како излива риби на површината , привлекува галеби, и потоа ги јаде птиците.
Четири други китови убијци тогаш науција да го копираат неговото однесување.
Однесување[уреди | уреди извор]
Китовите убијци често го издигаат своето тело над водата во начин на однесување наречен шпионирање.
Од ден на ден однесувањето на китовите убијци генерално се состои од хранење, патување, одмарање и дружење.
Китовите убијци често се активни на површина ангажирани во акробатски однесувања како што се прекршување, шпионирање и шлапкање со опашот.
Овие активности можат да имаат различни цели , како што се додворување, комуникација, чистење од паразити или претстава.
Шпионирањето, начин на однесување во кои китот ја држи својата глава над вода, и му помага на животното да ја разгледа површината.
Социјална структура[уреди | уреди извор]
Китовите убијци се препознатливи по нивната коплексна социјализираност.
Само слоновите и други повисоки примати , како што се луѓето, живеат во слична комплексна социјална средина.Постојаните китови убијци од источниот дел на Северен Пацифик имаат особено сложен и комплексен групен систем.
За разлика од сите други видиви на цицачи чија социјална структура ни е позната.
Постојаните китови живеат со нивните мајки целиот живот.Овие општества се базирани на и се состојат од матријарх и нејзини потомци кои се дел од линијата, а така прават и потомците.
Просечна големина на еден матријарх е 5,5 животни.
Бидеќи женките китови можат да достигнат старост од 90 години, па некаде и четери генерации патуваат заедно.
Овие матријархални групи се високо стабилни.
Поединци се оделуваат само на неколку часа за да се парат или во потрага по храна.
Забележано е само едно одвојување од постојаните матријархални групи , од страна на женка кит убиец, Луна.
Тесно поврзаните матријархални групи ослободуваат множество од групи , вообичаено од еден до четрири члена.
За разлика од матријархалните, групите можат да се разделат на неколку недели или месеци повремено.
ДНК тестирањата покажуваат дека мажјаците постојани китови речиси секогаш се парат со женки од други групи.
Китовите убијци , како овој забележан блиску Аљаска, често се извиткува над водата, често кревајчи го целото тело од водата.
Клановите се следното ниво на социјализација кај структурите на постојаните китови , и се составени од групи со слични дијалекти и слични нa постари мајки предци.
Клановите се двожат, се преклопуваат се мешаат со други кланви.
Конечниот слој на асицијација, можеби повеќе произволн дефиниран од фамилијарното групирање, е наречен заедница и дефиниран како збир од кланови кои што редовно се мешаат.
Кланови без заедница не делат вокални способности.
Групите кај повремните китови се помали од оние групи на постојаните китови, обично се состојат од една возрасна женка и едно или две од нејзината рожба.Мажјаците обично се поврзани повеќе со нивната мајка отколу женкие.
Оваа поврзаност може да се продолжи и по созревањето.
За разлика од постојаните, продолжено или трајно одвојување кај привремн еите од родената матрица е често, со млади и возрасни каде што учествуваат и двата пола.
Некои мажјаци стануваат " скитници " и не формираат долготрајни асоцијации, повремено се придружуваат на групи во кои има репродуктивни женки.
Како и во клановите кај посотјаните китови, така и членовите на заедницата кај повремните делат акустичен репертоар, иако регионални разлику во вокализација не се забележани.
Вокализација[уреди | уреди извор]
Како и другите китови така и китовите убијци зависат од подземните звуци за ориентација, исхрана и комуникација.
Китовите убијци произведуваат три типа на звук кликање, свиркање и полсирачки повици.
Кликањата се верува дека се користат за навигација и дискриминирање на планот и други објекти во околината што ги опкружува, но исто така и жесто се слушаат за време на социјални интеракции.
Групите на постојаните китови од северно-источен Пацифик тежнеат да бидат повеќе вокални од привремените групи китови во исти води.
Постојаните китови првенствено се исхрануваат со лососи, чиј слух е премногу слаб за да би го детектирале китот убиец на било која далечина.
Постојаните китови произведуваат звуци за да се идентификуваат кога им се доближуваат на некои други морски цицачи.
Привремените китови се вообичаено тивки најверојатно за да избегнат навестување кај пленот цицачи, кои сите имаат одличен подводен слух.
Понекогаш тие користат само еден клик (наречен крипичен клик) отколку долг воз од кликови набњудуван кај други популации.
Сите членови на постојаните групи користат слични повици, колективно познати како дијалект.
Дијалектите се составени од точно определени броеви и типови на дискретни повторувачки повици.
Тие се комплексни и стабилни постојано.
Повикувачките линии и структури се слични на како на своите мајки.
Новроденчињата произведуваат повици исти како нивните мајки, но имаат ограничен репертоар.
Поедини најеверојатно го учат говорот од своите мајки или други членови на групата.
На пример , одредени фамилијарни повици се забележуваат почесто во првите неколку денови од раѓањето на младенчето., што може да му помогне на младенчето да научи од нив.
Дијалектите се најверојатно од важно значење за да се одржи идентитетот и кохехивноста на групата.
Сличноста во дијалектите најверојатно се рефлектира во степенот на поврзаност помеѓу групите, со варијации кои се градат постојано.
Истражувањата немаат одредено дали повиците имаат посебно значење или се асоцираат со специфични типови или активности.
Дијалектите кај Постојаните китови содржи 7-17 (односно=11) различни типови на повици.
Дијалетот кај повремените китови се поразлични, имаат само 4-6 дискретни повици, и ниеден од нив не делат со постојаните китови.
Сите членови од заедниците на привремените китови од Северно американскиот западен брег искажуваат на ист основен дијалект, иако малцинински регионални варијации во типовите на повици е очигледно.
Прелиминарните истражувања покажуваат дека офшор китовите убијци имаат група на одредени дијалети кои што не се слични како оние на постојаните и привремените китови.
Интелигенција[уреди | уреди извор]
- Интелигенција кај китови
Китовите убијци имаат втор најголем мозок меѓу морските цицачи, Можат да бидат тренирани во заробеништво и често се опишуваат како интелигентни иако дефинирајќи и мерејќи ја интелигенцијата тешко е кај видовите чија средина и стратегии на исхрана се многу поразлични од оние кај човекот.
Китот убиец се игра со ледена топка, веднаш откако истражувачите му фрлиле снежна топка.
Китовите убијци имитираат други, и се чини дека намерно ги учат веѓтините на нивните роднини.
Ова е зачудувачки да се види кога китот убиец имитира излегување на плажа за да фати фока.
Кај Пенесуела, Валдез, возрасните понекогаш извлекуваат фоки од крајбрежјето и ги пуштаат повторно но блиску до младтите, дозволувајќи им на помладите китови да учествуваат во тешката техника за фаќање на веќе ослабнатиот плен.Кај Кроцет островите, мајките ги пуштаат своите младенчиња на плажа, чекајќи да ги повлечат наназад ако е потребно.
Луѓе кои имале блиска средба со китовите убијци , нудат безброј анегдоти демонстрирајќи ја љубопитноста на китовите, играта и можноста за решавање проблеми.
На пример, китот убиец од Аљаска не само што научил како да краде риба од рибари , но и се надминал во техниките направени како да ги сопре, како што се употребата на трикови без мамци.
Еднаш, рибар ги поставил своите бродови неколку милји раздалечени, пренесувајќи по неколку пати мали количини од уловот, со надеж дека китовите не би имале доволно време за да се движат меѓу бродовите за да им ја украдат рибат.
Истражувач опишал што се случило следно
Функционираше добро кратко време.Тогаш китовите се поделија во две групи.
Не им требаше ниту еден час за да го сфатат тоа.
Беа толку воодушевени кога сфатија што се случува, дека ние играме игра.
Потскокнуваа околу бродовите – Грег Маткин
Во други анегдоти , истражувачите опишуваат инциденти во кои диви китови убијци во игра ги задеваат луѓето со постојано мрдање на објектите кои што луѓето се обидуваат да ги дофатат, или наеднаш високо се подаваат над парчиња лед откако човек ќе фрли снежна топка.
Употребата на дијалекти кај китовите убијци и предавањето на наученото од колено на колено се опишува како форма на култура.
Комплексноста и стабилноста во вокалната и културата на однесување од симпатрик групи на китовите убијци (Оркинус орка) се чини дека нема паралела надвор од човечката и претставуваат независен евулуционарен факултет на култура.
Заштита[уреди | уреди извор]
Типот Ц на китови убијци има два тона на сива боја, вклучувајќи и црно на грбниот нос, На телесни површини каде што многу други типови на китови имаат еднобојна црна површина.
Истражуваљето е во тек дали едне или повеќе видови на китови убијци се загрозени видови и им е потребна заштита.
Во 2008 иуцн ја промени својата оцена за зачувување на китовите убијци во зависни за заштита во несоодветни податоци , признавајќи дека еден или повеќе видови на китови убијци всушност можат да се одвојат , загрозени видови .
Трошењето на пленот, загадување, големи количества на истурање на нафта, и навики произнесени од врева и конфликти со бродови се моментално најзначајни светски опасности.
Како и другите животни на највискоко трофично ниво, китот убиец е посебно на ризик од труење од акумулацијата на токцичните материи .
вклучувајќи и полиглорат бигенил (ПЦБ) Европската пристанишна фока има проблеми при репродукција и имуна функција од присуството на високо количество на пбц и други контаминирани состојки, а испитувањата кај брегот на Вашингтон пронајдоадека пбц нивото во кит овите убијци е повисоко од нивото кај пристанишните фоки кое предизвикало проблем кај нив.
Примероци од медуза во Норвешкиот Арктик покажале виско ниво на пбц, пестициди и ...... отколку кај поларните мечки.
Кога храната е малку, китовите убијци јадат медузи за енергија, что им ја зголемува концентрацијата на загаденост.
Во севрозападниот Пацифик, диви залихи на лосос, главна прехрана на постојаните китови, опадна драстично во изминативе години.
На западниот брег на Аљаска и на аулетанските острови,популацијата на фоки и морски лавовиисто така значително се намали.
Во 2005 , владата на соединетите држави ја стави заедницата на јужните постојани китови како загрозена популација во Актот за загрозени видови .
Заедницата на Јужните постојани китови се состои од три групи кои што највеќе живеаат во Џорџија и Харо стреитс и Пуџет Саунд во Британска Колумбија и Вашингтон, ётие не се хранат надвор од својата заедница, еднаш беше избројана со околу 200 животни и подоцна опадна на 90.
Во октомврии 2008 , годишноте истражување откри дека седум недостасуваа и претпостави дека се мртви, редуцирајќи го избројаното на 83.
Ова е потенцијално најголемото опаѓање во популација во изминативе десет години.
Овие мртви можат да се придадат во опаѓањето на чинук лососот.
Вревата од бродовите, дупчење, и други човечки активности се од значителна грижа во некои клучни навики на китовите убијци, вклучувајќи ги Џонстон стрејт и Харо стрејт.
Во средината на 1990 бучна подводна врева од фармите со лососи беше користена за детерминација на фоки.
Китовите убијци исто така гиизбегнаа околните води.
Високо интензивни сонари користени од страна на морнарницата ги вознемириуваат китовите убијци заедно со другите морски цицачи.
Китовите убијци се распространети со китови набљудувачи, кои што можат да ги потресат китовите и да влијаат на нивните навики, особено ако бродови се доближуваат премногу близу или ги блокираат нивните линии на патување.
Истурањето на нафта од Еххон Валдез негатвино влијаеше на китовите од регионите Принц Вилијам и Кенаи Фјорд на Аљаска.
Единаесет челнови (околу половина) од една постојана група на китови исчезнаа во престојната година.
Истурањето го уништи лососот и секој друг плен, што значи го уништи локалниот кит убиец.
До 2009, научниците проценија дека АТ1 приврмените популации ( сметајќи на дел од поголеми популации од 346 привремени китови ), броеја само седнум поеддинци и не се размножиле од истурувањето на нафтата.
Се очекува оваа популација да изумре.
Врски со луѓето[уреди | уреди извор]
Домородни култури[уреди | уреди извор]
Домородците од Сверно-источниоот брег на Пацифик го пренесуваат китот убиец во нивните приказни, уметност, духовност и религија.
Хаида пламето го гледа китот убиец како најмоќнотото животно во океанот, и нивната митологија говори за китови убијци кои живеат во куќи и градови под морето.
Според овие митови, китовите убијци земаат човечка форма, а луѓето кои се ќе се удават одат да живеат со нив.
За Кавака вака племето, китот убиец е сметан како владетел на подводниот свет, со морски лавови како робови и делфини како војници.
Во митологијата на Кавака вака и Ну чах хултх, китовите убијци можат да ги преземат душите на нивните починати поглавари.
Тингитите од северна Аљаска го сметаат китот убиец за владетел на морето и добротвор за луѓето.
Maritime Archaic луѓе од Њуфаундленд, имаат огромна почит кон китовите убијци , како што сведочи изрезбаниот камен пронјаден во гроб стар 4000 години во Порт д Шуа, Национална Историска страна.
Во приказните и верувањата на Сибирските Јупи народи, китовите убијци се вели дека се појавуваат како волци во зимата, а волците како китови убијци на лето.
Се верува дека китовите убијци им асистираат на нивните ловци во при ловењето моржови.Длабока почит се искажува во неколку форми, бродот го претставува китот, и дрвена резба што виси од појасот на ловецот.
Мали жртвувања како на пример фрлање на тутун во водите.
Се верува дека китовите убијци им помагала на ловците во волчјо руво , притискаќи ги ирваситре само да дозволат да бидат убиени.
Убиец стереотип[уреди | уреди извор]
Видете исто Китови напаѓаат луѓе Во западните култури, китовите убијци историски е дека се застрашувачки и опасни грабливци.
Прва пишана дескрипција за китот убиец беше од Плини Елдер околу 70 од наша ера.
Кој напишал Китови (појавување што ниедна слика не може да го опише, нешто друго од огромна грамада на дивјачко тело со заби ) Се непријатели на (други китови ) наплаќаат и продупчуваат како војни бродови кога паѓаат.
Има само неколку потврдени напади на луѓе од страна на китови убијци.
И никој од нив не бил фатален.
Со еден исклучок, китото убиец пробал да се издигне на ледена површинана кое кучешки ти и фотограф од експедицијата Тера нова стоеле.
Се претпоставува дека лаењето на кучињата можеби му заличело како фока да повикува и тоа ја раздвижило љубопитноста кај китот.
Во 1970 сурфер од Калифорнија беше изгризан, и во 2005 момче од Аљаска кое често пливало во тој регион покрај пристанишните фоки било ударено оф китот убиец, очигледно китот го идентификувал како плен.За разлика од дивите китови убијци, плениците китови убијци е регострирано дека имаат само дванесетина напади на луѓе од 1970, некои од нив биле фатални .
Натпреварот со рибарите исто така довдевува до тоа китовите убијци да се сметаат како миленичиња.
Во водите на Пацифик Северозапад и Исланд, пукањето беше дозволено и прифатено од владите.
Како индикација на интензивнсота од пукањето што се случи неодамна , околу 25 % од китовите убијци фатени во Пуџет Саунд за аквариум од 1970 имаа лузни од куршуми.
Американската морнарица потврди дека намерно убила на стотици китови убијци во исландските води во 1956.
Модерни западни однесувања[уреди | уреди извор]
Западното однесување наспрема китовите убијци се промени значително во последниве децении.
Во средината на 1960 и раните 1970, китовите убијци дојде до многу поголама јавна и научна свест, почнувајќи со првото фаќање и покажување на китот познат како Моби Дол, постојан кит кој што бил погоден со харпун околу Сатурна островите во 1964.
Толку малку се знаше тогаш, и им требаа речиси два месеца на чуварите на китот да откријат која храна (риба) ја сакаат да ја јадат.
На изненадување на оние кои го видоа, Моби Дол беше послушна,не агресивна и не напрваи ниту еден обид за да ги нападне луѓето.
Во 2002 сирачето Спрингер беше успешно вратено на неговото семејство, Помеѓу 1964 и 1976, 50 китови убијци од Пцифик Северозападен беа фатени за да бидат прикажани во аквариуми, и јавната заинтересираност за оваа животно порасна, Милиони луѓе се заинтересираа за китотвите убијци откако ги видоа.
Во 1970 пионерските истражувања од Мајкал Биг доведоа до откривање на видовите, комплксната социјална структура, употребата на вокална комуникација и нивната одлична и стабилна врска помеѓу мајата и новороденчето.
Со фото-индикации, поединци беа именувани и следени со децении.
Техниката на Биг исто така откри популацијата од Северноисточен Пацифик беше мала- неколку стотина отколу илјадници како што претгходно се претпоставуваше.
Заедниците на Јужните постојани китови имаат изгубено 48 од нивните членови во заробеништво, до 1976 само 80 останаа, Во севернозападен Пацифик, видовите кои непропислено беа обелеќувани , станаа културана и за неколку декади.
Пораснувачката заинтересираност на авноста за китвои доведе до растење на опозицијата за чување на китови во аквариум.Само Еден кит беше земен од Северно американските води уште 1976. неодамна прочирувањето на заинтересираноста на публиката за китови убијци се манифестираше преко неколку високо профилно напори кај околните поединци.
Следејќи го успехот на филмот Ослободете го Вили од 1993, филмската ѕвезда Кеико беше вратена на бреговите од неговиот роден Исланд.
Во 2002, сирачето Спрингер, беше откриено во Пиџет Саунд, Вашингтон.
Таа стана првиот кит успешно вратен во дивата група со човечка интервенција, докажувајќи гидецениските истражувања за вокалното однесување и социјалната структура во регионот на китовите убијци.
Спасувањето на Спрингер подигна надеж за уште еден кит Луна кој беше разделен од својата група дека ќе може да се врати.
Неговиот случај беше обележан малку како контроверзен за тоа како да се интервенира, како и да е во 2006 Луна беше убиена од едне проплер од брод.
А популарно видео на интернет покажува како ките убиец изгледа како да скока врз група кајакари, Овој настан е лажен и е искористен како реклама за спортски напиток.
Ловење[уреди | уреди извор]
Прв запис за комерцијално ловење на китови убијци не води до 1700година во Јапонија.
За време на 19 век и почетоците на 20век, глобалната индустрија за ловење собра небројано многу китова коска и сперма китови, но во голема мера се игнорира китот убиец поради неговата лимитирана количина од обновувачко масло, нивните слични популации и потешкотијата да се дојде до нив.
Еднаш побарувачката на овие големи видови беа намалена, китовитие убијци беа на нишан од комерцијалните китоловци о средианта на 20 век.Пмеѓу 1954 и 1997, Јапонија зеде 1,178 китови убијци а Норвешка 987.
Преку 3000 китови убијци беа зедени од руските китоловци, вклучувајќи го уловот од Антартик од 906 само во 1979 и 1980 година, потикнувајќи ја националанта комисија за китоловство да издаде забрана за комерцијално ловење на овие видови во очекување на понатамошниистражувања.Денеска, ниту една земја не врши лов, иако Индонезија и Гренланд дозволуваат мали ловови.
Китовите убијци им имаат погнато на луѓето при ловење на други китови.
Еден добро познат пример беше во Идн, Австралија вкулучувајќи го мажјакот Стариот Том.
Китоловците често ги сметаат китовите убијци како вознемирувачи, како и да е , тие би ја собрале брзата хрна од уловот на рибарите .
Некои популации, како што се кај Принцот Вилијам на Аљаска можат да се намалт затоа што рибарите ги застрелуваат за возврат.
Заробеништво[уреди | уреди извор]
Интелигенцијата на китот убиец, можноста за тренирање, разиграност во заробеништво а вистинската големина го направиле популарен во аквариумите и акустичните паркови.
Од [PHONE] 55 китови беза земени од дивината на исланд , 19 од јапонија и три од Аргентина.
Овие бројки ги исклучуваат они кои починаа за време на фаќањето.
Живото фаќање опадна драстично во 1990 и до 1999 околу 40% од 48 животни беа родени за изложби.
Организаии како што се Светската организација за заштита на животни и и Општество за заштита на китови и делфини подигнаа кампања против пракасата на чување на китови во заробеништво.
Во заробеништво тие често развиваат паталогии како што на пример грбната перка им се намали одо 60-90% кај мажјаците .
Ито така заробениците го имаат намалено животниот век , во просек, до 70-80 години но во ретки случаи.
Дивите мажјаци кои ке го преживеат детството доживуваат до 30 години во просек.
Или до 50- 60 години.
Заробеништвата всушност делат сличности со дивите живеалишта, и заробеничките социлализирани групи накитови всушност туке се странци.
Кртитиките тврдат дека заробеничкиот живот е стрсен и се должи на овие фактори и потребата за изведување циркуски точки не се дел од дивиот начин на живеење на китот убиец.
Дивите китови убијци дневнопоминуваат по 160 км , и кртичарите велат дека китовите убијци се се премногу големи и интелигенти за да би биле во заробеништво.
Заробените понекогаш дејствуваат агресивно помеѓу својот вид, другите жители на аквариумот или пак луѓето, за кои критичарите велат дека се резултат на стрес.
Тиликум, заробем кит убиец беше роден во дивината, беше вклучен во три фатални случаи од кои еднаш го грабна неговиот тренер, ја повлече под вода, речиси ја удави.
Експертите се поделени за тоа дали несреќите биле Експертите се поделени за тоа дали повредите и смртните случаи предизвикани од заробениот кит убиец биле несреќи или намерно се обидува да предизвика штета.
Литература[уреди | уреди извор]
- Mead, James G.; Brownell, Robert L., Jr. (16 November 2005).
"Order Cetacea (pp.
Wilson, Don E., and Reeder, DeeAnn M., eds.
Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference (3rd издание).
Baltimore: Johns Hopkins University Press, 2 vols.
OCLC 62265494. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=[PHONE].
- Taylor, B.L., Baird, R., Barlow, J., Dawson, S.M., Ford, J., Mead, J.G., Notarbartolo di Sciara, G., Wade, P. & Pitman, R.L.
Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година.
Вчитано на 2009-01-01. | fineweb-2 |
Ева Перон
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски.
Ева Перон или Марија Ева Дуарте де Перон (7 мај 1919 година – 26 јули 1952 година), била втора сопруга на претседателот Хуан Перон ( [PHONE] ) и служела како прва дама на Аргентина од 1946 година се до нејзината смрт во 1952 година.
Таа често се нарекува едноставно Ева Перон или Евита според нежниот деминутивен шпански јазик.
Таа била родена како вонбрачно дете во селото Лос Тодлос во Аргентина во 1919 година, четврто дете од вкупно пет деца.
Во 1934 година на петнаест години таа заминала во главниот град, Буенос Аирес, во потрага по нејзината кариера како сценска и филмска актерка.
Ева го запознала Колонел Хуан Перон на 22 јануари 1944 година во Буенос Аирес, за време на еден добротворен настан во Луна Парк Стадиум за жртвите од земјотресот во Сан Хуан, Аргентина.
Двајцата стапиле во брак следната година.
Во 1946 година, Хуан Перон бил избран за претседател на Аргентина.
Во текот на наредните 6 години, Ева Перон станала моќна жена првенствено поради настапувњето во одбрана на правата на работниците.
Исто така, таа раководела со министерството за труд и здравство, ја основала и ја водела добротворната организација "Ева Перон", се борела за правото на глас на жените во Аргентина и ја основала и ја водела првата голема политичка партија на жените, пероностичка партија на жените.
Во 1951 година, Ева Перон се откажала од перонистичката номинација за потпретседател на Аргентина.
Со тоа, таа добила голема поддршка од базата на перонистичката партија и од аргентинците од работничката класа кои биле нарекувани парталковци или "descamisados".
Сепак, противењето на воените сили и буржоазијата на народот, како и нејзината влошена здравствена состојба ја натерале да се повлече од кандидатурата.
Во 1952 година, кратко пред да умре од рак на 33 години, националниот конгрес на Аргентина ѝ доделил титула за "Духовен водач на народот".
Ева Перон имала службен, државен погреб и покрај тоа што не била избрана за претседател на Аргентина.
Ева Перон стана популарна во меѓународната култура поради познатиот мјузикл Евита.
Кристина Алварез Родригез, правнука на Ева Перон, тврди дека Ева никогаш не ја напушти колективната свесност на Аргентина.
Кристина Фернандез де Кирхнер, првата жена избрана за претседател на Аргентина, тврди дека жените oд нејзината генерација и должат на Ева за "нејзиниот пример за страст и борбеност".
Содржина
- 1 Младост
- 2 Врската со Хуан Перон во почетокот
- 3 Издигнување на моќта
- 4 Европска турнеја
- 5 Добротворни и феминисички задолженија
- 6 Претседателски избори
- 7 Смрт
- 8 Наследство и критика
Младост[уреди | уреди извор]
Детство[уреди | уреди извор]
Во автобиографијата на Ева, La Razon de mi Vida, нема податоци или белешки за настаните од детството и не е наведено местото на раѓање или кое било нејзиното име кога се родила.
Според граѓанаската архива на Јунин, во изворот од матичната книга на родените стои дека Марија Ева Дуарте била родена на 7 мај 1922 година.
Постојат аргументи дека таа не била родена во Аргентина, туку во мал град во Парагвај во близина на границата од двете држави.
Поради ривалството помеѓу Аргентина и Парагвај тој факт бил оспоруван.
Сепак, во нејзиниот крштален лист стои дека таа се родила на 7 мај 1919 година под името Ева Марија Ибаргурен.
Во 1945 година, се мисли дека Ева го фалсификувала нејзиниот извод од матичната книга на родените за нејзиниот брак.
Ева Перон детството го поминала во Јунин, провинција на Буенос Аирес.
Нејзините родители Хуан Дуарте и Хуана Ибаргурен ( понегогаш споменувана како Дона Хуана) потекнувале од имигрантите Баски.
Хуан Дуарте бил богат ранчер од близината на Чивилкој, каде што тој имал спруга и фамилија.
Во тоа време во Агентина, како провинциска земја, било невообичаено да видеш бодат маж со повеќе фамилии.
Во 1920 година, кога Ева имала една година, Дуарте се вратил кај неговата законска фамилија, оставајќи ја Хуана Ибаргурен и неговата фамилија од пет деца во тешка состојба на сиромаштија.
Бидејќи се осиромашиле, Ибаргурен и нејзините пет деца се преселиле во најсиромашната област на Јунин.
За да овозможи услови за себе и за нејзините деца, Ибаргурен шиела облека за соседите.
Поради напуштањето на таткото семејството било јавно осудено, посебно кога законот во Аргентина не ги одобрувал незаконските деца.
Наводно, во 1945 година Ева го уништила нејзиниот извод од матичната книга на родените за да го избрише тој дел од нејзиното минато.
Јунин[уреди | уреди извор]
Хуан Дуарте ѝ бил единствената поддршка на Хуана Ибаргурен пред да ја напушти.
Биографот Џон Барнес пишува дека по неговото напуштање сè што им оставил на семејството било еден документ во кој се изјаснувало дека децата се негови, така што можеле да го користат презимето Дуарте.
Хуана со нејзините деца се преселиле во еднособен апартаман во Јунин.
За да ја платат киријата за еднособниот дом, мајката и ќерките работеле како готвачки во куќите на локалните estancia.
Конечно по заслуга на финансиската помош на постариот брат, семејството се преселило во поголема куќа која тие подоцна ќа ја преобразат во пансион.
Во тој период, Ева со ентузијзам учествувала во сите нејзини школски претстави и концерти.
Една од нејзините омилени забави било киното.
Иако мајка ѝ на Ева очигледно имала неколку планови за Ева, да се омажи за еден од локалните ергени, Ева сонувала да стане позната актерка.
Љубовта за глумење на Ева била поткрепена кога, во октомври 1933 година, таа играла мала улога во една школска претстава наречена "Станете студенти" (Arriba Estudiantes), која Барнес ја опишал како "емоционална, патриотска мелодрама".
По претставата таа одлучила да стане голема актерка.
Преселување во Буенос Аирес[уреди | уреди извор]
Во 1935 година, на петнаесет годишна возраст Ева се преселила во Буенос Аирес за да си го оствари својот сон да стане славна.
Во нејзината автобиографија, таа објаснува дека сите луѓе од нејзиниот град коишто имале појдено во големите градови ги опишувале како "прекарсни места каде ништо не беше дадено освен богатство".
За Ева, Буенос Аирес претставувал бегство од мизеријата што ја опкружувала во нејзината провинција.
Често се соопштува дека Ева Перон патувала во Буенос Аирес со воз заедно со пеачот Агустин Магалди, кој бил вешт танго играч.
Сепак, биографите Мариса Наваро и Николас Фрејзер тврдат дека тоа е неверојатно, бидејќи нема запис од оженетиот Магалди дека настапувал во Јунин во 1934 година.
Сестрите на Ева тврдат дека Ева патувала во Буенос Аирес со мајка и. Сестрите исто така тврдат дека Дона Хуана ја придружувала ќерка ѝ на аудиција за во радио – станица и средила Ева да живее со семејството Бустамонтес, кои биле пријатели со семејството Дуарте.
Во 1930-тите Буенос Аирес бил најголем космополитски град и елегантна метропола во континетот и наскоро станал познат како "Париз на Јужна Америка".
Како и во секој голем главен град во Европа центарот на градот бил исполнет со кафичи, ресторани, театри, кино, продавници и раздвижена толпа народ.
Ева била една од многуте луѓе од провинција, кои привлечени од развојот на идустријализацијата, дошле во Буенос Аирес.
Кога таа пристигнала со куфер малку поголем од картон со неколку нејзини работи, сигурно се чувствувала осамена и несигурна.
Во спротивност на гламурот на главниот град, 1930-тите биле години на голема невработеност, сиромаштија, глад во главниот град и оние кои пристигнувале од внатрешноста биле принудени да живеат во ефтини станови за изнајмување, мизерни интернати и во далечни, сиромашни квартови познати како Villas miserias.
Веднаш по пристигнувањето во Буенос Аирес, Ева се соочила со тешкотии за преживување бидејќи била необразована и без врски.
Градот бил пренаселен особено во овој период поради миграциите што ги предизвикала големата депресија.
На 28 март 1935 година, таа имала професионален настап во претставата "The Perezes Misses" во театарот Comedias.
Во 1936 година, Ева ја обиколила целата држава заедно со театарот, каде што работела како модел и исто така ѝ биле доделени неколку улоги главно во ниско-буџетски филмови.
Во 1942 година, Ева осетила економска стабилност кога компанијата Candilejas ја вработила во една од нивните радио- драми за денска улога, што се емитувале на најзначајната радио- станица во државата во тоа време, Radio El Mundo ( Светско радио).
Подоцна истата година, таа потпишала пет-годишен договор со радиото Белграно, кој ѝ ја обезбедил улогата во популарната историска радио-драма наречена "Големите жени во историјата", во кој таа ја глумела Елизабета I од Англија, Сара Бернард и последната царица на Русија.
Конечно, Ева станала косопственик на компанијата.
До 1934 година, Ева Дуарте заработувала пет или шест илјади пезоси месечно, што ја правеле најплатената радио-актерка кај народот.
Пабио Ракиопи, кој заедно со Ева ја воделе радио- станицата Светско радио, не ја сакал Ева но забележал дека таа била "потполна сериозна".
Ева исто така имала кратка филмска кариера, но ниеден од нејзините филмови не биле многу успешни.
Во еден од нејзините последни филмови, La Cabalgata del Circo ( Циркусот кавалкаде), Ева играла улога на млада селска девојка сопереничка на постара жена, филмската ѕвезда, Либертат Ламарк.
Како резултат на нејзиниот успех во радио- драмите и филмовите, Ева постигнала финансиска стабилност и удобност.
Во 1942 година, таа се преселила во нејзин сопствен апартамн во ексклузивното соседство Реколета на улица Кале Посадес број 1567.
Следната година таа ја започнала нејзината кариера во политиката како еден од основачите на синдикатот на радиото во Аргентина.
Врската со Хуан Перон во почетокот[уреди | уреди извор]
Неговите односи со жените остануваат енигма.
Тој бил многу среќен со неговата прва сопруга, вистинско домаќинство.
Дали е тој истиот сопруг чија втора сопруга, актерка, предизвика огромни промени во политичкиот и општествениот живит?
Дали е тој еден од овие сопрузи кој неговата трета сопруга, танчерка, го направила потпретседател на Аргентина и како негов наследник таа била прва жена претседател на Западната Хемисфера.
Едниот Перон ги вреднувал жените повеќе за неговата компанија отколку за нивните тела, а другиот на возраст од педесет и осум години имал љубовница од четиринаесет години, можеби во потсвесна потрага по дете кое никогаш го немал.
Еден дел во него бил традиционален, а другиот дел се спротивставувал на обичаите на општеството каде што доминираат мажите.
На 15 јануари 1944 година, земјотресот во Сан Хуан, Аргентна, убил повеќе од шест илјади луѓе.
Како одговор на тоа, Перон, кој тогаш бил заменик- министер за труд, основал фонд за собирање пари за да им помогне на жртвите.
Тој смислил план да се одржи "уметнички фестивал" и поканил да учествуваат радио и филмски актери.
По една недела од започнувањето на подготовките, сите учесници се сретнале на гала вечер.
Таа гала се одржала на 22 јануари 1944 година, кога Ева за прв пат го сретнала Хуан Перон.
Ева го спомнува тој ден како нејзин "чудесен ден".
Фрејзер и Наваро пишуваат дека Хуан Перон и Ева заедно ја напуштиле галата околу 2 часот наутро.
Наскоро по запознавањето во Сан Хуан, Ева Дуарте и Хуан Перон почнале да живеат заедно.
Овој потег предизвикал скандал во поблискиот круг на Хуан Перон.
Во овој период во Аргентина, естрадните уметници и политичарите се сметале за две различни класи луѓе.
Во врска со тоа, било несоодветно невенчан пар да делат стан.
Сепак, Перон ја запознал Ева со неговиот круг на политичари и советници и членови на владата.
Фрејзер и Наваро тврдат дека одлуката на Перон да ја вклучи Ева во политичкиот живот е тешко да се разбере затоа што тоа можело да му наштети во кариерата и да го доведе до скандал.
Фрејзер и Наваро тврдат дека Ева пред да го запознае Перон немала никакво знаење ниту интереси за политиката.
Затоа, таа никогаш не се расправала со Перон ниту со некој од неговиот тесен круг, само внимателно слушала.
Хуан Перон подоцна во неговата автобиографија потврдил дека тој намерно ја избрал Ева како негов ученик и поставил за цел да создаде во неа "второ јас".
Сепак, Фрејзер и Наваро претпоставуваат дека тој и дозволувал на Ева толку интимно изложување и запознавање на неговиот тесен круг поради неговата возраст.
Тој имал 48 години а таа 24 години кога се запознале.
Тој навлегол во политиката доцна во неговиот живот и затоа бил ослободен однапред да замислува каква треба да биде политичката кариера и бил подготвен да прифати секаква помош што би му понудила таа.
Во мај 1944 година, било објавено дека изведувачите на емисии мораат да се обединат во здружение и само тоа здружение ќе има дозвола за работа во Аргентина.
Ева била избрана за претседателка на здружението по кратко време откако било создадено.
Фрејзер и Наваро шпекулираат дека Перон го донесол овој предлог, изведувачите да се обединат во заедница, за другите изведувачи да мислат дека е добра политиката да се избере неговата љубовница.
Кратко по нејзиното избирање за претседател на здружението, Ева Дуарте започнала да води дневна програма наречена " Кон подобра иднина", која е адаптирана во форма сапунска опера за достигнувањата на Хуан Перон.
Често, говорите на Перон биле емитувани во текот на програмата, кога таа говорела, Ева Дуарте говорела на обичен јазик како жена која сака слушателите да веруваат во она во што таа самата верува за Хуан Перон.
Издигнување на моќта[уреди | уреди извор]
Апсењето на Хуан Перон[уреди | уреди извор]
До почетокот на 1945 година, група на службеници на војската наречени " Grupo de Oficiales Unidos" ( група на обидинетите офицери, прекар "Полковниците" , стекнале значително внимание во владата на Аргентина.
Претседателот Педро Пабло Рамирез станал претпазлив од развојната моќ на Хуан Перон во владата, но не бил способен да ја контролира.
На 24 февруари 1944 година, Рамирез ја потпишал својата оставка, која Фрејзер и Наваро тврдат дека ја изготвил самиот Хуан Перон.
Еделмиро Хулијан Фарел, пријател на Хуан Перон станал претседател.
Хуан Перон се вратил на својата работа како министер за труд.
Фрејзер и Наваро тврдат дека во тој момент Перон бил најмоќниот човек во аргентинската влада.
На 9 октомври 1945 година, Хуан Перон го уапсиле неговите противници во владата кои биле исплашени дека поради силната поддршка од работниците и сиромашниот народ популарноста на Перон би можела да го замрачи актуелниот претседател.
Шест денови подоцна околу 250 и 350 илјади луѓе се собрале пред Casa Rosada (розовата куќа), владата на Аргентина, за да се ослободи Хуан Перон и нивната желба била исполнета.
Во 23 часот, Ева Перон се појавила на балконот на Casa Rosada и се обратила кон насобраната толпа.
Биографот Роберт Д. тврди дека ова претставува моќен момент затоа што било возбудливо и потсетувало на битни аспекти од историјата на Аргентина.
Кросвелер пишува дека Хуан Перон ја воведил улогата на Caudillo ( водач ) запознавајќи ги неговите луѓе со традицијата на аргентинските водачи Росас и Иригоен.
Кросвелер исто така тврди таа вечер содржела "загадочни призвуци" од "полу-религиозна" природа.
На Ева Перон ѝ се припишувало дека била заслужна на организирањето на собири од илјадници луѓе кој го ослободиле Перон од затвор на 17 октомври 1945 година.
Оваа верзија на настани била популаризирана во мјузиклот на Лојд Вебер.
Сепак најголем дел од историчарите се согласуваат дека оваа верзија на настани не е точна.
Кога Перон бил во затвор, Ева сè уште била само актерка.
Таа немала влијание на синдикатите кои го поддржувале Перон и не била добро прифатена во неговиот тесен круг ниту пак ја сакале луѓето од филмскиот и радио бизнис.
Кога Хуан Перон бил затворен, Ева Перон била лишена од граѓанските права.
Во суштина, масивните собири кој го ослободиле Перон од затвор ги организирале различни здружувања, како што е Генералната конфедерација на труд.
До денес, 17 октомври е празник на јустициалистичката партија во Аргентина (славен како Dia de la Lealtat или "ден на верност").
Ева и Хуан тајно стапиле во брак во Јунин на 18 октомври 1945 година, а се венчале на 9 декември 1945 година.
Победа на претседателските избори во 1946 година[уреди | уреди извор]
По неговото ослободување од затвор, Хуан Перон одлучил да води кампања за претседател на државата.
Ева напорно ја водела кампањата за нејзиниот сопруг за време на нејзината неделна радио- програма со тешка популистичка реторика убедувајќи ги сиромашните да се приклучат кон движењата на Перон.
И покрај тоа што станала богата од успехот во радиото и манекенството, таа го истакнувала нејзиното понизно воспитување како начин на искажување солидарност со осиромашените класи.
Заедно со нејзиниот сопруг, Ева ја посетила целата држава станувајќи прва жена во историјата на Аргентина што се појавува во јавност за време на кампањата на нејзиниот сопруг.
( Меѓу другото, таа била прва жена во Аргентина што во јавност носела панталони).
Појавувањето на Ева покрај нејзиниот сопруг често ги навредувала влијателните кругови, војската и оние од политичкиот живот.
Сепак, таа била многу популарна кај народот, кој ја познавал од нејзиното појавување во радио- програми и филмови.
Тоа било во периодот од нејзиниот живот кога таа ги охрабрувала аргентинците за прв пат да не ѝ се обраќаат со "Ева Перон" туку едноставно како "Евита", што претставува шпански деминутив или нежен прекар што значи "малата Ева или Евичка".
Европска турнеја[уреди | уреди извор]
Во 1947 година, Ева ја започнала турнејата позната како "виножито турнеја" во Европа, состанувајќи се со бројни државници и шефови на држави, како што се Франциско Франко и папата Пие XII.
Биографите Фрејзер и Наваро пишуваат дека турнејата започнала со поканата на шпанскиот водач до Хуан Перон.
Од политички причини било одлучено Ева да оди во посета, наместо Хуан Перон.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека Аргентина неодамна излегла од "воениот карантин" со што го зазела своето место во Обединетите нации и ги подобрила односите со САД.
Затоа за посетата на Франко, со Салазар последниот преостанат апсолутистички водач на власт на Западна Европа, дипломатски би се гледало со неодобрување.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева одлучила ако Хуан Перон не ја прифати поканата за државна посета на Шпанија, тогаш таа ќе ја прифати.
Советниците, тогаш одлучиле дека Ева треба да посети повеќе држави во Европа, за да изгледа дека Ева нема симпатии само кон фашистичка Шпанија туку кон цела Европа.
Турнејата не била најавена само како политичка туку и како турнеја на "добра волја".
Ева била топло пречекана во Шпанија, каде ги посетила Капила Реал, гробницата на шпанските монарси Фердинанд и Изабела.
Франковата Шпанија не била опоравена од Шпанската граѓанска војна ( автаркиската економија и ембаргото на Обединетите нации значело дека државата не можела да ги прехрани своите луѓе ).
За време на нејзината посета во Шпанија, Ева им делела по 100 пезоси на сиромашните деца што ги среќавала на патувањето.
Исто така, таа од Франко ја примила најголемата награда што ја дава владата на Шпанија, орден од Изабела Католичка.
Потоа Ева го посетила Рим, каде што приемот не бил топол како што бил во Шпанија.
И покрај тоа што папата Пие XII не ѝ дал папска декорација нејзе ѝ било дозволено времето што обично им го давале на кралиците и исто така ѝ дале и венец.
Следна држава била Франција, каде што била топло примена.
Таа ја посетила палатата Версај меѓу другите места.
Исто така се запознала со Шарл де Гол.
Таа ѝ ветила на Франција две пратки пченица.
Додека била во Франција Ева добила порака од Џорџ VI дека нема да ја прими во Британија, без оглед на тоа што би можело да го советува министерството за надворешни работи и нејзината посета нема да се смета како државна посета.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева кога дознала дека кралското семејство не сака да се сретне со неа, таа објаснила дека била презриво одбиена и затоа ги откажала сите планови за посета на Велика Британија.
Сепак, званичната причина што ја натерала Ева да не ја продолжи турнејата во Британија била нејзината исцрпеност.
За време на турнејата низ Европа, Ева ја посетила Швајцарија.
Оваа посета била најлошиот дел од патувањето.
Според книгата "Евита": Биографија од Џон Барнес, додека се возеле по улица заедно со насобраните луѓе околу нејзината кола, некој фрлил два камења и ја скршил шофершајбната.
Таа била шокирана и ги кренала рацете но не била повредена.
Подоцна, додека седела со министерот за надворешни работи, демонстрантите фрлале по неа со домати.
Доматите го погодиле министерот за надворешни работи и се распрскале на фустанот на Ева.
По овие два настани, на Ева ѝ било доволно, и се вратила дома во Аргентина.
Имало шпекулирања кај членовите кај опозициската партија на Перон дека вистинската цел на оваа турнеја била да се вложат средства на сметката во Швајцарска банка.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека опозицијата во Буенос Аирес претпоставувала дека вистинската причина за целата турнеја низ Европа била Ева и нејзиниот брат да вложат пари на сметката во Швајцарската банка, а остатокот бил наменет за да се покрие ова.
Многу богати Аргентинци го правеле ова, но има многу посоодветни и не толку сомнителни начини на вложување пари на швајцарски сметки отколку состанување со министерот за надворешни работи и разгледување на фабриката за часовници.
Фрејзер и Наваро се согласуваат, "имало ли таму сметка во Швајцарската банка?"
Тоа изгледа неверојатно, но секако, нема начин да се дознае за сигурно тајната природа за сметка во Швајцарска банка.
За време на турнејата низ Европа, Ева Перон се појавила на насловна станица на списанието Тајм.
Насловот гласел: "Ева Перон: Помеѓу два света, аргентинско виножито"- тоа е белешка за името на европската турнеја на Ева.
Ова било прв и единствен пат во историјата на списанието дека првата дама на Јужна Америка се појавила сама на насловна страница ( во 1951 година, Ева се појавила повторно заедно со Хуан Перон).
Сепак во 1947 година за прв пат било објавено на насловна страница дека Ева била родена како вонбрачно дете.
Списанието неколку месеци било забрането да се продава во Аргентина како одмазда.
По враќањето од Европа во Аргентина, Евита никогаш нема да се појави повторно со сложена фризура како од нејзините денови на филмска ѕвезда.
Блескавата златна боја станала поублажена и дури го сменила и стилот, косата ѝ била едноставна, собрана во пунџа.
Нејзиниот екстравагантен стил на облекување станал попрефинет откако се вратила од турнејата.
Повеќе не носела пренагласени шапки и тесни фустани од аргентинските дизајнери.
Наскоро, таа го прифатила поедноставниот и посовремен стил од француската висока мода и станала приврзаник на Кристиан Диор и накитот на Картие.
Обидувајќи се да се претстави како сериозна личност од политиката, Ева започнала да се појавува во јавност облечена во деловни фустани, кои биле креации на Диор и други куќи од високата мода на Париз.
Добротворни и феминистички работи
Добротворни и феминисички задолженија[уреди | уреди извор]
Фондацијата на Ева Перон[уреди | уреди извор]
Sociedat de Beneficiencia ( Општество на добротворност), група за добротворни цели составена од 87 општествени дами, била одговорна за поголемиот дел од добротворната работа во Буенос Аирес пред да биде избран Хуан Перон.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека Социеадат била најперспективната иституција, што се грижела за сирачињата и бездомниците, но тој период завршил со првиот мандат на Хуан Перон.
Во 1800тите, групата Социедат ја поддржувале приватни донатори, најголем дел сопрузите на општествените дами.
Но од 1940тите, групата Социедат била поддржувана од владата.
Традиција на групата Социедат била за претседател на групата да се избере првата дама на Аргентина.
Но дамите на Социедат не го одобрувале сиромашното минато на Ева Перон, недоволното образование и поранешната кариера како актерка.
Фрејзер и Наваро пишуваат дамите од Социедат биле исплашени дека Ева ќе им биде лош пример на сирачињата и затоа не дозволувале таа да биде претседател на организацијата.
Често се зборувало дека Ева во одмазда го прекинала финансирањето од владата на Социедат.
Фрејзер и Наваро претпоставуваат дека оваа верзија на настани е спорна, но финансиите од владата што претходно ја финансирале Социедат се префрлиле на сопствената фондација на Ева Перон.
Фондацијата "Марија Ева Дуарте да Перон" била создадена на 8 јули 1948 година.
Подоцна била преименувана како "Фондацијата Ева Перон".
Нејзиното финансирање го обезбедила самата Ева од 10 000 пезоси.
Во првата биографија на Ева Перон на англиски јазик "Жената со камшик", авторот Мари Меин пишува дека не биле зачувани документи за сметките на фондацијата затоа што тие биле средства на владата на приватна сметка во Швајцарската банка, што ја контролирал Перон.
Фрејзер и Наваро, сепак, во спротивност на овие тврдења, пишуваат дека Рамон Цереијо, министер за финансии, чувал документи и дека фондацијата започнала "како одговор на тоа дека Ева секој ден се среќавала со сиромаштија" и "страшна заостанатост на социјалните услуги или добротворните цели", како што уште се нарекувале во Аргентина.
Кросвелер пишува дека фондацијата била поддржана од парични донации и стоки од синдикатите на Перон, приватни бизнисмени, и дека генералната конфедерација на трудот донирала 3 дневници ( подоцна намалени на 2) за секој работник годишно.
Данок на лотарија и билетите за во кино исто така помогнале за поддршка на фондацијата, како што помогнале и данокот на казиното и приходот од коњските трки.
Кросвелер исто така забележал дека имало примери на бизнисмени кои биле притиснати да донираат во фондацијата, со негативни последици ако барањата не биле исполнети.
За неколку години, фондацијата поседувала имот во кеш и стоки над 3 милијарди пезоси или повеќе од 200 милиони долари според девизниот курс од 1940 тите.
Биле вработени повеќе од 14 000 работници, од кои 6 000 биле градежни работници и 26 свештеници.
Фондацијата купувала и разнесувала годишно 400.000 пара чевли, 500.000 машини за шиење и 200.000 тенџериња.
Фондацијата исто така доделувала стипендии, градела домови, болници и други институции за добротворни работи.
Фондацијата била под контрола на Ева од секој аспект.
Фондацијата исто така изградила цели заедници, како што е градот Евита, кој постои и денес.
Фрејзер и Наваро тврдат дека поради работењето и здравствените услуги на фондацијата, за прв пат во историјата немало нерамноправност во здравствената заштита во Аргентина.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека работата на Евита со фондацијата имала голема улога во нејзиното идеализирање, доведувајќи до тоа таа да биде светица.
И покрај тоа што не било неопходно, Евита одделувала повеќе часови на ден за да се сретнува со сиромашните кои барале помош од нејзината фондација.
За време на овие средби, Евита ги бакнувала сиромашнте и им дозволувала и тие да ја бакнат неа.
Евита била забележана како ги става рацете на загноени рани на болни, допирала лепрозни и бакнувала сифилистични.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека и покрај тоа што Аргентина е секуларна по многу нешта, таа во суштина е католичка земја.
Затоа, кога Ева го бакнала сифилистичниот и го допрела лепрозниот таа "престанала да биде сопруга на Перон и стекнала карактеристики на светица што се опишани во католицизмот."
Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева до крајот на нејзиниот живот таа работела по 20 до 22 часа на ден во фондацијата, често одбивајќи го барањето на Перон да намали со работата и да зема слободни викенди.
Колку повеќе работела со сиромашните во фондацијата толку повеќе била разлутена за постоењето на сиромаштијата велејќи: "понекогаш посакувам моите навреди да беа шлаканици или камшици.
Посакувам да ги удрам луѓето за да прогледаат, само барем еден ден, она што јас го гледам секој ден".
Кросвелер пишува дека Евита станала фанатик во својата работа во фондацијата и била свесна за крстоносната војна против самиот концепт, постоењето на сиромаштијата и социјалните проблеми.
Кросвелер пишува: "Не е изненадувачко тоа дека нејзината јавна кампања и восхитувањата се зголемиле по интезитет и се приближиле кон трансценденталноста".
Кросвелер ја споредува Ева со Игнатиус Лојола, основачот на дружбата Исусова.
Перонистичката партија на жените и правото на глас на жените[уреди | уреди извор]
Биографите Фрејзер и Наваро напишале дека Ева била заслужна за тоа што жените во Аргентина добиле право на глас.
Иако Ева се обратила на радио за поддршка на жените да добијат право на глас и исто така објавувала статии во нејзинот весник "Демократија" замолувајќи ги мажите за поддршка, најпосле можноста жените да добијат право на глас, била надвор од овластувањата на Ева.
Фрејзер и Наваро тврдат дека дејствувањата на Ева биле ограничени за добивање на предлог-закон, кој го воведил еден од нејзините застапници, Едуардо Колом, предлог- закон кој на крајот бил изоставен.
Бил веведен нов предлог-закон за поддршка на жените, но било неопходно да се чека повеќе од една година пред да го прифати Претставничкиот дом на 9 септември 1947 година.
Законот 13,010 ја утврдил рамноправноста на политичките права на мажите и жените и правото на глас на жените во Аргентина.
Конечно, законот 13,010 бил едногласно одобрен.
Хуан Перон, го потпишал законот со кој на жените им се доделувало право на глас и потоа предлог- законот и го врачил на Ева, симболично како нејзин, за време на јавна прослава и церемонија.
Ева Перон потоа ја создала перонистичката партија на жените, која била прва голема политичка партија на жените на народот.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека до 1951 година партијата имала 500.000 членови и 3.600 штабови низ земјата.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека додека Ева перон не се сметала себе си за феминистка, нејзиното влијание на политичкиот живот на жените било пресудно.
Илјадници жени кои претходно биле аполитички настроени ѝ пристапиле на политиката поради Ева Перон.
Тие биле првите жени кои ќе бидат активни во политиката во Аргентина.
Со добивањето на правото на глас на жените и перонистичката партија на жените Перон освоил мнозинство (63 %) од гласовите на претседателските избори во 1951 година.
Претседателски избори[уреди | уреди извор]
Номинирањето за потпретседател[уреди | уреди извор]
Во 1951 година, Ева си поставила цел да добие место на гласачкото ливче за потпредседател.
Овој потег разлутил многу предводници на војската, оние кои ја презирале Ева и нејзината растечка моќ во владата.
Според уставот на Аргентина потпретседателот автоматски го наследува претседателот во случај на смрт на претседателот.
Можноста, Ева да стане претседател во случај на смрт на Хуан Перон било нешто, што војската не можела да го прифати.
Сепак, таа добила поддршка од работничката класа, синдикатите и перонистичката партија на жените.
Јачината на поддршката, што таа ја имала од овие групи, го изненадила дури и самиот Хуан Перон.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева, со големата поддршка што ја имала за нејзиното кандидирање, станала значајна за членовите на перонистичката партија колку што бил и самиот Хуан Перон.
На 22 август 1951 година, синдикатите одржале голем митинг од 2 милиони луѓе наречен Мајската револуција "Cabildo Abierti" .
( Името било во чест на првата локална влада во Аргентина во 1810 година.)
Перонови се обратиле кон толпата од балконот на големото скеле поставено на Авенида де Хулио 9, оддалечено неколку блокови од Casa Rosada.
Над балконот биле поставени два големи портрети на Ева и Хуан Перон.
"Cabildo Abierti" било најголемо излагање за поддршка на женската фигура во политиката.
За време на масовниот митинг, толпата побарала Евита јавно да ја објави нејзината официјална кандидатура за претседател.
Таа се изјаснила дека ѝ треба повеќе време за да ја донесе нејзината одлука.
Комуникацијата помеѓу Ева и толпата од 2 милиони луѓе станала, во еден момент, вистински спонтан дијалог, со скандирањето на публиката: "Евита, потпретседател!"
Кога Евита побарала повеќе време за да може да се подготви, толпата извикала "Сега Евита, сега!"
На крајот, тие постигнале компромис.
Евита соопштила дека ќе ја објави нејзината одлука преку радио за неколку дена.
Влошената здравствена состојба и политичката опозиција[уреди | уреди извор]
Конечно, таа ја одбила поканата за кандидирање за претседател, велејќи дека нејзината единствена амбиција била дека во едно големо поглавје во историјата ќе пишува за нејзиниот сопруг, а во фуснотите ќе биде спомната една жена која ги пренесла "надежите и соништата на луѓето до претседателот", жена која на крајот ги претворила тие соништа во "прекрасна реалност".
Во перонистичката реторика, овој настан е познат како "Откажување", кој ја опишува Ева како несебична жена според португалски мит за marianisimo.
Повеќето биографи, сепак, претпоставуваат дека Евита не се откажала од својата амбиција поради притисокот на нејзиниот сопруг и високата класа на Аргентина, кои претпочитувале дека таа не припаѓала на расата.
Во 1951 година, било очигледно дека нејзиното здравје било рапидно влошено.
Во почетокот на 1950 година Евита се онесвестила во јавност и неколку денови подоцна таа се оперирала.
Иако било изнесено дека таа дожевеала апендектомија ( вадење слепо црево), всушност таа имала рак на грлото на матката во развиена фаза.
Таа продолжила да се онесвестува во текот на 1951 година ( вклучувајќи ја и вечерта по "Cabildo abierto''), со тешка изнемоштеност и обилно вагинално крварење.
Иако Хуан не ѝ ја кажал нејзината дијагноза, таа знаела деке не е добра.
Само неколку месеци по "Откажувањето", Евита била подлежна на тајно отстранување на матката во обид да се спречи развивањето на ракот на грлото на матката.
Повторно избирање и Духовен водач на народот[уреди | уреди извор]
На 4 јуни 1952 година, Евита се возела со Хуан Перон во парада низ Буенос Аирес за време на прославата за неговото повторно избирање за претседател на Аргентина.
Евита била толку болна што таа била немоќна да стои сама.
Под нејзиното крзнено палто имало рамка направена од малтер и жица што ѝ служела за помош.
Таа зела тројна доза на лекови против болка пред да започне парадата и зела уште две дози кога се вратила дома.
Неколку денови подоцна, по втората инаугурација на Хуан Перон, за време на официјалната церемонија на Ева ѝ била доделена титула за "Духовен водач на народот".
Смрт[уреди | уреди извор]
Умирањето и погребот[уреди | уреди извор]
И покрај тоа што американскиот хирург Џорџ Т. Пак ѝ ја отстранил матката на Ева Перон, ракот за кратко време повторно се појавил.
Таа имала метастази на белите дробови и била првата аргентинка што се лечела со хемотерапија во тоа време.
И покрај сите можни третмани, таа била исцрпена и имала само 36 килограми.
Евита починала на 33 години, во 20 часот и 25 минути на 25 јули, 1952 година.
Вестите веднаш се рашириле низ целата држава и Аргентина била во длабока жалост.
Сите активности во Аргентина запреле, филмовите не се прикажувале, рестораните биле затворени.
Редовната програма на радио била прекината со читање на веста: Ова е моја жална долножст да ве информирам дека денес во 20 часот и 25 минути Ева Перон, духовниот водач на народот, стапи во бесмртноста.
На Ева Перон ѝ бил доделен службен државен погреб.
Жалење[уреди | уреди извор]
Кога Ева Перон починала, владата ги одложила сите службени активности за два денови и сите знамиња биле на пола копје 10 денови.
Толпата пред службената резиденција на претседателот била збиена и сите улици преполни за 10 блокови во секој правец.
Подоцна, кога телото на Ева било пренесувано, осум души во толпата биле згмечени до смрт.
Во следните 24 часа, над 2000 луѓе биле однесени во градските болници поради повреди во брзањето да бидат поблизу до Ева кога нејзиното тело било пренесувано од претседателската резиденција до Министерството за труд.
Улиците во Буенос Аирес биле прелеани со цвеќиња наредени во купови и за еден ден од смртта на Ева Перон сите цвеќарници во Буенос Аирес биле испразнети.
И покрај фактот дека Ева никогаш не држела службена политичка канцеларија, на крајот ѝ бил доделен службен погреб што обично бил резервиран за шефот на државата.
Била одржана комеморација за тимот од Аргентина за време на олимписките игри во Хелсинки во 1952 година, во чест на Ева Перон.
Имало повеќе интерпретации за популарното жалење за смртта на Ева Перон.
Некои репортери го сметале жалењето за вистинско, додека други чувствувале дека популарната жалост била само резултат на јавно подлегнување на "страсни претстави" од перонистичкиот режим.
На пример, според списанието "Тајм" статијата објавена на 11 август 1952 година со наслов "Во жалост" перонистичката влада го воведила пет минутното жалење веднаш по најавувањето на радио-програмата.
За време на Евита, децата кои биле родени вонбрачно немале исти права со оние кои биле родени од родители кои биле во брак.
Биографот Џули М. Тејлор, професор по антропологија во универзитетот Рајс, рече дека Ева била свесна за болката да бидеш роден како вонбрачно дете.
Тејлор шпекулира дека свеста за Евита за болката имала влијание на одлуката за да се смени законот, така што "вонбрачните деца" да бидат третирани како "нормални" деца.
Кога таа починала, аргентинската јавност била известена дека Ева имала само 30 години.
Несовпаѓањето се поклопува со фалсификувањето на нејзиниот извод од книгата на родените.
По станувањето прва дама во 1946 година, Ева ги изменила нејзините документи од раѓањето дека била родена како дете во брачна заедница и ги поместила датумите за три години за да биде помлада.
Планови за споменик[уреди | уреди извор]
Кратко по нејзината смрт, др.
Педро Ара започнал да го балсамира телото.
Фрејзер и Наваро пишуваат дека неизвесно е дали Евита некогаш изјаснила желба за да биде балсамирана и претпоставуваат дека најверојатно тоа е одлука на Хуан Перон.
Др Ара бил професор по анатомија кој студирал во Виена и одржал академска кариера во Мадрид.
Неговата работа повремено била споменувана како уметност на смртта.
Неговата високо напредна технологија за балсамирање се состоела од заменување на крвта на мртовецот со глицерин, кој ги штител сите органи вклучувајќи го и мозокот и создавал слика на жив човек, давајќи му на телото изгед на "уметничко спиење".
Др Ара бил познат во Буенос Аирес по неговата работа.
Помеѓу луѓето, кој ги имал балсамирано, бил шпанскиот композитор Мануел Де Фала.
Др Ара тврди дека балсамирањето на Евита, започнало ноќта кога таа починала сè до следното утро " телото на Ева Перон било целосно непоткупливо" и затоа соодветно за прикажување на јавноста.
Во книгата "Перон и загатките на Аргентина", биографот Роберт Д. Кросвелер тврди дека Англосакцонците од Северна Америка и Европа погрешно го разбрале одговорот на Аргентина за смртта на Ева Перон како и богатиот погреб кој таа го имала.
Кросвелер го припишува ова недоразбирање на единствената структура на културата на Перонови и Аргентина, тврдејќи дека Перонови им припаѓаат на аргентинската традиција и дека нивната опозиција припаѓала на Англосанкцонците.
Помеѓу изгубените спомени за Ева, имало еден кој не бил доволно забележан, но неговата важност е значајна: Наследството на неразбирањето.
Нејзините кратки и блескави години биле толку успешни бидејќи таа била навлечена во филозофијата: "Јас имам тело и душа и ја имам крвта на луѓето".
Но тоа било филозофијата на стара шпанска- креолска традиција која потекнувала од Лима.
Како Перон, таа била домородец по потекло и по дух и како него, не и верувале и не ја разбирале во Аргентина од либералниот систем и во светот кој ја знаел само таа Аргентина.
Истото важело и во врска со нејзината драматизирачка смрт во последните 10 години, кога таа побарала да умира во јавност како потврда за нејзината посветеност.
Таквиот однос кон смртта е варијација на стара шпанска опседнатост со смртта, со достоинство и раскош.
Дотогаш тоа избледило во повеќе од Европските католични заедници и тоа било непознато во Англосаксонската нација.
Затоа, многумина го гледале нејзиното измачување и одговорот на Перон како елементи кои во суштина биле политичка страсна претстава и обид за да се извлече сочувство и корист од нешто што треба да биде приватна трагедија.
Тоа било наследството на неразбирањето, истото наследство што не им дозволувало на Ева и Перон да го разберат емоционалниот интезитет на реакцијата на светот и одземањето на Ла Пренса или другите потиснувања на Перонато.
Како резултат на тоа Ева живееше и умре како мотив за светот да се прашува и како споменик за неспосбноста да се разберат другите.
Исчезнување и враќање на трупот[уреди | уреди извор]
Кратко по нејзината смрт, биле направени планови за да се изгради споменик во чест на Ева.
Споменикот, што требало да биде статуа на маж што ги претставува "descamisados", бил планиран да биде поголем од "Статуата на слободата".
Телото на Ева требало да се чува во основата на споменикот и според традицијата на трупот на Ленин да биде изложена за јавноста.
Чекајќи споменикот да биде изграден, балсамираното тело на Евита било изложено во поранешната канцеларија на зградата на музичката компанија скоро две години.
Пред да биде завршен споменикот на Евита, Хуан Перон бил соборен во воен државен удар, Ослободителната револуција, во 1955 година.
Перон набргу избегал од државата и не направил планови за обезбедување на телото на Евита.
Воената диктатура ја презела власта во Аргентина.
Новите власти го отстраниле телото на Ева, да не биде изложено, а местото каде што се наоѓало телото останало мистерија цели 16 години.
Од 1955 година до 1971 година, военото диктаторство на Аргентина издало забрана за перонизмот.
Не само поседувањето на слики во домовите од Ева и Хуан Перон што станало нелегално, туку и изговарањето на нивните имиња.
По 16 години, војската конечно го открила местото каде што било телото на Ева Перон.
Таа била закопана во гробница во Милано, Италија, под името "Марија Меги".
Во 1995 година, Томас Елој Мартинез ја објавил "Света Евита", која ги наведува сите претходни непознати приказни за авантурите на трупот на Евита, како што се многуте восочни копии на трупот кои биле направени.
Мартинез тврдел дека трупот бил оштетн со чекан и дека дури еден офицер извршил сексуално дело врз копиите на трупот.
Конечно место на мирување[уреди | уреди извор]
Во 1971 година, телото на Евита било откопано и испратено во Шпанија, каде Хуан Перон го чувал во својот дом.
Хуан и неговата трета сопруга, Изабел, одлучиле да го чуваат трупот на масата во трпезаријата.
Во 1973 година, Хуан Перон го завршил бегството и се вратил во Аргентина, каде тој станал претседател по трет пат.
Перон починал во својата канцеларијата во 1974 година.
Неговата трета сопруга, Изабел Перон, со која се оженил на 15 ноември 1961 година и која била избрана за потретседател, го наследила него и со тоа станала првата жена претседател на западната хемисфера.
Изабел била таа која телото на Евита го вратила во Аргентина и (кратко) го изложила покрај Хуан Перон.
Подоцна телото било закопано во фамилијарната гробница Ла Реколета, во Буенос Аирес.
Владата во Аргентина презела големи мерки за обезбедување на гробот на Евита.
Има врата на мермерниот под на гробот, која води до одделот во кој има два сандаци.
Под првиот оддел има втора врата и втор оддел.
Тоа е местото каде што лежи сандакот на Евита.
Биографите Фрејзер и Наваро пишуваат дека гробот на Евита е толку безбеден што би можел да издржи нуклеарен напад.
Тие пишуваат : "тоа одржува страв, страв дека телото ќе исчезне од гробот и таа жена или повеќе митот за жената, повторно ќе заживее".
Во гробницата, која се наоѓа на северниот дел на сиромашниот кварт Реколета, исто така се наоѓаат остатоци на многу славни генерали, претседатели, научници, поети и други богаташи на Аргентина.
Во Аргентина се вели дека таму чини повеќе да умреш отколку да живееш.
Наследство и критика[уреди | уреди извор]
Аргентина и Латинска Америка[уреди | уреди извор]
"Во цела Латинска Америка, само една друга жена предизвика чувство, преданост и верба што може да се спореде со Девицата Гвадалупе.
Во многу домови сликата на Евита стои на ѕидот веднаш до Девицата".
Во неговиот есеј со наслов "Латинска Америка", објавен во илустрираната историја на христијанството на Оксфорд, Џон Мекменрс исто така тврди дека повикот и успехот на Ева Перон може да се поврзе со митологијата на Латинска Америка и идеите за теологијата.
Дури Мекменрс тврди дека Ева Перон намерно ги присвојувала аспектите на митологијата за Девицата и Марија Магдалена во нејзината јавна личност.
Историчарот Хуберт Херинг ја опиша Ева Перон како" најмудрата жена што треба да се појави во јавниот живот на Латинска Америка" Во 1996 година, во интервјуто на Томас елој Мартинез тој ја спомнува Ева како "Пепелашка на тангото и заспаната убавица на Латинска Америка".
Мартинез претпоставува дека Ева Перон остана важна икона во културата од истите причини како и Че Гевара.
"Латинските митови се поотпорни отколку што изгледаат.
Дури ниту големата масовна преселба на луѓето со сплав од Куба или брзото распаѓање и режимот на изолација на Фидел Кастро не го уништија триумфалниот мит за Че Гевара, кој остана жив во многу сонови на илјадници млади луѓе во Латинска Америка, Африка и Европа.
Че Гевара како и Евита се симболи на искреноста, понижените, сиромашните на земјата.
Тие се митови кои на некој начин ја создаваат сликата на Христос."
Иако денот на смртта на Ева Перон не е официјален неработен ден, тој ден аргентинците го одбележуваат секоја година.
Покрај тоа, ликот на Ева Перон е истакнат на аргентинската монета и еден вид на аргентинската валута е наречен Евита во нејзина чест.
Ciudad Evita (градот Евита), кој бил основан од фондацијата на Ева Перон во 1947 година, се наоѓа надвор од Буенос Аирес.
Кристина Кирхнер, првата избрана жена претседателка во историјата на Аргентина, припаѓа на Перонови и повремено се нарекува "новата Евита".
Кирхер вели таа не сака да се споредува со Евита, тврдејќи дека Евита била единствен феномен во историјата на Аргентина.
Сепак Кирхнер вели дека жените на нејзината генерација во 1970тите за време на воената диктатура во Аргентина на Ева ѝ должат за тоа што им послужи како пример за страст и борбеност.
На 26 јули 2002 година, на 50 годишнината од смртта на Ева Перон во нејзина чест отворен е музеј, кој бил наречен "музејот Евита".
Во музејот, кој го отворила нејзината правнука Кристина Алварез Родригез, се наоѓа облеката на Ева, портретите и уметничките нацрти од нејзиниот живот.
Музејот стана популарна туристичка атракација.
Музејот бил отворен во зграда која некогаш ја користела фондацијата на Ева Перон.
Во книгата за Ева Перон: "Митовите на една жена" , културниот антрополог Џули М. Тејлор тврди дека тоа што Евита остана запаметена во Аргентина се должи на комбинацијата од три еднакви фактори: "Во разгледуваните слики, трите елементи, се постојано поврзани: женственоста, мистичноста или духовната сила и револуционерното лидерство кој е приказ за основната заедничка тема.
Идентификацијата со еден од овие елементи го вклопува човекот или групата во просторот на едно утврдено општество и во границите на иституционалните власти.
Секој што може да се идентификува со сите три слики поставува надмоќно и призвучно право на доминантност низ сликите кои не препознаваат контрола во општеството или неговите права.
Само жена може да ги отелотвори сите 3 елементи на оваа моќ."
Тејлор расправа дека четвртиот фактор што ја продлжува важноста на Евита е поврзан со нејзиното реноме како мртва жена и силата што смртта ја поседува во фантазијата на јавноста.
Понатаму, Тејлор тврди дека балсамираното тело на Евита е слично со неподмитливоста на различни католички светци како што е Бернадете Соубирос и како резултат на тоа силен симболизам постои во католичката култура на Латинска Америка.
"До некоја мера нејзината важност и популарност им се припишуваат не само на нејзината моќ додека била жива туку и на моќта како мртва."
Сепак, гледиштето на општеството за живот по смртта може да конструира извор на немир и безредие, смртта по самата природа останува мистериозна се додека општеството официјално не ја смири вознемиреноста што ја создава таа.
Жените и мртвите – смртта и женственоста- се во тесна врска со структурните социјални форми: надворешните јавни институции, неограничени со службени правила и надвор од формалните категории.
Кога во женскиот труп се повторуваат симболичките теми и на жена и на маченик, Ева Перон стои тогаш цврсто зад духовното лидерство. | fineweb-2 |
Одлуки на Основниот Суд Велес
29.06.2012 П-1.бр.33/12
П-1.бр.33/12
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОСНОВНИОТ СУД ВЕЛЕС како првостепен парничен суд во состав од судијата Виолета Мојсова како претседател на советот и судиите поротници Силвана Печкова и Ружица Кајнакчиева како членови на советот, решавајќи по тужбата на тужителката И. Г. од С., Г. против тужениот Б.Б.
од В. за испразнување и предавање во владение на недвижност, вредност на спорот 40.000,00 денари, по одржаната усна, главна и јавна расправа на ден 19.06.2012 година во присуство на тужителката лично, нејзиниот полномошник Д. Ч. Г. од С., тужениот лично и неговиот полномошник адвокат Е. П.од Н., ја донесе и објави на ден 26.06.2012 година следната
П Р Е С У Д А
Тужбеното барање на тужителката И. Г. од С., Г., СЕ УСВОЈУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот Б. Б. од В. да го испразни од луѓе и предмети и да и го предаде во владение на тужителката И. Г. од С. Г. целокупниот недвижен имот што се наоѓа на ул.
С.бр.57 В. и тоа: на КП.бр….семејна зграда ….
Влез.., стан … на приземје во површина од .. м2, помошни простории … на сутерен во површина од … м2, гаража .. на сутерен во површина од … м2, двор со површина од …м2 и земјиште под зграда во површина од …м2 што се вои на Имотен лист бр….
за КО В. и недвижниот имот-дива градба на КП.бр….
и тоа: семејна зграда …, влез .. стан … на мансарда во површина од …м2 на ул.
бр… евидентиран на Имотен лист бр…..за КО В. во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата и во истиот рок да и ги надомести трошоците по спорот во износ од 18.613,00 денари.
Р Е Ш Е Н И Е
Приговорот на тужениот Б. Б. од В.да се отфрли тужбата на тужителката И. Г. од С., Г. за испразнување и предавање во владение на недвижност, вредност на спорот 40.000,00 денари поради пресудена работа, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАН.
О б р а з л о ж е н и е
Пред овој суд поведена е постапка по тужба на тужителката против тужениот, за испразнување и предавање во владение на недвижност, вредност на спорот 40.000,00 денари.
Во тужбата и на расправата тужителката преку нејзиниот полномошник наведува дека е сопственик на недвижен имот кој се води на ИЛ.бр….
за КО В. а се наоѓа на ул.
С.бр….во В. и тоа КП.бр….
семејна зграда ..влез.. стан ..на приземје во површина од …м2, помошни простории .. на сутерен во површина од … м2, гаража …на сутерен во површина од …м2 и двор со површина од …м2 и земјиште под зграда во површина од …м2 како и на недвижниот имот-дивоградба кој се води на ИЛ.бр….за КО В. а се наоѓа исто на ул.
во В. на КП.бр….
и тоа следниот објект- семејна зграда … влез .. стан …на масарда во пов.
За бесправно изградениот објект поднела барање за легализација до О. В. на ден … год.
заведено под бр…... На ден ….
со тужениот склучила преддоговор за купопродажба на куќа на КП … за КО В. и се обврзале да склучат договор за кпопродажба, но до склучување не дошло и предоговорот се сметал за раскинат, па бесправно живеел во предметната недвижност.
Со правослна и извршна пресуда на овој суд П.бр….. од… год.
донесена во постапка по нејзина тужба тужениот бил задолжен да го испразни од луѓе и предмети и да и го предаде во владение недвижниот имот на ул.
С. бр… во В. на ИЛ.бр….за КО В.. Бидејќи тужениот доброволно не се исселил, преку извршител Б. П. бил иселен од легалниот дел на куќата, опишан во наведената пресуда но, останал да живее и да ја владее мансардата од куќата која била дива градба и е во нејзина сопственост, а по извесен период повторно се вселил и во приземјето.
Поради тоа поднела кривична пријава против тужениот, а судот донел пресуда К.бр….
со која бил осуден за кривично дело Нарушување на неповредливоста на домот.
Предлага судот согласно чл.156 и чл.121 ст.1 од ЗСДСП да го усвои тужбеното барање и да и се надоместат трошоците во постапката.
Во писмениот одговор на тужба и на расправата тужениот преку полномошникот наведува дека во конкретниот случај се работи за пресудена работа па тужбата треба да се отфрли, а тоа произлегува и од записникот за предавање во владение на извршител Б. П. од кој се гледа дека постои разлика помеѓу она што е запишано во извршната исправа и она што е на лице место, од што јасно било дека никогаш не го напуштил објектот како повторно би се вселил бесправно во истиот.
Во поглед на дивоградбата тужителката не е запишана како сопственик на објектот па не може да бара заштита на своето право.
Објектот кој е дива градба со свои средства го градел лично тој.
Предлага тужбата во поглед на легалниот објект да се отфрли а тужбеното барање во поглед на дивоградбата да се одбие како неосновано и да му се надоместат трошоците во постапката.
Од изведените докази на расправата и тоа увид во: ИЛ бр…..за КО В. издаден од АКН О.В.
од … година, податоци од катастар на недижности и регистрација со состојба на ….година за КО В.на ИЛ бр….
потврда од општина В. за поднесено барање за легализација бр….. од …година, пресуда П бр…..од …година, записник за испразнување и предавање на недвижност на извршител Б. П. именуван за подрачје на Основни судови Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино И.бр … од ….
година, пресуда на овој суд К бр…..од ….
година, известување од Извршител Б. П. за подрачје на Основни судови Велес, Гевгелија Кавадарци и Неготино од … година, записник за увид на лице место од ….
година и од исказите на тужителката и тужениот сослушани во својство на странки како и од наводите на пол.
на тужителот и пол.
на тужениот, а по анализа и оцена на така изведените докази ценејќи ги истите во смисла на чл.8 од ЗПП судот ја утврди следната фактичка состојба:
Според Имотен лист бр….за КО В.издаден од АКН О. В. од … година тужителката е сопственик на недвижен имот кој се наоѓа на ул.С.
во В.и тоа на: КП.бр…..- семејна зграда, зграда … влез …, кат приземје, стан … со површина од … м2, КП.бр….сутеран, зграда … влез …, со површина од …м2 и КП.бр….
гаража, зграда …, влез … сутеран со површина од …м2 сите запишани во лист В од Имотниот лист, на недвижен имот на КП.бр….план… скица … и тоа земјиште под зграда со површина од …м2 и двор со површина од …м2 запишани на лист Б. На Имотниот лист стои прибелешка од …год.
на налог за извршување И.бр….од… год.
на извршител Б. Б.од Н. врз основа на барање за спроведување извршување од доверителот Б. Б.од В. засновано на извршна исправа П.бр….од…год.
на Основен суд Велес против должникот И. Г. со непознато живеалиште во Р. Г. за спроведување на извршување во вредност 1.847.331,00 денари па му се забранува на должниот да ја отуѓува и стварно правно оптоварува наведената недвижност.
Според приложени податоци од катастар на недвижности и регистрација со состојба на 31.01.2012 година за КО В. на име на тужителката е авидентиран недвижен имот на КП.бр….–семејна зграда… влез.., стан … на мансарда во површина од ..м2 на ИЛ бр….
за КО В.
Тужителката на ден …год.
склучила договор за купопродажба на недвижен имот –сутерен на на ул С. бр….во В. која била дива градба, а договорот бил заверен во Општински суд Титов Велес под Зав.
бр….. Во текот на 1986 год.
тужителката и нејзиниот сопруг М. Г. со заеднички средства над сутеренот изградиле приземје и мансарда опишани погоре.
Приземјето било изградено врз основа на уредна градежно техничка документација и добиено одобрение за градење бр….
од … год.
по поднесено барање од тужителката на чие име се водела целокупната документација и било оспособено за живеење во 1986 год.
Летото … год.
тужителката со сопругот и децата се вратиле во Г. каде останале да живеат.
Во 1989 год.
сопругот на тужителката починал на работното место во Г. и таа со нејзините ќерки останала да живее во Г., па одлучила да ја продаде спорната куќа а тужениот бил заинтересиран за нејзино купување.
Во 2001 год.
тужителката дошла во В.и со тужениот се договориле тој да ја купи спорната куќа за купопродажна цена од 58.000 ДМ па за таа цел склучиле преддоговор заверен кај нотар С. А. од В. под УЗП.бр….
со кој предвиделе по добивањето на имотен лист да склучат договор за купопродажба за семејна станбена зграда на КП.бр….во површина од …м2 и двор во површина од … м2 на ул.С.бр….
во В.. На денот на склучувањето на преддоговорот тужениот на тужителката и дал капар од ….ДМ и се обврзал дека преостанатиот дел од купопродажната цена ќе го исплати кога ќе биде издаден имотен лист и ќе се склучи главниот договор.
Меѓутоа до склучување на договор за купопродажба на спорниот недвижен имот не дошло иако по прибавување на имотниот лист, тужителката со писмено барање од 25.11.2002 год.
го повикала во рок од 30 дена да пристапи кон потпишување на главниот договор и да и ја исплати договорената купоподажна цена, во спротивно ќе се смета дека се откажал од купување на недвижниот имот и ќе го задржи примениот капар, но тужениот не одговорил на барањето, а со неговото семејство продолжил да живее во спорната недвижност.
По спроведена постапка пред овој суд по тужба на тужителката против тужениот за предавање во владение на недвижен имот донесена е пресуда П.бр….
со која тужбеното барање е усвоено и задолжен е тужениот да го испразни од луѓе и предмети и да и го предаде во владение.
Тужениот доброволно не постапил по цитираната пресуда, па тужителката пред извршител Б. П. од В. повела постапка за извршување на цитираната пресуда и од чија страна на ден 28.03.2008 год.
било спроведено извршувањето така што ги отсранил лицата и предметите од недвижниот имот цитиран во пресудата и недвижниот имот го предал во владение на тужителката така што и бил предаден клуч од станот во приземјето и сутеренот за што бил составен записник И бр.
Тужениот со семејството останал да ја коридти мансардата од спорната куќа, бидејќи не била предмет на постапката за иселување, но кога тужителката заминала во Г. тужениот извршил замена на бравите на приземјето и сутеренот и повторно се вселил во истите, па кога тужителката се вратила во В не можела да влезе во својот недвижен имот а во него живеел тужениот со своето пошироко семејство.
За време на своето живеење во спорниот недвижен имот тужениот презел одредени градежни дејствија за адаптација на истиот.
Поради наведеното тужителката на ден ….год.
до овој суд поднела приватна кривична тужба против тужениот како обвинет за кривично дело Нарушување на неповредливоста на домот од чл.145 ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело Самовластие од чл.392 ст.1 од Кривичниот законик и по спроведена постапка донесена е пресуда К.бр…..од….год.
со која бил огласен за виновен за кривично дело Нарушување на неповредливостра на домот од чл.145 од КЗ и осуден на парична казна од 50 (педесет) дневни глоби од по 10 евра во денарска противредност на една дневна глоба од 615,00 денари или во вкупен износ од 30.750,00 денари, а ослободен од обвинението за кривично дело Самовластие од чл.392 ст.1 од КЗ.
Тужителката на ден …год.
до О. В. поднела барање за легализација на бесправно изградениот објект–мансарда но постапка е во тек, бидејќи не поседувала клуч од истата што било пречка за да се изготви геодетски елаборат кој е неопходен за постапката.
Според записник за увид на лице место од …год.
се работи за куќа во В. на ул.С.бр….која се состои од сутерен, пиземје и мансарда, која нема фасада од надворешната страна.
Сутеренот се состои од: гаража и една подрумска просторија, една соба на која што и е срушен северниот sид и нема влезна врата, преку посебен влез во сутеренот се доаѓа во две соби во кои што има подлога од бетон во еден дел а во еден дел е земјена подлога, просторија припремена за купатило која не е комплетирана и една подрумска просторија од земјена подлога на која што од јужната страна има отвор за прозор, меѓутоа прозор нема.
И во подрумската просторија кај гаражата има отвор за прозор, но прозор нема .
Преку двата опишани отвори се доаѓа до дворно место од јужната страна на куќата.
Приземјето има посебен влез преку дворното место од југоисточната страна така што истото се состои од: претсобје од кое што преку посебна врата се доаѓа на јужна страна во две простории кои се празни, од претсобјето се доаѓа до две соби и тоа спална и детска соба.
Исто така од претсобјето се доаѓа до посебно ве-це и посебно купатило.
Од празните простории на јужната страна од претсобјето има две тераси а и од детската соба се излегува на тераса на приземјето.
Приземјето е оспособено за живеење и наместено со ствари за живеење од страна на тужениот.
Преку надворешни посебни скали од приземјето се доаѓа до мансарда чија влезна врата од југоисточната страна е заклучена а по кажување на тужениот во истата живеел неговиот син Д. со своето семејство кој моментално бил на работа во С., а тужениот нема клуч.
Кровот е на две води север-југ а дворното место се наоѓа од сите 4 страни на куќата.
Врз основа на вака уврдената фактичка состојба судот одлучи како во изреката а од следните причини:
Според чл.
6 од Законот за сопственост и други стварни права се гарантира правната заштита на сопстевноста.
Граѓанско правната заштита на сопственоста како таква , за сопственикот претставува негово субјективно право кое го овластува да бара од лицата кои го повредуваат неговото право да престанат со она чинење со кое ќе се отстрани повредата.Ова барање настанува врз основа на правото на сопственмост кое се повредува и за кое гарантира државата со инструменти за правна заштита на сопственоста.
8 ст.1 од Законот за сопственост и други стварни права, сопственикот има право својата ствар да ја држи целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице, а според став 2 секој е должен да се воздржува од повреди на правото на друго лице.
121 од истиот закон на градежен објект изграден без одобрение за градење, градителот со самата градба не стекнува сопственост, а до легализација или рушење на тој објект врз основа на одлука на надлежен орган ужива соодветна судска заштита која му припаѓа на сопственик, ако со закон поинаку не е определено.
Според чл.156 ст.1 од истиот закон сопственикот може со тужба да бара од држателот поврат на индивидуално определена ствар, а според ст.2 од истиот член и закон сопственикот мора да докаже дека врз стварта чиј поврат го бара има право на сопственост, како и дека стварта се наоѓа во фактичка власт на тужениот.
Во конкретниот случај од изведените докази неспорно се утврди дека помеѓу тужителката и тужениот на ден … год.
бил склучен преддоговор со кој преземале обврска подоцна да склучат друг, главен договор за купопродажба на недвижен имот станбена семејна зграда на КП бр….во површина од .. м2 и двор со површина од …м2 на ул.
.. В., дека преддоговорот бил склучен во писмена форма и заверен на нотар и ги содржи суштествените состојки на договорот и тоа предметот на купопродажба и цена а на денот на склучување на преддоговорот тужениот и дал капар на тужителката од 11.000 ДМ и му го предала во владение предметниот недвижен имот.
Не е спорно и тоа дека склучувањето на главниот договор било одложено до прибавувањето на имотен лист за спорниот недвижен имот, по добивањето на имотен лист со писмо од 25.11.2002 год.
тужителката го повикала тужениот да го склучат договорот за купопродажба, но тоа не било случај, така што тужениот не се придржувал кон преземената обврска за склучување на главен договор во определениот рок што претставувало суштествена состојка на преддоговорот па согласно чл.
37 ст.1 од ЗОО и чл.
114 ст.1 од ЗОО договорот се раскинал според самиот закон.
Од увид во Имотен лист бр….. за КО В. се утврди дека на име на тужителката се води сутерен и приземје од опишаната куќа а од увид во приложени податоци од катастар на недвижности и регистрација со состојба на … година за КО В. се утврди дека мансардата која е дива градба на ИЛ.бр….за КО В. е евидентирана на име на тужителката.
Од увид во пресуда П.бр….од… год.
се утврди дека тужениот е задолжен да го испразни од луѓе и предмети и да го предаде во владение недвижниот имот како во изреката на пресудата а од увид во записник за испразнување и предавање на недвижност на извршител Б. П. И.бр.
од … година се утврди дека тужениот бил исселен од недвижниот имот опишан во пресудата а на тужителката и бил предаден клуч од недвижноста.
Од исказот на тужителката се утврди дека по пресудата П.бр….
од … год.
од извршител Б. П. тужениот бил иселен од приземјето и сутеренот од спорната куќа, останал да ја користи мансардата, но откако заминала за Г., повторно се вселил во приземјето и сутеренот така што ги променил бравите, а на мансардата поставил блиндирана врата, а кога се вратила во В., неможела да влезе во својата куќа.
Од увид во пресуда К.бр….. од …год.
се утврди дека во врска со ова постапување на тужениот по поведена постапка од тужителката, бил огласен за виновен и осуден за кривично дело Нарушување на неповредливоста на домот од чл.145 ст.1 од Кривичниот законик.
Од исказот на тужениот се утврди дека во спорната куќа живее со семејството и има свои ствари, а тоа се утврди и од непосредниот увид на судот на лице место на 28.05.2012 год.
Од увид во потврда од општина Велес за поднесено барање за легализација бр….
од…година се утврди дека тужителката барала да се легализира бесправно изградениот објект – мансарда погоре опишан, но оваа постапка се уште била во тек.
Од погоре уврдените факти и околности, при неспорен факт дека недвижниот имот - сутерен и приземје е легален и се води на ИЛ.бр…за КО В.на име на тужителката, истата има право да го заштитува својот имот и да бара поврат на владението а имотот кој е дива градба - мансарда е евидентиран на нејзино име на Имотен лист …за КО В. па и во поглед на тој имот има право на соодветна судска заштита до легализација, за што има поднесено барање, или до рушење, а на овој недвижниот имот фактичката власт има тужениот така што го користи заедно со своето семејство, произлегува дека во конкретниот случај исполнети се условите во погоре цитираните законски одредби па следуваше да се усвои тужбеното барање на тужителката во целост и да се одлучи како во изреката на пресудата така што се задолжи тужениот да го испразни и да и го предаде во владение.
При одлучувањето како во изреката судот ги имаше во предвид наводите на тужениот дадени во неговиот исказ дека за недвижниот имот кој го владее и дал на тужителката 11.000 ДМ, дека потоа во истиот вложил значителни парични средства со цел да го оспособи за живеење, а до склучување на договор за купопродажба не дошло затоа што постоела разлика во површината наведена во преддоговорот и во Имотниот лист и дека за недвижниот имот кој е дива градба нема право да бара враќање бидејќи не е нејзина сопственост, но не придонесоа за донесување на поинаква одлука.
Така од ниту еден доказ не произлегува дека тужениот водел и докажал дека има право на сопственост иако имаат спор кој трае подолги години односно по склучувањето на преддоговорот заверен на нотар С. А. од В. под УЗП.бр….
од … год.
туку од негова страна против тужителката била водена постапка за негово парично побарување за извршените вложувања во овој недвижен имот под П.бр….
во кој била донесена пресуда од 16.12.2008 год.
и за која повел постапка за извршување и по налог на извршителот извршена е прибелешка на тоа парично побарување во ИЛ бр… за КО В. но која пресуда била укината по предлог за повторување на постапката и сега постапката била во тек, но по наоѓање на судот истата е без значење за овој спор, затоа што видно од ИЛ бр….за КО В. недвижниот имот предмет на тужбеното барање се води на име на тужителката па како сопственик има право да го води спорот а за недвижниот имот кој е дива градба има право на судска заштита согласно чл.121 ст.1 од ЗСДСП.
Исто така судот ги имаше во предвид наводите на тужениот дека во мансардата живеел неговиот син Д. со своето семејство кој моментално бил на работа во С., а тој немал клуч, но не ги прифати затоа што се дадени за да го избегне испразнувањето и предавањето во владение на тужителката.
Освен тоа спорот за куќата бил помеѓу него и тужителката па доколку и му дозволил на неговиот син во истата да живее, тоа не е причина за да се утврди дека тужбеното барање е неосновано.
Судот го одби како неоснован приговорот на тужениот дека се работи за пресудена работа бидејќи за истото тужбено барање кое се однесува на недвижниот имот на ИЛ бр….за КО В. тужителката водела спор во кој е донесена пресуда П.бр….од …год., затоа што смета дека не се исполнети условите предвидени во чл.
322 од ЗПП.
Така судот утврди дека тужениот по спроведување на присилното извршување на оваа пресуда, ја променил бравата и повторно се вселил и го владее спорниот недвижен имот така што и понатаму во истиот живее и има свои ствари а тужителката не поседува клуч и откако се вратила од Германија неможе да го владее како сопственик, па има право да бара да го испразни и да и го предаде во владение.
Одлуката за трошоците е донесена согласно со чл.148 од ЗПП, а имено како тужителката успеа во спорот, па тужениот должен е да и ги надомести потребните трошоци за водење на спорот согласно чл.
149 став 1 од ЗПП во износ од 18.613,00 денари кои се однесуваат за: состав на тужба сума од 2.600,00 денари, за застапување на 3 рочишта по 3.120,00 денари севкупно сума од 9.360,00 денари, за состав на полномошно сума од 1.300,00 денари, за увид на лице место сума од 800,00 ден.
за такса за тужба сума од 1.200,00 ден.
и такса за одлука сума од 1.200,00 ден.
со зголемување од 18% ДДВ на сумата за состав на тужба и за застапување на три рочишта за сума од 2.152,00 денари.
Судот не го прифати барањето на тужителката на име трошоци во спорот да и се надомести уште сума од 9.880,00 денари кои се однесуваат за: награда за состав на 2 поднесоци секој по 1.300,00 денари бидејќи не се по задолжение на судот, според вредноста на спорот по АТ наградата за состав на тужба изнесува 2.600,00 ден.
а не 3.900,00 ден.
и наградата за застапување изнесува 3.120,00 ден.
а не 4.680,00 ден.
и за состав на трошковник сума од 1.300,00 денари награда не следува бидејќи трошоците можеле да бидат истакнати на рочиштето кога не би биле предизвикани па не се нужни трошоци за водење на постапката и тужениот не е должен да ги надоместува.
Претседател на совет
С у д и ј а
Виолета Мојсова
ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа пресуда недоволната странка има
право на жалба во рок од 15 дена по приемот
преку овој суд до Апелациониот суд во Скопје
Назад | fineweb-2 |
Град Брдо кај Крањ
|Тврдина Брдо
Brdo pri Kranju
Egg
|Општи податоци|
|Град||Општина Крањ|
|Земја||Словенија|
Зградата била изградена во 1510 година од страна на крањскиот гроф Георг, кој во тоа време бил генерален администратор на Хабсбуршкиот приватен имот во Војводство Крањ.
Првично била изградена во ренесансен стил, но повеќе пати бил реновиран.
Во 18 век, објектот бил купен од страна на Микеланџело Зоис, татко на просветителскиот крањски уметник и природен научник Жига Зоис.
Во 19 век, нејзината внатрешност била целосно реновирана.
Во првите децении на 20 век била купена од страна на кнезот Павле Караѓорѓевиќ во 1935 година.
Во негово време, палатата се трансформирала во летна резиденција на тогашните власти.
Помеѓу 1935 и 1941 година, неколку истакнати поединци престојувале како гости во Брдо, вклучувајќи го британскиот крал Едвард VIII.
Кога Југославија станала комунистичка држава во 1945 година, зградата била конфискувана од династија Караѓорѓевиќ и станала летна резиденција на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито.
По смртта на Тито во 1980 година, имотот бил префрлен во Социјалистичка Република Словенија и подоцна истиот бил наследен од страна на Владата на независната Република Словенија.
Во својата традиционална улога на домаќин на национални и меѓународни конференции, во 1990 година, овде било местото на одржување на конференцијата меѓу лидерите на шест југословенски републики во еден неуспешен обид да го спречи распаѓањето на федерација.
На 16 јуни 2001 година палатата била домаќин на самитот меѓу САД и Русија, одсносно нејзините претседатели Џорџ Буш и Владимир Путин.
Во првата половина на 2008 година, кога Словенија била претседавач со ЕУ, во оваа палата исто така се одржал самит. | fineweb-2 |
Европска комисија
|Status||Европска институција|
|улога||Извршно тело|
|основано||1958|
|College|
|Current college||Комисија на Баросо|
|Претседател||Хозе Мануел Баросо|
|Заменик-претседател||Кетрин Аштон|
|Заменик-претседател||Вивиан Ридинг
Јоакин Алмунија
Сим Калас
Нели Кроес
Антонио Тахани
Марош Шефковиќ
|Вкупен број||28|
|Администрација|
|Јазици||англиски
француски
германија
|Персонал||25,019|
|Место||Брисел, Белгија
Луксембург
|Европска Унија|
Дел од серијалот:
Европската комисија има 28 члена - по еден од сите земји-членки на Европската Унија.
Сега, мандатот на комисијата е пет години, исто како и мандатот на Европскиот парламент.
Пред да го именуваат претседателот на комисијата, земјите-членки го консултираат парламентот, а парламентот ја одобрува целата комисија, пред истата да биде формално именувана.
При извршувањето на должностите, членовите на комисијата се обврзани да бидат целосно независни од своите национални влади и да дејствуваат само во интерес на Унијата.
Само парламентот има право на укор на комисијата.
Секој член на комисијата има конкретна одговорност за една или за повеќе области, меѓутоа одлуките се донесуваат врз основа на колективна одговорност.
Комисијата е, пред сè, чувар на договорите.
Комисијата е непристрасен орган, кој се грижи за правилната примена на одредбите од договорите и на одлуките засновани на договорите.
Комисијата може да иницира судска постапка против која било земја-членка и доколку е неопходно, да го упати случајот до Судот на правдата.
Исто така, таа може да казни поединци или претпријатија, кога тие ги прекршуваат правилата на конкуренција на Унијата.
Комисијата е и катализатор на Унијата.
Таа го има единственото право да иницира законодавство и може да влијае на секоја фаза од процесот што води во насока на донесување нов "Европски закон".
Во областа на меѓувладината соработка, во однос на изнесувањето на предлозите, комисијата ги има истите права како и одделни земји или членки.
И, конечно, комисијата е извршниот орган на Унијата.
Тоа подразбира утврдување на правилата за спроведување на одредени членови од Договорот и за реализирање на одобрените буџетски средства наменети за активностите на Унијата.
Најголем дел од средствата се обезбедуваат од главните фондови: Европскиот земјоделски фонд за насоки и гаранции, Европскиот социјален фонд, Европскиот фонд за регионален развој и Кохезиониот фонд.
При реализацијата на своите извршни должности, комисијата често треба да бара мислење од комитетите на високи претставници од земјите-членки.
Административниот персонал на комисијата е главно лоциран во Брисел (каде што се наоѓа седиштето на комисијата), а помал дел во Луксембург.
Го сочинуваат приближно 15.000 службеници поделени во различни директорати - општи и сервисни служби.
Износот на оперативните трошоци на Комисијата и на другите институции не надминува 5% од вкупниот буџет на Унијата.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Европската комисија потекнува од една од петте клучни институции создадени во наднационалниот систем на Европската Заедница, по предлог на Роберт Шуман, француски министер за надворешни работи, на 9 мај 1950 година.
Со потекло од 1951 година како Висок орган за Европската заедница за јаглен и челик, Комисијата била подложена на бројни измени во власта и составот под различни претседатели, вклучувајќи 3 заедници.
Основање на комисијата[уреди | уреди извор]
Првата комисија потекнува од 1951 година како 9-ти член на Високиот орган под надлежност на претседателот Жан Моне (види власт на Моне).
Високиот орган бил наднационален административен извршен орган на новата Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈИ), и за прв пат дојде на функција на 10 август 1952 година во Луксембург.
Во 1958 година Договорот од Рим основал две нови заедници според ЕЗЈИ : Европска економска заедница (ЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (евроатом).
Меѓутоа нивните извршни тела биле наречени комесари, а не Високи органи.
Причината за промената на името била новата врска помѓу извршните органи и Советот.
Некои држави како Франција изразија резервираност во текот на власта на високиот орган и посакаа да го ограничат давањето поголема моќ на Советот, одколку на нивните извршни органи.
Луј Арман ја водел првата комисија за Евроатом.
Валтер Хал Штајн ја водел првата комисија за Европска економска заедница, која го одржа првиот формален состанок на 16-ти Јануари 1958 годона во Замокот на долината на Војвотката.
Комисијата ја постигнала согласноста за спорниот договор за цената на житарките и оставила позитивен впечаток на третата земја кога за првпат се појавила на меѓународната сцена на Рундата на Кенеди на преговорите на општиот договор за цена и трговија (ОДЦТ).
Халштајн започнал засилување за Европското право и почнал да има значајно влијание врз националното законодавство.
На почетокот не се обрнувало многу внимание на неговата администрација, но со помош на Европскиот суд за правда, Комисијата го зацврстила својот авторитет доволно цврсто за да би можела следната Комисија да биде сфатена посериозно.
Меѓутоа, во 1965година натрупувањето на разликите меѓу француската влада на Шарл де Гол и другите земји-членки (околу влезот на Обединетото Кралство, непосредните избори на Европскиот парламент, планот на Фуше и буџетот),ја предизвика кризата ͈празен стол", наводно преку предлог за заедничката земјотелска политика.
Институционалната криза била решена наредната година, тоа го чинело Етјен Хирш неговото претседателство во Евроатомот, а подоцна и претседателството на Валтер Халштајн во ЕЕЗ, иако бил сметан како најдинамичен лидер до Жак Делор.
Почетоците на развојот[уреди | уреди извор]
Трите тела, колективни именувани Европски извршители постоеле од први јули 1967 година каде со Договорот за спојување биле споени во единствена администрација за време на претседателот Жан Реј.
Поради спојувањето Комисијата на Реј, привремено се зголемила на 14 членки, иако сите идни Комисии се намалиле на 9 членки следејќи ја формулата по еден член за помалите држави и 2 за поголемите.
Комисијата на Реј ја довршил Заедницата за царинска унија во 1968 година и се залагал за помоќен избран Европски парламент.
Иако Реј бил првиот претседател на споената заедница, Халштајн се смета за прв претседател на модерната комисија.
Следела комисијата Малфати и Мансхолт, кој равотеле на монетарната соработка и на првото проширување на север во 1973 година.
Со ова проширување, комисијата на Ортоли пораснала на 13 членови (Обедениетото Кралство како најголема земја доби два комесари), која се занимавала со зголемување на заедницата за време на економската и меѓународна нестабилност во тоа време.
Меѓународното претставување започна кога претседателот Рој Џенкинс како прв претседеател присуствувал на самитот Г8 во име на Заедницата.
По Комисијата на Џенкинс, Комисијата на Гастон Торн го надгледувала проширувањето на југ, во прилог започна рабтата на Единствениот Европски акт.
Жак Делор[уреди | уреди извор]
Една од најистакнатите комисии била онаа која била предводена од Жак Делор.
Потоа претседателите не успеале да го достигнат истото ниво на лична претпознатливост.
Делор бил виден како водич кој и дал на Комисијата смисол за смер и динамичност.
Делор и неговиот тим се сметаат како татковци на основањето на еврото.
Меѓународниот трибун Хералд на крајот на вториот мандат на Делор во 1992 година запиша: ͈Господинот Делор ја извади Европската заедница од мртвите.
Пристигна кога европесимизмот беше најлош.
Иако беше малку познат како поранешен француски министер за финасии воведе живот и надеж во европската заедница и во потиштената бриселска комисија.
Во неговиот прв мандат од [PHONE] година ја собра Европа на Единствениот пазар и кога беше назначен за втор мандат започна да ги повикува Европејците кон далеку поамбициозните цели на економската, монетарната и политичка унија.
Жак Сантер[уреди | уреди извор]
Наследник на Делор бил Жак Сантер.
Комплетната Комисија на Сантер била принудена од страна на Европскиот Парламент во 1999г., како резултат на измама и корупција со централна улога на Едит Кресон.
Тие измами биле откриени од страна на внатрешниот ревизор Пол ван Бутинен.
За прв пат комисијата била натерана колективно да даде оставка и претставува промена на власта врз парламентот.
Сепак, комисијата на Сантер ја извршила работата за Договорот од Амстердам и за еврото.
Како одговор на скандалот била создадена Европската канцеларија за спречување на измама.
Роман Проди[уреди | уреди извор]
По Сантер, Функцијата ја презел Романо Проди.
Договорот од Амстердам ја зголеми моќта на комисијата, и од страна на печатот Проди бил наречен како нешто слично на премиер.
Силите повторно се зајакнале со Договорот од Ница од 2010 г., кој на претседателот му дал поголемо овластување над составот на нивната комисија.
Хосе Мануел Баросо[уреди | уреди извор]
Во 2004 година Хосе Мануел Баросо станал претседател.
Парламентот повторно се потврдил во преговори за предложеното членство на Комисијата на Баросо.
Поради тоа, Баросо бил принуден да направи измена во составот пред да ја земе должноста.
Комисијата на Баросо била првиот полн состав во проширувањето на 25 членови во 2004 година.
На крајот бројот на комисери се зголемил на 30.
Како резултат на зголемувањето на бројот на земјите, со Договорот од Амстердам се намалил бројот на комисери на еден по земја, наместо по 2 за поголемите земји.
Наводите за измама и корупција биле повторно собрани во 2004 година од страна на поранешниот главен ревизор Жил Муи.
Офицерот на комисијата Гвидо Страк објавил наводна измама и злоупотреба во неговиот оддел во 2002-2004 година за ОЛАФ и бил отпуштен.
Рол Ван Вутенен (поранешен ревизор познат од сканадлот од комисијата на Санадер) наводно со Европската канцеларија за спречување на измама (ОЛАФ) со недостаток од независност и ефикасност.
Мандатот на првата Комисија на Баросо истекол на 31-ви Октомври 2009 година.
Според Договорот од Ница првата комисија требала да биде назначена по бројот на земјите-членки кој го достигнал бројот 27, а треба да се намали, помалку од бројката на земјите членки.
Точниот број на комесарите се одлучувал со едноставно гласање на Европскиот совет и членството се ротирало под еднакво помеѓу земјите.
По приемот на Романија и Бугарија во Јануари 2007 година, стапи на сила за наредната комисија.
Со Договорот од Лисабон кој стапи на сила од 2003 година мандитирал со намалување на бројот на комесари на дветретини од земјите членки од 2014 година, освен ако Советот не одлучи поинаку.
Членството би требало да ротира еднакво и ниедна членка да нема повеќе од еден комесар.
Сепак, договорт бил одбиен од гласачите на Ирска во 2008 година со една главна грижа губење на нивниот комесар.
Оттука, била дадена гаранција за повторување на гласањето дека Советот ке ја користи својата моќ за измена на бројот на комесарите.
Сепак, според договорите се уште бројот требал да биде помал од вкупниот број на членови, со што било предложено дека земјата-членка што добива комесар ке ја функционира Висок претставник - таканаречен 26+1 формула.
Оваа гаранција (кога може да го најде својот следен пат во следната измена на договорот веројатно во Договорот за пристапување) придонесе за Ирска одобрување на договот на вториот референдум во 2009 година.
Исто така, Лисабон ги комбинира мислењата на Европскиот комесар со Високиот претставник на Советот за заедничка надворешна и безбедносна политика.
Исто така, и заменик претседателот на Комисијата ќе претседава со советот на Европската Унија на состаноците за надворешни работи како Комисија за надворешни односи и обврски.
Договорот дополнително предвидува дека најблиските Европски избори треба да бидат земени во предвид при именувањето на Комисијата, иако претседателот се уште е предложен од страна на Европскиот совет ; Европскиот парламент ке ја избира Комисијата, наместо да одобри како по Договорот од Ница.
Овластување и функции[уреди | уреди извор]
Уште од почетокот Комисијата била основана да функционира како независен наднационален орган одвоен од владата, и е опишан како единствено платено тело да размислува европски.
Членовите се предложени од владите на земјите-членки од секоја по една, од нив се очекува да делуваат незвисно –неутрално под други влијанија како на пример владата која ги поставила.
Ова стои во контраст со Советот која ја претставува владата, европскиот парламент, кој ги претставува граѓаните, економски-социалниот комитет, кој го претставува организираното граѓанско општество.
Преку членот 17 од Договорот на Европската Унија, Комисијата има неколку одговорности: развивање на среднорочните стратегии, нацрт закони и арбитража во законодавниот процес претставување на ЕУ во трговски преговори, правење правила и преговори на пример во политиката на конкуренцијата, подготвување на буџетот на европската унија и набљудување на спроведувањето договори и законодавство.
Извршна власт[уреди | уреди извор]
Пред да стапи на сила со Договорот од Лисабон, извршната власт во ЕУ припаѓа на Советот и ѝ доделува на комисијата овластувања која таа притоа ги извршува.
Меѓутоа, Советот може да ги повлече овие овластувања, извршувајќи ги непосредно, или да ги наметне условите за нивните потреби.
Моќта е повеќе ограничена од повеќето национални власти, во делот поради кој што комисијата нема овластување во областа на надворешната политика-ова овластување припага на Европскиот совет, кој сто некој анализи го класифицираат како втор извршен огран на ЕУ.
Со оглед на тоа што со Договорот од Лисабон Европскиот совет станал формална установа со овластувања да ја постапува комисијата, може да се каже дека тие две тела поседуваат извршни моќи на Унијата (Европскиот совет исто така поседува поединечни национални овластувања).
Меѓутоа, комисијата е таа која моментално ја поседува извршната власт на Европската Унија.
Овластувањето на комисијата се налик на владите од типот на некогашниот белгиски премиер Гиј Верховстад кој предложил измена на нејзиното име во Европска влада, нарекувајќи го сегашното име на Унијата смешно.
Законодаван иницијатива[уреди | уреди извор]
Комисијата се разликува од другите институции во тоа што само таа ја поседува законодавната иницијатива во Европската унија, што значи дека единствено комисијата може да поднесе формални предлози на законодавните акти нацрт-законот не може формално да доаѓаат од законодавната гранка.
Со Договорот од Лисабон ниеден законодавен акт не е дозволен во полето на заедничка и надворешна безбедносна политика.
Комисијата го дели ова право со советот, но таа нема овластувања на полициската и судската соработка во врска со кривичните работи.
Во самата комисија, Советот и Парламентот може да побараат законодавни акти во најголем број на случаеви, комисијата иницира на основа на овие предлози, овој монопол е установен со идејата да се обезбеди координативно и складно обликување на правниот систем на ЕУ.
Овој монопол е предизвинкан од некој кој тврдат дека Собранието исто така треба да има право, повеќето национални парламенти кое го имаат правото во некои погледи.
Меѓутоа, Советот и Парламентот можеле да побараат од комисијата да направат нацрт-закон, иако комисијата има рпаво да одбие да го стори тоа како што се случи во 2008 година во интернационалната колективна конвенција.
Според Договорот од Лисабон граѓаните на ЕУ имаат право да побараат од комисијата да донесуваат закони на една област преку петиција која изнесува 1.000.000 потписи, но тоа не е обврзувачки.
Овластувањето на комисијата да предлага закони обично биле средочени на економската регулатива.
Предложила голем број прописи засновани на претпазливиот принцип.
Ова значи дека превентивната регулација презема иницијатива доколку, постои опасност на околината или човековото здравје: во борба против климатските промени или ограничувањата на генетските измени на организмите.
Ова е спортивно на одмерувањето на регулативата во однос на нејзините последици во економијата.
На овој начин комисијата произвела построга регулатива во однос на другите.
Големината на европскиот пазар допридонесе за законодавствата на ЕУ на светскиот пазар.
Во скоро време омисијата започнала создавање на Европското кривично право.
Во 2006 година токсичен отпад е исфрлен на Брегот на Слоновата Коска од европски брод, тоа ја наведе комисијата да се посвети на законите против токсичниот отпад.
Во тоа време некои држави од ЕУ не ни имале транспорт на токсичен отпад во своето кривично право, тоа ги навело комесарите Франко Фратини и Ставрос Димас да ја предложат идејата за еколошките злосторства.
Нивното право да предлагаат кривични закони било оспорувано на Европскиот суд на правдата, но судот ова право го поддржа.
До 2007 година единствени други кривични предлози кои биле предложени во областа на кривичното право биле Директивата во врска со правата на интелектуалната сопственост и измена на рамковната одлука за борба против тероризмот во 2002 година, која забранила какви било дела поврзани со тероризмот, регрутација (посебно преку интернет) и обука.
Спроведување[уреди | уреди извор]
Кога пописот е одобрен од советот и парламентот, комисијата има одговорност да го обезбеди неговото спроведување.
Ова се прави преку земјите-членки или преку агенциите.
Придонесувањето на неопходните мерки, комисијата и од комитетите составени од претставниците на земјите-членки и јавното и правното лоби, (процес кој е познат во жаргонот ͈Комитологија").
Понатаму, комисијата е одговорна за спорведување на буџетот на ЕУ ; обезбедување, заедно со европскиот ревизиски суд, дека фондовите на ЕУ се правилно потрошени.
Особено, комисијата има обврски да ги обезбеди договорите и правните пописи кој потенцијално се преземени од земјите-членки или од други институции пред спорот на Европскиот суд.
Во оваа улога комсијата е позната како чувар на договори.
Конечно комисијата обезбедува претставување на комисијата во надворешното претставување заедно со земјите-членки на заедничката надворешна и безбедносна политика, кои ја претставуваат Унијата во тела како што е светската трговска организација.
Исто така, вообичаено е претседателот на комисијата да присуствува на Г8 состаноците.
Состав[уреди | уреди извор]
Комисијата составена од комесари, вкупно 27 члена, вклучувајќи ги претседателот и потпретседателот.
Иако, секој член е именуван од нациналната влада по една на држава, не ја претставуваат својата држава во комисијата (но, понекогаш во пракса има влијание за нациноалниот интерес).
Одкога се предложени комесарите претседателот ги расподелува портфолијата меѓу нив.
Моќта на комесарот во голема мера зависи од неговото портфолио и може да варира со тек на времето.
На пример, комесарот за образование расте во важност со согласност со порастот на значењето на образованието и културата во европската политика.
Друг пример е комесарот за конкуренција кој има високо видлива позиција на светски дофат.
Пред да ја преземе Комисијата обврската, составот како целина мора да биде одобрен од страна на Парламентот.
Комесарите се подржани од својот личен кабинет кој ги дава политичките насоки, додека граѓанската служба (генерална дирекција види подоле) се занимава со техничката поддршка.
Именувањe[уреди | уреди извор]
Претседателот на комисијата прво е предложен од страна на Европскиот совет земајќи ги предвид последните парламентарни избори, кандидатот тогаш може да биде избран од страна на Европскиот парламент или не.
Ако не, Европскиот совет предлага друг кандидат во рок од еден месец.
Кандидатот бил водечки национален политичар но, тоа не е услов.
Во 2009 година, Договорот од Лисабон не бил на сила и Баросо не бил избран од Собранието, туку номиниран од Европскиот совет, во секој случај, десно ориентаните партии на ЕУ вршеле притисок за кандидат од својте редови.
На крајот десно ориентираниот кандидат бил избран: Хосе Мануел Баросо од Европската народна паритја.
Постојат и други критериуми кои влијаат на изборот на кандидат.
Меѓу нив се: Географската област на Европа од која доаѓа кандидатот (фаворизирана како југоисточна Европа во 2004 година), политичкото влијание на кандидатот, (кредибилни но не да бидат надмоќни над членовите), јазик (Франција смета дека францускиот јазик е неопходен услов) и степен на интеграција (нивната земја треба да биде член на Еврозоната и на Шенгенскиот договор).
Во 2004 година системот произвел голем број на кандидати и бил критикуван од страна на некои членови на парламентот.
По изборот кој се продолжи, лидерот на групата Алијанса на либералните и демократите за Европа, Грехам Водсон, ја опишал процедурата како ͈стаза на теписи во Јустус Липсиус", кој произведол само најмал заеднички именител, додека лидерот на групата Европски зелени-европски слободен сојуз (Green –EFA) Даниел Кон Бендит го прашал Баросо по неговиот прв говор "Ако вие сте најдобриот зошто не сте првиот кандидат?"
По претседателските избори и именувањето на високиот претставени од страна на Европскиот совет, секој комесар е номиниран од нивната земја-членка (освен за оние држави кои си обезбедиа претседател и висок претставник) во консултација со претседателот на Комисијата, иако има мала практична моќ да присили промена на кандидатот.
Меѓутоа, колку е поспособен кандидатот, толку е поголема веројатноста претседателот да им даде помоќно портфолио, распределба која е целосно во негова дискреција.
Тогаш тимот на претседателот е предмет на расправа.
Во Европскиот парламен кој ке ги испитува нив и потоа гласање за нивната соодветност за нивната целина.
Ако членовите на комисијата се несоодветни, претседателот мора да го прегрупира тимот или да побара нов кандидат од земјата членка или да ризикува Комисијата да гласа против.
Бидејќи парламентот неможе да гласа против поединечните комесари постои компромис при што најлошите комесари се отстранети, но малите забелешки се ставаат на страна така што Комисијата може да ја преземе функцијата.
Одкога тимот е одобрен од парламентот формално е составен во функција Европскиот Совет (Договор од ЕУ член 17.07).
По назначувањето, претседателот бира неколку потпретседатели (високиот претставник е обврзан да биде еден од нив) од редот на комесарите.
За најголем дел позицијата им дава малку поголема моќ на потпретседателите, освен првиот заменик кој стои како претседател кога претседателот е отсутен.
Од 2009 година првиот заменик-претседател се има стекнато со дополнителна моќ кој исто така е Висок претставник.
Политички стилови[уреди | уреди извор]
Сегашната комисија на Баросо ја презела одговорнаста кон крајот на 2004 година, откако била одложена поради противење на собранието кое принудило прегрупирање.
Во 2007 година Комисијата се зголемила од 25-27 комесари, по пристапување на Романија и Бугарија во Унијата со која секој си назначил свој комесари.
Со зголемувањето на Комисијата, Баросо го променил стилот на однесување на составот кој наликувал на претседателски кој заработил извесна доза критики.
Сепак, Баросо бил повеќе претседателски и личност на висок профил на неговите предходници.
Комисијата почнала да го губи дното на големите земји-членки како што се Франција, Обединетото Кралство и Германија кои се обидуваат да ја заобиколат нивната улога.
Ова може да го зголеми создавањето на претседателот на Европскиот совет во рамките на Договорот од Лисабон.
Исто така, дошло и до повисок степен на политизација во рамките на комисијата.
Организација[уреди | уреди извор]
Првенствено комисијата е со седиште во Брисел, со канцеларија на претседателот и сала за состаноци на комиисијата сместена на 13 спрат во зградата Берлејмон.
Комисијата, исто така, функционира со многу други бројни објекти во Брисел и Луксембург, кога собранието ќе се состане во Стразбур комесарите се состануваат во зградата Винстон Черчил за да присуствуваат на дебати во собранието.
Комисијата е поделена на оддели познати како генерални директори (ГД) што ги поврзува одделенијата и министерствата.
Секој оддел покрива одредена област како што се земјоделството или правдата и правата на граѓаните или внатрешните служби како што се човековите ресурси и преводи и е предводен од генералниот директор кој е одговорен за комесар.
Портфолиото на комесарот може да биде поддржан од голем број на ГД, тие подготвуваат предлози за нив иако се одобрени од страна на мнозинството на комесари, оди до парламентот и советот за разгледување.
Имало критики од голем број на луѓе дека високо фрагментираната структура на ГД го троши скапоцентото време во борба со преговори како што се различни оддели и комесари кои се натпреваруваат меѓу нив.
Понатаму, ГД можат да остварат значителна контрола над комесар кој има малку време да научи да воспоставува контрола врз својте вработени.
Според бројките објавени од страна на Комисијата, 23.043 лица биле вработени од страна на Комисијата како службеници и привремени агенции во април 2007 година.
Во прилог на овие 9019 надворешни вработени (на пример договорени агенти,одвоени нациноални експерти,млади експерти обучувачи итн.)
Најголемиот ГД е генерален директор за преводи со 2186 вработени додека најголема група е Белгески (21,4%), веројатно се должи на мнозинството (16.626) на вработени кои се наогаат во земјата.
Државната служба на Комисијата е управувана од Генералниот секретар, во моментов Кетрин Деј.
Печат[уреди | уреди извор]
Комуникацијата со медиумите е поставена од страна на ГД за комуникација.
Главниот портпарол на комисијата е Јоханес Летернберг кој ги презема пладневните брифинзи со новинарите, најчесто познати како пладневен печат.
Се одвиваат секој работен ден во салата за новинари во Берлејмон каде што новинарите може да поставуваат прашања на официјалните лица на Комсиијата на која било тема и легално се очекува да се на снимање одговор на ТВ во живо.
Ваквата ситуација во светот е единствена.
Забележано е од страна на еден истражувач дека печатот издаден од Комисијата е уникатно политички.
Пораката често поминува во неколку фази на изработка која ја нагласува улогата на Комисијата и се користи за оправдување на ЕУ и Комисијата за зголемување на нивната должина и комплексност.
Каде што има повеке сектори кои се вклучени во печатот исто така може да биде извор на конкуренција меѓу Комисијата и самите комесари.
Исто така, ова води до невообичаен голем број на печатот, 1907 за 2006 година и е исто така виден како уникатен призвод на политичката поставеност на ЕУ.
Има поголем број на новинари во Брисел отколку во Вашингтон, во 2007 година има дописник од Брисел.
Сепак, поради светската криза бројот на новинари во Брисел се намалил за 3 пати.
Постои само еден новинар кој ги покрива вестите за ЕУ за Латвија и ниеден за Литванија.
Иако, имаше светско намалување на новинарите, печатот и работењето како што се Европа преку сателит (Europe by Satelite) и Еурпал ТВ (Europal TV) води нови новинарски организација да веруваат дека можат да ја покријат ЕУ со овие извори и новинарски агенции.
Легитимитет[уреди | уреди извор]
Постои мислење дека методот на избори на комисијата го зголемил демократскиот дефицит на ЕУ.
Комисијата е изршна власт, кандидатите се избрани од 27 национални влади, што значи дека не е возможно за членовите на Комисијата или нивниот претседател да бидат остранети од гласачката кутија.
Во главно, легитимитетот на Комисијата се основа на неопходниот број на галсови во Европскиот парламент, со можност Парламентот да ја отстрани Комисијата.
Меѓутоа, излезеноста за изборите била мала (помала од 50%) од 1999 г. па наваму.
Можеби оваа бројка е поголема од некои национални избори, вклучувајќи ги и оние за конгресот на САД, но фактот дека нема непосредни избори за претседател на Комисијата ја намалува легитимноста на оваа положба во очите на јавноста.
Друг проблем е недостигот на единственото бирачко тело, кое дури и демократската структура и методите кои се развиваат не се огледало на креирање на европското граѓанско општество.
Договорот од Лисабон би можел да реши дел од дефицитот во основањето на поголема демократска контрола врз Комисијата, вклучувајќи воспоставување на постапката со која изборот на претседателот на Комисијата би се поврзал со избрите на Европскиот парламент.
Друг поглед на Комисијата тврди дека во областите во која таа има овластување да иницира закони не се затвара за институцијата која одговара на изборните притисоци.
Во овој поглед Комисијата е споредена со институции како што е независната Централна банка, која се занимава со техничките области на политиката.
Во дополнение, некои бранители на Комисијата појаснуваат дека прописите мора да бидат одобрени од советот во сите области (министрите од земјите-членки) како и Европскиот парламент во некои области пред да бидат усвоени, се ограничуваат прописи кој се усвоени во некои земји без согласност на нивните влади.
Во 2009 година европскиот правобранител објави статистика со жалби за граѓани против институциите на ЕУ, повеќето од нив (жалбите) биле пополнети против европската комсиија (66%) и недостаток на транспарентност.
Во 2010 година Комисијата била тужена за блокирање на пристапот на документите на биофуелната политика на ЕУ.
Ова се случи откако во медиумите потврдија изјава дека Комисијата блокирала научен доказ против биофуелните субвенции.
Недостатокот на транспарентност, нејасни лобистички врски, конфликт на интереси и неумерно трошење на комсиијата било означено во број на извештаи од страна на надворешни и независни верифицирани организации.
Наводи[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
Лефкада припаѓа на групата Јонски острови, северно се наоѓа островот Крф а јужно Кефалонија и Итака.Нидри е живописно местокој се наоѓа на југоисток од островот, сместен долж убава плажа опкружена со бујна вегетација.
Има една голема улица преполна со кафе барови, ресторани и продавници.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН БЕЗ ПРЕВОЗ
ДОПЛАТИ:
НАПОМЕНА: Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 10.00 часот а постелнина се менува на половина смена.
Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните.
Вилата има големи и просторни студија и апартмани, идеална за семејство со деца.
Одалечена е 80 метри од плажата и се наоѓа во мирниот дел од центарот на Нидри.
Поседува студија и апартмани.
Студијата се опремени со два или три кревети, кујнски дел, купатило ТВ, тераса и клима која се доплаќа.
Апартманите една спална соба со три кревети а четвртиот кревет е во склоп на трепезарискиот дел каде е и кујната.
Еден од апартмание е со една спална соба со два кревети и друга просторија со кревети на спрат.
Апартманите се опремени со купатило, тераса, ТВ, и клима која се доплаќа.
Постелнината се менува на 5 дена.
Гостите сами ја одржуваат хигиената.
Сместена во мирен дел од градот, со преубав двор и базен.
Идеална за одмор, на одалеченос од 400 метри од плажа.
На околу 300 метри има бројни ресторани и супермаркети.
Вилата поседува двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија и четворокреветни дуплекс апартмани.
Во четворокреветните студија, четвртото легло е фотеља на расклопување.
Сите студија и апартмани имаат опремена кујна, купатило, ТВ и клима со доплата.
Постелнината се менува на 5 дена.
Гостите сами ја одржуваат хигиената. | fineweb-2 |
Никола Петров, Скопје, 1998
Наместо предговор
Во текот на 1878 г. Бугарија беше разделена на 5 дела, откинати еден от друг.
Берлинскиот конгрес не се интересираше за етничката страна на прашањето.
Никој не ја поставуваше под сомнение обстановката, дека разделува една територија населена со еднородно население."
Тие ја отделија Македонија – пишува познатиот руски историчар Милјуков – од останатиот дел на Бугарија не зашто не ја сметаа за Бугарска, туку зашто го сметаа за опасно обединувањето на целото Бугарско племе."
Обединувањето
Во текот на април 1941 г. Германија ја распадна Југославија.
Бугарското население во Македонија и Западните покараини со неопишлива радост го дочека крајот на 28-годишното српско угнетување.
Во градовите и селата се формираа местни Бугарски акционни комитети како масовна патриотска општонародна организација.
Облечена со довербата на населението, таа се залага за востановување на разрушениот од војната општествен ред, со земање на властта од српската администрација.
Бугарскиот централен акционен комитет во Скопје испраќа ополномоштени лица во Софија да барат побрзо обединување со слободната Бугарска држава.
«Обединувањето – сведочи секретарот на БЦАК во Скопје Васил Хаџикимов од Штип – беше објавено и и осуштествено пред дојдат бугарските војски и бугарската државна администрација без да знае тогашната влада во Бугарија, председавана од Филов.
Во Скопје каде што беше седиштето на тој централен комитет, како и во другите градови и села каде што имаше организирано негови органоци, германските команди ги правеа сите напори против нивното создавање.
Сакаа докази за бугарскиот карактер на местното население, и тоа со изразено мнозинство во однос со другите националности, за да би ги признале.
И такви, што се однесува до Вардарскоиот крај, ги добија насекаде со акции : со закачување на Бугарските знамиња по куќите, со протерување на српските службеници од општините и другите државни органи и нивната замена со наши местни Бугари....»(1).
Скопскиот акционен комитет решава да го издава во Скопје весникот «Македонија».
Во неговиот прв број се поставува декларацијата на комитетот, во кои што меѓу другото се зборува:
«Бугари!
Македонија е слободна!
Слободна е Македонија за вечни времиња!
Дојде крајот на ропството под кое Македонија се наоѓаше само до пред неколку денови.
Вековното македонско ропство – грчко, турско и српско, духовно и политичко, а во XX век економско и социјално, исчезна за секогаж.
Еден голем идеал – слободата за која Македонија водеше вековна борба со безпримерен стоицизам и безбројни самопожртвувања е веќе минато....Македонија е сега слободна општобугарска целост» (2).
Слободна Македонија е залеана од национална еуфорија.
Луѓето се поздравуваат помеѓу себе си со «Христос воскресе» и «Македонија воскресе».
Насекаде се подготува спонатано пречекување на бугарските војски и администрација.
Еве дел од расказот на еден прилепчанец, поместен во бр.
2 на «Македонија» :
«По улиците се движат безброј камиони, тенкови, брмчат машините.
Преполни со војски тие преминуваат низ градот и одат надоле према Битола.
На сите улици седат прилепчани, зарадувани, восхитени од сето тоа, затоа што не можат да поверуват на сопствените си очи : Дали тоа не е само сон?
По ручекот, околу четири часот, одеднаж почна да бие свечно камбаната : знак дека идат гостите.
Како само го очекуваа тој миг, по сите улици почна да тече една голема река од луѓе – илјади луѓе идат кон железничката станица.
Половината уште не беа стигнали до неа, кога возот пристигна и громогласното «Ура» од илјадници грла го одбележува пристигувњето на бугарските железничари.
Моментот е крајно емоционален.
Некои плачат од радост, други се фрлат во вагоните и ги прегрнуваат војниците.
Цвекиња фрчат отсекаде.
Во тој момент стариот бугарски гимназијски учител Милан Небреклиев се изкачува и со краток огнен збор ги дочекува гостите.
Возбудени од неочекваниот пречек, опсипани со огнени чувства на братска љубов, војниците одговараат со поздрави.»
Исклучително бранување предизвика пресретнувањето на бугарските војници од штипјани.
«Штип, 25 април.
Денес....секој се радува, се смее, плаче со солзи од среќа, секој вика, колку што му држи гласот, со моќното бугарско «УРА».
Цвеќе и пешкири летат...Целото население на Штип се јурна према «Камениот – мост» да ја пресретне војската.
Штпјани повторно паднаа во делириум.
Дочекот на кметот, зборовите на командирот на дивизијата се пресретнуваат, прекинуват и испраќат со такво «УРА» кое што тука ниту можеме да го извикаме.
Многу илјадната поворка начело со офицерите духовништвото тргна према градот.
«УРА» - тоа не стивнува, военната музика грми, штипјани и штипјанки им се фрлаат на офицерите и војниците.
Во рацете на командирот на дивизијата се трупат дарови.
Во «Горно мало» од една порта излегува стара жена со црна шамија, со здиплена кошула во раката, се приближува до командирот му ја подава кошулата и слушаме како му зборува : «Честита слобода синко!».
А таа е баба Ѓурка Пецкова, мајка на Коце Пецков, убиен само неколку дена при бомбардирањата на Штип.» (1).
За израдуваното население беше толку значајно кој ја распадна Југославија.
Секој македонски Бугарин зад параванот на настаните ја гледаше Бугарија и истовремено према неа ја изразуваше својата љубов преко старата војничка од Првата светска војна, посветена на Борис Дрангов : «Гордеј се мајко Бугаријо, со своите синове херои!».
Во таа манифестација нема ни споменување за некокав македонизам како идеа за посебна македонска народност.
Омразата кон српска Југославија која имаше за првостепена задача да прогонува се што е бугарско, сега се повторуваше во полна манифестација, токму на бугарското народно чувство.» (2).
Србите идат начело на комунистичката партија на Македонија
Додека во време на Втората светска војна во Србија, Црна гора, Босна и Херцеговина се создава силно партизанско движење, во Македонија , и покрај напорите на ЈКП, тоа нема успех.
За тоа зборува во својот реферат до ЦК на ЈКП од 8 август 1943 г. Светозар Вукмановић – Темпо : «Во почетокот на март 1943 г. Пристигнав во Македонија каде што ја затекнав следната положба : Партијските организации во организационен однос беа во речиси полно разделување....Тоа се должи пред се на бугарското сознание на превладувачкиот дел од населението на Мкаедонија, кое не го поднесува антибугарскиот дух и не допушта да се дигне рака против Бугарија.» Нешто повеќе, самите комунисти и нивните раководители во лицето на Покраинскиот комитет, и ја земат властта од прилепчанецот Методи Шатаров – Шарло реско се спротивставуват на стремежот на српските комунисти да го наметнат своето водство и диктат.
Во титовите архиви се запазени многу документи по тоа прашање.
Во едно од нив се зборува : «Македонскиот ПК откажува да одржува врска со нас и се сврзува со БКП веднаш со започнувањето на окупацијата на Македонија.
Шарло не се отзовува и по третата покана да дојде во Белград на заседание, на кој што треба да се разгледа прашањето за Македонија.» (1).
Методи Шатаров и неговите другари сметат, дека бугарската власт во Македонија не е окупаторска и не треба да се води вооружена борба против бугарскиот народ.
«Ова мириса не само на национал-шовинизам, туку и на германофилство.» (2) – се тревожат водачите на ЈКП.
Ослободувањето на Македонија бо текот на 1941 г. беше резултат на надмоќ на една од големите сили – Германија.
Втората светска војна штотоку почнуваше и како една од основните држави во неа беше Советскиот Сојуз и доминантнот од Москва меѓународно комунистичко движење.
ЈКП начело со Тито одигра значителна улога во борбата против Германија и за воскресување на Југославија.
Титовистите спроведуваат целосочно насочена кампања за покорување на комунистичките структури во Вардарска Македонија.
Шарло иако со комунистички убедувања беше тврд Бугарин по сознание и се покажа како ограда против движењето на србокомунистите во Македонија, затоа ЦК на ЈКП со решение од 24-ти јуни 1941 г. го суспендира Покраинскиот комитет на Македонија начело со Шарло, а самиот него го исклучи од партијата и го осуди на смрт.
Во своето писмо до ПК на ЈКП за работата во Македонија Тито го основува решението така :
«Драги другари, постапката на «Стариот Бугарин» кој што беше одговорен за нашата работа во Македонија с епокажа не само антипартиска но и контарреволуционерна.
И не само тоа, тој не сметаше за потребно
да го образложи тоа свое прекинување.
По неколку години новиот српски васал на Македонија Лазар Колишевски исто појаснува какви се гревовите на Методи Шатаров.
«А кога на 6-ти април Југославија беше нападната, наместо порано и сега да ги готви масите за одбрана на земјата (Југославија) тој ја издига паролата за побратимување на војниците на фронтот....» (2).
Шарло ја издига лозинката за создавање на национален фронт со сите противници на големосрпскиот режим без оглед дали се тоа ванчо-михајловисти, прикриени фашисти и распалувачи на омраза против братскиот српски народ.
Тој не гледаше ништо повеќе освен една слепа борба против големосрпскиот режим...».....на заседанието на 1-ви април Шарло откриено се спротивстави на лозинката за одбрана на земјата (Југославија)......(1).
Српските комунисти и нивните агенти во Македонија не можеа да простат на Шаторов фактот, дека ги пречека со радост, како и сите бугарски патриоти во Македонија ослободителните бугарски војски во текот на 1941 г. Освен тоа Шаторов заедно со своите истомисленици гледа со симпатии на образувањето на бугарски акционни комитети и откажува да води борба против бугарската држава.
И нешто повеќе, тој ги отстранува од раководството српските инструктори Добривое Видић и Драган Павловић, «се изјаснува против присуството на српските колонисти и го објавува по распаѓањето на Југославија присоединувањето на македонските комунисти кон БКП».
(2)
Многу јасно ја формулира «вината» на раководството на чело со Шаторов и титовиот пратеник во Македонија Св.
Вукмановић-Темпо : «Шарловото раководство всушност беше шовинистичко, националистичко раководство.
Тие мислеа, дека македонскиот народ е бугарски и дека македонскиот народ е поробен од големосрпската хегемонија и треба да помине на страната на Бугарија».
Со сменувањето на Шаторов од функцијата секретар на ПК на ЈКП, раководството на ЈКП полага многу усилби, за да ги отсрани комунистичките структури во Вардарска Македонија од БКП откако ќе му придодаде на движението антибугарски карактер.
Со полна сила е пуштен одново во движение планот на стариот српски шовинист Стојан Новаковић се наложува на местото на бугарското самочувство географското «македонско».
Составен е нов ПК на ЈКП за Македонија во состав : Лазар Колишевски, Бане Андреев, Борка Талев, Благој Јанков, Вера Ацева Мара Нацева.
На чело на ПК е поставен Лазар Колишевски, но во текот на ноември 1941 г. тој е притворен од полицијата и на негово место доаѓа Бане Андреев.
ПК на чело со Андреев повторно се прави возможно да се разграничи од ЈКП.
Заедно со тоа тој ја засилува својата соработка со ЦК на БКП.
Тој ја издига лозинката на социјално-класова борба против монархофашистичката влада на Филов и за разрешување на македонското прашање во рамките на Балканската федерација.
Видниот комунистички функционер во Македонија Мирче Ацев со свое писмо до ЦК на ЈКП од 9-ти август 1942 г. соопштува, дека новото раководство на чело со Бане Андреев, после притварањето на Колишевски оди по патот на Шаторов, земајки становиште дека :
«.....Македонскиот народ уште ја нема изживеано својата илузија за «ослободување», дека уште им верува на бугарските власти......, дека нема услови ниту објективни, ниту субјективни за водење на партизанска војна, од тоа призлегува дека не треба да создаваме партизански отреди......Продолжи политиката на Шаторовото раководство, таа дури се продлабочи.» (1)
Југословенското комунистичко раководство е незадоволно од своите неуспеси во Македонија и невозможноста да ги изолира македонските комунисти од Бугарија.
На 16 јануари Тито изпраќа писмо до македонските комунисти во кое кажува:
«Главните карактеристики на партиската организација во Македонија се следните : Несигурноста во спроведувањето на политичката линија на нашата партија, колебање во нејзиното преименување на практика, организационна бркотница и слабост, мек однос спрема колебливите, странски опуртунистички и непартиски елементи внатре во партијата, тесно поставување на прашањето за слобода и независност на македонскиот народ, необврзаност на народните маси во водењето на акции, неизживеаност и либерален однос спрема «автономичките» тенденции од организациско партиен карактер, како и «автономистичките» тенденции од национален карактер!»
Неуспесите на југословенските комунисти да насадуват и раздуват антибугарска настроеност кога го искористуват ПК на ЈКП го принудуват Тито да превземе за осигуруване на сигурни кадри од Србија и Црна Гора.
Во Македонија прв пристигна инструкторот на ЦК на ЈКП Добривое Радославлевић, а во текот на февруари 1943 и Светозар Вукмановић-Темпо – делегат на ЦК на ЈКП.
Пристигнувајки во Скопје Темпо се убедува, дека всушност и без тоа анемичната организација на комунистите совсем ја прекинала својата дејност.
Во почетокот на 1943 г. дури раководството е в неполн состав.
Веројатно разбирајки ја невозможноста да организира реална вооружена дејност сред бугарското население во границите на бугарското царство, Темпо заминува за Тетово кое е окупирано од Италианците и на 19 март 1943 г. успева да издејствува набрзина заседание на кое што е избрано ново раководство на македонските комунисти.
Оформениот ЦК на македонските комунисти е во состав : Лазар Колишевски (неприсуствувал на своето избирање) – полит.
секретар, Мара Нацева – орг.
секретар, членови : Цветко Узунов, Кузман Јосифов, Страхил Гигов и Бане Андреев.
Од тука па натамо тоа раководство секогаж ќе се согласува со мислењето на Темпо и ќе му е секогаж послушно.....
Светозар Вукмановић потпирајки се на својте протекторати «организира» во териториите надвор од границите на бугарската држава неколку партизански формиравки, кои што вклучуват македонски комунисти.
Кои и каде беа партизаните во Македонија
Веќе формираните партизански одреди се составени главно од Срби, Цинцари, Евреи, Албанци, Турци и местни Бугари од србоманските реони на Скопје, Црна гора и Поречието.
Општо сите партизани не се повеќе од 50-60 човека во почетокот и брзо намалуват.
Разбирајки дека не можат да се потпрат на местното население југословенските комунисти решават да донесат борци од Србија.
Директивата што ја дава Тито гласи вака :
«Ќе ви испратам еден посилен одред партизани од Србија во Македонија кој веќе се е здобил со големо искуство во овдешните борби.
Грижете се вашите партизански одреди да бидат составени од Срби и Македонци...» (1).
Недостатокот на партизанско движење во вардарскиот дел се потврдува од самиот Темпо кој што пишува : «Кога пристигнав во Македонија, ја најдов следната состојба : партиските организации во организационен однос беа речиси во полно разпаѓање......Во текот на 1942 г. е имало шест одреди од по 10-15 борци и тие сите биле разбиени освен Битолскиот, кој што поминал на албанска територија и тоа сам на своја глава и така се запазил.»
Мнозинството од «борците» во партизанските одреди со составени од странци.
Веќе споменатиот Скопски одред на број 25 човека е составен од Срби, Турци, Црногорци, Чеси и Македонци-србомани.
Го зел командувањето на комунистичките структури во Македонија со посредство на србоманско ориентираните свои орудија Темпо се залага да «организира» реално партизанско движење.
Ток брзо сфаќа, дека не би можел да организира вооружени одреди на територијата на Македонија која влегла во бугарската држава.
Населението не ги симпатизира антидржавните и антибугарските дејствиа на комунистите.
Самиот партиски секретар Бане Андреев изречно подцртува дека «партизаните воопшто не успеале и дека е направена голема грешка со илегувањето на партизаните.
И масите воопшто не ги примале, а ги предавале.» (1)
Уште покатегоричен за странскиот состав и карактер на партизанското движење во Македонија е раководителот на Главниот штаб М. Апостолски, кој што се оправдува во текот на 1945 г.
«Што да правам бре.....кога излеговме во шумата само јас бев од Македонија, а другите беа Срби, Цинцари и др.
и така во борбата го «зацврстивме» нашто другарство и пријателство.» (2)
Во окупираните од Италианците делови на Македонија на 11 ноември 1943 г. под раководството на Црногорецот Темпо се формира «Прва Македонско-Косовска бригада».
Самиот партизански водач Страхил Гигов го зборува следното за нејзиниот национален состав : «Таа бригада беше составена од Македонци, Срби, Шиптари, Словенци и други националности од нашата социалистичка целост.» Друг еден од учесниците го споменува следното : «По национален состав во прво време беше составена од Македонци, Срби, Црногорци, Словенци од Истра, Италианци и Шиптари.» Покасно кон неа се присоединуват и избегани од германско заточеништво црвеноармејци.
Командувањето на Македонско-Косовската бригада е од Србинот Петар Брајковић-Џуро од Цетиње – Србин-Црногорец.
Стотици и илјади се страниците испишани од србо-комунистите во Македонија за «борбата против бугарскиот окупатор», но не кажуват дека таа «борба» се води во окупираниот од Италианците дел на Македонија.
И кој води таа борба – партизани – главно Срби, Црногорци, Шиптари, црвеноармејци.
Не можејки да најдат во Македонија доволно приврзаници на својата антибугарска политика па дури и сред комунистите, титовистите изпраќат од Шумадија свои верни орудија.
Лазар Колишевски беше еден од тие верни српски воспитаници.
Тој пристигна во Прилеп на 8 октомври 1941 г. со специјална порачка од Тито да организира провокација во градот спроти бугарската власт.
Колишевски е одгледан во српско сиротиште како сирак со специјалните грижи на српската пропаганда во Југославија.
Завршил средно образование во Крагуевац, во срцето на Шумадија .
Назначен е од Србите на служба кај кралската армија во воениот арсенал во Крагуевац.
Лазар Колишевски е типичен пример на современен јаничар – го заборавил своето потекло и ги предал интересите на својот народ на Србите.
Дури и Вера Ацева, видната комунистичка дејка дава таква карактеристика за Колишевски : «Тој што растел и живеел надвор од Македонија до 1941 г. не го е почувствувал ропството на македонскиот народ во кралството Југославија и денес не може да разбере или не сака да разбере дека неговата положба како српски комунист нашата беше коренито различно».
Во својата дејност во Вардарска Македонија Колишевски се потпира исклучиво на Срби, Цинцари или на местни србомани воспитувани во Србија.
Така нареченото «востание» во Прилеп од 11 октомври 1941 г. Колишевски исто го организира со помошта на верните српски орудија.
11 октомври 1941 г. е национален празник на Република Македонија, како «спомен за востанието против Бугарскиот окупатор», а всушност на тој ден во Прилеп беше извршена една терористичка акција – востанието завршува заклучно со исечување на електричниот кабел на улицата и стрелање во патролниот стражар пред седиштето на полицијата.
Во неа главен извршител, човекот кој што стрелаше оддалеку во поставениот стражар пред полицискиот участок беше Душко Наумовски.
Тој е србин од Крушевац чии што родители по потекло се од Прилеп, но уште по турско време се преселиле во Србија и се посрбиле.
Главниот организатор на акцијата во Прилеп е како веќе посочивме, одгледаниот во Крагуевац Колишевски, а инициатор е Тито, кој што сака по тој начин да демонстрира, дека ЈКП располага во Вардарска Македонија со свои истомисленици и ги следи местните структури на ком.
партија кои се раководат од него, а не да кореспондират со БКП какво што беше решението на ПК начело со Методи Шаторов – Шарло.
Партизанско движење во Македонија во текот на Времето на бугарското присуство всушност немаше.
Мали партизански формировки дејствуваа во италианската зона во Дабарца и во германската зона во Егејска Македонија.
Повеќе од четириесет години во Скопје се шпекулира со илјадниците борци против «бугарскиот окупатор».
Тие и сега зимат државни пензии.
Тие борци се појавија кога бугарските органи, армијата и администрацијата се повлекоа од Вардарска Македонија во текот на првите денови на септември 1944 г. по наредба на комунистичката влада на Бугарија.
За сравнување инвазијата на партизани во Вардарска Македонија е направена во текот на октомври 1944 г. после кога од името на новата комунистичка власт беше објавена мобилизација. | fineweb-2 |
Тим Бернерс-Ли
Сер Тим Бернерс-Ли (англиски: Tim Berners Lee; р.
1989) — англиски информатичар кој, во Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипертекстуален програм за расределба на податоците помеѓу луѓето, т.е.
сѐ уште само на научниците бидејќи 1989 г. сè уште немало голем број на домашни сметачи и имало многу мал број на корисници на семрежјето (интернетот).
Овој англиски научник на Божиќ во 1990 г. ја воспоставил првата врска помеѓу HTTP-клиент и опслужувач преку семрежјето, со што влезе во историјата како креатор на World Wide Web.
Сер Бернерс е и еден од основачите на W3C, телото кое го надгледува развојот на WWW.
Вработен е на MIT, најценетиот технички универзитет во САД, а иднината на семрежјето ја гледа во семантичкиот веб - паметен систем на организација на податоците на семрежјето, кој на машините ќе им овозможи подобро сфаќање на човековите потреби, а со самото тоа и ќе даде подобар одговор на нив. | fineweb-2 |
Во еден сад се става водата со маргаринот да се стопи.
Се вклучува рерната на 250 ст.С, а тавчето бр.28 се обложува со пекпапир
3.
Во тавчето се ставаат две кори така што краевите висат кон надвор, се прскаат со водата и маргаринот.
Се згужвува една кора и се става во една третина од тавчето.
Така се гужваат уште две кори и се ставаат во другите две третини од тавчето, покрај првата.
Значи во вториот ред имаме три згужвани кори.
Преку секоја кора се попрскува вода( јас ставам по една лажица)
5.
Се прави уште еден ред со гужвани кори, па се става пола од филот.
Пак се гужваат кори, се попрскуваат и се повторува процесот се додека има материјал.
На крај се поклопува бурекот со оние кори сто висат надвор и се попрскува со останатата вода.
Се пече 5 мин.
на 250 ст.С, па се намалува температурата на 200 ст.
С и се пече уште околу 50 мин(зависи од вашиот шпорет).
Пет минути пред крај, се вади бурекот, се превртува во тавчето и се остава да се допече.
ФИЛ
1 главица кромид се сецка и се пропржува на вода, се додава месото и добро се иститнува.
Се пржи додека испари целата вода.
Се додава сол и црн бибер.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер
Лиценца: Сите права се задржани | fineweb-2 |
Протокол за откривање на соседи
Протокол за откривање на соседи (NDP) е протокол на Internet Protocol Suite што користи Internet Protocol Version 6 (IPv6).
Оперира со мрежното ниво (Network Layer) на семрежниот модел (RFC 1122) и е одговорен за адресната автоматска конфигурација на јазли, за откривање на други јазли на дадена врска, за утврдување адреса на Link Layer (TCP/IP) нивото за други јазли, двојно зголемување на пронаоѓање на адреси, наоѓање на достапни рутери и Domain Name System (DNS) сервери, откривање на адресни префикси, и одржување на достапните информации за патеките до други активни соседни јазли (RFC 4861).
Дадениот протокол дефинира пет различни ICMPv6 типови на пакети за извршување на функции за IPv6 слични на Address Resolution Protocol (ARP) и Internet Control Message Protocol (ICMP) Рутерско пронаоѓање и рутерско пренасочување протоколите за IPv4.
Вооедно содржи многу подобрувања за разлика од копиите на IPv4 (RFC 4861, section 3.1).
На пример вклучува Neighbor Unreachability Detection (NUD), со тоа ја подобрува робусноста на испорака на пакети, во присутност на грешни врски, отказ на рутери или променливи јазли.
Како и самиот IPv6 протокол, Neighbor Discovery е генерално подобро прилагоден на модерните мрежи за разлика од постарите протоколи.
Некои поважни специфични напредоци направени кај Neighbor Discovery протоколот во споредба со работите направени во IPv4 се следниве: Формализирање на Router Discovery, формализирање на адресната резолуција, можноста за изведување на функциите безбедно, aвтоматска конфигурација, динамичка селекција на рутер, мултикаст базирана адресна резолуција како и подобро пренасочување.
Технички детали[уреди | уреди извор]
Протоколот за откривање на соседите дефинира механизам за овозможување на следниве функционалности:
- Пронаоѓање на рутерот: домаќиините може да ги лоцираат насочувачите сместени на прикачени врски.
- Откривање на префикс: домаќините може да ги откријат адресните префикси сто се поврзани за прикачени врски.
- Откривање на параметри: домаќините може да најдат параметри на врската(пример Maximum transmission unit).
- Адресна автоконфигурација: конфигурација на адреси од мрежните интерфејси.
- Адресна резолуција: мапирање помеѓу IP адреса и податочно ниво.
- Одредување на следен хоп: домаќинот може да го најде следниот хоп рутери за дестионацијата.
- Детекција на недостапност на соседот(NUD): одредува дека соседот не е веќе достапен на врската.
- Детекција на дупликат адреси (DAD): јазлите може да проверат дали адресата е веќе користена.
- Пренасочување:насочувачот може да извести јазол за подобри прв-хоп насочувачи.
- Рекурзивен DNS сервер (RDNSS) доделен ппреку насочувачка објава (RA) опција. | fineweb-2 |
Reading of Silence
Избрана поезија од Павле Горановиќ, еКнига, на англиски.
Превод на англиски: Александра Никчевиќ.
Понесени од тивок левант, сепак веруваме
дека вреди да се биде на ова патување.
By buying this product you can collect up to 5 loyalty points.
Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден.. | fineweb-2 |
KDE
|KDE|
|Основачи||Матијас Етрич|
|Тип||заедница|
|Основана||14 октомври 1996|
|Кадар||Корнелиус Шумахер|
|Производ||KDE SC, KOffice, KDevelop, Extragear|
|Задршка||слободна програмска опрема|
|Метод||творечки дела, развој, документација, промоврање и преведување.|
|Мреж.
место||KDE.org|
KDE (од англ.
K Desktop Environment), е слободна графичка работна околина заснована на приборот Qt од Trolltech.
Може да работи на секој [Unixoid], како GNU/Linux, BSD, Solaris, а во последно време со користење на дополнителни библиотеки и на оперативниот систем Windows.
Заедно со KDE стандардно доаѓаат развојната средина KDevelop, канцеларискиот пакет KOffice, и останати помошни апликации, игри, уредувачи, теми за изглед, икони, фонтови и сѐ друго што ѝ е потребно на една работна околина за нормална работа.
Слободата ви дава за право да го приспособите на вашите потреби и да го направите да изгледа онака како што вие би сакале.
Оригиналното име на KDE доаѓа од изразот Cool Desktop Envirionment, но со оглед на тоа што CDE во тој период беше веќе регистрирана кратенка за Common Desktop Envirionment, се премина кон зборот Kool и кратенката KDE.
Маскота на проектот е зелениот змеј Конки.
Содржина
Кратка историја[уреди | уреди извор]
Проектот KDE е започнат во 1996 година од студентот Матијас Етрих на Универзитетот во Тибинген.
KDE дојде како потреба при изработката на графички посредник за Tex.
Иницијатор на проектот беше тоа што девојката на Етрих не можела да ги користи дотогаш познатите работни околини.
Поддршка за остварување на својата идеја, Матијас Етрих најде во тулкитот Qt на Trolltech.
Големиот број на оваа работна околина овозможија брзо созревање на проектот како и користење од страна на најголемите GNU/Linux дистрибуции во светот како примарна работна околина.
Ажурирања и излегување на нови верзии на KDE се предвремено определени и се одликуваат со строга точност на излегување.
Како е организирана заедницата на KDE[уреди | уреди извор]
Голем број волонтери од светот работат на подобрување и развивање на нова програмска опрема за KDE.
Некои од гигантските програмски компании како Novell, Trolltech и Mandriva, вложуваат средства за поддршка на овој проект, со што програмерите кои работат на KDE проектите добиваат финансиски надомест за својата работа.
Од друга страна тука е големата заедница на корисници кои секојдневно пријавуваат грешки, поправаат тековни грешки или изработуваат свои "надворешни апликации" (што не се дел од KDE).
Веб-портал со вакви апликации е KDE Apps.
Најпознати апликации[уреди | уреди извор]
- Amarok - мултимедијална аудио апликација
- Kaffeine - мултимедијална аудио/видео апликација
- K3b - апликација за снимање/копирање ЦД и ДВД формати
- Digikam - апликација за преглед и манипулација на фото галерии
- KOffice - канцелариски пакет за КДЕ
- KDevelop - Равојна средина за голем број програмски јазици
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|"| | fineweb-2 |
Тејт
Тејт е национален музеј на Обединетото Кралство на британска и модерна уметност и претставува мрежа од четири уметнички галерии во Англија: Тејт Британија (отворена 1897 и преименувана во 2000), Тејт Ливерпул (1988), Тејт Сент Ив (1993) и Тејт Модерн (2000), со дополнителна веб-страница, Тејт Онлајн (1998).
Тоа е државен орган без одделенија.
Тејт се користи како оперативно име за правно тело кое беше основано со Законот за музеи и галерии од 1992 год.
како Одбор на доверители на Тејт галеријата.
Галеријата беше основана во 1897 како Национална Галерија на Британската Уметност.
Кога улогата му беше сменета вклучувајќи ја и модерната уметност, беше преименувана во Тејт Галерија по Хенри Тејт, кој ги постави основите за колекцијата.
Тејт галеријата беше сместена во зграда на Милбанк, Лондон.
Во 2000 год.
ја подели својата колекцијата во четири музеи: Тејт Британија (сместена во првобитната зграда) прикажувајќи колекција на британска уметност од 1500 год.
до денешен ден; Тејт Модерн која што исто така е во Лондон и во неа се наоѓа колекцијата на Тејт на британска и меѓународна модерна и современа уметност од 1900 год.
до денешен ден.
Тејт Ливерпул што се наоѓа во Ливерпул ја има истата цел како и Тејт Модерн, но во помал размер и Тејт Сент Ив прикажува модерна и современа уметност од уметници кои се поврзани со областа.
Сите четири музеи ја споделуваат колекцијата на Тејт.
Еден од најпубликуваните уметнички настани на Тејт е годишната Награда Тарнер, која се одржува во Тејт Британија.
Содржина
Историја и развој[уреди | уреди извор]
Првобитната уметничка галерија Тејт беше наречена Национална галерија на британската уметност и беше сместена на Милбанк, Пимлико, Лондон на страната на поранешниот затвор на Милбанк.
Идејата за Национална Галерија на Британска Уметност за првпат беше предложена во 1820 год.
од Сер Џон Лејчестер, Барон де Таблеј.
Чекор напред беше направен кога Роберт Вернон ја даде неговата колекција на Националната галерија во 1847 год.
Декада подоцна Џон Шипхенкс ја даде својата колекција на Музејот на јужен Кенсингтон (подоцна Викторија и Алберт музеј ), со години познат како Национална Галерија на Уметноста (истото име коешто го имаше и галеријата Тејт).
Четириесет години подоцна Сер Хенри Тејт кој беше магнат за шеќер и голем колекционер на уметност од Викторијанската доба, понуди финансирање на зградата на галеријата во куќа на британска уметност под услов државата да ги поднесе трошоците за локацијата и даноците.
Хенри Тејт исто така и ја подари на галеријата својата колекција.
На почеток беше колекција само од британска уметност, концентрирајќи се на делата од модерните сликари, тоа ест Викторијанската доба.
Колекцијата беше раководена од Националната Галерија сѐ до 1954 год.
Во 1915 год.
Хју Лејн неговата колекција од европска модерна уметност ја остави во наследство на Даблин, но колекцијата контроверзно отиде во Тејт, која ја зголеми својата колекција вклучувајќи странска уметност и продолжи да се здобива со дела од современа уметност.
Во 1926 год.
и 1937 год.
дилерот на уметнички дела и покровител Јозеф Дувин плати за две големи проширувања на зградата на галеријата.
Неговиот татко порано имаше платено за проширување на зградата за голем дел од наследството на Тарнер, кое во 1987 год.
беше трансформирано во крило што го плати Сер Чарлс Клор.
Хенри Кортаулт исто така го потпомогна Тејт со набавување на средства.
До средината на 20-тиот век исполнуваше двојна функција претставувајќи ја историјата на британската уметност како меѓународна модерна уметност.
Во 1954 год.
галеријата Тејт конечно беше одделена од Националната галерија.
Во периодот од 1950-те и 1960-те год.
визуелниот уметнички ресор на Советот за Уметност на Велика Британија финансираше и организираше
привремени изложби во галеријата Тејт вклучувајќи ја и ретроспективата на Марсел Дишан во 1966 год.
Подоцна Тејт почна да ја организира својата привремена изложбена програма.
Во 1979 год.
со финансии од страна на јапонска банка беше отворено големо модерно проширување коешто би сместило поголеми профитабилни изложби.
Во 1987 год.
се отвори крилото Клор за да смести поголем дел од наследството на Тарнер, а исто така обезбеди сала со 200 седишта.
("Стогодишниот Развој" во 2001 год.
обезбеди подобрен пристап и јавни погодности.)
Во 1988 год.
во зафрлена населба во северозападна Англија се отвори Тејт Ливерпул.
Тој прикажува различни дела од Тејт во Лондон како и зголемување на неговите привремени изложби.
Во 2007 год.
Тејт Ливерпул беше угостен со наградата Тарнер, која за првпат се оддржа надвор од Лондон.
Ова е увертира во постанувањето на Ливерпул европска престолнина на културата во 2008 год.
Во 1993 год.
се отвори друг огранок, Тејт Сент Ив.
Таа изложува дела на модерни уметници, особено оние од училиштето Сент Ив.
Тејт исто така управува и со Музејот Барбара Хепворт и Скулпторска градина кој е отворен во 1980 год.
Ниедна од овие две нови галерии на Тејт немаше значајно влијание врз функционирањето на првобитната Тејт галерија во Лондон, чијашто големина како што растеше колекцијата сè повеќе се покажуваше како ограничување.
Логичен чекор беше "британските" и "модерните" аспекти од колекцијата, да се одвојат и тие сега се наоѓаат во одвоени згради во Лондон.
Првобитната галерија сега е Тејт Британија и е национална галерија за британска уметност од 1500 год.
до денешен ден и нешто од модерната британска уметност.
Тејт Модерн, во Бенксајт Пауер Стејшн на јужната страна на Темза, е отворена во 2000 год.
и изложува национална колекција на модерна уметност од 1900 год.
до денешен ден, вклучувајќи дел модерната британска уметност.
Првата година, Тејт Модерн беше најпопуларниот музеј на светот со 5 250 000 посетители.
Сер Николас Серота беше директор на Тејт од 1988 год.
Тејт Онлајн[уреди | уреди извор]
Тејт Онлајн е веб-страницата на Тејт.
Сé до неговата промоција во 1998 год., страницата нудеше информации за сите четири (физички) Тејт галерии (Тејт Британија, Тејт Сент Ив, Тејт Ливерпул и Тејт Модерн) под истиот домејн.
Тејт Онлајн ги припрема посетителите и ги продолжува посетите на физички локации, но исто така дејствува како дестинација самата за себе.
Другите извори вклучуваат илустрирани информации за сите дела од колекцијата на британска и модерна меѓународна уметност на Тејт, можности за структурно и неформално електронско учење за сите посетители, над 400 часа на архивирани интернет настани, сите статии од весникот Тејт ЕТЦ и серии од нарачани уметнички работи по интернет.
BT Group(British Telecommunications Group) е ексклузивен спонзор на Тејт Онлајн од 2001 год.
Покрај тоа што нуди информации за галериите и организацијата, Тејт Онлајн се користеше како платформа за изложби на интернет уметност, наречена Нет Арт, кои се организирани како дел од иницијативата на Тејт Интермедиа Арт која ја покрива новата медиска уметност.
Досега 13 интернет уметнички изложби беа прикажани сè до започнувањето на иницијативата во 2000 год.
вклучувајќи Тејт во Вселената (2002) која беше номинирана во интерактивната уметничка категорија за БАФТА Интерактивни Награди во 2003 год.
Администрација[уреди | уреди извор]
Тејт добива годишно финансирање од Министерството за Култура, Медиуми и Спорт.
Со него управува Одборот на доверители кој е одговорен за функционирањето на галеријата и назначувањето на директорот (за период од 7 години).
Според Законот за добротворност од 1993 год.
Тејт е ослободен од добротворност директно од владата, наместо Добротворната комисија да враќа финансиски приходи итн.
Меѓутоа, од Доверителите сè уште се очекува наполно да ги следат одговорностите на Доверителите за добротворност и може да подлежат на надзор на Добротворната Комисија оние елементи што се дел од нивните активности.
Се основаа различни органи за поддршка на Тејт вклучувајќи ги Тејт членовите за општа јавност, каде годишната членарина дава права како што се слободен влез плаќајќи за изложбите и просториите на членовите.
Исто така Тејт има Тејт Покровители за поголема членарина и Тејт Фондација.
Постојат и голем број на заеднички спонзори.
Меѓутоа често се спонзорираат индивидуални прикажувања.
Контроверзии[уреди | уреди извор]
- Во 19 век имаше недоразбирања околу добивките од наследството на Чантреј и обвинувања кога наклонетоста резултира со купување на слабо неинтересно дело од Кралските Академици.
- Во 1971 год.
по пет дена беше затворена изложба на Роберт Морис поради здравствени и безбедносни причини.
- Во 1972 год.
галеријата Тејт купи дело од Карл Андре наречено ''Еквивалент VIII''.
За време на изложбата на делото во 1976 год.
весникот Тајмс објави статија користејќи го делото да се пожали за институционално трошење на пари од данокот.
Статијата го направи делото неславно и беше предмет на потсмев во медиумите и вандализам.
Делото сè уште е популарно како "Тули" и влезе во Британскиот државен лексикон.
- Секоја година, Наградата Тарнер се одржува во галеријата Тејт (историски во Тејт Британија) и наградува уметник под 50 години кој е или Британец или кој првенствено твори во Велика Британија.
Предмет е на голема контроверзија и создава големо медиумско внимание за Современата Британска Уметност, како и прикажувања што предизвикуваат внимание.
- Во 1995 год.
се откри дека Тејт прифатил подарок од 20 000 фунти од уметничкиот измамник Џон Дру.
Галеријата му даде пристап на Дру до нејзините архиви кои потоа тој ги искористи да фалсификува документи авторизирајќи фалсификувани модерни слики кои подоцна ги продал.
- Во 1998 год.
Сер Николас Серота, директор на Тејт смисли "Операција Кобалт", тајно и крајно успешно купување на две слики на Тејт од Џ.М.В.
Тарнер што ги украде германската галерија во 1994 год.
Види во Франкфуртска уметничка кражба (1994).
- Чарлс Саатчи понуди голем подарок од дела што беа отфрлени од Серота.
Серота одговори дека немало таква понуда.
- Во 2005 год.
Стакист понуди донација од 175 слики кои беа изложени во уметничката галерија Вокер.
Донацијата беше одбиена и Тејт беше обвинет за "одбивање на една од најистакнатите британски колекции".
- Во 2005 год.
имаше скандал кога Тејт за 705 000 фунти го купи делото Горната Соба од артистот и тогашен доверител Крис Офили, како и обвинувања за конфликт на интереси.
Во јули 2006 год.
Добротворната Комисија ја заврши истрагата и ја критикуваше галеријата за дејствување надвор од нејзината законска моќ.
- Во 2006 год.
беше дадено легално мислење дека Тејт и Националната Галерија немаат законско право на сопственост на Наследството на Тарнер, бидејќи условите на Тарнер никогаш не беа исполнети и сè уште се обврзувачки.
- Во 2006 год.
се откри дека Тејт беше единствениот музеј финансиран од државата, кој не е акредитиран од Советот на музеи, библиотеки и архиви (eng:MLA), бидејќи не сакаше да ги почитува правилата дека за отстранување на дело од колекција би требало прво да се понуди на други музеи.
MLA се закануваше да го спречи Тејт од набавување на дела според Согласноста во Лиу (eng:AIL), при што делата се дадени на државата да го подмири данокот за наследство.
1800 музеи се овластени од MLA.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Tate: Net Art
- Intermedia Art
-
- tate.org Пристапено во ноември 10, 2008
- Alberge, Dalya (2005)"Тејт одбива £500,000 подарок од 'неоригинални' Стакисти", The Times, 28 јули 2005.
Превземено 10 јули 2007.
- Печатот за скандалот со "Горната Соба" Превземено 19ти Март, 2006
- Alberge, Dalya (2006)"Купувањето на Офили од Тејт го прекрши законот за добтротворни цели" The Times online, 19 јули, 2006.
Пристапено јули 19, 2006
- jmwturner.org
- The Art Newspaper Превземено 19ти Март, 2006
Види исто[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Tate Online — 65 000 дела од колекцијата на Тејт, информации за изложби на Тејт и програми за случувања и извори за онлајн учење.
- Списанието TATE ETC.
- Turner Worldwide - во процес на онлајн каталогизирање на дела од Џ.М.В.
Тарнер низ светот.
- Turner Collection Online Онлајн каталог од колекцијата на Тејт од приближно 300 слики на масло и 30,000 дела на хартија од Џ.М.В.
- Tate Gallery Records Тејт поседува историски записи.
- Tate Podcasts Аудио и видео podcasts на Тејт.
- Тејт во Вселената
- Музејот Тарнер | fineweb-2 |
Апостол Јаков Зеведеев
- Поврзано: Апостол Јаков
|Јаков Зеведеев|
|Апостол|
|Роден(а)||1 век,|
|Умрел(а)||44 година, Јудеја, Ерусалим|
|Почитуван(а) во||Христијанство|
|Главно светилиште||Катедрала Сантјаго де Компостела, Шпанија|
|Слава||25 јули (Римокатоличка црква)
30 април (Православна црква)
Апостол Јаков е роден во Палестина.
Јаков заедно со својот татко и брат биле рибари.
Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко.
Тој бил голем преврзаник на Исус Христос.
Во Евангелието се вели дека Јаков бил еден од тројцата апостоли на кој Исус Христос им ги откривал најголемите тајни.
За него се вели дека целиот живот не јадел ниту маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода и дека бил девственик до крајот на животот.
Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли.Според преданието, тој и во Мисир одел заедно со Дева Марија и со Јосиф кога Ирод барал да се убие новородениот Цар.
По воскресението, Исус Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Свети апостол Павле (1 Кор.
Со указ на Господ ја составил првата литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст ја скратиле и преработиле.
Свети Јаков проповедал по најразлични држави, се до Шпанија.
По враќањето од Шпанија, се состанувал со многубројни евреи со кој дискутирал на различни теми од реклигијата, па затоа евреите неможејќи да му одолеат го најмиле магионочарот Хермоген.
Но и самиот Хермоген, па и неговиот ученик Филип, кога го слушнале како проповеа, се покрстиле и преминале во христијанската вера.
Тогаш евреите го обвиниле пред Ирод и го наговориле Јосиј да го изклевети апостолот пред царот.
Кога Јаков бил осуден на смрт, и самиот Косиј бил исто така осуден на смрт.
Одејќи кон бубилиштето, Јосиј му се молел на Јаков да му прости за клеветата.
Јаков го прегрнал и му рекол: "Мир во тебе, нека е простено".
Јаков бил убиен во 44 година во Ерусалим.
Неговото тело било пренесено во Сантјаго де Компостела во Шпанија, каде на неговиот гроб до ден денеска се случуваат различни чудни работи.
Во 11 век, Сантјаго де Компостела станал еден од најзначајните места во христијанство|христијанството, по Светата земја.
Во неговата чест, многу други градови Латинска Америка и Шпанија го носат неговото име, како што се Сантијаго де Чиле (главниот град на Чиле), Сантијаго де Гвајакил (најголемиот град во Еквадор), Сантијаго дел Eстеро (најстариот град во Аргентина) и Сантијаго де Куба (втор најголемиот град во Куба ).
Негов брат е Апостол Свети Јован.
Неговиот живот е опишан во евангелието на Матеј и Марко.
Тој е единствеиот апостол чијашто смрт е опишана во Новиот Завет.
Католичката црквата неговото име го слави на 25 јули, а православната црква на 30 април. | fineweb-2 |
Логика
Зборот логика, од старогрчкото λόγος (логос), првобитно значел збор или она што се зборува, (но исто така и мисла или расудување) се занимава со проучување на логичките вистини и логичките следства, особено се занимава со правилата на валидното заклучување.
Сепак постојат различни дефиниции помеѓу различни филозофски школи, но штом предметот е воспоставен, задачата на логичарот е иста: да ги воспостави начелата на правилното расудување.
Логиката се смета за гранка на философијата.
Од средината на XIX век логиката исто така се проучува и како дел од математиката, а во поскоро време и како дел од информатиката.
Логиката како наука, ја истражува и класифицира структурата на премисите и агрументите со проучување на формални системи на изведување како и со проучување на аргументи од секојдневниот јазик.
Затоа делокругот на логиката може да биде многу голем - од изучување на фундаментални концепти како логичките грешки и парадоксите па сè до специјализирани анализи на расудувањето.
Содржина
- 1 Карактерот на логиката
- 2 Предмети на логиката
- 3 Расправа за логиката
- 4 Поврзано
- 5 Библиографија
- 6 Надворешни врски
Карактерот на логиката[уреди | уреди извор]
Заради нејзината фундаментална улога во философијата, карактерот на логиката претставува предмет на спор помеѓу философите: неможно е да се опишат делокругот и ограничувањата на логиката на начин кој би бил прифатлив за сите.
Покрај тоа, изучувањето на логиката е кохерентно и технички основано.
Овој напис ја карактеризира логиката прво со вовед во некои фундаментални концепти за нејзиниот облик, а потоа со преглед на неколку школи на размислување како и со краток увид во историјата на логиката, за да даде објаснување за врската помеѓу логиката и другите науки.
На крајот на статијата добиваме објаснување за неколку од суштинските концепти на логиката.
Неформална, формална и симболичка логика[уреди | уреди извор]
Суштинскиот концепт на формата е централна точка на дискусија во разоткривањето на карактерот на логиката, која го усложнува фактот што зборот "формална" во поимот "формална логика" често се употребува на двосмислен начин.
Следуваат неколку дефиниции за различните видови логики:
- Неформалната логика изучува аргументи во природниот јазик.
Делот кој ги изучува логичките грешки е особено важна гранка на неформалната логика.
- Заклучокот може да има наполно формална содржина доколку може да биде изразен како примена на некое апстрактно правило, т.е.
правило кое не се однесува на некој конкретен ентитет или својство.
Подоцна ќе видиме дека многу од дефинициите на логиката, логичките заклучоци и заклучоците со наполно формална содржина се едно исто нешто.
Ова не го прави поимањето на формалната логика бесмислено, бидејќи човек може да ја истражува логиката и без да се посвети на некоја конкретна формална анализа.
- Формалната логика изучува заклучоци со наполно формална содржина, каде што содржината е јасно видлива.
- Симболичката логика изучува симболички апстракции кои ги доловуваат формалните особини на логичкото заклучување.
Двосмисленоста се состои во тоа што поимот "формална логика" често се употребува наместо поимот симболичка логика како што го дефиниравме, при што под формална логика се подразбира било кое испитување без симболичка апстракција; токму ова значење на "формална" е паралелно на примените употреби кои доаѓаат од "формалните јазици" или "формалната теорија".
Додека гледано според горенаведените анализи формалната логика е стара наука која постои повеќе од 2000 години, симболичката логика е компаративно млада наука и се јавува како резултат на примена на математички увиди на логички проблеми.
Преминот од неформална логика преку формалната логика во симболичка логика е премин на теориско софистицирање: на нужност - за да се сфати формалната логика потребно е да се вградат одредени утврдени параметри кои се распростанети во симболичката анализа на логиката.
Генерално, логиката се доловува со формални системи кои го опфаќаат формалниот јазик кој опишува збир на формули и збир на правила на изведување.
Формулите обично представуваат тврдења кои би не интерелирале - исто така правилата на изведување представуваат инференции; таквите системи обично имаат наменета интерпретација.
Во рамките на овој формален систем, правилата на изведување и потенцијалните аксиоми назначуваат група теореми кои се формули изводливи со помош на правилата на изведување.
Најесенцијалната карактеристика на еден формален логички систем е правилност (аргументот е валиден и сите премиси во него се точни), која е особината која под интерпретација, сите правила на изведување се валидни инференции.
Теоремите за правилен формален систем се во тој случај вистини.
Минимален услов кој правилните системи треба да го задоволуваат е доследност, што значи дека ниедна теорема не и противречи на некоја друга.
Исто така од значење е и комплетноста, што значи дека сè што е точно е исто така докажливо.
Но, штом јазикот на логиката ќе достигне одредено ниво на експресивност (како логика од втор ред, да речеме), комплетноста станува неостварлива.
Во случајот на формални логички системи, теоремите можат често да се интепретираат како изрази на логички вистини (тавтологии), и токму на овој начин таквите системи доловуваат барем дел од логичката точност и инференција.
Конкурентни поимувања за логиката[уреди | уреди извор]
Логиката се појавила (видете подолу) од потребата за точност во аргументацијата.
Поимувањето за логиката како наука за аргументите е историски фундаментална и токму така основачите на разните логики како Аристотел, Мо-це и Аксапада Гаутама ја замислувале логиката.
Современите логичари обично сакаат да не уверат дека логиката ги изучува само оние аргументи што се јавуваат како резултат на соодветно генерални облици на инференција; на пример Стенфордската енциклопедија на философијата вели дека и покрај тоа логиката "не го покрива доброто расудување во целина.
Тоа е задача на теоријата на рационалноста.
Логиката, поточно речено, се занимава со инференциите чија валидност може да се проследи наназад до формалните особини на репрезентациите вклучени во таа инференција, биле тоа лингвистички, ментални, или други репрезентации" (Хофвебер 2004).
Наспроти тоа Имануел Кант вовел алтернативен поим за логиката во чиј прилог аргументирал дека логиката треба да се свати како наука за расудувањето - идеја искористена во логичко-философско дело на Готлоб Фреге, каде поимот мисла (германски: Gedanke) е заменет со поимот суд (германски: Urteil).
Врз база на овој концепт, валидните инференции на логиката следат од структурните особини на судовите или мислите.
Трет поглед на логиката доаѓа од идејата дека логиката е пофундаментална од расудувањето и така логиката е наука за состојби (герм.
Sachverhalt) во глобала.
Бари Смит укажува на Франц Брентано како извор на оваа идеја која, како што тој вели, ја достигнува својата врвна точка во делото на Адолф Рајнах (Смит 1989).
Ова гледиште за логиката изгледа радикално различно од предходното: по ова гледиште логиката нема суштинска врска со аргумент, и изучувањето на неточности и парадокси повеќе не е есенцијален дел од дисциплината.
Понекогаш се среќава и четврто гледиште за логиката: како формална манипулација на симболи во согласност со препишани правила.
Овој став може да се критикува на база на тоа што секој формален систем немора да биде логика.
Ваквите истанкувања обично испуштаат да објаснат како треба да изгледа еден систем за да биде логика.
Историја на логиката[уреди | уреди извор]
Формално софистицираниот третман на современата логика доаѓа од грчката традиција, иако можно е дека пионерите на Буловата логика имале познавања од индиската логика.
Самата старогрчка традиција доаѓа од пренесувањето на Аристотеловата логика и забелешките за неа кај Исламските философи, па преку нив кај средновековните логичари.
Неевропските традиции не ја доживеале современата ера: во Кина, традицијата на научна истрага во логиката била потисната од династијата Чин која била следбеник на легалистичката философија на Хан Феици; во исламскиот свет воздигнувањето на Ашаровата школа значело крај на вистинската логика.
Во Индија пак, иновациите во сколастичката школа наречена Њаја, продолжиле до раниот XVIII век.
Накратко по колонизацијата и оваа логика се губи.
век некои западни филозофи како Станислав Шајер и Клаус Глашоф се обиделе да испитаат некои аспекти на индиската логика.
За време на средновековието, по откритието дека аристотеловите идеи се прилично некомпатибилни со религијата, поголемо внимание се обрнало на неговата логика.
За време на доцниот среден век логиката станува главниот предмет за философите, кои се впуштале во критички логички анализи на философски аргументи.
Поврзаност со другите науки[уреди | уреди извор]
Логиката укажува на рационалноста и структурата на концептите, и така до некаде се вркстува со психологијата.
Логиката го опишува расудувањето на препишувачки начин (т.е.
кажува како расудувањето треба да се одвива), додека психологијата е описна, така што преклопот не е толку забележлив.
Меѓутоа Готлоб Фреге, е непопустлив кога се работи за анти-психологизам: дека логиката треба да се разбере на наичин независен од идиосинкратиите на расудување на поедини луѓе.
Дедуктивно и индуктивно расудување[уреди | уреди извор]
Првобитно, логиката се состоела само од дедуктивно расудување што се занимава со она што универзално следи од дадени премиси.
Меќутоа треба да се каже дека индуктивното расудување—науката за изведување на доверлива генерализација од набљудувањата—понекогаш се смета за дел од предметот на логиката.
Во склад со тоа, мораме да направиме разлика помеѓу дедуктивна валидност and inductive валидност.
Инференцијата е дедуктивно валидна ако и само ако не постои ниту една возможна ситуација во која сите премиси се точни, а заклучокот неточен.
Поимот дедуктивна валидност може ригорозно да се искаже во системите на формалната логика во рамките на јасните поими на семантиката.
Од друга страна, за индуктивната валидност потребно е да дефинираме доверлива генерализација за самиот збир на набљудувања.
Оваа дефиниција може да се даде преку разни приоди, некои понеформални од некои други; во некои од овие дефиниции можеме да употребиме математички модели на веројатност.
Најголемиот дел од нашава расправа за логиката се занимава со дедуктивна логика.
Предмети на логиката[уреди | уреди извор]
През историјата, луѓето сакале да прават разлика помеѓу добри и лоши аргументи, и така логиката била изучувана во сличен или поинаков облик.
Аристотеловата логика се занимава со укажување на добри аргументи и за таа цел се изучува и денес, додека кај математичката логика и аналитичката философија многу поголемо внимание се обрнува на логиката како предмет на изучување сам за себе, така што логиката таму се изучува на едно поапстрактно ниво.
Силогистичка логика[уреди | уреди извор]
Органон е збирка на дела од Аристотел на тема логика и заедно со делото Аналитика Прва го сочинуваат првото експлицитно дело на тема формална логика со тоа што истото ја воведува силогистиката.
Деловите на силогистиката биле анализи на расудувања во тврдења кои се содржат од два израза поврзани меѓусебно со фикциран број на врски, и изразување на инференциите со помош на силогизми кои се содржеле од две тврдења со два заеднички израза како тврдење, и заклучокот кој бил тврдење за двата неповрзани израза од тврдењата.
Ова аристотелово дело се сметало во класичната антика, средновековието и на Блискиот Исток како олицетворение на еден наполно целосен систем.
Но не само аристотеловиот систем бил високо вреднуван: стоиците предложиле систем на исказна логика кој подоцна се изучувал од страна на средновековните логичари; нити Аристотеловите дела биле неоспорени; на пример, проблемот на многукратна севкупност бил забележан во средниот век.
И покрај тоа, проблемите со силогистичката логика не биле гледани како предемет на револуционерни промени.
Денес, Аристотеловиот систем се изучува само заради неговата историска вредност (но сепак, денес постои интерес за проширување на изразната логика), и се смета дека станал застарен по изумувањето на изказната логика и предикатната анализа.
Предикатна логика[уреди | уреди извор]
Логиката како што се изучува денес е многу поразличен предмет од она што се изучувало порано и главната разлика е во иновацијата на предикатната логика.
Додека Аристотеловата силогистичка логика ги наведува формите на релевантните делови од расудувањата во прашање, предикатната логика дава речениците да бидат анализирани по предмет и аргумент на неколку начини, така давајќи и можност на предикатната логика да го реши проблемот на многукратна севкупност кој ги збунувал средновековните логичари.
Со помош на предикатна логика, логичарите конечно можеле да објаснат доволно генерални квантификатори за да можат да се изразат сите аргументи кои се јавуваат во природниот јазик.
За откривањето на предикатната логика заслужен е Готлоб Фреге, кој е исто така еден од основачите на аналитичката философија, но формулацијата на предикатната логика во најчеста употреба денес е логиката од прв ред представена во "Принципи на теоретската логика" од Давид Хилберт и Вилхелм Акерман во 1928 год.
Аналитичката генералност на предикатната логика и дала формализација на математиката и ја придвижила теоријата на множествата и му овозможила на Алфред Тарски да го развие својот пристап кон теоријата на моделите; може да се каже без претерување дека ова е основата на современата математичка логика.
Модална логика[уреди | уреди извор]
Кај јазикот, модалноста се занимава со феноменот на модификацијата на семантиката на некои делови од реченицата од страна на специјални глаголи или модални частици.
На пример:"Одиме кон куќата" може да се модифицира за да даде "Треба да одиме кон куќата", "Можеме да одиме кон куќата" и можеби "Ќе одиме кон куќата".
Поапстрактно, може да се каже дека модалноста влијае на условите под кои сметаме дека едно тврдење е задоволено.
Логичкото изучување на модалноста потекнува од Аристотел, кој се занимавал со модална веројатност на нужност и веројатност, за која тој сметал дека е двојна во смисол на Де Моргановата двојност.
Додека изучувањето на нужноста и веројатноста останало значајно за философите, скоро никакви иновации не се случиле сè до патоказните истражувања на Кларенс Ирвинг Луис во 1918 год., кој формулирал семејство на сопернички аксиоматизации на модалните веројатности.
Неговото дело отпочнало порој на нови дела на таа тема проширувајќи ги видовите на модалитети кои се третираат со придодавање на деонтичката и епистемолошката логика.
Зачнувачките дела на Артур Прајор го примениле истиот формален јазик за третирање на темпоралната логика и го исчистил патот за бракот помеѓу овие два предмета.
Саул Крипке ја формулирал (истовремено со соперниците) неговата теорија на рамковна семантика која ја револуционализирала формалната технологија на располагање на модалните логичари дотогаш и преку теоријата на графите, нов начин на гледање на модалноста која има многу облици на примена во математичката лингвистика и информатиката, како на пример динамичката логика.
Дедукција и расудување[уреди | уреди извор]
Мотивот за изучување на логиката кај антиците е јасен.
Како што кажавме: тие сакале да научат да разликуваат добри од лоши аргументи и така што станат поефективни во аргументирање и говорништво и можеби, да си го подобрат карактерот.
Оваа мотивација сѐ уште живее, иако повеќе не е од централно значење за логиката; типично дијалектичка логика ја представува срцевината на предметот критичко размислување кој е задолжителен предмет на многу универзитети, особено оние по американскиот модел.
Математичка логика[уреди | уреди извор]
Математичката логика има две области на инстражување: примена на техниките на формалната логика во математиката и математичкото расудување и примена на математички техники во приказот и анализата на формалната логика.
Најсмелиот потфат за примена на логиката во математиката несомнено бил логицизмот измислен од страна на философите-логичари како Готлоб Фреге и Бертранд Расел: нивната замисла била дека математичките теории се логички тавтологии и ова требало ова да се покаже во програмата по пат на сведување на математиката на логика.
Разните обиди за ова да се покаже пропаднале, од осакатувањето на Фрегевиот проект во неговата Grundgesetze од страна на Раселовиот парадокс, до поразот на Хилбертовиот програм од страна на Геделовите теореми за непотполноста.
Изјавата на Хилбертовиот Програм и нејзиното побивање од страна на Гедел зависеле од утврдувањето на втората област на математичката логика во нив која е примена на математика во логиката во облик на доказна теорија.
И покрај негативната природа на теориите за нецелосност, Геделовата теорема за непотполноста, која е резултат од теоријата на моделите и друга примена на математика во логикара, може да се гледа како доказ колку блиску логицизмот има дојдено до вистината: секоја строго дефинирана математичка теорија може да биде точно доловена со логичка теорија од прв ред; Фревегата доказна анализа е доволен да ја "опише" целата математика, но не е еквивалентна на неа.
Така можеме да видиме колку согласни биле двете области на математичката логика.
Доколку доказната теорија и теоријата на моделите се основата на математичката логика, тие се само два од четирите столба на предметот.
Теоријата на множествата потекнува од изучувањето на бескрајноста од страна на Георг Кантор и постанал извор на најбитните и најтешките теми во математичката логика, од Канторовата теорема, преку статусот на аксиомата за избор и прашањето за независноста на континуум-хипотезата, до современата дебата за аксиомите на својството на големите основни броеви.
Теоријата на рекурзијата ја доловува поимот "пресметка" во логички и аритметички смисол; нејзините најголеми достигнувања се неодлучливоста на проблемот на нерешливоста од Алан Тјуринг и неговото представување на Черч-Тјуринговата теза.
Денес, теоријата на рекурзијата највеќе се занимава со порафинираниот проблем на класите на комплексонста -- Во кој случај еден проблем е ефикасно решлив?
-- и класификацијата на степените на нерешливост.
Философска логика[уреди | уреди извор]
Философската логика се занимава со формален опис на природниот јазик.
Најголемиот број на философи предпоставуваат дека "нормално" добро расудување може да биде доловено во логиката, доколку се најде соодветна метода за превод на обичниот јазик во логички јазик.
Философската логика пред сè е продолжение на традиционалната дисциплина која била нарекувана Логика пред нејзиното надградување од страна на математичката логика и се занимава многу повеќе со поврзаноста на природниот јазик со логиката.
Како резултат на тоа, философските логичари имаат многу придонес кон нестандардните логики (како на пр.
слободните логики и темпоралните логики) како и разни додатоци на класичната логика (како на пр.
модалните логики) и и нестандардни семантики за таквите логики (како на пр.
Крипковата техника на надвреднувања во логичката семантика).
Логиката и информатиката[уреди | уреди извор]
Логиката е основа на информатиката: работата на Алан Тјуринг на проблемот на нерешливоста следела од Геделовата работа на теоремата за непотполноста и идејата за компјутер за општа употреба која дошла од ова дело била од фундаментално значење за компјутерските инженери и програмери во 1940-тите години.
Во 1950-тите и 1960-тите години, научниците предвиделе дека човечкото знаење може да се изрази преку логика по пат на Математичка нотација, и со тоа би било можно да се направи машина која ќе може да расудува (размислува) т.е.
да се создаде вештачка интелигенција.
Ова се испоставило дека е потешко остварливо одколку што се очекувало заради комплексноста на човечкото расудување.
Кај логичкото програмирање еден проблем се состои од множество аксиоми и правила.
Системите на логичко програмирање како Пролог ги пресметуваат последиците од на аксиомите и правилата за да одговорат на поставено прашање.
Денес логиката широко се применува кај вештачката интелигенција и информатиката.
Овие полиња се богат извор на проблеми кај формалната логика.
ЗПМ-системот за пресметковна класификација во овие нешта:
- Отсек F.3 за Програмски логики и нивно значење и F. 4 за Математичка логика и формални јазици како дел од информатичката теорија: ова дело ја покрива формалната семантика на програмските јазици, како и дела за формални методи како Хоаровата логика
- Буловата логика е од од фундаментално значење за информатиката: особено, отсекот B.2 на системот кој се однесува на аритметички и логички структури;
- Многу фундаментални логички формализми се од суштинско значење за отсекот I.2 за вештачка интелигенција, како на пример модална логика и Подразбрлива логика во формализмите и методите при представувањето на знаењето, и Хорновите клаузули кај логичкото програмирање.
освен тоа, компјутерите можат да се користат како алатки за логичарите.
на пример, кај симболичката и математичката логика, утврдување доказите можат да се врши со компјутерска помош.
Со употреба на автоматизирано кокажување на теореми машините можат да пронаоѓаат и проверуваат докази, како и да работат со докази кои се предолги за да да бидат пишувани рачно.
Расправа за логиката[уреди | уреди извор]
Како што постои несогласување за тоа која е задачата на логиката, така постои и несогласност на прашањето кои логички вистини постојат.
Биваленција и законот на исклучената средина[уреди | уреди извор]
Сите логики за кои се зборува погоре се "бивалентни" или "двовредносни" логики; т.е.
ги разделуваат тврдењата на точни и неточни.
Системите кои ја отфрлаат оваа биваленција се нарекуваат некласични логики.
На почетокот на XX век, полскиот логичар Јан Лукасјевич ја истражувал можноста за проширување на утврдените вредности "точно/неточно" со трета вредност - "можно", и така ја измислил тројната логика, првата повеќевредносна логика.
Интуиционистичката логика е уште една алтернативна логика предложена од Л. Е. Ј. Броувер како вистинската логика за математичко расудување која се базира на отфрлањето на законот на исклучената средина како дел од интуиционизмот.
Броувер ја отфрлил формализацијата на математиката, но неговиот ученик Аренд Хејтинг ја изучувал интуиционистичката логика на формален начин, како што ја изучувал и Герхард Генцен.
Оваа логика представува поле на интерес кај информатичарите, бидејќи е конструктивна логика и затоа логика за планираните способности компјутерите.
Модалната логика не е условена од вистиитостите и затоа често се предлага како некласична логика.
Меѓутоа, модалната логика се формализира по принцип на исклучена средина, и нејзината релациона семантика е бивалентна, така што приклучувањето на оваа логика кон некласичните логики е предмет на дискусија.
Од друга страна, модалната логика може да се употреби за шифрирање на некласичните логики, како интуиционистичката логика.
Одтогаш па наваму, измислени се разни логики од типот на неопределената ("фази") логика кои содржат беконечен број на "степени на вистинитост", представени преку реални броеви помеѓу 0 и 1.
Бејсовата веројатност може да се интерпретира како како логички систем каде веројатноста е субјективната вистинска вредност (точно или неточно).
Импликација: строга или материјална?
[уреди | уреди извор]
Лесно е да се види дека поимот "импликација" формализиран во класичната логика не може удобно да се преведе во природниот јазик по пат на реченицата "ако... тогаш..." зарради ред проблеми наречени парадокси на материјална импликација.
Првата класа на парадокси ги сочинува оние парадокси кои вклучуваат контрафакти како "Ако месечината е направена од зелен кашкавал, тогаш 2+2=5", кои се збунувачки бидејќи природниот јазик не го поддржува принципот на експлозија.
Со елиминација на овие класи на парадокси Дејвид Луис дошол до својата формулација на строгата импликација и до порадикалната ревизионистичка логика како релевантната логика и дијалетеизмот.
Втората класа на парадокси сочинува парадокси кои вклучуваат излишни искази, кои лажно нѐ тераат да мислиме дека го знаеме следбеникот доколку го знаеме предходникот: така, реченицата "ако тој човек победи на изборите, баба ќе умре" е материјално вистинита доколку бабата е во последниот стадиум на некоја смртоносна болест независно од тоа дали тој човек победи на изборите.
Ваквите реченици одат против Грисовата максима на релевантност, и можат да се моделираат на база на логиките кои го отфрлаат монотоноста на барањата како релевантната логка.
Толеранција на невозможното[уреди | уреди извор]
Кај логиката се поставува и прашањето дали треба да се толерира недоследноста.
Тука релевантната логика и дијалетеизмот се најважните приоди, иако полето на интерес е различно: главното прашање кое постои кај класичната логика и некои од нејзините соперници како интуиционистичката логика е тоа што тие го почитуваат принципот на експлозија, што значи дека логиката пропаѓа доколку може да изведе контрадикција.
Греам Прист, поборникот за дијалетеизмот, има аргументи во корист на парадоследност врз чудната основа дека тие всучност се, вистинити контрадикции (Priest 2004).
Дали логиката е емпириска?
[уреди | уреди извор]
Кој е епистемолошкиот статус на законите на логиката?
Какви аргументи се соодветни за критикување на предложени логички принципи?
Во еден влијателен предмет наречен Дали логиката е емпириска?
базиран на предлог на В.В.О.
Квин, Хилари Патнам аргументира дека во глобала фактите на исказната логика имаат сличен епистемолошки статус со фактите за физичкиот универзум, на пример како што законите на механиката или генералниот релативитет, и особено познавањата на физиката од квантната механика имаат докази во корист на напуштањето на некои добро познати принципи на класичната логика: ако сакаме да бидеме реалистични за фичичките феномени опишани од квантната физика, тогаш треба да го отфрлиме принципот на дистрибутивност, и да ја замениме класичната логика со квантна логика предложена од Гарет Биркхоф и Џон фон Нојман.
Друг предмет со исто име од Сер Мајкл Дамет аргументира дека Патнамовиот реализам го бара законот за дистрибутивност: дистрибутивност на логиката е од круцијално значење за увидите на еден реалистичар во начинот на кој тврдењата за светот се вистинити.
На истиот начин, Дамет аргументирал, принципот на биваленција е нужен за истото.
Вака, прашањето Дали логиката е емпириска?
нормално води до фундаментална метафизичка расправија на тема реализам наспроти антиреализам.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Математика
- Философија
- Логичко следство
- Таблица на логички знаци
- Философија на логиката
- Индуктивно расудување
- Дедуктивно расудување
Библиографија[уреди | уреди извор]
- G. Birkhoff and J. von Neumann, 1936.
'The Logic of Quantum Mechanics'.
Annals of Mathematics, 37:823-843.
- D. Finkelstein, 1969.
'Matter, Space and Logic'.
Во R. S. Cohen и M. W. Wartofsky, (уредн.
), Proceedings of the Boston Colloquium for the Philosophy of Science, Boston Studies in the Philosophy of Science, том 13.
- D. M. Gabbay и F. Guenthner (уредн.)
Handbook of philosophical logic (II изд.).
- D. Hilbert and W. Ackermann, 1928.
Grundzüge der theoretischen Logik (Принципи на теоретската логика).
Springer-Verlag, ISBN 0-8218-2024-9.
- W. Hodges, 2001.
An introduction to elementary logic.
- T. Hofweber, 2004.
Логика и онтологија на Стенфордската енциклопедија на философијата (англиски)
- R. I. G. Hughes (editor), 1993.
A Philosophical Companion to First-Order Logic.
- W. Kneale and M. Kneale, 1962/1988.
The Development of Logic.
Oxford University Press, ISBN 0-19-824773-7.
- G. Priest, 2004.
Дијалетизам на Стенфордската енциклопедија на философијата (англиски)
- H. Putnam, 1969.
Is Logic Empirical?.
Boston Studies in the Philosophy of Science, том V.
- B. Smith, 1989.
'Logic and the Sachverhalt', The Monist, 72(1):52-69.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Вовед во философската логика од Пол Њуал, за почетници (англиски)
- Translation Tips од Питер Субер, за преведувањето од англиски во логичка нотација (англиски) | fineweb-2 |
Ајне (река)
Ајне (долнолужички Dupej) е река, околу 40 километри долга во германската покраина Саксонија-Анхалт, која извира југоисточно од Харцгероде во планините Харц на 420 метри надморска височина.
Ајне тече северно од сојузниот автопат Б 242 до Фридриксроде во источен правец, а потоа врти кон североисток кон подножјето на Харц.
Речните канали течат низ Алтероде, Велбслебен и Вестдорф до Ашерслебен.
Притоки на Ајне се Вибек, Лајне, Швенеке, Мукарене и Лангеталбах.
Југоисточно од овој град, Ајне се влива во реката Випер на висина од 93,7 метри.
Ајне го дала името на заедницата на општини Випер-Ајне.
|Оваа статија за Саксонија-Анхалт статија е никулец.
Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.| | fineweb-2 |
Моби
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
Содржина
Основни биографски податоци[уреди | уреди извор]
Моби (Ричард Мелвил Хал) роден (11 септември 1965) во Харлем, Њујорк, а пораснал во Дариен, Конедикат.
Неговите родители го нарекле Моби набрзо по неговото раѓање поради новелата Моби - Дик која ја напишал Херман Мелвил, неговиот правујко.
По осум Топ 40 песни во 1990-тите со техно музика, неговиот најголем успех е албумот Play, издаден во 1999, кој е продаден во 9 милиони копии ширум светот.
Тој свири на синтисајзер, гитара, бас гитара и тапани.
Има издавано музика со псевдонимите Voodoo Child, Barracuda, UHF, The Brotherhood, DJ Cake, Lopez, Mindstorm, и Pippy Baliunas.
Покрај останатото во јавноста е познат и како една од најконтрaверзните личности во техно музиката.
Откако ги завршил студиите и дипломирал на универзитетот SUNY Purchase, со насока социологија, тој почнал да се насочува повеќе кон својата животна идеа, да создава музика.
Почетоците на Моби[уреди | уреди извор]
Кариерата ја започнал во раните 1980 како дел од панк бендот наречен Vatican Commandos, со кој издал и ЕП наречено Hit Squad for God.
Бил ди-џеј во клубот The Beat во Port Chester, Њујорк во 1985.
Подоцна во 1989 потпишал договор за снимање со Instinct Records.
Негов прв успех беше "Go", прогресивната снимка која користеше делови од темата на Лаура Палмер.
Со неа достигна во листите на најдобри десет во Велика Британија во октомври 1991 доби можност се појави во Top of the Pops што многу допринесе кон славата на неговиот прв албум, The Story So Far.
Во 1993 се врати со The Prodigy, Orbital и Aphex Twin.
Развојот на неговата кариера помеѓу 1994 и 1998 година[уреди | уреди извор]
Неговиот прв албум за Mute Records беше Everything Is Wrong во 1995 кој доби награда од критиката и мал комерцијален успех.
Оваа соработка ја продолжи во почетокот на 1996 со двојниот албум Everything Is Wrong - Mixed and Remixed.
Брзо потоа, неговата издавачка куќа, Instinct промовираше албум наречен Rare: The Collected B-Sides [PHONE].
Една песна на овој албум "Thousand" го постигна рекордот за најбрза песна на сите времиња.
Достигна дури 1015 BPM.
Подоцна во 1996 промовираше нов хард рок и електро албум наречен Animal Rights и беше на турнеја низ Европа со Red Hot Chili Peppers.
Во 1997 го промовираше I Like to Score, колекција од неговата музика која била користена во филмската продукција.
Меѓу овие дела беше и преработката на "James Bond Theme" користена за Џејмс Бонд филмот "Утре никогаш не умира".
Animal Rights и I Like to Score немаа голем комерцијален успех.
Оваа декада исполнета со музика, Моби ја круниса со албумот од 1999 Play.
Албумот се состоеше од 18 песни и беше прв албум во историјата кој имаше комерцијална дозвола за сите песни.
Песните на албумот беа прифатени од неколку радио формати иако албумот можеше да биде финансиски успешен дури и без радио изведби.
Како додаток на славата, албумот Play се истакнува и со своите блуз снимки соберени од страна на Ален Ломакс.
Во 2001, Моби ја донапиша и ја продуцираше "Is It Any Wonder" со Софи Еллис Бекстор за нејзиот прв соло албум Read My Lips.
Но различна верзија на оваа песна беше промовирана на "Music Gets the Best of Me" како сингл и вклучена во промоцијата на Read My Lips.
Верзијата која ја создаде Моби беше поставена на интернет.
Во 2001, Моби го основа Area: One Festival.
Тоа беше популарен рок фестивал карактеризиран со повеќе видови на електронска музика.
Во 2001, доби груби коментари од Еминем откако ја нарече неговата музика хомофобична.
Еминем подоцна го сатиризираше Моби (меѓу останатите) во "Without Me", нарекувајќи го "36-годишно келаво незадоволство", и притоа изјави дека "Никој не слуша техно!".
Двајцата се конфронтираа во МТВ Видео и Музички Награди, иако Моби изрази почитување кон Еминем како уметник.
Во 2002, го промовираше 18, албум кој имаше 18 песни.
Најпопуларната песна на албумот беше "We Are All Made of Stars".
На кратко имаше и телевизиска емисија на МТВ во 2002, Señor Moby's House of Music која се фокусираше најмногу на електронската музика.
Во 2003, продуцираше песна за Бритни Спирс за нејзиниот албум In The Zone.
Песната беше наречена "Early Mornin".
Не беше промовирана како сингл, но им беше омилена на обожавателите.
Во 2005 го промовираше албумот Хотел првиот по тригодишна пауза.
Веднаш по оваа промоција беше испланирана турнеја низ Европа, поставување на нова веб страна и нови зделки во врска со музиката.
На (6. ноември 2006) излезе компилација на неговите најголеми хитови, насловена како Go: The Very Best of Moby која вклучуваше и нова песна "Њујорк, Њујорк", интерпретирана од Деби Хари.
Различни верзии на овој албум го имаат неговиот сингл "Slipping Away" на различни јазици и со различни пеачи.
Моби ја обедини повторно легендарната група на Ричард Барон од 80-ите, Бонгос за да ја продуцираат и да ја изведат новата верзија на нивната песна "Bulrushes".
Резултатот "Bulrushes 2007" е вклучена како бонус песна на специјалното издание на дебитантскиот албум на бендот, Drums Along The Hudson, промовирана од Cooking Vinyl Records на (12.
Тој се појави и на спотот на оваа песна.
Достигнувањата на Моби во 2007 година На (24. фебруари 2007) објави на неговиот интернет весник дека моментално е во процес на пишување на 400 песни од кои 20 за новиот албум кој би требало да излезе околу септември.
На 29. септември Моби се придружи на Ричард Барон на сцена за "20th Century Boy".
Конечно на 4 октомври сајтот на Моби го најави името на неговиот седми албум.
Last Night би требало да се промовира на (10 март 2008).
Главниот сингл од албумот ќе биде насловен "Everyday It's 1989".
Моби направи и ремикс компилација за видеоиграта Биошок заедно со Оскар, наречена "The BioShock EP".
Дискот беше достапен со купување на издавачкото издание на играта.
"The BioShock EP" вклучва три ремикс песни и една оригинална снимка: Beyond the Sea, God Bless the Child, and Wild Little Sisters.
Иновации
Моби користеше некои невообичаени иновации во неговата кариера.
Неговиот сингл од 1995 "Everytime You Touch Me" имаше особини на ремиксот на Џуд Себастиан.
На некои изведби на евроската турнеја во 2005 "Live Here Now" им додели на обожавателите компакт диск со снимки од изведбата 10 минути по завршувањето на концертот.
Неговиот сингл од 2005 "Lift Me Up" имаше особини како додаток на бројни ремикси.
Многу од албумите на Моби вклучуваат есеи кои тој самиот ги има напишано.
"Everything Is Wrong" имаше есеи за преголемото конзумирање "Ние користиме отровен хлорски избелувач за да ја зачуваме долната облека бела" и за религиозните водачи на САД "Зошто христијаните не одат да шират милост, сочувство и самопожртвуваност?
", и "The End of Everything" каде дискутира за вегетаријанците "Можете ли да погледнете животно во очите и да му кажете: "Мојот апетит е поважен од твоето страдање?".
Покрај музиката Моби е целосен вегетарианец, христијанин и самопрокламиран симплтон (поради неговите често искрени и идеалистички проценки).
Живее во делот Мала Италија во Њујорк Сити каде што живеел цела декада во мал стан во петкатна зграда спротивно од Дејвид Буви.
До неодамна беше ко-сопственик на мал ресторан и чајџилница наречена TeaNY.
Исто така го организирал "Колективот на мали идиоти" "Little Idiot Collective", група на уметници.
Има потпишано да плати $207.000 за да биде првата поп ѕвезда која патувала во вселената, на компанијата за вселенски туризам Virgin Galactic's VSS Enterprise вселенски брод во 2010.
Во интервју за Психологијата денес, Моби изјави дека кога имал 19 години пробал LSD и почнал да добива напади на паника.
Тој тврди дека повеќе не ги користи често како порано, но можеби некогаш тој: "ќе има премногу кофеин, ќе биде под стрес за работата и ќе биде во врска која пропаѓа и пак ќе почнат".
Тој е многу отворен во врска со ова со цел да им помогне не обожавателите кои страдаат од слични панични нереди.
Други активности
Моби е познат активист и спонзор за плејада од прогресивни идеи, работејќи со MoveOn и PETA.
Тој ги создал MoveOn Voter Fund's "Bush in 30 Seconds" натпреварите заедно со Лаура Даун и директорката на MoveOn Ели Паризиер.
Во последните неколку години активно се ангажира во неутралниот активизам и учествува во Бордот на директори на организацијата Аменд, непрофитно здружение кое имплементира програми за заштита од повреди во Африка.
Тој смета дека оваа организација е многу ефикасна и успешно водена.
Во 2004. беше почестен со "Music Has Power Award" за неговата подршка на музичката терапија и неговата посветеност и помош за снимање на телевизиска програма.
Религија
Во 2003 во интервју за BBC, Моби зборува за неговоао средба со Евангелието, "Околу 1985 година ги прочитав подучувањата од Исус и веднаш ми дојде идејата Исус бил некако видовит.
Кога велам Јас го сакам Исус и го сакам неговото учење , тоа го мислам на наједноставен и наивен начин.
Не велам дека сум во право".
На (19 Јануари) 2007), по гледањето на филмот на Александра Пелоси, "Пријателите на Господ", Моби напиша, "Филмот ме потсетува колку е одалечена верзијата на евангелието за христијанство од учењата на Исус".
Музиката на Моби во филмови и реклами[уреди | уреди извор]
- 2002 We Are All Made Of Stars Pentium реклама
- 1992 First Cool Hive Scream
- 1997 Inside Riding Giants
- 2006 In My Heart
- 2005 The Pursuit of Happyness
- 1999 God Moving Over the Face of the Waters Syriana
- 1999 One Day in September
- 2000 Flower Gone in 60 seconds
- 2003 Honey Holes
- 1995 New Dawn Fades Heat
- 2006 Anthem Miami Vice | fineweb-2 |
Уредување на мрежни места
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
Веб дизајн е процес на концептирање, планирање, моделирање, и извршување на електронски медиjа записи, кои се пренесуваат преку интернет во форма на технологиите кои одговараат за интерпретација и приказ на компјутер, преку интернет пребарувач или друг веб-базиран графички кориснички интерфејс.
Целта на веб дизајнот е креирање на веб сајт (колекција на електронски документи, кои се наоѓаат на еден или повеќе веб сервери) кој презентира разни содржини (вклучувајќи интерактивни алатки или услуги) кои крајниот корисник ги прегледува во форма на веб сајт.
Веб дизајнот нa страната треба да ги задоволува барањата гледано од технолошки аспект,но исто така сајтот треба да є доволно атрактивен за да привлече што повеќе корисници, посебно од таргет корисниците за кои е наменет.
Конкретно, за веб дизајнирањето како професија, односно модерна технологија со чие имплементирање се очекуваат поголеми бизнис ефекти, постојат одредени предуслови кои треба да се почитуваат од страна на лугето кои се инволвирани во процесот на дизајнирање, доколку истото сакаат да го изработат на професионално ниво.
Содржина
Седум правила на веб дизајнот[уреди | уреди извор]
- не ги прави работите само затоа што можеш
Денешнава веб технологија овозможува бројни алатки и опции кога е во прашање дизајнирањето на сајт, но дизајнерот треба да е внимателно селективен при нивната употреба.
Многу пати, одредена технологија може значително да го попречува перформансот на страната или иритира нејзините посетители.
Најверојатно најточен и најстар пример што го поддржува ова правило, е таканаречениот "blinking tekst".
Овој HTML таг, ( <blink> ) кој, за интернет корисниците добро познато, овозможува да текстот перманентно трепка, иако денес неодобрен за употреба од некои бровсери како IE 5.5 ( Интернет Експлорер ), беше најкористен, како новитет, од страна на веб дизајнерите во средината на 1990тите.
Корисниците пак брзо го изразија своето незадоволство од "текстот кој вознемирувачки трепка, без никаква опција да на нивно барање се исклучи".
При користењето на нова технологија, дизајнерот треба да се запраша: "Дали нејзината употреба навистина ја подобрува функционалноста на страната или е искористена само како новитет?"
- секогаш постои исклучок
Речиси и да не постојат апсолутности во процесот на веб дизајнирањето, па така недоволно функционална технологија за една веб страна, не значи неуспех и за друг вид на дизајн, во зависност од целта на нејзиното имплементирање.
Како добар пример може повторно да посужи <blink> тагот, чие имплементирање на 99 проценти од веб сајтовите беше неуспешно, денес сѐ уште некои дизајнери го сметаат за корисна алатка, особено во случаи, каде, на пример "корисникот е инволвиран во процес на исплата, но заборава да го пополни полето на неговата адреса."
Многупати се страните така дизајнирани, што една ваква грешка е прикажана во различни бои, најчесто црвена, но и самата страна доволно обоена при што,имплементирањето на "blinking text" би се покажало доста функционалнo.
- ултиматумот го поставуваат корисниците
Никогаш нема недостиг на опции кога страната е во процес на веб дизајнирање и додека согласувањата помеґу дизајнерот и менаџерот на фирмата, за тоа како конкретен сајт треба да изгледа, аргументативно варираат - "крајната линија" ја исцртуваат целните корисници.
Додека тие не разбираат или не им се допаґаат одредени аспекти на сајтот, тој е дизајниран за да ги задоволи токму нивните потреби.
- дизајнерите треба постојано да се надградуваат
Професионалните веб дизајнери треба да ги разберат и што е можно подобро да ги исползуваат световите на нивните сопствени дизајни, сеедно на тоа како се вклопуваат со естетичките верувања и станарди - каков треба да биде конкретниот дизан на сајтот.
Без разлика за што станува збор, јасно е дека за дизајнерот е што покорисно да има се поголеми разбирања за технолошкиот аспект на процесот на дизаjнирањето.
Добар е примерот со формите (важно е да се изгради интерактивна и едноставна за користење форма, но технолошкиот аспект никогаш не губи од важност ).
Технички неспремниот дизајнер може лесно да западне во заблуда при креирње на форма која изгледа и работи одлично во I.E 5x, но драстично се развлекува хоризонтално или разобликува во Netscape 4x.
- понизнооста е најдобар пристап
Секогаш ќе постојат дизајнери кои ќе креираат поатрактивни страни, ќе имплементираат понова технологија или ќе ја имплементираат на поатрактивен начин.
Доколку дизајнерот ја надмине својата или нејзината гордост, учењето од другите може да биде од голема корист.
- неможно е сите да се задоволат
Сеедно колку дизајнерот е убеден во функционалноста и атрактивноста на сајтот, од милионите интернет корисници, секој има свое сопствено мислење.
Невозможно е сите да се направат среќни.
Сепак постои разлика помеѓу настојувањето повеќето да се усреќат или сите, а притоа да се дизајнира сајт што нема да задоволи никого.
Понекогаш дизајнерите навистина мораат да направат напори за да дизајнираат страна која ке биде добра комбинација од двата аспекти на дизајнот: технолошкиот и естетскиот.
- да се биде во тек со стандардите и спецификациите
Тие се менуваат и ќе продолжат да се менуваат, но дизајнерот треба најмалку да е информиран за последнте технолошки новитети кои имаат влијание врз работата во иднина.
Пример е XHTML (eXtensable Hypertext Merkyp Language ) - иднината на HTML,кој за разлика од новитетите генерално, поддржан е од Netscape 2.0 и I.E 5.0 бровсерите, што значи и достапен на значителен дел од WWW публиката.
Трите веб дизајн филозофии[уреди | уреди извор]
Еден корисен начин за разбирањето на дизајнот на повеке од 20 милиони веб сајтови кои денес постојат, е да се разделат истите на три засебни филозофии: корисност, мултимедија и оптимална комбинација.
Во зависност од изборот на дизајнерот, било која од овие три филозофии, може на најдобар начин да ја исполни целта - комуникација со корисниците на најефективен начин .
Додека првите две филозофии претставуваат таканаречен службен аргумент помеґу формата и функцијата, оптималната комбинација се однесува и на двете заедно.
Кога се согледуваат предностите и слабостите на веб дизајн филозофиите, дизајнерот треба да го согледа нивниот однос кон следниве три фактори на секоја страна :
- естетика.
Колку се професионални изгледот и смислата на сајтот; дали се во сооднос со идентитетот на компанијата или индивидуата?
Колку лесно и брзо може корисникот да ја најде и процесира потребната информација?
Програмскиот дел треба да овозможи функционалност на страната - добра форма и достапност до базата на податоци.
корисност[уреди | уреди извор]
Поимот корисност се однесува на било каков вид на веб страна.
Со него всушност се искажува степенот на едноставната интерактивност на сајтот ( да се процесира одредена задача )или поинаку кажано, овој пристап кон дизајнирање се стреми да ја задржи конзервативноста при изградбата на сајтот, овозможувајќи го притоа едноставно корисен за скоро цела интернет публика.
Еден од методите за да се постигне оваа цел, е да дизајнот се сведе на самата суштина ( зошто тој сајт постои и на кој начин корисниците бенефитираат од неговата посетеност ), особено минимизирање на графиците или сликите на сајтот.
Дизајнерите кои ја следат философијата на корисност сметаат дека графиците го комплицираат, повеќе отколку што олеснуваат комуникацискиот процес.
Исто така се насочени кон дизајнирани сајтови, достапни за сите веб прелистувачи.
- врска кон веб сајт фокусиран на оваа филозофија и кој содржи само HTMLлиннкови во боја, без графици.
Има толку малку во овој дизајн што би можело да предизвика недоразбирање при процесирање на било кој тип на прелистувачи.
За било кој аспект на животот постојат разнолики точки на гледишта.
Веб дизајнот не е исклучок.
Така и оваа филозофија, со своето најконзервативно место во дизајнерскиот спектрум, наидува на свои противници.
Не секој дизајнер се согласува со претеранa симплифицираност на визуелноста на сајтовите кои вака дизајнирани, изгледаат на оние од '90те години.
Освен визуелноста, a во согласност со 4то правило кое се однесува на техничките вештини на дизајнерот, постојат и важни 'технички и нон-технички аспекти' при дизајнирањето на "корисна" веб страна :
- времето поминато за download треба да е што пократко
- навигацијата треба да е интуитивна
- конзистентна веб терминологија и метафора, како и "shoping cart" с-м,треба да се имплементирани
- напишанатa содржинa треба да е јасна и концизна на намената на страната
- страната треба да се тестира од страна на повеќе корисници, на повеќе видови бровсери
- достапноста за корисниците да е со минимални можности за пречки
Секој кој "сурфа" на интернет се сложува дека пребарувањето и наоѓањето на информации треба да е многу брзо и лесно, а една од целите на философијата на "корисност" е да ги задоволи сите корисници иако според 6то правило тоа не возможно.Како што нивниот број расте, така и самиот сајт станува "премногу досаден","комплициран","шарен или конзервативен", во зависност од префернциите на корисникот.
Ґрафиците сепак можат да го направат сајтот покорисенн од 4 причини:
- импресиите што сајтот ги остава при негвата посета, односно идєнтитеттот на страната, најпрво ги остава визуелниот изглед
Корисникот потсвесно оформува мислење при првата посета на сајтот.
Треба да се биде повеќе креативен и да се имплементира барем пар 1 -KB до 2-KB графици кои драстично би ја измениле веб страната во позативна смисла бидејки максимална симпплифицираност може да го натера корисникот да се посомнева во професионализмот и серозноста на сопствениците на сајтот ( компанија или индивидуалец ).
- мозокот побрзо процесира слики отколку текст
Сликите ја намалуваат фрустацијата на корисникот кој е приморан да чита текст чија содржина може да се запази со едно погледнување во сликатa.
- графиците, заедно со сликите, го водат окото на корисникот кон саканата дирекција
Посебно е корисно кога сака да се наметне приоритизирана содржина на сајтот.
- графичката технологија ја поддржува функционалноста
Квалитетна апликација нa "imersive imaging" - технологија како QuickTime, QuickTime VR and Java VR, со која е овозможен 360° поглед нa предмети и места со опции на зумирање, анимации на снимки ,линкови кон сцени кои се составен дел од главната сцена и ротирање, е пример кој може да се искористти во овој контекст.На пример, доколку некој разгледува хотел за престој во Дубровник, илјадници зборови ќе се заштедат со само едно погледнување во внатрешноста на собата на одреден хотел.
Но не треба да се заборави дека сликите поддржани со оваа технологија бараат подолго време за download па за да се овозможи достапноста на сајтот и на корисниците со послаба интернет конекција, традиционалните фотографии треба да се земат како алтернатива.
мултимедија[уреди | уреди извор]
На другиот крај од дизајнерскиот спектрум е филозофија на мултимедија.
Мултимедија сајтовите се нарекуваат уште и Flash сајтови бидејки се креирани со Macromedia Flash софтвер.
Тие користат анимации, аудио ( MP3 технологија ) и видео за да имаат повисок степен на интерактивност.
'Некои од предностите на овој вид дизајн се :'
- мултимедија е вектор - математички базирана технологија што овозможува повисок степен на збиеност и можност за менување на големината на сликите без да се наштети на нивниот kвалитет
- изучувањето на нејзините спецификации, во просек, е слично со HTML и CSS
- комуницира мултидимензионално преку анимации, видео и графици
'Мултимедија сајтовите се непрактични од неколку причини :'
- бровсерите мора да имаат plug-in за интерпретација на графици или сајтот
- тешко се интегрира со базата на податоци за разлика од постоечката веб технологија - ASP, ColdFusion and JSP pages
- не се од корист за bitmap или GIFs графици
- нивното имплементирање е поскапо
- на нив може да влијае брзината на компјутерскиот процесор
оптимална комбинација[уреди | уреди извор]
Овој поим ја презентира комбинацијата на графици, функционалност и текст заедно инкорпорирани во брз, корисен и флексибилен веб сајт.
ѝако до неоодамна се чинеа нестварни, со откривањето на Adobe PhotoShop и Image Ready , Equilibrium Debabelizer и Macromedia Fireworks, ваков вид на дизајн постанува реалност.
Oптималнатa комбинација во дизајнирањето подразбира висок степен на познавање на неговите аспекти повеќе отколку софтверско специјализирање.
Оваа разлика му овозможува на дизајнерот на креативен начин да ги имплементира сликите, HTML и CSS, што резултра со доста побрз, пофункционален дизајн.
За многумина дизајнери овоj дизајн претставува најдобро решение за ефективна комуникација со корисниците на веб.
- Според Андре Агаси : сликата е се
брз, корисен и флексибилен веб сајт остава силен впечатôк при првите импресии нa посетителите.
- со имплементирање на повисок степен на графичка визуелност, а помалку текст, корисниците побрзо ги запознаваат идеите, концептот и емоциите инволвирани во процесот на дизајнирање
традиционалните, низ време докажани, аспекти на графичкoтo дизајнирање - теорија на боите; уредување, дизајнирање и модифицирање на буквите, односно типографија; и самиот дизајн на страната- се од голема корист.
- за да се изгради една ваква страна е особено лесно за искусните веб дизајнери затоа што технологијата не е новитет
потребно е креативно, едноставно и практично работење со постоечките HTML и CSS техники.
- добро дизајнираната веб страна во "оптимална комбинација" може лесно да биде проширена и изменета од статична, во динамична
( database- driven ) веб страна
Но иако овој вид на дизајн, ги задоволува барањата на повеќето веб сајтови во светот сепак не одговара комплетно, односно се соочува со истите битни проблеми како и предходните два пристапи :
- не може динамично да ја менува својата големина на разлините барања на резолуцијата на мониторите на денешните PS (пр.
640x480, 800x600, 1024x768, 1152x864 )
- исто како кај мултимедија, има потреба од plug-in за користење на анимациите, во некои случаи и аудио
- нивниот дизајн е ограничен од познавањата на дизајнерот : можеби ке изгледа слично во WYSIWYG
( what you see is what you get editor ), но ако не е едноставна за користење или долго се download, не спаѓа во овој вид дизајн - "ефективна оптимална комбинација" - на веб сајт | fineweb-2 |
Instead of making this stupid "boost of economy" at expenses of players dear admins, you should think of more clever way to fix economy, but after all this years without succeeding in that field i'll give you one good idea.
I know that many
Чисто информативна статија !
Кратко обраќање до сите производители на Q5 леб...(истово важи и за (q1,q2,q3,q4), а за (q6 i q7) не знам бидејки ме мрзи да пресметам.
- Моментално производство 200 производи од 1 работник
- Моментална плата
Почнувајќи од вчера после пуштањето на новиот медал наеднаш многу зимнаца почна да се троши, т.е многу народ се залета одма да собери 3-4 нови медали и БХ покрај другото, а притоа воопшто не се пресметувате колку сте во загуба а и државата дека е во… read more » | fineweb-2 |
Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд
|URL||www.teara.govt.nz|
|Гесло||Te Ara - The Pathway ("Пат")|
Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд (анг.
Te Ara - the Encyclopedia of New Zealand) — семрежна енциклопедија чиј создавач е Министерството за култура и наследство во рамките на Владата на Нов Зеланд.
Проектот започнал во 2002 г., а самата страница е пуштена во 2005.
Те Ара е долгорочен проект, но голем дел од нејзината содржина веќе стои на страницата.
Уредник на енциклопедијата е историчарот Џок Филипс и тој има персонал од писатели, уредници, истражувачи на слики и извори, како и дизајнери.
Енциклопедијата е организирана по теми, каде првата тема ги обработува раскажувањата на новозеланѓаните.
Потоа енциклопедијата го обработува доселувањето на народите во Нов Зеланд, и историјата на нивното населување – како домородното маорско people, така и други доселенички групи.
Енциклопедијата има и прегледен дел, наречен "Нов Зеланд во кратки црти" (New Zealand in Brief), каде се истакнати кратки информации и факти за земјата.
Во 2006 била објавена втора тематска група записи наречени "Земја, море и небо" (Earth, Sea and Sky) во која се обработуваат океански риби, морски и крајбрежни птици и други морски животни, соживотот помеѓу луѓето и морето, природните ресурси на земјата, но и обликувачките сили како геологијата, вулканологијата, времето и климата.
Содржината особено се задржива на карактеристични новозеландски теми, а научните и технички податоци се прикажани во општествен и човеков контекст.
Третата тема на Те Ара е "Шумата" (The Bush), пуштена кон крајот на 2007 г. Тука се обработуваат автохтоните предели, шуми, растенија и животни, и како луѓето ги користеле или како се обиделе да гледаат на нив.
За шумата има повеќе од 100 записи, кои прокриваат теми како раната картографија, планинарството, иглолисно–широколисните шуми, танифите, маорските истражувања, загрозените видови, сечењето на автохтоните шуми, птиците моа и киви, и многу друго.
Во подготовка се уште шест теми кои треба да излегуваат приближно по една годишно, сè до 2013 г. Темата за 2008 била земјоделството и селскиот живот.
Постепено се додаваат и географски информации, и така во првите месеци на 2008 внесени се Окленд, Заливот Пленти, Кантербери, Манавату и Хорофенуа, регионот Нортленд, Јужен Кантербери, вулканското плато, Ваирарапа и Велингтон.
Претходно, официјална енциклопедија на земјата била "Енциклопедија на Нов Зеланд" (An Encyclopaedia of New Zealand), прво издание објавено во 1966, чиј уредник бил А.Х.
Дигитализирана верзија на таа енциклопедија е вметната во рамките на енциклопедијата Те Ара. | fineweb-2 |
Одоакар
Одоакар (433-493 година) по потекло бил половина Хун, a полoвина Херул.
Во историјата е познат како човекот кој го срушил Западното Римско царство.
На 4. септември 476 година го симнал од престолот последниот западноримски цар Ромул Августул и станал првиот варварски крал на Италија, иако формално ја признавал власта на византискиот цар.
Содржина
Падот на Западното Римско царство[уреди | уреди извор]
Формален владетел на Западното Римско царство бил Орест, чиј син Ромул Августул бил малолетен.
Тој одбил да им додели земја на Херулите и на другите германски платеници, што довело до бунт на варварските платеници под водство на Одоакар.
Тие брзо ја зазеле Равена, која била седиште на царот уште од 402 година.
Потпаѓање под Византија[уреди | уреди извор]
По симнувањето од престолот на Ромул Августул, Одоакар имал избор или да владее преку некој цар, кого би го контролирал, или да владее како клиент на византискиот цар.
Одлучил формално да му ја врати царската власт на византискиот цар Зенон во Константинопол.
Царот Зенон го прогласил за воен командант (dux) на Италија и го ставил меѓу патрициите.
Одоакар ковал златници во име на Зенон, со што покажувал дека ја почитува формалната власт на Византија.
До 480 г. Јулиј Непот му бил формално легитимно надреден, а од 480 г. Одоакар се нарекува крал на Италија.
Војната со Остроготите[уреди | уреди извор]
Односите меѓу Одоакар и Византија се влоѓувале, најмногу поради тоа што Одоакар не се држел според постигнатите договори.
Во 489 г. царот Зенон ги повикал Остроготите и Теодорик Велики да му помогнат, и тие се согласиле, и по 4-годишно војување, во 493 г. Одоакар ја изгубил Равена.
Теодорик Велики го повикал на вечера и при тоа лично го убил со меч, па го презел целото кралство.
Наводи[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
Историја на Америка
- Ова е статија за историјата на Америка.
За историјата на Соединетите Држави, погл.
Историја на САД
Под поимот историја на Америка се подразбира историјата на Америка, односно заедничката историја на Северна и Јужна Америка, вклучувајќи ги Централна Америка и Карибите.
Започнува со миграциите од Азија на овие простори во време на леденото доба.
Се смета дека овие групи потоа биле изолирани од луѓето од "стариот свет" сè до доаѓањето на Европјаните во 10 и во 15 век.
Шпанска колонизација[уреди | уреди извор]
Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите.
Но, во 1518 година, Хернандо Кортес, кој дотогаш бил неуспешен чиновник на шпанската влада на Куба, решил да поведе мала воена експедиција (околу 600 луѓе) против Ацтеките во Мексико и нивниот император Монтезума.
Неговиот прв напад не успеа, но без да знаат, Кортес и неговата војска ги заразиле Ацтеките со големи сипаници.
Епидемијата го десеткувала ацтечкото население и им овозможила на Шпанците да го освојат Тенохтитлан.
Дваесет години подоцна, Франциско Пизаро го освоил Перу.
Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции.
Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа.
Цели 300 години, почнувајќи од 16 век, рудниците во шпанска Америка давале десетпати повеќе злато и сребро од рудниците на цел свет заедно.
Овие богатства ја направиле Шпанија во тоа време најбогата и најсилна земја на светот.
Кон крајот на 16 век, Шпанската империја станала една од најголемите во историјата на светот.
Ги опфаќала: Карибите, Мексико, Јужна Америка (денешни Чиле, Аргентина и Перу) и Северна Америка.
Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба во денешните Соединети Држави.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Kane , Katie Nits Make Lice: Drogheda, Sand Creek, and the Poetics of Colonial Extermination Cultural Critique, No.
42 (Spring, 1999), pp.
[PHONE]
- Churchill, Ward A Little Matter of Genocide 1997 City Lights Books ISBN 0-87286-323-9
|Оваа статија е никулец.
Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.| | fineweb-2 |
Марк Твен
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
|Марк Твен|
Марк Твен, фотографија на A. Ф. Бредли
Њујорк, 1907
|Псевдоним||Марк Твен|
|Занимање||писател, наставник|
|Националност||Американец|
|Жанр||фантастика, историска фантастика, детска литература, научна литература, патописи, сатира, есеј, философска литература, литературен критицизам|
|Значајни дела||Авантурите на Хаклбери Фин, Авантурите на Том Соер|
|Сопружник||Оливија Ленгдон Клемeнс ([PHONE])|
|Деца||Ленгдон, Сузи Клемeнс, Клара Клемeнс, Џин Клемeнс|
|Потпис|
Семјуел Лангхорн Клемeнс (англиски: Samuel Langhorne Clemens) (30 ноември 1835 – 21 април 1910), попознат под својот псевдоним Марк Твен (Mark Twain) — истакант американски писател и комичар.
Тој е најпознат по своите романи, Авантурите на Том Соер (1876 година) и неговото продолжение Авантурите на Хаклбери Фин, подоцна често нарекувани "голем американски роман".
Твен израснал во Ханибал, Мисури, каде подоцна ќе обезбеди место за Хаклбери Фин и Том Соер.
Започнал да работи со машина за печатење.
Исто така, работел и како сложувач и пишувал статии во весникот Орион, кој бил на неговиот постар брат.
По мачната работа со принтери, која ја работел во повеќе градови, тој станал врвен пилот на реката Мисисипи, пред да замине на запад и да се придружи на Орион.
Не успеал како работник во рудник за злато, па се свртел коа новинарството.
Додека работел како репортер, тој напишал комична приказна, Славната скокачка жаба од покраината Калаверас, која станала многу популарна и привлекла големо внимание.
И неговите патописи биле многу добро прифатени.
Твен го пронајде својот одзив.
Тој постигна голем успех како писател и оратор.
Неговата духовитост и сатира беа пофалувани од критичари и тој бил пријател со претседатели, уметници, индустријалисти и европското кралско достоинство.
Сепак, нему му недостасувала финансиска бистрина.
Иако заработувал многу од своите дела и предавања, тој трошел на разни вложувања, како на пример за машина за куцање и бил принудел да прогласи банкрот.
Сепак, со помош на Хенри Хатлестон Роџерс успеал да ги надмине своите финанскиски проблеми.
Твен напорно работел за да обезбеди целосно отплаќање на неговите кредитори, иако банкротот го ослободил од секаква законска одговорност.
Роден во време на појавата на Халеевата комета, тој умира на нејзиното повторно појавување.
Прогласен е за "најголем американски комичар на своето време" и Вилијам Фолкер го нарекол Твен "татко на американската литература".
Содржина
- 1 Детство и младост
- 2 Патувања
- 3 Брак и деца
- 4 Љубов кон науката и техниката
- 5 Финансиски проблеми
- 6 Ораторски ангажмани
- 7 Доцен живот и смрт
- 8 Литературни дела
- 9 Пријателството со Хенри Х. Роџерс
- 10 Погледи
- 11 Траен сведок
- 12 Псевдоними
- 13 Наводи
Детство и младост[уреди | уреди извор]
Семјуел Лангхорн Клеменс е роден Флорида, Мисури, на 30 ноември 1835 година, од татко трговец во Тенеси, Џон Маршал Клеменс (11 август 1798 година-24 март 1847 година) и мајка Џејн Ламптон Клеменс (18 јуни 1803 година-27 октомври 1890 година).
Твен е шесто од седум деца.
Само три од нив го преживеале детството.
Неговиот брат Орион (17 јули 1825 година-11 декември 1897 година), Хенри, кој починал во експлозија на брод во река (13 јули 1838 година-21 јуни 1858 година) и Памела (19 септември 1827 година-31 август 1904 година).
Неговата сестра Маргарет (31 мај 1830 година-17 август 1839 година) починала кога тој бил 3 години, а неговиот брат Бенџамин (8 јуни 1832 година-12 мај 1842 година) починал три години подоцна.
Друг брат, Плезант ([PHONE] година), починал на шест месеци.
Твен се родил на две недели по појавата на Халеевата комета.
На 4 декември 1985 година, поштенската служба на САД издала брошура за "Марк Твен и Халеевата комета".
Кога Твен имал 4 години, неговото семејство се преселило во Ханибал, Мисури, град-пристаниште на реката Мисисипи, каде што добил инспирација за измислениот град Св.Петерсбург во Авантурите на Том Соер и Авантурите на Хаклбери Фин.
Мисури била држава на робови и на младиот Твен му се разјаснило како функционира ропството, тема која подоцна ќе ја истражува во своите дела.
Татко му на Твен бил адвокат и локален судија.
Железницата Ханибал и Св.
Џозеф била организирана во неговата канцеларија во 1846 година.
Железницата ги поврзувала вториот и третиот по големина градови во државата и била најзападната железница во САД, се до изградбата на меѓународната железница.
Тој доставувал пошта до и од Пони Експрес.
Во март 1847 година, кога Твен бил на 11 години, неговиот татко починал од пнеумонија.
Следната година тој станал помошник во печатница.
Во 1851 година, тој започнал да печати и да придонесува пишувајќи статии и комични написи во весникот Ханибал, кој бил на неговиот брат Орион.
Кога наполнил 18 години, тој го напуштил Ханибал и работел во печатница во Њу Јорк, Филаделфија, Сент Луис и Синсинати.
Тој се придружил на заедницата, во вечерите се образувал во јавните библиотеки, наоѓајќи повеќе информации отколку во вообичаените училишта.
На 22 години Твен се вратил во Мисури.
На патување кон Њу Орлеанс по долината на Мисисипи, пилот на параход, Хорас Е. Биксби го инспирирал Твен и самиот да стане пилот.
Како што набљудувал Твен во Живот на Мисисипи, пилотот го надминува капетанот на параходот во престиж и авторитет.
Тоа била наградувана професија, со плата од 250 долари месечно,во ова време околу 73.189 долари годишно.
Пилот на параход требало да го знае целиот тек на реката, за да може да застане на стотина пристаништа.
Твен, повеќе од две години, учел за 2 000 милји (3 200 км) на Мисисипи пред да ја добие дозволата за пилот на параход во 1859 година.
Додека бил на обука, Семјуел го убедил својот помал брат Хенри и тој да работи со него.
Хенри починал на 21 јуни 1858 година, кога параходот на кој што работел ''Пенсилванија'', експлодирал.
Твен ја предвидел неговата смрт во сон еден месец пред да се случи, што било причина за неговиот интерес за парапсихологија.
Тој бил млад член на друштвото за психичко истражување.
Твен се чувствувал виновен и се обвинувал самиот себе си до крајот на животот.
Продолжил да работи на реката како пилот се до почетокот на американската граѓанска војна, 1861 година, кога сообраќајот низ Мисисипи бил ограничен.
Многумина сметале дека Мисури е дел од југот и била претставена и од конфедеративната и федералната влада за време на граѓанската војна.
Твен напишал кус информативен напис "Приватна историја на кампањата што не успеа", во која се кажува дека тој и неговите пријатели биле конфедеративни доброволци две недели пред нивната компанија да биде распуштена.
Патувања[уреди | уреди извор]
Твен се придружил на Орион, кој во 1861 година станал секретар на Џејмс В.Нуи, гувернер на Невада и тргнал на запад.
Твен и неговиот брат патувале повеќе од две недели на поштенска кочија низ големите рамнини и карпестите планини, посетувајќи ги заедниците на мормоните во Салт Лејк Сити.
Искуството е инспирација за ''Одрекување'' и обезбеди материјал за Славната скокачка жаба од покраината Калаверас.
Патувањето на Твен завршило во градот со рудници за сребро, Вирџинија Сити, Невада, каде што станал рудар.
Не успеал во оваа работа и се вработил во весник, Territorial Enterprise.
Тука за прв пат го употребил својот псевдоним.
Твен се преселил во Сан Франциско, Калифорнија во 1864 година, се уште како новинар.
Се запознал со писатели, како што се: Брет Харте, Артемус Вард и Дан Деквиле.
Младата писателка Ина Кулбрит можеби имала романса со него.
Неговиот прв успех како писател дошол кога неговата хумористична,чудна приказна, "Славната скокачка жаба од покраината Калаверас" била објавена во неделниот весник од Њу Јорк.
The Saturday Press, на 18 ноември 1865 година.
Таа му донесла национално внимание.
Една година подоцна, тој патувал на островот Сендвич (денешно Хаваи), како репортер за Sacramento Union.
Неговите патописи биле многу познати и станале основа за неговото прво предавање.
Во 1867 година, локален весник му овозможил пат до Медитеранот.
За време на своето патување нив Европа и Блискиот Исток, тој напишал позната колекција на патувачки писма, кои подоцна, во 1869 година, беа собрани под името Невините во странство.
На ова патување тој го запозна својот иден зет.
По враќањето во САД, во 1868 година, на Твен му било понудено хонорарно членство во тајното друштво Скрол и Ки на универзитетот Јел.
Неговата посветеност на "стипендијата, моралот, литературното само надоградување и добротворност" го стави во многу добра положба.
Брак и деца[уреди | уреди извор]
Чарлс Лангдон му покажал на Твен слика од неговата сестра Оливија, а Твен тврдел дека се вљубил во неа на прв поглед.
Тие биле во врска во 1868 година, но Оливија ја одбила неговата прва понуда за брак.
Два месеци подоцна, тие се свршиле, а се венчале една година подоцна, февруари 1970 година, во Елмира, Њу Јорк, каде што тој и се додворувал.
Таа потекнувала од "богата и либерална фамилија" и благодарение на неа тој ги запознал противниците на ропството, "социјалистите, атеистите и активистите за правата на жените и социјална еднаквост", вклучувајќи го и Хариет Бечер Стов (неговиот сосед од Хартфорд, Конектикут), Фредерик Даглас и писателот и утопијски социјалист Дин Ховелс, со кој станал многу добар пријател.
Парот живеел во Бафало, Њу Јорк од 1869 до 1871 година.
Твен поседувал дел од весникот ''Buffalo Express'' и работел како уредник и писател.
Додека живееле во Бафало, нивниот син Лангдон починал од дифтерија на 19 месеци.
Оливиа родила три ќерки: Суси ([PHONE] година), Клара ([PHONE] година) и Џин ([PHONE] година).
Нивниот брак траел 34 година, се до смртта на Оливиа во 1904 година.
Сите од фамилија Клеменс се закопани на гробиштата Вудлан во Елмира.
Твен со своето семејство се преселиле во Хартфорд, Конектикут, каде што во 1873 година започнал да гради дом ( локалните граѓани го сочувале од рушење во 1927 година и го претвориле во музеј посветен нему).
во 70-тите и 80-тите години на 19 век, Твен и неговото семејство летувале во фармата Куари, домот на сестрата на Оливија, Сузан Крејн.
Во 1874 година, Сузан студирала далеку од куќата, за нејзиниот зет да има мирно место на кое ќе може да пишува.
Ито така, Твен често пушел луле, Сузан Крејн не сакала тој да го прави тоа во нејзината куќа.
За време на 17-те години поминати во Хартфорд ([PHONE] година) и повеќе од 20 летувања во фармата Куари, Твен напишал многу од своите класични романи, меѓу нив и Авантурите на Том Соер (1876 година), Принцот и сиромавиот (1881 година), Живот на Мисисипи (1883 година), Авантурите на Хаклбери Фин (1885 година) и Јанки од Конектикум во судот на крал Артур (1889 година).
Твен направил втора тура низ Европа, опишувајќи ја во книгата Патување низ Европа, од 1880 година.
Неговата тура вклучува и престој во Хајделберг од 6-ти мај до23-ти јуни 1878 година, како и посета на Лондон.
Љубов кон науката и техниката[уреди | уреди извор]
Твен бил воодушевен од науката и научното испитување.
Тој развил блиско и долготрајно пријателство со Никола Тесла и двајцата поминувале многу време во лабораторијата на Тесла.
Твен патентирал три изуми, вклучувајќи "подобрување во прилагодливите ремени кои се одвојуваат за облека" (да ги заменат прерамките) и безвредна историска игра.
Најголем рекламен успех бил самолеплив лексикон, суво лепило меѓу страните кој само треба да се навлажни пред да се употреби.
Во својата книга Јенки од Конектикут во судот на крал Артур претставува патник низ времето од современата Америка, кој го користи своето научно знаење за да ја претстави модерната технологија во Англија од времето на Артур.
Овој тип на приказна подоцна ќе стане една заедника карактеристика на поджанрот на научната фантастика, изменета историја.
Во 1909 година, Томас Едисон го посетил Твен во неговиот дом во Рединг, Конектикат и го снимал.
Дел од снимките се искористени во Принцот и сиромавиот (1909 година), краток филм од две ролни.
Финансиски проблеми[уреди | уреди извор]
Твен направил значителна сума на пари преку неговото пишување, но изгубил голем дел од нив преку инвестирања, најмногу во нови изуми и технологии, особено машината за куцање.
Тоа било прекрасно инжинерско механичко чудо, што ги воодушевувало гледачите кога работело, но со склоност кон пропаст.
Твен потрошил 300.000 долари (еднакво на денешни 7.590.000 долари) во период од 1880 и 1894 година, но пред да биде совршен, застарел од страна на печатарската машина.
Тој не го изгубил само главниот дел од профитот на наговите книги, туку и значителен дел од наследството на неговата сопруга.
Твен изгубил пари и преку неговата издавачка куќа, која уживала почетен успех продавајќи ги мемоарите на Улисес С. Грант, но наскоро банкротирала, губејќи пари на биографијата на Папата Лео XIII.
Биле продадени помалку од 200 копии.
Делата и предавањата на Твен, во комбинација со помошта на нов пријател, му овозможиле да закрепне финансиски.
Во 1893 година, тој започнал петнаесет годишно пријателство со Хенри Хутлестон Роџерс, директор на Стандард оил.
Роџерс прв му помогнак на Твен во банкротот.
Потоа го натерал сите свои авторски права да ги препише на својата сопруга, Оливија, за да спречи кредиторите да добијат сопственост над нив.
Конечно, Роџерс презема целосна одговорност врз парите на Твен, се додека не се исплатени сите кредитори.
Твен започнал со предавања низ целиот свет во 1894 година за во потполност да ги отплати своити кредитори, иако за тоа веќе немал законска обврска.
Во средината на 1900 година тој бил гостин на сопственикот, Хаг Гилцен-Рајд, на весникот Dollis Hill House.
Твен таму напишал дека тој "никогаш порано немал видено место што е толку задоволително рангирано, со своите благородни стебла, пространство низ земјата и се што животот го прави прекрасен и се тоа во рамките на светската метропола."
Потоа во 1900 година, се вратл во Америка, со доволна заработка за да ги исплати своите долгови.
Ораторски ангажмани[уреди | уреди извор]
Твен беил баран како оратор и се појавил во многу клубови за мажи, вклучувајќи ги клубот на Артур, клубот Бифтек, Багабонти, бели фратери и клубот понеделник навечер од Хартфорд.
Тој станал почесен член на клубот Бохемиан во Сан Франциско.
Во доцните 90-ти години на 19 век, тој говорел за клубот Севиџ (дивјак) во Лондон и бил избран за почесен член.
Кога му кажале дека само тројца до тогаш биле почесни членови, вклучувајќи го и принцот од Велс, тој одговорил: "Тоа морало да му годи на принцот."
Во 1897 година, Твен говорел во клубот Конкордиа прес во Виена како специјален гостин, следен од дипломатот Чарлемагне Товер.
Во Германија, на големата забава на членовите, Твен изјавил: "Die Schrecken der deutschen Sprache" ("Ужасите од германскиот јазик").
Доцен живот и смрт[уреди | уреди извор]
Твен минувал низ период на тешка депресија, која започнала во 1896 година кога неговата ќерка Суси починала од менингитис.
Смртта на Оливија во 1904 година и на Џин на 24 декември 1909 година, само ја зголемиле неговата мрачнина.
Во мај 1909 година ненадејно починал неговиот близок пријател Хенри Роџерс.
Во 1906 година Твен започнал да ја пишува својата автобиографија во North American Review.
Во април Твен дознава дека неговата пријателка Ина Колбрит изгубила скоро се во земјотресот во Сан Франциско во 1906 година и тој доброволно продал неколку свои потпишани фотографии за да и помогне.
За дополнителна помош, Џорџ Варлтон Џејмс го посетил Твен во Њу Јорк и му договорил нова фотосесија.
Твен признал дека крајните четири фотографии се најдобрите што тој некогаш ги имал.
Во 1906 година Твен основал клуб за девојки кој тој ги гледал како замена за внуки, "Ангелски риби и аквариум клуб".
Многу од членовите биле помеѓу 10 и 16 години.
Твен разменувал писма со девојчињата од неговите "Ангелски риби" и ги канел на концерти, театар и играње игри.
Во 1908 година Твен напиша дека клубот е неговата "најголема радост во животот".
Во 1907 година, унивезитетот Оксфорд го награди Твен со почесен докторат.
Во 1909 година, Твен вели:
Дојдов во 1835 година со Халеевата комета.
Таа повторно доаѓа следната година и очекувам да си заминам со неа.
Ќе ми биде најголемото разочарување во животот ако не си отидам со Халеевата комета.
Без сомнение, Семоќниот рече: "Еве ги овие две чуда.
тие дојдоа заедно, тие мораат да си одат заедно."
По веста за неговата смрт, Претседателот Вилијам Ховард Тафт рекол:
"Марк Твен пружи задоволство-вистинско интелектуално уживање-на милиони и неговите дела ќе продолжат да го пружат тоа исто задоволство на уште милиони кои допрва ќе дојдат...Неговиот хумор беше американски, но тој беше ценет исто толку и од англичаните и луѓето од другите земји.
Тој направи долготраен дел од американската литература. "
Погребот на Твен се одржал во презвитеската црква "Стара тула" (Old Brick) во Њу Јорк.
Тој е закопан на земјиштето на неговата сопруга на гробиштата Вудлавн во Елмира, Њу Јорк.
Неговиот гроб е обележан до споменик, кој е наместен од неговата преживеана ќерка, Клара.
Исто така има и мала надгробна плоча.
Литературни дела[уреди | уреди извор]
Преглед[уреди | уреди извор]
Твен ја започнал својата кариера со лесни, комични стихови, но се развил во хроничар на суетите, лицемерието и убиствените дела на човештвото.
На средината на својата кариера, со Хаклбери Фин, тој комбинирал богат хумор, цврста нарација и општествена критика.
Твен бил мајстор за изведба на разговорен говор и помогнал во создавањето и промоцијата на посебна американска литература, изградена на американска тема и јазик.
Многу дела на Твен биле забранувани во одредени периоди од повеќе причини.
Авантурите на Хаклбери Фин била забранувана во американските средни училишта, не поради честата употреба на зборот "црнец", кој често се употребувал во периодот пред граѓанската војна во кој беше напишан романот.
Целосна библиографија на неговите дела скоро не е возможна, поради огромниот број дела напишани од Твен (често во непознати весници) и неговите повеќе различни псевдоними.
Дополнително, голем дел од неговите говори и предавање се изгубени или не биле запишани.
Колекцијата на Твен е тековен процес.
Истражувачите откриваат објавени материјали од Твен близу од 1995 година.
Рано новинарство и илустрирани патописи[уреди | уреди извор]
Додека пишувал за весник од Вирџинија Сити, Territorial Enterprise во 1863 година, Клементс го запознал адвокатот Том Фитч, уредник во конкурентниот весник Virginia Daily Union, познат како "ораторот од Пацификот со сребрен јазик".
Тој му помогнал на Фитч, давајќи му го неговиот "прв, вистински профитабилен час" за пишување.
Во 1866 година, Клеменс одржал предавања за островот Сендвич пред толпа во Вашу Сити, Невада.
Клеменс го прокоментирал тоа, "Кога прв пат почнав да предавам, како и во моите рани дела,моја единствена идеја да направам комедија од се што гледав и слушав."
Фитч му рекол, "Клеменс, твоето предавање беше величенствено.
Беше речит, трогателен и искрен.
Никогаш претходно во мојот живот немам слушнато такво величенствено дело на описно раскажување.
Но направи грев што не може да се прости.
Тоа е грев што никогаш не смееш да го повториш.
Го затвори најречитиот опис, со кој ја стимулираше својата публика до висина на најјак интерес, со парче одвратен антиклимакс кој ги уништи сите вистинско вредни ефекти што самиот ги произведе."
Првото значајно дело на Твен, "Славната скокачка жаба од покраината Калаверас", кое за првпат било објавено во New York Saturday Press на 18 ноември 1865 година.
Единствена причина што делото било објавено таму е што неговата приказна пристигнала многу касно за да биде вклучена во книгата артемус вард.
По оваа експлозија од популарност, the Sacramento Union го овласти Твен да пишува писма за неговите патувачки искуства.Првото патување што го направи за оваа работа беше возењето со парабродот Ајакс во неговата прва пловидба до Хаваи, во тој период станува збор за островот Сендвич.
Овие комични писма го докажаа постанокот на неговите дела во весникот Alta California од Сан Франциско, кој го назначи за патувачки известувач за патувањето од Сан Франциско до Њу Јорк преку Панамскиот премин.
Малку подоцна, Твен пишувал писма наменети за издавање, запишувајќи ги своите искуства со својот пародичен хумор.
На 8 јуни 1867 година, Твен, за пет месеци, испловил на задоволувачки крстосувач Квакер Сити.
Ова патување резултирало со невините во странство или напредокот на новите пилгрими.
Оваа книга е рекорд на патување што пружа задоволство.
Ако беше рекорд на значајно научно патување, би било за гравитацијата и импресивната неразбирливост, што е соодветно во делата од овој вид и покрај тоа би била атрактивна.
Сепак, тоа е рекорд само на пикник, има цел, која е да му сугерира да читателот како би било да ја види Европа и Истокот, кога би ги видел со свои очи, а не со очите на оние кои патувале во тие земји пред него.
Правам мал изговор за да им покажам на сите како би требало да гледаат на објектите од интерес под морето-други книги го прават тоа и поради тоа, дури и ако сум способен да го направам тоа, нема потреба.
Во 1872 година, Твен го издаде второто дело од патувачката литература, ''Во траење'', како полу-продолжение на невини.
Во трање е полу-автобиографско дело од патувањето на Твен во Невада и неговиот подоцножен живот во американскиот запад.
Книгата е сатиричен напис за американското и западното општество, на ист начин на кој невини критикува неколку земји од Европа и Блискиот Исток.
Следното дело на Твен го задржа фокусот на Во трање на американското ошстество, но повеќе се задржува на денските настани.
Насловена како позлатените години:денешна приказна не беше патувачко дело, како неговите две претходни книги и беше неговиот прв обид за пишување на роман.
Книгата е исто така значајна бидејќи е единствената соработка на Твен, напишана е заедно со неговиот сосед Чарлс Дудли Варнер.
Следните две дела на Твен се изработени врз основа на неговите искуства на реката Мисисипи.
Стари времиња на Мисисипи, серија од куси информативни написи објавени од Atlantic Monthly во 1875 година, прикажувајќи го разочарувањето на Твен од романтизмот.
Стари времиња ,на крајот, станаа почетна точка за живот на Мисисипи.
Том Соер и Хаклбери Фин[уреди | уреди извор]
Следното големо издавање на Твен беше Авантурите на Том Соер, во кое е претставена неговата младост во Ханибал.
Том Соер е модел на Твен како дете, следено од двајца соученици, Џон Бригс и Вил Бовен.
Книгата, исто така, го претставува и споредниот лик Хаклбери Фин, кој е изграден врз основа на пријател на Твен од младоста, Том Бланкеншип.
Принцот и сиромавиот, покрај фабулата што е сеприсутна во денешниот филм и литература, не беше многу добро прифатена.
Раскажувајќи приказна за две момчиња кои се родени во ист ден, кои физички се идентични, книгата дејствува како социјална забелешка кога принцот и сиромавиот си ги заменуваат местата.
Сиромавиот е прв обид на Твен за фикција и вината за неговите недостатоци обично паѓа врз Твен, затоа што го немал доволно искусено англиското општество, а, исто така, и од фактот дека е создаден по масивен хит.
За време на пишувањето на Сиромавиот, Твен ја започнал Авантируте на Хаклбери Фин (со која постојано имал проблеми за завршување) и започнал и завршил друга книга за патување, Патување низ Европа, која го следи патувањето на Твен низ централна и јужна Европа.
Следното големо издадено дело на Твен, Авантурите на Хаклбери Фин, го зацврсти него како истакнат американски писател.
Некои го нарекуваа прв голем американски роман и книгата стана задолжителна во многу средни училишта низ САД.
Хаклбери Фин беше ластар од Том Соер и имаше многу посериозен тон од неговиот претходник.
Основната претпоставка зад Хаклбери Фин е вербата на младото момче во вистинската работа што треба да ја направи, иако некогаш верува дека не е во ред.
Четиристотини страни во ракопис од Хаклбери Фин беа напишани во средината на1876 година, веднаш по издавањето на Том Соер.
Некои прикази му одземале седум години на Твен, по неговата прва експлозија од креативност, за конечно да ја заврши книгата во 1883 година.
Други прикази што Твен ги работел на Хаклбери Фин биле заедно со Принцот и сиромавиот, други дела во 1880 година и други години.
Последната петина од Хаклбери Фин е тема на многу контроверзии.
Некои велат дека Твен искусил, како што критичарот Лео Маркс наведува, "нервен слом".
Ернест Хемингвеј еднаш рече за Хаклбери Фин:
Доколку ја читате, морате да застанете каде што момчињата го крадат црнецот Џим.
Тука е вистинскиот крај.
Останатото е само измама.
Хемингвеј, во истиот есеј, исто така, напиша:
Цела модерна американска литература доаѓа од една книга на Марк Твен наречена Авантурите на Хаклбери Фин.
Близу пред завршувањето на Хаклбери Фин, Твен ја напиша Живот на Мисисипи, за која се вели дека има големо влијание од претходната книга.
Книгата прераскажува сеќавања на Твен и нови искуства по дваесет и две годишното отсуство од Мисисипи.
Во неа, тој исто така наведува дека "Марк Твен" беше повикот направен кога бродот беше на мирна вода - два фата.
Цензура[уреди | уреди извор]
Делата на Твен биле подложени на цензура.
Според Стјуарт (2013) "Тие што ги воделе овие кампањи, генерално, беа верски организации или поединци во позиции на влијание - не толку многу библиотекарите, кои биле инстилирани со тој американски "библиотекарски дух", кој почитувал интелектуална слобода.
Во 1905, Бруклин Јавната библиотека ги забрани и Авантурите на Хаклбери Фин и Авантурите на Том Соер од детскиот оддел, поради нивниот јазик.
Пријателството со Хенри Х. Роџерс[уреди | уреди извор]
Додека Твен го почитувал Хенри Х.Роџерс, директор на Стандард оил, кој му помогнал да излезе од финансиската криза и со тоа нивното пријателство во подоцнежните години било од замна корист.
Кога Твен ги изгубил три од своите четири деца и саканата жена, фамилијата на Роџерс станала замена за наговата фамилија.
Тој станал чест гостин во нивниот дом во Њу Јорк Сити, нивната летна куќа со 48 соби во Ферхевен, Масачусетс и во нивната јахта, ''Канава''.
Двајцата мажи се претставиле на своите познаници.
Твен бил обожавател на прекрасна, глувонема девојка, Хелен Келер.
Тој прв пат ја запознал Келер и нејзината учителка Ан Суливан на забава во домот на Лауренс Хутон во Њу Јорк Сити во зимата 1894 година.
Твен му ги претставил девојките на Роџерс, кој, заедно со својата жена, платиле за образованието на Келер на колеџот Ретклиф.
Твен исто така го запознал Роџерс со новинарот Ида М. Тарбел, кој му правел интервју за изложеноста на нечистотија кој индиректно водеше до прекин на довербата Стандард Оил.
На крстарење со Канава, Твен и Роџерс на зафатени интервали беа придружувани од Букер Т. Вашингтон, познат поранешен роб, кој станал водечки учител.
Додека старите познати пријатели биле претставувани како другари за пиење и покер, тие исто така разменувале и писма додека биле разделени и тоа се случувало многу често бидејќи и двајцата многу патувале.
За разлика од личните датотеки на Роџерс, кои никогаш не станале јавни, овие незначајни писма биле објавени.
Пишаните размени меѓу двајцата мажи ја покажува добрата смисла за хумор на Твен и, што повеќе изненадува, смислата за забава на Роџерс, обезбедувајќи чудна интуиција за приватната страна на крадецот-индустрискиот магнет.
Во април 1907 година, Твен и Роџерс биле на крстарење, на отварањето на изложбата Џејмстаун во Вирџинија.
Јавната популарност на Твен била толку голема што многу обожаватели земале бродови до котвата на Канава со надеж дека ќе добијат поглед од него.
Откако собирот на бродови околу јахтата стана опасност, тој конечно беше принуден да излезе на палубата и да ги поздрави собраните.
Поради лошите временски услови, јахтата доцнеше неколку дена од авантурата на Атлантскиот океан.
Роџерс и некои други од неговата забава се вратиле во Њу Јорк со воз.
Твен не го сакал возењето со воз и одлучил да го чека враќањето на Канава.
Сепак, известувачите ја изгубиле трагата за тоа каде од прилика се наоѓа.
Кога тој не успеал да се врати во Њу Јорк како што било предвидено, Њу Јорк Тајмс шпекулираше дека ток можеби е "изгубен во морето."
По безбедното пристигнување во Њу Јорк и слушнал за тоа, комичарот напишал сатирична статија за слученото, нудејќи да "...направи детална истрага на известувањето дека сум изгубен во морето.
Ако има некаква основа за овој извештај, јас уште еднаш ќе ја известам љубопитната публика."
Ова копа по сличностите од минат настан од 1897 година кога тој ја направи својата позната забелешка "Известувањето за мојата смрт беше претерано,", откако новинарот бил испратен на истражување за тоа дали тој навистина починал.
Всушност, неговиот братучед бил тој што бил сериозно болен.
Подоцна таа година, синот на Твен и Роџерс, Хенри џуниор, се вратил на изложбата Џејмстаун, на Канава.
Комичарот помогнал во одржувањето на денот на Роберт Фултон на 23 септември 1907 година, прославувајќи ја стогодишнината на изумот (параход) на Фултон.
Твен се пријавил на местото на болешливиот претседател на САД, Гровер Клевеланд.
Твен бил соочен до пет минутно јавно одобрение, членови на публиката кои го поздравувале со капите и чадорите.
Длабоко трогнат, Твен изјавил, "Кога се повикувате на мојата глава, не чувствувам, но кога се повикувате на моето срце, тогаш чувствувам."
Во април 1909 година, двајцата стари пријатели се вратиле во Норфолк, Вирџинија на банкет во чест на Роџерс и неговата ново завршена вирџиниска железница.
Твен беше основен глас во едно од неговиот последни јавни појавувања и многу беше цитиран во весниците низ целата земја.
Еден месец подоцна, Твен патувал од Конектикут во посета на негов пријател во Њу Јорк Сити, кога Роџерс ненадејно починал на 20 мај 1909 година.
Твен пристигнал на станицата Гранд Централ и таму неговата ќерка го пречекала со вестите.
Обвиен во тага, тој невообичаено ги одбегнал новинарите кои биле собрани и само изјавил "Ова е ужасно....Не можам да зборувам за тоа."
Два дена подоцна тој служел на почесната стража на мртовец на гробиштата во Њу Јорк.
Сепак, тој одлучил да се придружи на забавата во возот кој одел на погребот во Ферхевен.
Тој рекол "Не можам да поднесам да патувам со моите пријатели а да не разговарам."
Погледи[уреди | уреди извор]
Погледите на Твен станале порадикални како што растел.
Тој знаел дека неговите погледи ќе се менуваат и развиваат во текот на животот, однесувајќи се на едно од неговите омилени дела:
Кога ја завршив француската револуција на Карлил во 1871 година, јас бев гирондин.
Оттогаш кога и да го прочитам, го читам различно- под влијание сум и се менувам, малку по малку, од животот и околината... а сега ја оставам книгата уште еднаш и признавам дека сум санскулот!- Не блед санскулот без карактер, туку марат.
Анти-империјалист[уреди | уреди извор]
Сакав американскиот орел да оди да вика на Пацификот...Зошто да не ги рашири своите крилја нас Филипините, се прашувам?...Си велам, Еве ги луѓето кои страдаат од три земји.
Можеме да ги направиме исто толку слободни како што сме ние, да им дадеме сопствена влада и земја, да ставиме мал ден од американскиот устав да плови кон Пацификот, да основаме потполно нова држава што ќе го заземе своето место меѓу слободните земји во светот.
Ми изгледа како одлична задача што ние самите си ја зададовме.
Но јас оттогаш уште размислував и внимателно го читав договорот од Париз (кој ја заврши шпанско-американската војна) и видов дека не сме насочени кон слобода, туку кон подјармување на филипинците.
Ние појдовме таму за да победиме, не за ослободување.
Ми изгледа дека треба да ни биде задоволство и обврска да ги ослободиме тие луѓе и да ги оставаме да ги решаваат своите домашни проблеми на нивни начин.
Така јас сум анти-империјалист.
Се противам на тоа орелот да ги става своите канџи на некоја друга земја.
Пред 1899 година Твен беше силен империјалист.
Во доцните 60-ти и раните 70-ти години на 19 век тој гласно говореше за американските интереси за Хавајските острови.
Тој подоцна објаснил дека во средината на 1890 година тој бил "вжарен империјалист.Сакав американскиот орел да вика над Пацификот."
Тој изјавил дека војната со Шпанија во 1898 година била "најзначајна" војна на сите времиња.
Во 1899 година тој го смени правецот и од 1901 година, набрзо по неговото враќање од Европа, се до неговата смрт во 1910 година, Твен беше заменик претседател на американската анти-империјалистичка лига, која се спротиставува на анексирањето на Филипините од САД и имаше "десетици илјади членови."
Тој напишал многу политички летоци за организацијата.
Инцидентот на Филипините, посмртно објавена во 1924 година, беше како одговор на масакрот Моро Кратер, во кој биле убиени 600 мороси.
Многу од неговите запуштени и претходно несобирани дела за анти-империјализмот за прв пат се појавија во книга во 1992 година.
Твен го критикувал империјализмот и на другите земји.
Во следејќи го Екваторот, Твен се изразил "омраза и прекор за империјализам во секоја форма."
Многу го критикуваше европскиот империјализам, јасно од Сесил Родес, кој многу го прошири британскиот империјализам и Леополд II, крал на Белгија.
Монологот на крал Леополд е политичка сатира за неговата приватна колонија, слободната земја Конго.
Извештаи за насилна експлоатација и застршувачки злоупотребување водеа до широко распространет, меѓународен протест во 1900 година, достигнувајќи ја првата голема скала во движењето за човекови права.
Во монодрамата, кралот дискутира за воведување на христијанството во земјата, надминувајќи мало изгладнување.
За време на филипинско-анериканската војна, Твен напишал кратка миротворна приказна насловена воена молитва, која дава смисла на хуманизмот и проповедите на христијанството за љубов се инкомпатибилни со однесувањето во војна.
Беше поднесено на Harper`s Bazaar за издавање, но на 22 март 1905 година магазинот ја одби приказната како "недоволно добра за женски магазин."
Осум дена подоцна, Твен му пишал на својот другар Даниел Картер Беард, на кој му ја имаше прочитано приказната, "Не верувам дека молитвата ќе биде објавена во мое време.
Николку освен на смртта не му е дозволено да ја каже вистината."
Поради тоа што тој имаше ексклузивен договор со Harper & Brothers, Твен не можел да ја објави Воената молитва на ниту едно друго место.
Остана необјавено до 1923 година.
Повторно беше издадена како материјал за кампања од протестантите во војната во Виетнам.
Граѓански права[уреди | уреди извор]
Твен бил цврст поддржувач на укинувањето и еманципацијата, одејќи до степен да изјави "објавата на Линколн... не само што ги ослободи црните робови, но исто така ги ослободи и белците."
Тој изјавувал дека со исклучок на белците, другите народи не добиваат правда во САД, еднаш велејќи: " Видов кинез злоуботребуван и малтретиран во секоја смисла, на најкукавичките можни начини што се измислени од деградираната природа...но никогаш не сум видел кинез кој добива во судот на правдата за неправдата што му била нанесена."
Тој плаќал за најмалку еден црнец да се школува на правниот факултет на унивезитетот Јел и друг црнец да се школува на јужниот универзитет за да стане министер.
Твен бил верен поддржувач и на правата на жените и активен во кампањата за правото на глас на жените.
Неговиот говор Гласови за жени, во кој тој инсистира за одобрување на правата за гласање на жените, се смета за еден од најпознатите говори од историјата.
Хелен Келер имала корист од подршката на Твен, со тоа што го продолжила своето школување на колеџ и покрај нејзините недостатоци и финансиски проблеми.
Погледите на Твен за потеклото не се изразуваат во неговите рани написи за родените американци, За нив, во 1870 година, Твен напишал:
Неговото срце е септичка јама на предавство, подмолност и на ниски и ѓаволски инстинкти.
Со него, благодарноста е непознато чувство и кога некој ќе му направи добро дело најдобро е да му биде свртен со лицето напред, од страв наградата да не биде стрела во грбот.
Да се прифати услуга од него значи да се преземе долг кој никогаш нема да го исплати, иако ќе банкротираш обидувајќи се.
Како котрапункт, есејот на Твен за "Литературните навреди на Фенимор Купер" нуди многу пофин поглед кон индијанците.
"Не, други индијанци би ги забележале овие работи, но индијанците на Купер никогаш ништо не приметија.
Купер смета дека тие се величествени суштества за соопштенија, но тој секогаш грешел во врска со своите индијанци.
Ретко имаше некој нормален меѓу нив."
Во овој подоцнежен патопис, Следејќи го Екваторот (1897 година), Твен набљудувал дека на колонизираните острови низ целиот свет "дивјаците" секогаш грешеле во врска со "белите" на сите безмилосни начини, како што се "крадење, понижување и бавно, бавно убивање, преку сиромаштија и вискито на белиот човек".
Неговиот заклучок е дека "има многу хумористични работи на овој свет, меѓу нив и замислата на белиот човек дека е помал дивјак од другите дивјаци."
Работа[уреди | уреди извор]
Твен вжарено пишуваше за заедниците од индустријата за речни бродови во Живот на Мисисипи, кои подоцна, по децении, беа читани во салите на заедниците.
Тој го поддржувал работничкото движење, особено во една од побитните заедници, витезите од работа.
Во говор за нив, тој рече:
Кои се угнетувачите?
Неколкумина: кралот, капиталистот и многу други надзорници и управници.
Кои се угнетувани?
Многу: народите на земјата, значајни личности, работниците, оние кои го прават лебот, со меки раце и јадат мрзеливост.
Вивисекција[уреди | уреди извор]
Твен се спротивставувал на вивисекцијата кога го разбрал значењето на зборот во 1899 година (значењето на овој збор била предмет на промени низ времето).
Приговорот на Твен не бил на научна основа, туку повеќе на етичка.
Тој посебно ја нагласил болката што им се нанесува на животните како основа на неговото спротивставување на праксата.
Јас сакам да знам дали вивисекцијата произведува резултати кои се корисни за човечката раса или не... Болката која се наметнува над несвесните животни е основата на непријателството кон него и за мене е доволно оправдување за непријателство без да гледам понатаму.
Религија[уреди | уреди извор]
Иако Твен бил презвитеријанец, тој некако бил критички настроен кон организираната религија и некои елементи на христијанството во неговиот подоцнежен живот.
На пример, тој напишал: " Вера е верување во тоа што го знаеш, нели?"
и "Ако Исус е сега тука има една работа што нема да биде- христијанин".
Сепак, како зрел човек тој учествува во религиски дискусии и присуствува на служби, неговата теологија се развила откако тој се соочил со смртта на саканите и неговата лична смртност.
Неговите лични искуства и страдања за својата фамилија го направил особено критичен за "лечење со верба", кое е поддржано од Мери Бејкер Еди.
Неговото најраспалувачко дело за религијата бара нијанса на разбирање на неговите аргументи и критика.
Твен обично избегнувал да ги објавува своите еретички мислења за религијата од негово време, а тие се познати од есеите и приказните кои се објавиле подоцна.
Во есејот Трите изјави на осумдесеттите од 80-тите години на 19 век, Твен изјавил дека верува во семоќниот Бог, но не во некои пораки, откровение, свети книги, како што се Библијата, Провидение или задгробен живот.
Тој изјави дека "добрината, правдата и Божјата милост се манифестирани во неговите дела", но исто така и дека "универзумот е воден од строги и непроменливи закони" кои одредуваат "мали нешта", како кој починал од чума.
Во друг период тој напишал или говорел на начини кои се спротивни на строгите погледи на теист, на пример, јасно признато верување во Господ, Во некои подоцнежни дела од 1890 година, тој беше малку помал оптимист за добрината на Господ, посматрајќи дека "ако нашиот Создавач е семоќен за добро и лошо, Тој не е нормален."
Во друг период, тој претчувствува зајадливост дека можеби Господ го создал светот со сите негови измачувања за некои Негови лични цели, но инаку беше рамнодушен за човештвото, кое беше многу ситно и небитно за, на било кој начин, да го привлече Неговото внимание.
Во 1901 година, Твен ги критикувал постапките на мисионерот д-р Вилијам Скот Амент (1851 година-1909година), бидејќи Амент и другите мисионери имале збирка за оштети од кинески теми во последиците од боксерската побуна од 1900 година.
Откако Твен ги слушнал методите на Амнет, неговиот одговор бил објавен во прегледот на Северна Америка во февруари 1901 година: За личноста која седи во темница и се справува со примери од империјализмот во Кина, Јужна Африка и со окупацијата на Филипините од страна на САД.
Значаен прилог, "За мојата критика на мисионерите" објавен во прегледот на Северна Америка во април 1901 година, неговиот напад продолжува без извинување, но фокусот од Амент го префрла на неговите надмоќни мисионери, американскиот совет за комисионери во странски мисии.
По неговата смрт, фамилијата на Твен забранила некои негови дела кои биле потполно ирелевантни кон стандардната религија, како Писма од земјата кое не беше објавено се додека неговата ќерка Клара не ја промени својата позиција во 1962 година во прилог на Советската пропаганда за задржувањето.
Анти-религиското Таинствениот странец беше објавено во 1916 година.
Мала Беси, приказна што го исмејува христијанството е објавено во 1972 година во збирката Басни за човекот од Марк Твен.
Покрај овие погледи, тој донирал пари за изградба на презвитерска црква во Невада во 1864 година, иако беше дискутирано дека тоа било во соработка со неговиот презвитерски брат.
Твен создал портрет на Јованка Орлеанка, кој бил полн со почит, тема со која бил опседнат 40 години, студирал многу години и потрошил две години пишувајќи.
Во 1900 година и повторно во 1908 година, тој изјавил, "Од сите мои книги најмногу ми се допаѓа Јованка Орлеанка, најдобра е.
"
Тие што го познавале Твен во постарите години се сеќаваат дека тој се задржувал на темата за задгробниот живот, неговата ќерка Клара вели: "Понекогаш тој веруваше дека со смртта се се завршува, но во поголем дел од животот тој беше сигурен дека постои задгробен живот.
Најискрените погледи на Марк Твен за религија се јавуваат во неговата завршна автобиографија, која беше објавена 100 години по неговата смрт, во ноември 2010 година.
Во неа, тој вели:
Има една значајна работа за христијанството: лоша, крвава, безмилосна, материјална и присвојувачка.
Измислувањето на пеколот мерено по денешните христијани, лош колку што е, лицемерен колку што е, празен и безначаен колку што е, ниту божеството ниту неговиот син се христијани, ниту се квалификува за умерено високо место.
Нашата религија е ужасна.
Флотата на светот може да плива во просторна удобност на невината крв што се пролеа.
Траен сведок[уреди | уреди извор]
Трајниот сведок за Твен живее денес со тоа што неговото име продолжува да се множи.
Неколку училишта се именувани по него, вклучувајќи ги основното училиште Марк Твен во Хјустон, Тексас, каде што има статуа на Твен и средното училиште Марк Твен во Њу Јорк.
Има голем број училишта именувани средно училиште Марк Твен во различни земји, како и средно училиште Семјуел Клеменс во Шертс, во близина на Сан Антонио, Тексас.
Исто така има и други структури, како што е споменик-мостот Марк Твен.
Селото Марк Твен и воена база на САД лоцирана во Судштад, во околината на Хајделберг, Германија.
Тоа е една од двете американски бази во армијата на САД Гарисон Хајделберг, каде што се сместени американските војници и нивните фамилии (другото е селото Патрик Хенри.
Се множат и наградите кои го носат неговото име.
Во 1998 година, центарот за уметности Џон Ф. Кенеди создаде награда за американски хумот Марк Твен, која се доделува на годишно ниво.
Наградата Марк Твен е награда која се доделува секоја година на ученици четврто до осмо одделение од друштвото за училишни библиотеки од Мисури.
Универзитетот Стетсон од Деланд, Флорида ја спонзорираше работилницата за млади автори Марк Твен, која се случува секое лето, во соработка со домот за момчиња и музејот Марк Твен во Ханибал.
Програмата е отворена за млади автори од петто до осмо одделение.
Музејот ја спонзорираше наградата за креативно подучување Марк Твен.
Градби во соработка со Твен, вклучувајќи и многу негови домови, се сочувани како музеи.
Неговото место на раѓање е сочувано во Флорида, Мисури.
Домот за момчиња и музеј Марк Твен во Ханибал, Мисури ги сочувале композициите за некои од неговите најдобри дела.
Домот на неговата пријателна од детството Лаура Хавкинс, за која се смета дека е инспирација за измислениот лик Беки Тачер, е зачуван како "куќата на Тачер".
Во мај 2007 година, реконструкцијата на домот на Том Бланкеншип, инспирацијата за Хаклбери Фин, беше отворена за јавноста.
Семејниот дом што тој го изградил во Хартфорд, Конектикут, каде што тој и неговата сопруга ги растеле нивните три ќерки, е зачуван и отворен за посетители како домот на Марк Твен.
Актерот Хал Холброк создаде шоу што работи само со еден човек наречено Марк Твен вечерва, кое што тој редовно го оддржувал околу 56 години.
Емитувањето на Си Би Ес (CBS) во 1967 година му донесе Еми награда.
Од трите претстави на Бродвеј (1966,1977 и 2005 година), првата му донесе Тони награда.
Често, Твен е опишуван во поп културата за носењето бели костими.
Има докази кои сугерираат дека по смртта на Ливи во 1904 година Твен започнал до носи бели костими на своите предавања.
Сугестиите на модерната претставки дека тој ги носел костимите низ целиот свој живот се неосновани.
Нема докази дека тој носел бели костими пред 1904 години, Сепак, со времето тоа постана негово обележје, како што е илустрирано во анегдотите за оваа ексцентричност (како и периодот во кој тој носел бел летен костим на сослушувањето на Конгресот што се оддржувал во зима).
"Енциклопедијата за Мерк Твен" од МекМастер наведува дека Твен не носел бели костими во последните три години, освен на еден банкет.
Во 2011 година, поштенската служба на САД планира да ослободи уште еден печат во негова чест.
Псевдоними[уреди | уреди извор]
Твен употребувал различни псевдоними пред да се одлучи за Марк Твен.
Тој хумористичните и имагинативните написи ги потпишувал како Џош се до 1863 година.
Дополнително, го користел и псевдинимот Томас Џеферсон Снодграс за серија хумористични писма.
Тој тврди дека неговиот прв псевдоним доаѓа од неговото долгогодишно работење на бродови на реката Мисисипи, "каде двата фата длабочината укажува на безбедна вода при патување со брод, беа мерени на кабел за сондирање.
Фатот е мерна единица за длабочина еднаква на две јарди (1,8 м) Твен е архаичен поим за "две".
Плачот на капетанот на бродот беше Марк Твен, или од Марк Твен, што значи "според Марк [како што дознава], [длабочината е] два [фата]," што значи, "Водата е длабока 12 стапки (3,7 м) и е безбедна за поминување".
Твен изјавил дека неговиот познат псевдоним не е во потполност негов изум.
Во Живот на Мисисипи тој напишал:
Капетан Исаија Селерс нема голем литературен капацитет, но тој има навика да прибележува кратки пасуси од чисто практични информации за реката и ги потпишуваше "МАРК ТВЕН", а потоа ги даде на New Orleans Picayune.
Тие се однесуваа на степенот и состојбата на реката и беа точни и корисни... Во времето кога пристигна телеграфот за неговата смрт, јас бев на брагот на Пацификот.
Бев свеж, млад новинар и имав потреба од nom de guerre, па го земав од стариот морнар и дадов се од себе за да го задржам тоа што беше во неговите раце-знак, симбол и овластување дека што и да се најде што било во негова сопственост може да се прокоцка.
Како јас успеав, не би било скромно од мене да кажам.
Верзијата на Твен за неговиот псевдоним беше испитувана од биографот Џорџ Вилијам Трети, од веникот Territorial Enterprise и од Пол Фетаут од универзитетот Пердју, кој тврди дека Марк Твен се однесува на водење лента-јазиче што редовно се случувало во салонот на Џон Пајпер во Вирџинија Сити, Невада.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Murray, Stuart A. P. "The Library: An Illustrated History", New York: Skyhorse Publishing, 2012, p. 189.
- "The Votes for Women Speech by Mark Twain".
25 мај 2007. http://www.famousquotes.me.uk/speeches/Mark_Twain/.
16 октомври 2009.
- Huberman, Jack (2007).
The Quotable Atheist.
- Dempsey, Terrell, BOOK REVIEW: Mark Twain's Religion.
William E. Phipps 2004 Mark Twain Forum
- Twain, Mark, ed.
by Paul Baender.
What is man?
: and other philosophical writings.
p. 56
- Twain, Mark, ed.
by Paul Baender.
What is man?
: and other philosophical writings.
pp.10, 486
- Mark Twain, "To the Person Sitting in Darkness", The North American Review 182:531 (February 1901):161–176; AntiImperialist.com[мртва врска]
- Mark Twain, "To My Missionary Critics", The North American Review 172 (April 1901):520–534; AntiImperialist.com[мртва врска]
- "Anti-Religious Work by Twain, Long Withheld, to Be Published", 24 август 1962, стр.
22 април 2008).
- Twain, Mark (1972).
John S. Tuckey (ed.
), Kenneth M. Sanderson (ed.
), Bernard L. Stein (ed.
), Frederick Anderson (ed.).
Mark Twain's Fables of Man.
California: University of California Press.
- "Church Aided by Twain Is in a Demolition Dispute", "The New York Times", 2 април 2006 (конс.
5 октомври 2008).
- Paine, Albert Bigelow, The Adventures of Mark Twain, p. 281, Kessinger 2004
- Goy-Blanquet, Dominique, Joan of Arc, a saint for all reasons: studies in myth and politics, p. 132, 2003 Ashgate Publishing
- Phipps, William E., Mark Twain's Religion, p. 304, 2003 Mercer Univ.
Press
- PBS NewsHour (7 јули 2010).
"Mark Twain's Autobiography Set for Unveiling, a Century After His Death".
7 јули 2010.
- "Grand Master of Missouri Lecture".
- "Mark Twain Masonic Awareness Award: About The Award". | fineweb-2 |
Template:BArch-biased/mk
За документарни цели, Сојузниот архив на Германија ("Бундесархивот") ги остава изворните (првичните) белешки и описи на сликите, кои во некои случаи можат да бидат неточни, пристрасни, застарени или политички екстремни.
Сите поправки на белешките и поинакви описи на сликите треба да се вршат настрана од изворните записи.
Покрај ова, фактографските грешки можете да ги пријавите на оваа страница, со тоа информирајќи го Бундесархивот. | fineweb-2 |
Егзорцизам
Eгзорцизам (од доцниот Латински јазик exorcismus,од грчки ἐξορκισμός, exorkismos - поврзано со заклетва) е верски ритуал на протерување демони или други духовни сили од некое лице или место за кое се верува дека е опседнато.Во зависност од духовните верувања на Егзорцистот (истерувач на духовни сили), егзорцизам може да се направи со нудење на лицето да изврши заклетва, вршење на целосен ритуал, или едноставно со наредба таа духовна сила да замине во името на повисока сила.Овој ритуал е доста стар и дел од системот на верување на многу култури и религии.
Според Оксфорд егзорцизмот потекнува од dybbuk , демони, или зли духови; верувањето дека светиот човек може да нареди протерување на лошите духови што опседнале некое место или тело на некое лице е доста старо.
Можат да се забележат многу видови на егзорцизми и ритуали во различни вери.
Содржина
Христијанство[уреди | уреди извор]
Во христијанството, егзорцизмите наводно се извршуваат во името на Исус Христос или преку молитва.
Католичкиот ритуал за формален егзорцизам е наречен "Главен Егзорцизам" и е опишан во Дел 13 од книгата за "Римскиот ритуал".
Свештениците најпрво треба да бидат сигурни дали лицето боледува од некоја болест пред да го извршат ритуалот.
Во христијанскиот ритуал лицето кое врши егзорцизам,познато како Егзорцист, е често член на црквата, или лице за кое се смета дека е надарено со виши моќи или вештини.
Егзорцистот може да користи молитви, и верски материјали, како што се: утврдени формули, гестови, симболи, икони, амајлии,итн.
Егзорцистот често се повикува на Бог, Исус, и /или неколку различни ангели и архангели за да изврши егзорцизам.
Потребно е време од неколку недели за да егзорцистот го истера длабоко навлезениот демон.
Воглавно, , опседнатите лица не се сметаат за винвни за злото кое се наога во нив ,ниту се целосно одговорни за своите постапки.. Затоа, оние коишто го изведуваат овој ритал сметаат дека ова е повеќе како лекување одошто судбина .Повеќето ритуали обично се држат кон ова мислење,велејќи дека не е насилство да бидеш опседнат од виша сила,освен во случај на бесвесно насилство од лицето, тоа може да биде врзано за негова заштита како и заштита на егзорцистот.
Ислам[уреди | уреди извор]
Во Исламот, егзорцизамот се нарекува ruqya.
Се користи за да се поправи штетата предизвикана одsihr или вештерство.
Се состои од рецитирање одредени стихови од Коранот кој го слават Бога (на пример The Throne Verse (арапски: آية الكرسي Ayatul Kursi), ), и се повикуваат на Божјата помош.
Во некои случаи исто така се чита и adhan (повик за дневни молитви во исламот) со верување дека ова има ефект да ги брка неангелските суштества и виши сили.
Јудаизам[уреди | уреди извор]
Јозеф кажува за два вида на егзорцизми: оние вршени со користење на отровни екстракти од корен и со принесување на жртви.
Се вели дека егзорцизмите биле извршувани од страна на религиозната група Eсен(гранка на јудаизмот Свитоци на Мртвото Море во Кумарин).
Во поново време, Раби Јехуда Фетаја ја издал книгата Минчат Јахуда, во која пошироко го опишува егзорцизмот, неговото искуство со опседнати луѓе и други предмети на Еврејската мисла.
Книгата е напишана на хебрејски и била преведена на англиски јазик.
Раби Герсон Винкер од Ново Мексико објаснува дека процедурата за Еврејскиот егзорцизам не само да го истера демонското од човекот туку и да му пружи еден начин на лекување.Еврејскиот егзорцизам е извршуван од страна на раби кој добро ја владее практиката на Кабалах.Исто така е присутен и минјан (група од десет возрасни машки лица),кои се редат во круг околу опседнатото лице.
Групата го рецитира Псалм 91 три пати,и потоа раби дува во рог (рог од овен).
Рогот на некој начин испушта разни звуци и тонови се со цел да се ослободи опседнатото тело.Откако малку ќе се порази демонот раби почува да комуницира со него и да му поставува прашања од видот зошто го опседнал телото на опседнатиот човек.Минјаните можат да се молат и да изведуваат ритуал со цел да му помогнат на човекот да се чуствува безбедно,а со тоа и демонот да го напушти неговото тело.
Индиска религија[уреди | уреди извор]
Хиндуизам[уреди | уреди извор]
Верувањата и обичаите кои се однесуваат на практиката на егзорцизмот се видливо поврзани со Хиндусите.Од четирите Веди (светите книги на Хиндусите),Атарва Веда вели дека содржи тајни поврзани со магијата и алхемијата.
Основните средства за егзорцизам се mantra и yajna кои се користат како во ведската така и во Тантрската традиција .
Традициите на Вашнава исто така, вклучуваат рецитирање на имињата на Нарасимха и читање на Светото Писмо, особено Бхагавата Пурана.
Според Гита Махатмиа на Падма Пурана, читањето на 3, 7 и 8 глава од Бхагавад Гита им помага на опседнатите лица да бидат ослободени од ситуацијата на опседнатост од виша сила.
Киртан, континуирано играње на матрите,чување текстови и слики од свети божества (Шива, Вишну, Брама, Шакти, итн.)
(особено на Narasimha)во куќите, горење на тамјан за време на пуја, попрскување со вода од свети реки, кршење на кукички од полжави и потоа употребувани во пуја.Главниот извор на религиозни текстови поврзани со духовите и смртта е Гаруда Пурана
Будизам[уреди | уреди извор]
Во будизмот, егзорцизмот постои во зависност од будистичката секта.
Секоја секта се разликува од друга: некои го дефинираат како метафоричен, некои езотеричен, а некои дури и како дословен.
Некои будисти од Тибет го дефинираат егзорцизмот како ништо повеќе од една метафора за прогонството на негативни мисли претварајќи ги во просдветлен ум .Некои будисти повеќе веруваат дека повеќе преку благослов одошто егзорцизам би се ослободиле себеси од негативни мисли и/или негативни духови.
Во Махајана Будизмот (или подобро тибетски Вајрајана будизам) злите духови се прилично разговоливи, и го претвараат опседнатото лице во нивни слуга, гневно заштувајќи ги духовите на Дарма.Тантра (основа (правило) на духовниа изработка) на егзорцизмот, во будизмот може да се идентификува со Вајрајана Тантра.
Научен поглед[уреди | уреди извор]
Демонската опседнатост не е валидна или психијатриска дијагноза призната од страна на оние кои тврдат дека веруваат во демонска опседнатост понекогаш се гледани со присуство на симптоми поврзани со ментални болести, како што се хистерија, манија, психоза, синдром на Турет, епилепсија, шизофренија или разединителено нарушување на идентитетот.
Во случаи на разединителено нарушување на идентитетот во кој сменетата личност е прашувана да се единтификува, 29% се изјасниле дека се идентификуваат себеси како демони.
Покрај тоа, постои еден вид на мономанија наречена демоманиа или демонопатија во која пациентот верува дека тој или таа е опседнат од еден или повеќе демони.
Илузијата дека егзорцизамот работи на луѓето за да се справат со симптоми на поседување му се препишува на некој плацебо ефект и моќта на сугестија.
Некои наводно опседнати лица се всушност нарцисти или страдаат од мала самодоверба и дејствуваат како " лица опседнати од демон "со цел да привлечат внимание.
Прсихијатарот М Скот Пек истражувал егзорцизми и тврдел дека самиот тој извршил два.
Тој заклучил дека христијанскиот концепт на опседнатост бил вистински феномен.
Тој има дијагностички критериуми поинакви од оние што се користат од страна на Римокатоличката црква.
Тој исто така тврдел дека видел разлики во постапките и текот на егзорцизмите.
По неговите искуства, и како обид да го потврди неговото истражување тој се обидел но не успеа да ја придобие психијатриска заедница за да ја додаде дефиницијата на "злото" на ДСМ-IV.
Иако претходното дело на Пек стекна голема популарност , неговата работа на темите на злото и опседнатост предизвикаа значајна дебата и потсмев.
Тој многупати бил споредуван со (и восхит за) контроверзниот Малахија Мартин, католички свештеник и поранешен лицемер, и покрај фактот дека Пек постојано го нарекувал Мартин лажго и манипулант.
Други критики упатени против Пек вклучуваат погрешни дијанози базирани врз недостатокот на знаење во врска со разединителено нарушување на идентитетот (претходно познат повеќе како растројство на личноста), во кои се вели дека тој ги прекршил границите на професионалната етика со обидот да ги убеди своите пациенти да го прифатат христијанството
Значајни егзорцизми[уреди | уреди извор]
- Салвадор Дали е познат по тоа што има извршено егзорцизам од италијански монах, Габриеле Марија Берарди, додека бил во Франција во 1947 година.
Дали изгравирал скулптура на Христос на крстот што му го дал монахот како благодарност
- Аланис Микел била жена католик од Германија, на која и беше кажано дека била опседната од шест или повеќе демони и потоа во 1975 година и бил извршен егзорцизам.
Две подвижни слики, за егзорцизмот на Емили Роуз и Реквием се делумно базирани на приказната на Аланис .Исто така постои и документарен филм егзорцизмот на Аланис Микел (на полски јазик, но исто така се достапни и преводи на англиски јазик) со оригинална аудио снимка од постапките на егзорцизамот.
- Џорџ Лукинс
- Едно момче идентификувано како Роби Манхајм, било предмет на егзорцизам во 1949 година, кој станал инспирација за хорор романот Егзорцистист и филмот напишан од Вилијам Питер Блати, кој слушнал за случајот, додека бил студент во на Универзитетот во Џорџтаун.
Роби бил однесен во грижа на свештеникот ,Лутер Мајлс Шулце , лутерански пастор на момчето, откако психијатрите и лекарите не можеле да ги објаснат вознемирувачките настани поврзани со тинејџерот, тогаш министерот го доверил на свештеникот.
Едвард Хјуз ,го извел Првиот егзорцизам на тинејџерот ,додека следните егзорцизми беа изведени од разни свештеници и егзорцисти.
- Клара Германа Сел
- Мајкл Тејлор
- Мајка Тереза наводно, била подложна на егзорцизам на постара возраст ,под раководство на архиепископот на Калкута.
- Јохан Блумхардит извршил егзорцизам на Готилебим Дитус за време од две години во Моринген, Германија од [PHONE] година.
Парохискиот свештеник Блумхардит потоа доживеал раст, кој тој му го припишува на успешниот егзорцизам | fineweb-2 |
Битка кај Хатин
|Битка кај Хатин|
|Дел од Крстоносните војни|
|Завојувани страни|
| Ерусалимско кралство
Темплари
Болничари
|Ајубиди|
|Команданти и водачи|
|Ги де Лузињан
Рајмон
Жерар де Ридфор
Балијан I Ибелин
Режинал де Шатијон
|Саладин|
|Сила|
|20,000 ||20,000 |
|Жртви и загуби|
|17,000||непознато|
Битката кај Хатин (битка, позната и како "роговите на Хатин" по вулкан кој надигнал во исто време) е битка која се одвивала за време на крстоносните војни.
Битката започнала на 4 јули 1187 година помеѓу крстоносците, предводени од Ерусалимското кралство и ајубидската династија.
Муслиманската армија, која била на чело со Саладин, постигнала голем успех убивајќи ги скоро сите крстоносци.
Во негови раце останале и многу крстоносци кој тој ги заробил.
По оваа битка, муслиманската војска повторно станала највлијателната во Светата Земја, со центар Ерусалим, односно Кудс..
Содржина
Локација[уреди | уреди извор]
Битката се одржала кај градот Тиберијада, во денешен Израел.
Бојното поле, како своја географска карактеристика, се одликувал со двојно брдо наречено "рогот на Хатин".
Западно од местото се наоѓа градот Арка.
Патот Дарб ал-Хаварнах, изграден од Римјаните, служел како главен пат од истокот кон западот од Јордан кон Галилејското море и средоземноморскиот брег.
Позадина[уреди | уреди извор]
Ги де Лузињан станал крал на Ерусалим во 1186 година, по женидбата со Сибиља и смртта на синот на Сибиа, Балдвин V. Ерусалимското кралство во тоа време било поделено помеѓу фракцијата на Ги де Лузињан и Сибила од една страна, со Режинал де Шатијон и Жерар де Ридфор заедно со своите темплари и Рајмон III, кој за време на Балдвин V му бил советник од друга страна.
Тој уште од тогаш имал мошне други ставови во однос на Ги де Лузињан.
По прогласувањето на крал на Ги де Лузињан, ситуацијата толку била напрегнета што скоро довела и до отворена војна помеѓу нив двајцата.
Самата војна била избегнета со посредство на Балиан I Ибелин.
Во меѓувреме, муслиманските држави биле обединети во период од околу едно десетилетие од страна на Саладин.
Саладин бил назначен за везир на Египет во 1169 година, а во државата управувал скоро како султан.
Во 1174 година, станал и главен господар на Дамаск, и ја проширил својата држава заземајќи ги Алепо и Мосул во 1176 година и во 1183 година.
За прв пат, создавањето на Ерусалимското кралство, тоа од сите свои страни било опколено од една муслиманска земја со еден владетел.
Од крстоносците, Саладин претходно веќе имал доживеано еден пораз, и тоа во битката за Монгисар во 1177 година.
Во почетокот од 1180 година, било склучено примирје помеѓу двете страни.
Кога Ги де Лузињан станал крал, Рајмон III склучил посебно примирје со Саладин, дозволувајќи му на султанот да испрати армија во северниот дел на кралството.
Во исто време, една група медијатори биле испратени да преговараат за примирје меѓу Рајмон III и Ги де Лузињан.
Во битката кај Кресон на 1 мај, крстоносците биле ненадејно поразени.
Самиот Рејмонд III за ова го обвинил Ги де Лузињан, кој ја собрал целата војска на кралството и тргнал кон северот се со цел да одговори на Саладин.
Опсада на Тиберијада[уреди | уреди извор]
Двете фракции се состаниле во Акра, каде била собрана војска од 1,200 рицари, околу 10,000 пешадијци, дојдени од Италија и платени пред се од англискиот крал Хенри II.
Исто така, со војската бил доведен и еден од релибите на Вистинскиот Крст, од страна на патриархот Хераклиус Ерусалимски.
На 2 јули, тактиката на Саладин успеала, доведувајќи го Ги де Лузињан да се движи далеку од изворот во Сафурија, додека опсадата на Тиберијада била лично водена од страна на Режинал де Шатијон, а војската на Саладин останала во Кафр Сабт.
Овде имало обиди да Саладин биде поткупен, но тој ова го одбил.
Тврдината паднала истиот ден, проследена со убиство на сите крстоносци и земање на голем број заложници.
Текот на битката[уреди | уреди извор]
Пред почетокот на битката војската на Саладин броела 12.000 борци.
Од друга страна, крстоносците на располагање имале 63.000 војници.
Но тоа не го поколебало да се повлече пред конечната битка.
Борбата започнала веднаш во долината пред ридот на Тиберија, во непосредна близина на Хатин.
На 4 јули 1187 година се судриле двете војски.
Битката започнала рано наутро тој ден, а веќе навечер ниту една од двете завојувани страни не можела да се пофали дека победува.
Но, христијанската војска претходно исцрпена од преголемата жед и неповолната позиција на ридот, била принудена да се повлече во долината на Хатин.
Истата ноќ, Саладин напредувал со војската војската и потполно ги опколил силите на крстоносците без да имаат можност да го пробијат обрачот.
Утредента битката продолжила со сета своја жестокост.
Христијаните се обидувале да го пробијат обрачот за да дојдат до толку потребната вода.
Тогаш управникот на Трабулс, Режинал де Шатијон, собрал неколкумина најдобри борци-коњаници за да го пробие обрачот.
Саладин наредил да му отворат пат.
Кога овој "се пробил" ја разбрал опасноста на својата постапка.
Муслиманската војска повторно го стегнала обрачот, а Рајмон III остнал далеку од христијанската војска, оставен на милост и немилост на муслиманските борци.
Сиот преплашен избегал кон Трабулс.
Не застанал додека не ги здогледал гратските ѕидини на градот.
Одненадеж почнал да дува силен ветер во правец на крстоносната војска.
Саладин тоа го искористил и наредил да се запали исушената трева.
Огнот пламнал, а чад и искри од расгорената трева се нафрлале по лицата на христијанската војска.
Жедта и чадот станале неподносливи.
Крстоносците биле принудени да се повлечат и одлучиле да направат шатори на ридот за да се одморат.
Но, војската на Саладин тоа не го дозволувала.
Единствено што им успеало, било поставањето на шаторот на нивниот крал.
Крстоносците во оваа битка го понеле крстот Салабот.
Верувале дека Исус бил распнат токму на него.
Ова била нивната најголема светост.
Но, под големиот притисок на муслиманската војска тие го оставиле крстот и се упатиле кон ридот Таркин.
Муслиманите го заплениле големиот крст Салабот.
За христијаните тоа било голема загуба.
Нивниот верски занес во битката почнал да стивнува, а моралот забрзано да им опаѓа.
Пораз на крстоносците[уреди | уреди извор]
Битката кај Хатин се повеќе и се ближела нејзиниот крај.
Се претпоставува дека биле убиени околу 30.000 крстоносни војници, а исто толку биле заробени.
Од крстоносната војска останале само 150 коњаници кои го штителе шаторот на кралот.
Овде, Саладин ја изјавил својата позната порака:"Се колнам во Алах!
Овие нема да се предадат додека не падне шаторот на нивниот крал!".
По подолги борби, паднал во заложништво и самиот Ги де Лузињан.
По оваа величествена победа, Саладин и неговата војска застанале во шаторите кај Хатин.
Следниот ден, тој наредил пред него да се донесат христијанските кралеви.
До себе го поставил кралот Гвидо, а во негова близина бил и кнезот Арнат, управникот на крепоста Керак.
Тоа бил истиот Арнат што многу пати ја измамил муслиманската војска и не го одржал ветениот збор, и сакал да ги нападне Мека и Медина.
Саладин се заколнал дека лично со своја рака ќе го убие.
Кнезот Арнат седел со заробените благородници во друштво на Саладин.
Било наредено пред кралот Гвидо да се постави вода.
Овој ја зел, се напил и му подал на Арнат да се напие.
Саладин се разлутил и викнал: "Не побара дозвола од мене да му дадеш да пие, садот ти го дадов само на тебе!"
Се свртел кон кнезот Арнат и му рекол: "Колку пати се заколна за да ја прекршиш заклетвата, колку пати потпиша договор за да не го почитуваш неговиот збор?"
Арнат преку преведувачот сиот дрзок и надмен одговорил: "Сите кралеви секогаш постапувале така.
Мамењето и кршењето на заклетвата е политика со која кралевите владеат со нивните народи!"
Саладин по ова му понудил на Арнат да го прими исламот.
Арнат одбил, по што веднаш го убил, заедно со неговите темплари и болничари.
По битката[уреди | уреди извор]
По оваа битка, муслиманската војска повторно станала највлијателната во Светата Земја.
Во октомври истата година паднал и Ерусалим по неговата опсада.
Така, по крстоносната војна од 1099 година, градот повторно го зазеле муслиманите.
Занимливости[уреди | уреди извор]
- Според писателот Ерноул, кога папата Урбан III ја слушнал веста за големиот пораз на крстоносците, починал од срцев удар.
- Битката е целосно опишана во романот на Хенри Ридер Хагард "The Brethren"
- И покрај тоа што не беше прикажана битката, последиците вклучувајќи ја и егзекуцијата на Режеинал де Шатијон е вметнета во филмот Небесно царство.
- Дел од битката е вметнат во филмот Арн, каде истоимениот темплар е еден од ретките кој останал жив по битката.
- Битката кај Хатин ја има во видеоиграта Stronghold Crusader, нарекувана уште и "Битката на ридот".
- Битката кај Хатин ја има во видеоиграта Medieval: Total War и Age of Empires II
Наводи[уреди | уреди извор]
- A. Konstam, Historical Atlas of The Crusades, 133
- Madden, Thomas (2005).
Crusades The Illustrated History.
Ann Arbor: University of Michiga P.
- A. Konstam, Historical Atlas of The Crusades, 119
- Concise History of the Crusades - Madden
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|"| | fineweb-2 |
Белешка: Оваа статија содржи МФА-фонетски знаци во Уникод.
Итонамајскиот јазик (Itonama) е скоро изумренизолиран јазик кој се зборува во амазонските долини во Боливија.
Јазичарот Гринберг го класифицирал јазикот како дел од паезанските јазици, но сепак јазикот сè уште се смета за изолиран јазик.
Според уставот на Боливија, јазикот е еден од официјалните јазици во државата. | fineweb-2 |
Уникатната географска положба и условите за впловување во градските пристаниште го направиле Севастопол стратешки важна точка за морнарицата.
Исто така, градот е туристички центар и одморалиште, главно за посетителите од земјите на ЗНД.
Градот, порано седиште на руската (тогашна советска) Црноморска флота — денес поморска база на руската и украинската воена морнарица и истата флота.
По падот на Советскиот сојуз, пристаништето во Севастопол се соочиле со зголемен промет, и покрај потешкотиите во поглед на заедничката воена контрола над пристаништата и доковите.
По Крмската криза од 2014 г, и референдумот за отцепување од Украина и припојување на Крим кон Русија, Севастопол станува федерален град на Русија.
Исто така, Севастопол е важен истражувачки центар на морската биологија.
Особено застапено е изучувањето и тренирањето на делфини, кое започнало во градот до крајот на Втората светска војна.
Севастопол ужива во потопла клима од околните региони, со свежи зими и умерено топли лета. | fineweb-2 |
Ангиопластија
Ангиопластија е едноставна операција која го подобрува протокот на крв до срцето со проширување на артериите.
Може да се направи со локална анестезија (да се здрви местото).
Во болница се останува само кусо време.
Докторот ја проширува артеријата на тој начин што става специјален балон во затнатата артерија.
Кога ќе стигне балонот во артеријата, докторот хидраулички ќе го надуе пред да го отстрани.
Тоа ја проширува артеријата.
Потоа докторот става метално цевче (наречено "стент") во проширената артерија.
Ова цевче останува во артеријата за да ја држи отворена.
Извор[уреди | уреди извор]
http://www.health.nsw.gov.au/mhcs/publication_pdfs/6095/BHC-6095-MAC.pdf Мултикултурен здравствен комуникативен сервис, Срцеви заболувања - како може лечењето да ви помогне, Нов Јужен Велс, мај 2002.
|Оваа статија е никулец.
Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.| | fineweb-2 |
ГРАВЕ осигурување а.д.
Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 180 години.
Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија.
ГРАВЕ осигурување а.д.
Скопје е осигурително друштво кое има 100% сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAZER WECHSELSEITIGE VERSICHERUNG AG (скр.GRAWE) од Грац и дозвола за работа во Македонија.
Друштвото е основано со дозвола добиена од Министерство за финансии на Република Македонија, со решение број 11-18652/3од 15.01.2007 година и регистрација од Централен регистар на РМ број 30120070001886 од 14.02.2007 година.
Во 2009 година, Друштвото изврши усогласување согласно Законот за супервизија на осигурување, кое се однесуваше на висината на гарантниот фонд и органите на управување.
ГРАВЕ осигурување а.д.
Скопје, е реосигурано преку матичната куќа кај германска реосигурителна компанија Münchener Rückversicherung-Gesellschaft од Минхен.
Нашите најголеми предности се: меѓународен квалитет на производите, сигурна политика на вложување, а грижата за клиентите и нивните интереси е една од основните задачи на ГРАВЕ осигурување.
Нашата осигурителна компанија е стабилна поддршка за иднината на нашите клиенти.
Поради тоа, и целокупното работење на Друштвото се заснова на доверба и стабилност.
Условите за работа на пазарот за осигурување и високата технологија на обработка превземена од основачот, прилагодени на нашите законски прописи, дава поголема сигурност дека во конкуренција со останатите осигурителни компании успешно ќе го наметнеме сопствениот начин и квалитет на работење!
Плановите на ГРАВЕ осигурување се да ги проширува своите понуди во согласност со барањата и развојот на пазарот.
Осигурувањето на живот е поврзано со дополнително осигурување од незгода како најзначаен производ прилагоден на потребите на корисниците.
Безбедното осигурување за сите беше основниот мотив на основачот за основање на Друштвото, а и понатаму останува водечка идеја на сите вработени - до ден денес. | fineweb-2 |
Еколошка мода
Еколошка мода или одржлива мода е дел од растечката филозофија за дизајн и тренд на еколошка одржливост, чија цел е да создаде систем кој бесконечно ке биде поддржан во однос на општествената одговроност и одговорноста на животната средина.
Еколошката мода е дел од зголемениот тренд за одржлив дизајн, при што се зема во обзир општественото влијание и влијанието врз животната средина кое го има производот што е направен и произведен, во периодот на неговот времетраење, вклучувајки го остатоците од јаглерод.
Според магазинот "Vogue" (мај 2007) се чини дека овој тренд нема да биде краткотраен, туку би можел да трае повеќе сезони.
Екологистите го искажуваат својот став за модата во светот преку донација за добротворни цели од продажбата на производи.
Денес модните дизајнери повторно ги воведуваат методите за еколошка свест преку користење на еколошки материјали и методите за општествена одговорност за производството.
Постојан неколку организации кои работат за да ги зголемат можностите на дизајнерите на еколошка мода.
"Националната асоцијација на дизајнери на одржливата мода" е една од овие организации.
Целта на асоцијацијата е да им помогне на претпријатијата кои имаат растечки бизнис во модата, кои што создаваат општествени промени и ја почитуваат животната средина.
Дизајнерите за еколошка мода обезбедуваат образование за три пати пониска цена, обука и пристап до алатките и материјалите учење во индустријата кои ја подобруваат креативноста, иновативноста и имаат големо влијание на бизнисот.
Мисијата на организацијата е да направи промени во општеството преку бизнис кој е поврзан со модата и дизајнот и да обезбеди образование, обука и промени кои ке се транформираат во индустријата, како и да ја подобрат соработката, одржливоста и економскиот раст.
Според непрофитната организација (НПО) – Earth Pledge која промовира и поддржува одржлив развој според која "најмалку 8 000 хемикалии се користат за суровите материјали да се претворат во текстил и 25% од пестицидите во светот се користат за да се произведе неоргански памук.
Ова преизвикува непоправлива штета за луѓето и живоната средина, и сепак две третини од јаглеродот кој се наоѓа во облеката ке се појави откако ке се купи"
Содржина
Материјали[уреди | уреди извор]
Постојат многу фактори кои влијаат на одржливоста на материјалот.
Долготрајноста и изворот на влакното, процесот на претварање на суровите материјали во текстил, работните услови на луѓето кои ги произведуваат материјалите и целосниот остаток на јаглерод во материјалите.
Природни влакна[уреди | уреди извор]
Природни влакна се оние кои се создадени во природата и не се на база на нафта.
Природните влакна можат да бидат поделени на две главни групи – целулоза или растителни влакна и протеини или животински влакна.
Целулоза[уреди | уреди извор]
Памукот е еден од најраспростанетите видови во светот кои растат со хемиски средства.
Вообичаено, зрел памук користи околу 25 % од инсектицидите во светот и повеќе од 10 % од пестицидите во светот.
Други влакна од целулоза се: јута, лен, коноп, абака, бамбус, соја, пченка, банана и ананас.
Протеини[уреди | уреди извор]
Производство[уреди | уреди извор]
Рециклирани влакна[уреди | уреди извор]
Рециклирани или обработени влакна се направени од одпадоци од ткаенина соберени од фабрики за производство на облека, кои повторно се преработуваат во пократки влакна за да се испредат во нова преѓа.
Постојат само нколку уреди ( механики) во светот кои се способни да ги преработата исечоците и променливиот избор на мешавини од рециклираните памучни влакна на кои се става Пет преѓа за да ги зацврсти рециклираните памучни влакна и чистите акрилни влакна кои се додаваат за боја, густина и цврстина.
Дизајнери[уреди | уреди извор]
Дизајнерите велат дека ке се потрудат да ги вклучат овие одржливи и еколошки практики во модерната облека, наместо да произведуваат хипи облека.
Еколошката мода типично е поскапа од облаката кој е направен по вообичаените методи, поради напорите што се превземени за да се намалат штетите, поради производството и поради испораката на призводите.
Познатите личности, моделите и дизајнерите како што се Стела Мек Картни, Роган Грегори, Питер Ингверсен, Али Хјустон, Боно, Чарил Рос и Самер Окс неодамна го привлекоа вниманието за свеста за општеството и за еколошката мода.
Модната недела во Портланд кој што промовира дизајнери на еколошка мода и облека уште од 2005 година, го привлече меѓународниот печат со напорите што ги прави за да се одржи модна недела која ке промовира дизајни кои се 100 % еколошки.
Големиот број на славни личности од Холивуд се поврзани со еколошка мода, меѓу кои се: Натали Портман, Камерон Дијаз, Алиша Силверстоун, Адријан Гринер, Џенифер Анистон и Селма Хајек.
Дискусија[уреди | уреди извор]
Иако памукот остава големо количество јаглен при неговото одгледување и производство, органскиот памук се смета за поодржлив избор за ткаенина зато што нема отровни пестициди со уништувачко дејство ниту пак хемиски ѓубрива.
Многу дизајнери почнале да експериментираат со бамбусови влакна, кои ги апсорбираат гасовите кои се наоѓаат во стаклената бавча во текот на нивниот животен циклуц и растат брзо и во изобилие без пестициди.
Меѓутоа, ткаенината од бамбус може да биде штетна за животната средина, поради хемикалиите кои се употребени за да се создаде мека вискоза од тврд бамбус.
Некои луѓе веруваат дека конопот е еден од најдобрите избори за еколошки ткаенини, поради неговото брзо растење, но во некои држави е нелегално да се сади.
Овие податоци на рециклирана, обработена и типична ткаенина го прават изборот за одржливост, а суровите материјали не бараат одгледување или произведување да се направат.
Од неодамна се појави друго решение за еколошката мода кое користи синтетички влакна со процесот наречен Воздушно боење – технологија која ја елиминира водата во текот на процесот на боење и печатење.
Критичарите сеуште ги потенцираат хемикалиите кои што се користаа за производство на синтетички материјали.
Овој метод значително ја намалјува употребата на вода и загадувањето додека памукот (органски или неоргански) користи огромна количина на вода во текот на фазите на растење и боење.
Критичарите на еколошката мода дискутираат дека овој тренд единствено што бара е да се отфрли високата цена на луксузните производи а за тоа да се добие согласност од општеството.
Друга поголема критика за еколошка мода е потенцијалот за постојано менување на модата, за да ги охрабри потрошувачите постојано да ја фрлаат облеката од претходната сезона и да купа облека од најновата мода. | fineweb-2 |
Љубовници од Верона
Поезија од Предраг Луциќ, еКнига, на македонски.
Превод од хрватски: Игор Исаковски.
Првата целосна книга поезија на Предраг Луциќ претставува некои од истакнатите обележја на неговата, според многу нешта единствена поетика.
By buying this product you can collect up to 5 loyalty points.
Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден.. | fineweb-2 |
Не се гради кино на браЭата ћанаки и храм Д—в.ЌектариЉ ЅитолскиУ
||ќбЉавено на 20.03.2013 во 18:04 од | 11 прегледи
Ѕитола, 20 март - ћинистерката за култура ≈лизабета анческа ћилевска и градоначалникот на општина Ѕитола ¬ладимир "алески денеска во Ѕитола ги промовираа проектите за изградба на 'рам посветен на заштитникот на градот Д—в.ЌектариЉ ЅитолскиУ, како и киното Д орзоУ на браЭата £анаки и ћилтон ћанаки за кое што веЭе е изготвен проектот.
ћинистерството за култура дава целосна поддршка на проектот за изградба на храмот во чест на Д—вети ЌектариЉ ЅитолскиУ коЉ Эе се реализира во заштитената зона во непосредна близина на —аат кулата.
ѕроектот е поддржан од митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско Ц новозеландски.
Дѕроектот произлегува од бараЬата на граГаните и е во координациЉа со ћакедонската православна црква.
»зградбата на еден сакрален обЉект е од големо значеЬе за граГаните на Ѕитола и целата држава.
ѕроектот за заштитно конзерваторски основи е завршен од Ќ" «авод и ћузеЉ и предаден на општината, изЉави анческа ћилевска.
—огласно утврдената планска програма се планира површина за градба на верски обЉект со пропратни содржини и редефинираЬе на сообраЭаЉното решение во еден од наЉатрактивните и наЉвредните простори во централното градско подрачЉе, со утврдени насоки согласно заштитен режим со коЉ Эе се овозможи максимално зачувуваЬе на амбиенталните вредности на опфатот во рамките на утврдената споменичка целина.
Ќовата црква нема да биде многу голема, но затоа Эе плени со своЉата убавина:
ДНе ги побараме наЉдобрите маЉстори со наЉдобри материЉали, во срцето на градот да подигнат 'рам на нашиот заштитник, со што Эе придонесеме за надградба на духовното живееЬе во нашиот градУ, истакна "алески.
¬о наредниот период општина Ѕитола Эе го возобнови киното на браЭата ћанаки што се наоГало на Ўирок —окак во овоЉ град.
—поред проектот поддржан од ћинистерството за култура и инотека на ћакедониЉа ликот на некогашното кино Д орзоУ Эе биде вратен со изградба на нов обЉект на старата локациЉа во коЉ Эе има постоЉана музеЉска поставка, архивски материЉал и фотографии, но и предмети од киното на браЭата ћилтон и £анаки ћанаки.
Д—е радувам што Ѕитола повторно Эе го добие автентичниот изглед на киното на браЭата ћанаки во кое Эе има и музеЉска поставка со што светската Љавност и сите посетители што доаГаат во Ѕитола Эе може да се запознаат со творештвото на браЭата ћанаки и за се што тие направиле за ћакедониЉа и за светотУ, изЉави анческа ћилевска.
«а иградба на киното Д орзоУ на браЭата ћанаки во првата фаза Эе бидат инвестирани 30 милиони денари средства од општинскиот буЯет, а изградбата Эе започне веднаш после локалните избори.
Д–еализираме проект коЉ им го должиме на браЭата ћанаки, реконструкциЉа на киното што многу значело во минатото, но и денес.
»маме детален урбанистички план, постои проект, тендерот е завршен, а веднаш по изборите почнуваме со реализациЉа на првата од трите фази за реконструкциЉа на киното на браЭата ћанаки кое освен што Эе го задржи оригиналниот изглед на фасадата, внатре Эе има наЉсовремена техника и технологиЉаУ, изЉави "алески.
†
© ZURNAL.mk
† | fineweb-2 |
Една од нашите најдобри карактеристики е што креираме софтверски решенија кои лесно ги прилагодуваме кон потребите на нашите клиенти.
Софтверското решение за фактури е прилагодено кон сите клиенти кои го користат.
Тоа значи дека е прилагоден на голем број на разлилни клиенти како на пример : шпедиции, транспортни компании, компании за заштита на интелектуална сопственост, трговски фирми, туристички агенции и многу други.
Ова решение го олеснува работењето во една компанија, во која до сега фактурите биле изработувани во класичните програми како MS Word, MS Excel и слично.
Глобал Нет во моментот работи на нова веб апликација за фактури.
Големата популарност на нашата десктоп апликација за финансиско работење односно изработка на фактури не мотивираше да почнеме со изработка на нова апликација која целосно ќе биде веб ориентирана.
Со ова, нашите клиенти ќе можат своите фактури да ги прават преку интернет прелистувач и нема да зависат од оперативниот систем односно нема да бидат лимитирани само на Windows платформата.
Истотака, со оваа апликација ќе бидат и поблиску до своите книговодители, кои ќе можат во реално време да ја пратат работата на своите клиенти.
Доколку сте заинтересирани да се претплатите по одлична цена пред завршувањето на апликацијата може да не контактирате на нашата еmail адреса : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови.
Наскоро ќе ја објавиме и демо верзијата на апликацијата.
Глобал Нет нуди можност за вработување на продажни агенти.
Сите кои чувствуваат дека продажбата е предизвик и можност за одличен месечен приход, можат да се пријават на нашата email адреса - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови.
наша тајна за успех
Тајната на секоја успешна компанија е грижата за своите клиенти.
Нашата мисија е да имаме задоволни клиенти преку креирање на соодветни ИТ решенија со кои ќе помогнеме во развојот и подобрување на квалитетот на услугите на нашите клеинти.
Анализирајќи го бизнисот на клиентите се трудиме да направиме решение со кое ќе бидат задоволни, а воедно ќе им помогне во нивната секојдневна обврска.
Кога зборуваме за клиенти, првенствно мислиме на вработените во компаниите, почнувајќи од менаџментот завршувајќи со секој вработен во таа компанија
Прочитајте повеќе за можноста за соработка... | fineweb-2 |
eDnopmk
Здраво дечки, нема да го тупам многу, стану збор за продавање на:
Лајкови за фејс фан страници
Претплати за фејс профили
Споделувања на статии/слики на фејс
Ју туб гледачи
Ју туб претплати
Ју туб лајкови
Твитер следачи
Твитер ретвитови
Твитер твитови
Посети на веб сајтови.
Сето ова по најефтини цени, од 15-10 ЦЦ зависи од нарачката!
Се извинувам за аматерски напишаната статија, но тоа е тоа.
http://tinyurl.com/a6kcf7d - Нарачајте тука!
Споделете, гласајте, и при нарачка добите попуст!
Се во едно!
[Ефтино и ново]
http://www.erepublik.com/en/article/-[PHONE]/1/20
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Интернационалниот филмски фестивал во Торонто утревечер македонскиот филм "Мајки" на Милчо Манчевски ќе ја има својата светска премиера.
Филмот е ставен во програмата "Специјални презентации" и ќе има три проекции, покрај премиерата на 12 септември, тој ќе биде прикажан и на 13 и на 18 септември.
"Мајки" е направен во македонско-француско-бугарска копродукција.
Овој филм на Манчевски, кој на свој начин се осврнува и на настаните поврзани со кичевскиот новинар Владо Танески, целосно е снимен во Македонија во текот на минатата година на локации во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар.
Постпродукцијата е завршена ова лето, и тоа во студијата во Париз, Лондон и во Минхен.
Главните улоги во филмот ги играат: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев и други, а за првпат се појавуваат и младите Емилија Стојковска и Милијана Богдановска.
Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Жаклина Стојчевска, музиката е на Игор Василев - Новоградска, а еден од кастинг директорите е и Маја Младеновска.
Дистрибутер на "Мајки" е "Манаки филм".
"Мајки" на оригинален начин испреплетува вистински приказни за едно општество на небрежни и отсутни мајки, каде што децата кои беснеат со кредитни картички, набедуваат невини луѓе, каде што старците умираат сами и заборавени, каде што пензионираните чистачки се жртви на сериски силувања и убиства.
Филмот е современа рефлексија на мрачниот свет на Достоевски."
Додека мотото на неговиот нов филм е: "Вистина, само вистина и речиси ништо освен вистина."
- Но "Мајки" најверојатно нема да биде достапен во кино салите за македонската публика.
Еве што изјави Милчо: ,,За жал, како што сега стојат работите, ми се чини дека "Мајки" нема да има ниту филмска премиера, ниту прикажување во Македонија.
Не сакаме да соучествуваме во прикривањето на геноцидот извршен врз кино мрежата во Македонија.
Мислам дека треба да се знае и да обрне внимание на овој проблем.
Во Скопје пред 30 години имаше 16, а сега има кино ипол.
И што е уште пострашно, со кината работат и владеат партиски војници кои не му мислат добро на филмот.
За нас е голема одлука "Мајки" да не го играме во Македонија, зашто сакаме да посочиме на фактот дека таму кино мрежата е уништена и физички и со тоа кои луѓе ја водат." | fineweb-2 |
Јанаки Манаки (с.Авдела, Костурско, 1878 - Солун.
1948), македонски фотограф од влашко потекло, снимател и пионер на филмот на Балканот.
Во 1905 година во Битола (тогаш Манастир, Отоманска Империја), заедно со помладиот брат Милтон, го снимаат првиот балкански филм.
Во нивна чест во Битола се одржува Меѓународен филмски фестивал "Браќа Манаки".
Јанаки Манаки е роден во 1878 година, во малото село Авдела, во близина на градот Гравена (Костурско), во влашко (арумунско) имотно семејство.
Родителите се занимаваат со сточарство, како и со финансиски трансакции (кредитирање), што ќе допринесе тие да го зголемат своето богатство.
Основното училиште го завршува во родното место.
Благосостојбата во семејството му овозможува да се школува во Романската гимназија во Битола, каде за време на школувањето покажува посебен интерес за цртање, калиграфија (убаво пишување) и фотографија.
Времето поминато во Битола ќе остави трајни спомени и тој посебно го засакува градот во кој ги поминува своите младешки денови.
По дипломирањето, во 1898 година, се вработува како учител по цртање и калиграфија во Романската гимназија во Јанина.
Истовремено, добрата имотна состојба му овозможува да отвари фотографско атеље, каде што почнува професионално да се занимава со фотографија.
Во дуќанот му помага и помалиот брат Милтон, кој љубовта кон коњите и таблата ја заменува со љубовта кон фотографскиот занает.
Покрај уметничката фотографија тие ги бележат и историските настани кои во тоа време се редат како на филмска лента.
Најновите истражувања укажуваат дека во 1903 година, Јанаки објавува серија илустрации во романскиот весник "Универзум" (Iniversul), од кои повеќето се репродукции направени според фотографии посветени на настаните за време на Илинденското востание.
Иако, најчесто непотпишани од објективни причини, текстовите кои ги следат илустрациите, фактографски јасно и прецизно ги објаснуваат настаните, со повремени искажувања на симпатии за македонските востаниците.
Непотпишаниот "воен репортер" од Македонија, кој се поврзува со името на Јанаки Манаки, јасно ги дефинира македонските востаници и прави разлика меѓу Бугари и Македонци.
Зборувајќи за конфликтот меѓу членовите на ВМРО и Бугарите, авторот уште во извештаите од 1903 година прави разлика меѓу Македонци и Бугари.
Како и да е, имајќи го во предвид фактот дека барем дел од фотографиите се направени од Јанаки и неговиот помал брат Милтон, нема да биде претерано доколку се каже дека тие биле истовремено првите воени репортери или пак само први воени фотографи од Македонија.
Се до 1904 година, кога андартите го запалиле неговото родно село, Јанаки ги следи настаните на теренот и ја развива уметноста на фотографијата во овој регион.
По уништувањето на нивното село, браќата заминуваат во Битола, каде купуваат празно дворно место на главната улица, позната како Широк-Сокак.
Според сопствен проект, градат атеље, што им овозможува непречено времено продолжување на фотографската дејност.
Во 1905 година, Јанаки се определува трајно да се насели во градот на својата младост.
Тој го сели своето студио во Битола и заедно со братот Милтон, пред надлежните во градот, го регистрираат под име "Атеље за уметничка фотографија" како здружени сопственици, за разлика од Јанина каде тој се водел само на Јанаки.
Во 1905 година, Битола е важен политички, економски и културен центар на Балканот.
Јанаки, со истенчени чуства за пулсот на големиот град и историските моменти, го регистрира умирањето на старото и раѓањето на новото време.
Во 1906 година, браќата Манаки учествуваат со фотографии на големата Светска изложба во Букурешт, Романија.
Јанаки Манаки од Битола, Македонија, добива златен медел и "Диплома за фотографии и лица од Македонија" и сребрен медал со "Диплома за фотографии од влашки цркви во Македонија".
Неговиот брат Милтон исто така за колекција фотографии бил добитник на златен медал и диплома.
На покана на неговото Величество кралот Карл I, браќата Манаки одат во кралската летна резиденција во Синаја, каде биле назначени за официјални фотографи на кралското семејство.
За време на посетата направиле фотографии на кралот Карл I и кралицата Елизабета.
За време на Светската изложба во Букурешт и при посетата на кралскиот дворец има можност да се запознаее со филмската камера.
Фасциниран од подвижната слика, Јанаки посетува неколку европски престолнини за да набави камера.
Патувајќи за Париз, Јанаки прво застанува во Виена, а потоа на кратко се задржува во Лондон каде наидува на бараниот апарат.
Тоа беше историски настан за него и Јанаки го купува тристотиот примерок од серијата "Биоскоп", произведен од компанијата "Charles Urban Trading".
Оваа фамозна "камера 300" која Јанаки ја испраќа на брат му Милтон.
во рацете на младиот вљубеник на фотографијата, се претвора во инструмент со историско значење.
Од тој момент започнува историјата на балканската кинематографија.
Додека Милтон Манаки снима во атељето, на терен или пак ги обработува фотографиите, дотогаш Јанаки, којшто е ликовно образован, се грижи за уметничкото водство и естетските вредности на нивните дела.
Првите "подвижни слики", браќата Манаки ги прават во родното село Авдела.
Тие ја овековечуваат нивната 114 годишна баба, Деспина, како ткае заедно со други ткаачки од селото.
Со овој документарен филм, браќата го започнуваат огромниот богат кинематографски опус, кој е сведоштво на своето време.
Како дворски фотографи на романскиот и турскиот двор тие заеднички регистрираат и документираат низа значајни настани, манифестации и личности од почетокот на XX –от век.
Во текот на овој бурен историски период, тие ќе ги забележат не само познатите снимки на турските репресалии врз македонскиот народ по Илинденското востание, туку и прекрасни записи за народни обичаи, верски ритуали и прослави.
Од нивната богата и плодотворна работа се зачувани повеќе материјали меѓу кои треба да се спомнат: "Влашкото училиште во Адела" или "Училиште на отворено' (1905), "Прославата на Ѓурѓовден", "Македонски ора", "Влашка свадба", "Македонска свадба во Битолско", "Репресии врз македонското население во Битола", "Прослава на Св.
Кирил и Методиј" ([PHONE]), "Панаѓур кај Св.
Недела во Битола и на други места"(1907), "Бесењето на Илинденци"(1908), "Посетата на султанот Мехмед Решад Петти во Солун и во Битола" (1911), "Романскиот министер Истрате ги посетува Битола, Гопеш и Рсен", "Посета на принцот Александар во Битола" и др.
Иако во најголем дел се занимава со уметничка фотографија, Јанаки бил прогонуван од турските власти поради политички активности.
Исто така, за време на Првата светска војна Јанаки бил прогонуван и апсен од бугарските окупаторски власти во 1916 година.
Јанаки бил добро образован и со европски манири.
Добро го владее францускиот јазик, што му овозможува да се движи меѓу дипломатскиот кор и културните кругови во Битола.
За кусо време ја афирмирал фотографска работа во градот, така што браќата се здобиле со муштерии во сите слоеви на битолското општество, вклучувајќи ги и дипломатите.
Покрај работата во фотографското атеље и снимањето со филмската камера, браќата Манаки се занимаваат и со киноприкажувачка дејност.
Во 1921 година, Јанаки со братот го отвораат првото летно кино "Манаки" на Широк Сокак (битолското корзо), а на 26 август тие го прикажуваат првиот филм под отворено небо.
Летното кино било времено решение, кое ни ги задоволувало потребите на браќата Манаки.
Подоцна тие ќе изградат нова зграда во која првата кинопретстава ќе се одржи на 1 декември 1923 година.
Киното работи со променлив успех и менува неколку сопственици, за да изгори до темел во 1939 година.
Во 1935 година, Јанаки Манаки се преселува во Солун каде живее се до својата смрт во 1948 година.
Зачуван е огромен фонд од фотографии и филмски материјали, кои во текот на својот живот сам или со неговиот брат Милтон ги создаваал.
Делото на Јанаки Манаки, од кое блика конзистетна и естетски вредност, добива нови историски димензии и пртставува непроценлив придонес за македонската национална историја и култура, како и за културата и историјата на балканските народи, но, воопшто и за светската културната ризница. | fineweb-2 |
Почина модната дизајнерка Соња Рикел
ВИДЕО Исповед на пожарникарот на кого во пожар му изгорело лицето
Иднината на сексот е во роботите
Одредени групите за Лигата на шампионите
Тунтев: Спречивме уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)
Уште пет нови жртви извлечени од морето на плажа во јужна Англија
Бајден: Северен поток 2 е лоша зделка за Европа
Сведок: Власта подготвува нови 60 партиски судии и обвинители
Индустриското производство лани се зголемило за 4,8 отсто во однос на 2103-та, соопшти Државниот завод за статистика.
Опозицијата смета дека ова законско решение е антидемократско, не е транспарентно, и е спротивно на отчетноста во трошењето на парите на граѓаните.
Изградбата на овој комплекс велат тие целосно ќе го уништи органското земјоделско производство
Викендот без данок е воведен со цел да се поттикне потрошувачката и да се овозможи населението да се снабди по пониски цени, вели Шапуриќ.
Од јануари до јуни годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија.
Просечната откупните цена е 8,5 денари за килограм. | fineweb-2 |
Платно
Роман од Бенјамин Штајн, еКнига, на македонски.
Превод од германски: Елизабета Линднер.
Романот на особен начин се занимава со човековиот идентитет, со помнењето и потеклото; притоа нуди особено опширни информации за еврејската религија, мистика и култура, како и за религиозното секојдневие на Евреите.
By buying this product you can collect up to 5 loyalty points.
Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден.. | fineweb-2 |
Визија, Мисија, Вредности
Визија и Мисија на Компанијата
Претпријатието Даталаб е посветено на развој на ефикасен деловно инфирмационен систем PANTHEON, кој овозможува целокупно управување и преглед на сите деловни процеси во претпријатието.
Брзи и точни информации се од суштинско значење значење за претпријатието, поради тоа што својата способност може да ја оддржат и развијат само со помош на информациона поддршка.
PANTHEON е денес најдобар деловно-информационен систем од својот вид во регионот, но тука не застануваме.
Наша крајна цел е да развиеме најдобар ERP систем во светот.
Нашата мисија е со иновациите да обезбедиме квалитетен деловно информационен систем за сите, дури и за малите претпријатија.
Наша желба е да им помогнеме на корисниците во развојот и реализација на стратегијата, и помош за оптимизација на работните процеси и со автоматизација на работните процеси да го зголемиме профитот.
Вредности
Посветени сме на својата работа
Работата на деловно-информациониот систем директно влијае на преживување и конкурентност на нашите корисници.
Поради тоа нашите задачи не ги сфаќаме лесно: знаеме дека цената на погрешните многу скапа.
Напротив, нашата работа – развој на високо квалитетниот информационен систем, ја сфаќаме многу сериозно.
Нашата работа подразбира прецизност
Работиме со информациони техонологии каде што состојбата е или 1 или 0, што се одразува на нашиот однос со производот, или е завршен или не е во понуда.
Половичност не толерираме.
Посветеноста има огромна тежина во нашиот развој, поради тоа не бараме препреки, наместо тоа градиме стабилна програмска опрема.
Одговорноста, која доаѓа со нашата работа, диктира прагматичност, а понекогаш и конзервативност.
Тежиме кон прецизност – да не доцниме со реализацијата на новите верзии и исправки и се трудиме да ги испочитуваме роковите.
Веруваме во отворена комуникација и размена на знаење
Сфативме дека Share-knowledge, овозможува многу повеќе користи него кога ги криеме или ограничуваме.
Од тие причини нашата структура на податоци е јавна, а пристапот до неа е бесплатен.
Овој став го имаме и за соработка со клиентите и партнерите.
Нашите грешки отворено ги признаваме, објавуваме и исправаме.
Не ги криеме, поради тоа што развојот на програмската опрема е невозможен без грешки.
Исто очекуваме од сите корисници, поради тоа што само тоа води до пониски трошоци на проектите и постигнување на целите.
Веруваме, дека добрата соработка е клуч на успехот за опстанок, поради тоа што во денешно време компаниите, тешко може да планираат успех.
Поради тоа изградивме многу блиска соработка, како со партнерите, така и со клиентите.
Вработените се наше клучно богатство
Се трудиме да оствариме пријатно работно окружување на нашите вработени како би го смалиле стресот, кој во информациониот сектор е неизбежен.
Во нашата струка, 40 часа неделно е повеќе исклучок него правило, но тоа не важи за Даталаб.
Вработените не сакаме да ги исцедиме со претерана работа и прекувремени часови, затоа што тоа директно влијае на пад на квалитетот на работата.
Знаеме дека кога сме одморени, сме и покреативни.
Од таа причина вработените ги охрабруваме на самостојно креативно размислување и активно учество во менаџментот на фирмата.
Веруваме во учество на вработените во сопственоста на претпријатието и поделба на профитот со нив.
Големо внимание придаваме на обуката и стручното усовршување на вработените.
Со благодарение на константното усовршување, даваме се од себе да покрај употребата на најсоврмената техонологија на нашите вработени осигуруваме пристап на знаење, кое им е потребно.
Нашите планови се долгорочни
Се трудиме да ја видиме пошироката слика, а не само моменталните резултати.
Вложуваме повеќе од 60 проценти од нашиот профит во равој, што јасно покажува значајот колку се грижиме за иднината.
Исто така веруваме и во еко-економија во претпријатијата.
Така, покрај профит, ги прифаќаме и сите други влијанија на окружувањето, во кое работиме.
Дел од општествената одговорност е исто пружање помош и на оние, кои немаат можност за живот.
Поради тоа, секоја година насочуваме дел од профитот и за хуманитарни настани и помагаме преку спонзорства на разни школски натпревари. | fineweb-2 |
Трговија со дрога
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
Трговијата со дрога (наркотрговија) претставува глобален црн пазар кој опфаќа одгледување, производство, дистрибуција и продажба на супстанци кои се забранети со закон.
Повеќето земји ја забрануваат трговијата на многу видови дроги освен доколку за тоа не се поседува лиценца.
Според извештај на ОН, во 2003 година, глобалната трговија со дрога остварила 321,6 милијарди американски долари.
Истата година, со БДП од 36 милијарди американски долари, трговија со дрога може да се процени на нешто помалку од 1 процент од вкупната светска трговија.
Користењето на дрога е распространето низ целиот свет.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Оваа трговија се појавила како резултат на законите кои ја забранувале дрогата.
Во Првата опиумска војна, кинеските власти го забраниле опиумот, но Обединетото Кралство ја присилило земјата да им дозволи на британските трговци да го продаваат опиумот на населението.
Во 19 век, пушењето на опиум станало вообичаено поради зголемениот увоз од страна на британските трговци.
Тргувањето со опиумот било мошне профитабилно (како што е случајот со хероинот денеска).
Како резултат на ваквата трговија, два милиони Кинези станале зависници од дрога.
Британската Круна (со договорите од Нанкинг и Тианјин) зела огромни суми на пари од кинеската влада преку оваа трговија која ја нарекла "надомест на штета".
Мафиите ги имале насочиле своите активности кон коцкањето и кражбите се до 1920, кога организирале шверцување како одговор на забраната за дрога.
Пример за спектакуларниот бунт на мафијата како резултат на Забраната е синдикатот на Ал Капоне кој владеел со Чикаго во 1920-те години.
Официјалниот подем на трговијата со дрога започнал во 1954 година.
Во 1979 година продажбата на дрога го достигнала својот врв.
Законски казни[уреди | уреди извор]
Во многу земји за шверцување на дрога се добива строга казна, вклучувајќи ја и смртната казна (на пример во Кина и Сингапур).
Во 2010, две лица биле осудени на смрт во Малезија за незаконско внесување на 1 килограм канабис внатре во државата.
Во САД, федералниот закон наложува минимална затворска казна од 1 до 3 години за престапници кои ке бидат осудени за прв пат.
Трговијата со дрога е широко прифатена како најсериозен прекршок за разлика од останатите прекршоци поврзани со дрогата.
Меѓутоа, казните често зависат од типот на дрога (и нејзината класификација во земјата во која се шверцува) и од тоа каде дрогата се продава и како се дистрибуира; на пример ако дрогата се продава или дистрибуира на малолетни лица, тогаш казните ке бидат поостри отколку да би станувала збор за други околности.
Влијанието на трговијата со дрога врз општествата[уреди | уреди извор]
Земјите во кои се произведува дрога се сметаат за најмногу погодени од светската трговија со дрога.
Сепак, земјите во кои се внесува исто така се соочуваат со проблеми кои водат потекло од трговијата со дрога.
На пример, Еквадор наводно примил 300.000 бегалци од Колумбија кои бегале од герилците, паравоени лица и "кралеви" на дрогата, вели Линда Хелфрих.
Додека некои побарале азил, други се сеуште во илегала, а дрогата која поминува од Колумбија низ Еквадор до другите делови на Јужна Америка создава економски и социјални проблеми.
Насилен криминал[уреди | уреди извор]
Во многу земји низ светот нелегалната трговија со дрога се смета дека е директно поврзана со насилен криминал како што е убиството; ова особено е изразено во земјите од третиот свет, но исто така претставува проблем и во многу развиени земји низ светот.
На пример, во доцните 1990-ти во САД, Федералното биро за истрага направило пресметка дека 5% од убиствата се поврзани со дрогата.
Меѓутоа, откако властите на САД и Мексико презедоле остри мерки во првата декада од 21-от век (како дел од поострото погранично обезбедување по нападите на 11 септември), насилството долж границата на Мексико нагло се зголемило, а мексиканската влада проценила дека 90% од убиствата се поврзани со дрогата.
Малолетниците и нелегалната трговија со дрога во САД[уреди | уреди извор]
Според Националното истражување на владата на САД од 2005 година за употребата на дрогата и здравјето (НИУДЗ), околу 800,000 адолесценти низ земјата на возраст од 12 до 17 години продавале нелегални дроги во период од дванаесет месеци пред истражувањето; од кои некои признале дека знаат или дека се поврзани со други дилери на дрога низ земјата.
Во Истражувањето за ризично однесување на младите од 2005 година спроведено од американските Центри за превенција и контрола на болести (ЦПКБ) се вели дека на 25,4% од учениците низ земјата некој им продавал, нудел или давал нелегална дрога на школскиот имот.
Според истражувањата на Центрите за превенција и контрола на болести, распространетоста на нудење, продавање или давање на нелегална дрога на школски имот се движи од 15,5% до 38,7% (медијана 26,1%) и од 20,3% до 40% (медијана 29,4%) според локалните истражувања.
И покрај седумте милијарди долари кои се трошат годишно за апсење и покрај водењето на истраги во 2005 година за скоро 800,000 луѓе низ земјата за прекршоци заради марихуана (Извештаи за криминал на ФБИ), федералниот извештај "Надгледување на иднината" известува дека околу 85% од гимназијалците сметаат дека до марихуаната 'лесно може да се дојде".
Во суштина оваа цифра останала непроменета од 1975 година; во три декади на национални истражувања никогаш не паднала под 82,7%.
Во 2009 година, Министерството за правда идентификувало повеќе од 200 градови во САД во кои мексикански картели одржувале мрежи за дистрибуција на дрога или снабдувале дистрибутери со дрога.
Трговија на одредени дроги[уреди | уреди извор]
Канабис[уреди | уреди извор]
Додека рекреативната употреба (а со тоа и дистрибуцијата) на канабис е нелегална во повеќето земји низ светот, тој е достапен е на рецепт на многу места, вклучувајќи и некои држави во САД и Канада.
Употребата на канабис се дозволува во некои подрачја, особено во Холандија.
Алкохол[уреди | уреди извор]
Во некои области во светот, главно во и околу Арапскиот полуостров, трговијата со алкохол е забранета со закон.
На пример, Пакистан ја забранува трговијата поради големиот процент на муслиманско население.
Исто така, Саудиска Арабија забранува во своето кралство да се увезува алкохол.
Чист алкохол е исто така забранет во многу земји, како и течности со висока концентрација на алкохол чија дозволена граница варира од земја до земја, и која најчесто се мери во проценти или густина на течноста се мери во волумен или маса.
Тутун[уреди | уреди извор]
Додека набавката и употребата на тутунот е законска во речиси сите држави, а високите даноци во некои земји како што е Обединетото Кралство довеле до создавање на широк пазар за нелегална трговија.
За разлика од легалниот процес на дистрибуција, при нелегална трговија добро позната марка на цигари може да биде продадена за една третина од малопродажната цена поради отсуството на даноци.
Во 2004 година била направена пресметка дека шверцување на еден камион кој содржи 48,000 кутии цигари во САД може да донесе профит од околу 2 милиони американски долари.
Тутнот кој се тргува нелегално најчесто претставува профит од други криминални дела како што се кражби при транспорт.
Иако во повеќето меѓународни земји тутунот има легален статус, важен исклучок е Кралството Бутан каде што од декември 2004 година е нелегално да се продава тутун и оттогаш голема залиха на тутун е достапна на црниот пазар.
Во 2006 година, тутунот и бетеловиот орев биле најчесто запленувани дроги во Бутан.
Хероин[уреди | уреди извор]
Хероинот бил шверцуван во САД и Европа од области како што е Златниот триаголник (Југоисточна Азија) и Авганистан кој моментално е најголем светски извозник на хероин.
Во 2007 година 93% од опијатите на светскиот пазар потекнувале од Авганистан што довело до сума од околу 64 милијарди долари од кои една четвртина ја заработувале произведувачите на опиум, а остатокот службеници, бунтовници, воени водачи и шверцувачи на дрога.
Според Управата за сузбивање на дрога, цената на хероинот обично се вреднува 8 до 10 пати повеќе отколку кокаинот на американските улици, со што претставува високо профитабилна супстанца за дилерите и шверцерите.
Во Европа, на пример, (освен во земјите на транзит: Португалија и Холандија) грам уличен хероин, околу 700-800 мг светло до темно кафеав прашок содржи 5 - 10% основа на хероин, чини од 30 до 70 евра со што реалната вредност на грам чист хероин изнесува помеѓу 300 и 2,000 евра.
Хероинот е препорачлив за шверцување и дистрибуција отколку непреработениот опиум бидејќи носи повеќе пари и има поголема моќ.
Хероинот многу лесно се шверцува бидејќи мало четириаголно шишенце може да содржи стотици дози.
Од 1930-те до раните 1970-ти години таканаречената Француска врска ја задоволувала побарувачката во САД.
Наводно, за време на Виетнамската војна, "кралевите" на дрогата како што е Ајк Аткинсон шверцувале стотици килограми хероин во САД во мртовечки сандаци со мртви американски војници.
Оттогаш станало уште потешко да се внесува дрога во САД отколку порано, но тоа не ги спречило шверцерите да го донесат хероинот на тлото на САД.
Чистотата на хероинот зависи од регионот; во САД североисточните градови го имаат најчистиот хероин (според неодамна објавен извештај на УСД; Камиден и Њуарк во Њу Џерси како и Филаделфија го имаат најчистиот првокласен хероин во САД).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|"| | fineweb-2 |
За жал, нешто тргна наопаку
Ова значи дека страницата што ја баравте веќе не е достапна, привремено не функционира или пак врската е прекината..
Проверете дали адресата што се обидовте да ја употребите е точна и правилно е напишана
Разгледајте ги нашите најдобри понуди за резервирање евтин лет и поминете си убаво на одмор | fineweb-2 |
Ахмад Џанати
Ајатолахот Ахмад Џанати (фарси -احمد جنتی), р.
1926 во Исфахан) е ирански политичар, државнок и духовен водач.
Председател е на Гардискиот Совет, кој врши и нревизија на иранката исламска догма и ги утврудува различните кандидати за различни избори.
Џанати влегува во советот од моментот кога е основан во 1980 и управува со него до 1988.
Член е и на Советот на експерти.
Ајатолахот Џанати има големо влијание на политиката на Иран.
Тој често е споменуван и како духовен покровител на Махмуд Ахмадинеџад. | fineweb-2 |
Ахмед Зогу
|Ахмед Зогу|
|[[File:|frameless|alt=]]|
|Наследник||италјанска инвазија
Victor Emmanuel III of Italy
|Придружник||Geraldine Apponyi|
|Деца||Лека,принц на Албанија|
|Татко||Кемал Паша Зогу|
|Мајка||Садије Топтани|
Содржина
Биографија и рана политичка кариера[уреди | уреди извор]
Ахмед Зоголи (оригинал, албански: Ahmet Muhtar Bey Zogolli) го сменил своето презиме во Зогу што на албански значи птица.
Ахмед Зоголи е роден во Бургајетската тврдина во Албанија, како трет син на Кемал Паша Зоголи и Садије Топтани.
Потекнува од семејство со голем феудален авторитет во Албанија, а татко му бил намесник на областа Мати.
Неговата мајка Садије Топтани е потомка на сестрата на Скендербег.
Ахмед Зогу се школувал во колеџот Галатасарај во Истанбул.
За време на Првата светска војна Ахмед Зогу ја поддржал воената политика на Австро-Унгарија.
Бил притворен во Виена во 1917 и 1918 и во Рим во 1918 и 1919, а во Албанија се вратил во 1919 година.
Во Виена бил обожуван од жените, а со неговиот престој научил и многу за западниот стил на живот.
Во 1920 станал лидер на најголемата реформистичка партија, а ја задржал функцијата претседател во Скадар.
Власта ја презел во 1921 година, а бил министер за внатрешни работи и врховен командант на војската.
Негови први ривали биле Фан Ноли и Луѓ Гуракуки.
За време на неговото владеење опозицијата се организирала во Сојуз на опозицијата на чело со Авни Рустеми.
Во 1924 година Авни Рустеми бил убиен, па опозицијата со вооружен напад ја презела власта и за лидер го поставиле Фан Ноли.
Претседател на Албанија[уреди | уреди извор]
Во 1925 година со помош на Кралството СХС Ахмед Зогу повторно ја презел власта во свои раце и се прогласил за претседател на Албанија.
Претседател станал на 21 јануари 1925 година, а официјално функцијата ја презел на 1 февруари истата година.
Тој се залагал државата да ја уреди по примерот на Италија, а во своето владеење го водел според западно европскиот модел на управување, но сепак во Албанија се чувствувале остатоците од Османлиската империја.
Крал на Албанија[уреди | уреди извор]
На 1 септември 1928 година Ахмед Зогу се прогласил за крал на Албанија како Зогу I. Тој прокламирал уставна монархија, а создал и силна полиција.
Тој како национална парична единица ги вовел златните монети и скапоцените камења коишто се употребувале во Албанија пред воведувањето на банкнотите.
Во текот на триесетите години во Албанија политичката состојба се стабилизирала, но во 1939 година на албанска територија се истовариле 30.000 италијански војници по што Ахмед Зогу избегал од Албанија, а земјата била окупирана од Италија.
Животот во егзил[уреди | уреди извор]
Ахмед Зогу најпрвин побегнал во Египет од каде што допловил до Велика Британија каде што со своето семејство живеел во Лондон, а извесно време во 1941 година и во Бакингемшир.
По Велика Британија тој се преселил во САД каде што во 1951 година го купил имотот Нолвуд во Мутонтаун за $102,800, но многумина сметаат дека за 60-собниот имот како замок платил со вреќа полна со дијаманти и рубини.
Во 1955 година тој го продал имотот. | fineweb-2 |
Протестантство
|Дел од серијалот
Христијанство
Протестантството или протестантизмот е религиозно движење кое се одвоило од Римокатоличката црква во времето на Реформацијата во Европа во 16 век.
Терминот за прв пат бил употребен во 1529 година од страна на Мартин Лутер како протест кон Римокатоличката црква.
Називите протестант иил пак протестантизам произлегле од тоа што приврзаниците на германскиот монах Мартин Лутер вложиле протест во Рајхстагот во Шпајер во 1529 против одлуката на католичкото мнозинството со која се забранувале какви било промени во католичката црква.
Главното мислење на Протестантската реформација од 16 век било да се исфрлат строгите правила и традиции на католичката црква и верниците да се концентрираат на Исусовото учење од новиот завет на Библијата наместо на Стариот Завет.
Денеска, Протестантството претставува една од трите основни деноминации во христијанството.
Од околу 2.100.000.000 христијански верници во светот, 580.000.000 се протестанти, што претставува околу 27%.
Според некои теолози, секоја христијанска вероисповед, која не припаѓа на Римокатоличката или Православната црква, всушност е протестантско.
Еден од првите протестантски реформатори бил свештеникот Јан Хус, професор по теологија, словен, кој живеел на територијата на денешна Чешка и кој станал маченик за верата во 1415 година.
Хус поучувал дека Писмото е поважно од традициите.
Протестантската реформација се проширила по цела Европа во 1517 година, кога друг католички свештеник и професор по теологија, Мартин Лутер, ја повикал на обнова католичката црква.
Тој велел дека кога Библијата е во конфликт со црковните преданија, тогаш е потребно да се потчинуваме единствено на Библијата.
Лутер изјавил дека црквата постапува неправилно со тоа што дава можност да се купуваат индулгенции (потврди за простени гревови) преку кои луѓето ќе можат да влезат во рајот.
Тој исто така тврдел дека спасението единствено се добива преку верата во Христос, а не се "заработува" преку вршење добри дела.
Денес протестантската реформација е распространета низ целиот свет.
Како резултат на тоа се оформиле цркви, како што се лутеранската, методистичката, англиканската, а потоа и баптистичката, пентскостната и други.
Евангелско протестантските цркви веруваат дека секој христијанин одговара за својот духовен живот н секој треба да ја чита и проучува Библијата.
За ова убедување тие се потпираат врз учењето од Дела на Апостолите (17:11) каде што се вели: "Овие беа поблагородни од солунјаните; тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го испитуваа Писмото, дали е тоа така.
Библијата исто така нѝ зборува "да го скриеме" Божјото Слово во срцата, за да не му грешиме на Бога (Псалм 118 (119):11).
Апостол Павле го пофалува Тимотеј, велејќи: "Бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што може да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса."
(2 Тимотеј 3:15).
Содржина
Почеток[уреди | уреди извор]
Повод за почеток на борбата за реформа на Католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на црквата Св.
Петар во Рим.
Творец и водач на реформацијата во Германија бил Мартин Лутер ([PHONE] г.
), професор по Богословија на Универзитетот во Витемберг.
Во 1517 г. на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите "95 тези", според кои тој барал Евангелието да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се свртат кон народот, а не кон трупање на богатство, и да им се даде право на женидба.
Движењето било наречено "Лутеранство", според неговото име.
За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела Германија и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението.
Протестантски правци[уреди | уреди извор]
Протестантството односно протестантската реформација се развила во три правци:
- Лутеранство - во Германија, Скандинавија и централна Европа
- Калвинизам - во Швајцарија, Франција, Холандија и Шкотска
- Англиканство - во Англија
Лутеранство[уреди | уреди извор]
Во Германија, ова движење било поткрепено од страна на германските кнезови, но дури по Вестфалскиот договор во 1648 година, со кој договор завршила Триесетгодишната војна, лутераните добиле еднакви права како католиците.
Како основач на лутеранството се смета Мартин Лутер.
Лутеранството започнало како обид за реформирање на Римокатоличката црква.
Мартин Лутер под отворено небо се спротивставил на Римокатоличката црква.
Лутер ја превел Библијата на германски јазик, го објаснил библиското учење за спасувањето преку вербата, изложено од страна на Апостол Павле, и проповедал теологија, центрирана околу личноста на Господ Исус Христос.
Неговите трудови станале основа за натамошниот развој на реформацијата.
Калвинизам[уреди | уреди извор]
Во Швајцарија, реформацијата била распространета најпрвин во Цирих во 1516 година преку Улрих Цвингли.
Според него, реформацијата имала национален карактер, и како таква, тој сметал дека секуларната власт нема право да се меша во работите на црквата.
Во текот на 1528 година го напишал Коментарот околу правната и лажната религија, а следната 1529 година во Марбург заедно со Лутер дискутирале околу суштината на евхаристијата, држејќи на тоа дека Христос е присутен само духовно и симболички.
Во 1531 година алијансата на Улрих Цвингли подготвила штрајк со глад против католичката црква, меѓутоа обидот бил без успех бидејќи движењето не било доволно подготвено во Цирих.
Улрих Цвингли бил убиен на возраст од 47 години.
Жан Калвин, протеран од Франција, заминал во Швајцарија и Женева ја претворил во град-црква.
Во 1536 година, тој ја објавил книгата Институции на христијанската религија, во која ги прецизирал разликите помеѓу својата и протестантската теологија.
Тој признал само две тајни: крштевање и евхаријстија.
Тој ги одбил концепциите на Цвингли во врска со симболичките вредности на евхаристичкото учење, зборувал во врска со градот Божји односно околу црковната организација и дисциплина.
Англиканство[уреди | уреди извор]
Црквата на Англија или Англиканската црква е официјална христијанска црква во Англија и мајка-црква на англиканските цркви ширум светот.
Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на Реформацијата.
Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.
Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни принципи од Реформацијата од 16 век.
Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија.
Католицизмот бил повторно воспоставен под власта на Мери I, но Елизабета била протестантка, па според тоа се залагала за создавање на протестанска црква.
Со таа цел во 1559г.
парламентот расправал за реформските акти и за создавањето на протестанската црква.
Реформскиот акт предвидувал службата во црквата да се врши спротивно од римо-католичката, се исклучувало читањето на името на папата и се предвидувало свештениците да не ја носат црната одора на католичките свештеници.
На протестанските свештеници им се дозволувало да стапуваат во брак, се забранувале слики во црквите и се признавала Елизабета како Врховен управник на црквата на Англија.
Актот се соочувал со голем отпор во Горниот дом како и од католичките бискупи кои гласале против него.
Па така во многу го измениле актот, додавајќи ја римокатоличката служба како легална во сите цркви и одбиле да ја признаат Елизабета за врховен управник на Англиканската црква.
По празнувањето на Велигден парламентот продолжил со работата и се расправало за двата нови акта кои ги има предложено владата, Актот за врховна власт и Актот за униформност.
Првиот акт ја потврдил Елизабета како врховен управник на Англиканската црква.
Врховен Гувернер била поприкладна титула што фактички ја направило Елизабета врховен господар на црквата, без притоа да ѝ пишува титуларно.
Ова било многу важно бидејќи луѓето во XVI век едноставно не можеле да прифатат една жена да биде главна на црквата во некоја држава.
Вториот едикт, Актот за униформност, требало попретпазливо да се донесе, за разлика од остатокот од реформацијата на политичкиот и религиозниот живот во Англија.
Предвидувал строги закони за католиците, се исклучувало името на папата од црковните служби и се дозволувала и протестанската и римокатоличката литургија во црквите.
По распуштањето на парламентот Елизабета заедно со Вилијам Сесил донеле редица на закони познати како Кралски налози.
Тие доаѓале нешто како продолжеток на религиозната реформа и се однесувале на католиците, се забранувала римокатоличката свештеничка облека, се забранувала употребата на лебот во црковната служба и др.
Во окрузите низ кралството каде доминантно било католичко население постоело одредено негодување кон реформите, па така што одредени измени биле неопходно вметнати со што послужиле за полесно официјално прифаќање од сите поданици на кралството.
Елизабета никогаш не ја сменила религиозната нагодба и покрај жестоките протести од страна на протестантите (пред сѐ од пуританците), со што основата на денешната Англиканска црква потекнува токму од религиската нагодба од 1559 година.
Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископот од Кентербери кој е поглавар на црквата.
Анабаптизам[уреди | уреди извор]
Анабаптизмот претставува третото движење во протестантството.
Неговите наследници сметале дека црквата е составена од личности, кои вистински го преживеале Исус Христос.
Тие се спротиставувале на идејата за вистинско постоење на црквата како религиозна институција, туку држеле на личната врска со Бог преку Светиот Дух.
Поради ова, тие сметале дека човек треба да биде крстен во вода откако ќе се запознае со својата вера и во овој контекс тие биле најрадикални.
Анабаптистите го отфрлаат носењето на свадбени прстени, или пак учеството во државното управување.
Како еден од основачите на Анабаптизмот се смета Томас Минцер.
Тој бил предводник на т.н.
Селанска војна кога околу 100.000 селани заедно со Минцер биле убиени.
Баптизам[уреди | уреди извор]
Баптистите претставуваат протестантски христијани кои сметаат дека за да еден христијанин биде крстен, тој најпрвин треба да биде пораснет верник.
Почетоците на Баптистичката црква се во Велика Британија и САД.
Денеска претставуваат една од најголемите протестантски заедници.
Од редовите на на баптистите бил и Мартин Лутер Кинг.
Според статистичките податоци кои ги објавил баптистичкиот статистички завод, во светот има околу 90.000.000 верници.
Оваа верска заедница била основана од страна на Џон Смит, кој живеел во прогонство во Амстердам.
Најпрвин Смит сметал дека која било форма на читање од книга за време на молитва е измислица на грешниот човек.
Затоа баптистите денеска ја отфрлаат литургијата, молитвата, пеењето и проповедањето бидејќи истите морало да бидат целосно спонтани.
Смит одел дотаму што не дозволувал читање на Светото Писмо за време на клањање.
Ова произлегува од неговото верување дека клањањето требало да биде по наредба на Светиот Дух.
Смит го измислил двостепениот поредок во црквата, пастор и ѓакон, за разлика од Реформистите кои имале тристепен поредок.
Со своите нови гледишта за крштението, кај него се појавила голема загриженост.
Тој и неговите следбеници биле крстени како деца, а тоа не им пасувало на учењето.
Затоа извршиле ново крштение.
Тие биле првите верници на ова движење, па не постоел некој да го изведува крштевањето.
Смит решил да се крсти самиот, и го сторил тоа, а потоа почнал да ги крштева и своите следбеници.
Првата баптистичка црква била основана во 1612 година, кога Смит се вратил во Англија, и кога ова движење зазело голем замав во времето на династија Стјуард.
Според некои, Баптистите се произлезени од Анабаптистите.
Голем број на баптисти се поврзуваат со политичките настани од 17 век.
Тие биле предводници за религиозната слобода помеѓу верите.
Во текот на населувањето на Америка, голем дел од баптистите заминале во САД каде основале баптистички цркви.
Во тоа време се одвоила и баптистичката секта позната под името Баптисти од седмиот ден.
Во текот на 18 век, баптизмот паднал под притисок на унитаризмот.
Методизам[уреди | уреди извор]
Методизмот претставува деноинација во христијанството, движење во рамките на Англиканската црква.
Првата Методистичка црква била основана во 1784 година во САД.
Соединетите Американски Држави биле формирани една година порано и претставуваат прва модерна држава каде што црквата е одделена од државата.
Првичната намера не била да се основа нова црква.
Англиканскиот проповедник Џон Веслеј ([PHONE]) бил длабоко погоден од сиромаштијата во Англија, која земала се поголем замав во 18 век.
Тој се смета и за основач на Методизмот.
Почетокот на индустриската револуција предизвикала огромни социјални проблеми (невработеност, голема експлотација на возрасните, злоупотреба на детскиот труд, алкохолизам итн).
Заедно со неколку истомисленици, Џон Веслеј формирал движење во рамките на Англиканската црква, кои се залагала за овие луѓе и за нивните проблеми.
На луѓето кои го предводат оваа движење им го даваат прекарот "методисти", затоа што се одликувале со еден дисциплинарен начин на живеење (секојдневно читање на Библија, постојана молитва, постење, служење на другите итн).
Со тек на времето, сè повеќе луѓе започнале да емигрираат од Англија во Америка.
Методистичкото движење се проширило на новиот континент.
Со независноста на САД, Англиканската црква се повлекла од колониите и останала под патронство на Англиската црква.
Методистичката црква не се издигнува со разликите во учењето, туку заради духовната потреба на луѓето дојдени во новата замја.
Методистичката црква го задржила учењето и начинот на Боголужба како Англиканската црква, иако и двете скратувале или додавале нешта кои се неопходни за да се следат промените кои настануваат во модерниот свет.
Денес Евангелско-методистичката црква е распространета ширум светот и брои околу 70 милиони членови .
Иако Методизмот не е истовремено појавен со Реформацијата, сепак спаѓа во редот на протестанските цркви и исповеда заедничко верување, чија основа е љубовта Божја кон сите луѓе и Неговото безусловно прифаќање на грешната природа на човекот.
Евангелизам[уреди | уреди извор]
Евангелизамот или евангелско протестантство денеска претставува доминантно движење во рамките на протестантството според бројот на верници.
Во текот на 18 век, како евангелисти биле познати и оние кои биле наклонети кон Англиканската црква, како и оние ја поддржувале истата.
Ова движење било основано во Велика Британија во 1730-тите, и се здобило со голема популарност во САД во текот на 18 и 19 век.
Англиските евангелисти најмногу внимание оддаваат на значењето на Светото Писмо, потребата од зачувување на верата, на високиот морал.
Во Америка, во текот на 19 век, поимот евангелизам се однесувал на оние цркви кои го застапувале идеите на ревивализамот.
Се смета дека оние цркви имаат многу заедничко и нивните лидери се надевале дека еден ден ќе се создаде можност за обединување на оваа црква преку која Америка ќе стане христијанска земја.
Карактеристики[уреди | уреди извор]
Протестантите се христијани, кои претставуваат една од неколкуте низависни христијански цркви.
Протестантите го применуваат Ннкејскиот симбол на верата, донесен на Првиот црковен собор во 325 година.
Сите тие веруваат во смртта, погребувањето и воскресението на Исус Христос, во Неговата божественост и во Неговото второ доаѓање.
Сите тие ја користат Библијата како Божјо слово и се согласуваат во тоа дека покајанието и верата се неопходни, за да се има вечен живот и за да се избегне пеколот.
Според податоците од агенцијата "Операција Свет" во целиот свет има околу 600 милиони протестанти.
Протестантите, пред сè го ценат авторитетот на Библијата и секој има право да ја проучува, според одредени правила.
Православните и католиците најмногу ги ценат своите преданија и веруваат дека само свештениците во тие цркви можат правилно да ја толкуваат Библијата.
Основните разлики меѓу овие три конфесии ги носат корените на основоположната политура на мислење.
Сите заедно, без разлика на нивните разединувања, се согласуваат со Христовата молитва запишана во Евангелието според Јован (17): "Не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал; зашто се Твои."
Разлики помеѓу црквата[уреди | уреди извор]
- Протестантите не се противставуваат на крстните изработки.
Протестанските и католичките цркви за разлика од православните, претпочитаат да корастат едноставен крст.
- Протестантите и католиците веруваат дека иконостасите ја симболизираат завесата која ги одделувала луѓето од најсветото место во Ерусалимскиот храм.
Тие сметаат дека кога Бог ја раскинал завесата на две во моментот на Исусовата смрт (Матеј 27:51), тогаш тој самиот кажал дека човештвото повеќе не е одделено, благодарение на крвта која ја пролеал Исус за да ги прости гревовите.
- Протестантите веруваат во тоа дека богослужбата се осветува не од местото на проповедање, не од зградата, туку од Христовото присуство меѓу верниците.
Библијата според нив исто така вели дека како Божји храм се јавуваат христијаните, а не зградите: "Не знаете ли вие дека сте Божји храм, и дека Божјиот Дух живее во вас?"
(1 Коринќани 3:16).
Според Библијата, првите христијани држеле служби на многу различни места: во училишта (Дела 19:9), во еврејски синагоги (Дела 18:4, 26; 19:8), во еврејскн храмови (Дела 3:1) и во приватни домови (Дела 2:46, 5:42, 18:7; Филемон 1:2,18:7; Колошани 4:15; Римјаните 16:5 и 1Коринќани 16:19).
- Повеќето протестанти сметаат дека децата по смртта веднаш одат во рајот.
Исто така, тие веруваат во библиското тврдење дека на крштавањето мора да му претходи покајание (Дела 2:3).
Тие своето убедување го темелат врз 2 Царства (12:23), каде што е опишана смртта на синот на цар Давид од Бетшеба.
Давид тврдел дека ќе дојде време кога тој ќе го види својот син на небото.
Ова верување го тврдат најмногу поради тоа што во Библијата, се велело дека децата не знаат за добро и зло (2 Царства 1:39).
Исус рекол: "Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство (Матеј 19:14).
Протестантите сметаат дека во Библијата нема ниту еден случај на крштевање на бебе, а и Исус чекал за своето крштевање до 30-та година.
- Христијаните протестанти сметаат дека Десетте заповеди (2 Мојсеева) забрануваат да се изработуваат ликови за поклонување: "Не прави за себе идол, ниту каква слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата."
Во 3 Мојсеева (26:1) според нив, е запишано: "Не правете ракотворнн ликови ни делкани и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се поклонувате, зашто Јас сум Господ вашиот Бог."
- Протестантите претпочитаат да го следат Исус.
Евангелските верници велат дека во Писмото нема примери каде што некој се моли на Марија или на светци.
Тие сметаат дека Библијата забранува да човекот се моли на човек, кој починал: "Да не се најде човек пред тебе што повикува мртви.5 Мојсеева (18:10-12)".
Евангелско - протестантските цркви сметаат дека Марија била прекрасен пример на христијанска послушност спрема Бог и дека останала девица сѐ додека не се родил Исус.
Докази во врска со тоа го наведуваат Евангелието според Матеј (1:25), каде се зборува дека нејзиниот сопруг Јосиф не ја спознал (не спиел со неа) сѐ додека не го родила својот Син првенец, а во други стихови од Библијата се спомнуваат браќата и сестрите на Исус (Матеј 12:46,13:55-5; Марко 3:31; Јован 2:12, 7:3).
Евангелско - протестантските цркви не веруваат дека Марија била безгрешна, бидејќи во Евангелието според Лука (1:47) таа го нарекува Господ свој Спасител, според тоа не би ѝ бил потребен Спасител, ако била безгршна.
- Протестантите ги применуваат повеќето поставени историски црковни собори, но не ги сметаат за безгрешни.
Таквото однесување е втемелено врз фактот дека некои одлуки кои се донесени на двата последни Никејски собори си противречат едни на други во врска со иконите.
На првиот донесен во 754 година, користењето на икони било забрането, а на вториот донесен во 787 година, било решено дека користењето на икони е неопходно.
Протестантите ги применуваат решенијата на Соборите само тогаш кога тие се во согласност со учењето на Библијата.
- Протестантите не веруваат дека во моштите на светците има некаква посебна сила, бидејќи Библијата не учела за ова.
Протестантите сметаат дека случајот со коските на Елисеј, преку кои воскреснал мртовец (4 Царства 13:21), не било ништо друго освен исполнување на Божјото ветување дадено на Елисеј, а тоа е дека Елисеј ќе има двојно поголемо помазание од она на Илија (4 Цараства 2:9).
Чудата кои се случиле по смртта на Елисеј двојно ги преминало чудата направени од Илија.
Протестантите сметаат дека Библијата нема други укажувања за тоа дека христијаните треба да ги почитуваат телата на умрените, затоа и не постапуваат така.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- "Protestantism."
Encyclopædia Britannica Online.
15 Nov. 2010 <http://www.britannica.com/topic/479892/Protestantism>.
- "The History of the Church of England".
The Archbishops' Council of the Church of England.
24 мај 2006 г.
- http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf
- http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf
- "About The Methodist Church".
Methodist Central Hall Westminster.
31 декември 2007 г.
[мртва врска]
- "American Holiness Movement".
Finding Your Way, Inc. http://mb-soft.com/believe/text/holiness.htm.
31 декември 2007 г.
- An introduction to world Methodism.
Cambridge University Press.
31 декември 2007 г.
- "What We Believe – Founder of the United Methodist Church".
United Methodist Church of Whitefish Bay.
1 август 2007 г. | fineweb-2 |
Самоубиствениот бомбашки напад во Знаменское се случил на 12 мај2003 година во Знаменское, Чеченија кога три бомбаши самоубијци, вклучувајќи две жени, возејќи во камион бомба удриле во административната зграда на локалната самоуправа и на федералната служба за безбедност на Руската Федерација.
Во нападот загинале најмалку 50 луѓе, а биле повредени околу 200, главно цивили.
Чеченските сепаратисти биле обвинети за нападот, но формалните обвиненија никогаш не биле докажани. | fineweb-2 |
F.A.Oprosti II
Оваа ми е прва статија и нешто да кажам според мене , знам дека нема да се согласуваат некои , но што да правам , тоа е
Во минатото, знам дека е-Македонија се бореше од ништо направи нешто.. Бевме под голема окупација, скоро немавме ни наша територија..За разлика од денес, ја земавме Грција (не за долго), Албанија и дел од Италија.
Порано , да се вратам, голем дел од Италија земавме, платите беа многу поголеми, но за жал производите и стоката беа поскапи.
Додека во сегашно време, платите се помали , производите и стоката е малку намалена, само треба да се има добра тактика за совладување на непријателот бар да се преживее.
Порано немаше толку да се каже ,,донации" за немање на храна и други производи отколку денеска.
Денеска секој втор моли за суб, воте, оружје, храна и друго.
Тоа е жално луѓе.
Да се немало тактика за напад.
Изгубивме 6 територии од 12 освоени.
Јужниот сосед, т.е.
Гејлада, не постоеше на Балканот ни во Европа.
Сега се врати и ни ги зема пола од териториите што ги имавме.
Од можни 4 битки , ги изгубивме сите.. го изгубивме и оној дел од Италија (Абрузо).
Срамота е тоа !
Сеуште имаме шанси, но веќе не смееме да грешиме.. Треба да се има тактика...Подобро е да изгубиме 1 територија а другите да ги победиме или во најдобар случај сите да ги земеме.
Повеќето нема да го прочитаат ова , бидејќи во денешно време , ретко некој ги чита овие статуси , повеќе ги читаат кај што има поделба и слични работи.
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Се расчистува маглата за околностите во кои премиерот Никола Груевски отпатува за САД и се сретна со американскиот потпретседател Џо Бајден.
Во регистарот на лобистички договори што го води американското Министерство за правда достапен е нов факт, кој е на трагата на одговорот на прашањето – како навистина Груевски беше на средба во Белата куќа.
Станува збор за нов договор на ВМРО-ДПМНЕ со нова лоби-компанија од САД, чиј основач е Том Дешл, поранешен сенатор и конгресмен од редовите на Демократската партија.
Дешл е сопартиец и поранешен колега на Бајден во Сенатот.
Но, не само тоа – во договорот јасно пишува дека фирмата на Дешл, од името на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работи на организирање посета на премиерот Груевски на САД и на негови средби со високи претставници на американската администрација, а меѓу директните таргети се спомнува токму потпретседателот Бајден.
Една од задачите што ја презела лоби-компанијата била во контактите со администрацијата и други креатори на политиката и јавното мислење во Вашингтон да ја испрати пораката дека скандалот со прислушувањето "не значи прекршување на принципот на владеење на правото".
Договорот има важност од шест месеци, почнувајќи од први ноември минатата година, а услугите на "Дешл груп" ја чинат ВМРО-ДПМНЕ месечно по 49.500 американски долари.Паралелно со овој, ВМРО-ДПМНЕ има активен договор со уште една лоби-компанија од САД, "Њу партнерс", за што плаќа по 54.000 долари месечно.
Амбасадата на САД соопшти дека средбата Бајден-Груевски била на барање на македонскиот премиер, а Груевски изјави дека прашањето кој ја организирал средбата нема суштинско значење.Неофицијално, американската амбасада не била вклучена во организацијата на посетата на Груевски, а Стејт департментот дал негативно мислење и бил против средба Бајден-Груевски. | fineweb-2 |
Daniel Wolpert:
Даниел Волперт: Вистинската причина за постоењето на мозокот
Неврологот Даниел Волперт тргнува од една изненадувачка премиса: мозокот еволуирал, не за да мисли или за да чувствува, туку за да ги контролира движењата.
Во овој забавен и богат со податоци говор тој ни дава поглед кон тоа како мозокот ја создава елегантноста и агилноста на човечкото движење. | fineweb-2 |
Ric Elias:
Рик Елијас: Три работи кои ги научив кога се сруши мојот авион
Рик Елијас седел во првиот ред на Летот 1549, авионот кој се сруши во реката Хадсон во Њујорк, во јануари 2009 година.
Што сè му минало низ главата додека авионот паѓал надолу?
Na TED, за прв пат јавно тој ја раскажува својата приказна.
This talk was presented at an official TED conference, and was featured by our editors on the home page. | fineweb-2 |
Поимот флуид е заедничкото име за течностите и гасовите.
Името доаѓа од латинскиот јазик, од зборот flux, што значи проток, односно нешто што тече или струи.
Класификацијата на гасовите и течностите во флуиди е поради тоа што тие имаат многу сличности и разлики, и кога се во рамнотежни состојби, и кога се наоѓаат во движење.
Макроскопските својства на течностите се определени од нивната микроструктура и од начинот на движењето на нивните структурни честици, а тоа се атомите, молекулите или јоните.
Многу факти покажуваат дека при некои услови својствата на течностите се слични на својствата на гасовите, а при други услови тие се доближуваат до својствата на цврстите тела.
Тоа значи дека микроструктурата и движењето на структурните честици во течностите значително се менуваат со промена на условите во кои се наоѓаат, а главно со промена на температурата и на притисокот. | fineweb-2 |
Античката грчка наука и философија не се имаат јавено без какво и да е влијание однадвор.
Тие се надоврзале на достигнувањата на источните народи, главно на Египет и Вавилон, со кои одржувале постојани трговски и други врски.
Таму биле развиени науките, пред се' математиката и астрономијата.
Таму било издигнато на завидна висина земјоделството и градењето на огромни мрежи од канали за користење на водите од Нил, Тигар и Еуфрат.
Во Египет и Вавилон на високо ниво се развиле занаетите за изработка на разни предмети на метал, глина и ткаенини.
Таму, исто така, доста се развиле уметностите, особено градежничката, ликовната и литературната.
Грците од антиката, т.е.
од 8-иот век п.н.е.
до 2-иот век од н.е.
и понатаму до пропаста на Рим до 5-иот век од н.е.
се појавиле на историската сцена.
Грците живееле на скудна почва, па за својот помин биле упатувани на морето и морепловството, за чиј развиток разгранетото грчко копно давало речиси идеални можности.
Се граделе бродови се развивале разни занаети, а земјоделството давало производи со кои се тргувало внатре во Грција, а уште повеќе со други земји.
Патувајќи од едниот крај на тогаш познатиот свет, во друг тие се среќавале со разни народи, се запознавале со нивните верувања, обичаи и сфаќања поинакви од своите, ги споредувале и се' повеќе се убедувале во нивното релативно значење, во тоа дека тие се човекова творба.
Оттука е разбирливо што Грците развиле поинакви форми на општествено-политички односи.
Наместо пространите деспотии се зацврстиле градовите - држави наречени полис.
Највисок степен на развиток грчката култура достигнала во Атина, во времето на Перикле (средината на 5-иот век п.н.е.
), кога робовладетелската демократија достигнала најпотполн развиток.
Тоа бил златниот век на античката уметност и философија, како своевиден израз на античката демократија, кога слободните граѓани располагале со политички права и моќ дотогаш невидени.
Демократијата тогаш условувала воспитание и образование за постојан остар натпревар во сите области од јавниот живот, конкуренција на сили и способности. | fineweb-2 |
Роден и образован во Париз, Мишел Черефков студирал право, кога после една посета на неговата сестра која работи како манекенка во Њујорк, тотално му се променил патот кон неговата кариера и решил да започне да се занимава со комерцијална фотографија.
Незаситната љубопитност на Мишел за уметничките облици, во комбинација со неговиот инстинкт и потреба за експериментирање, резултирало во фотографии, кои тој ги опишува како "искривена реалност".Неговата работа била инспирирана од свиткан лист, кој Черефков го забележал и му заличел на чевел.
Од оваа идеја, била родена неговата фотографска серија "Shoe Fleur" (Цветни чевли).
Тој првин ги фотографирал поединечно цвеќињата и листовите во неговото студио во Менхетен, а потоа користел Фотошоп за да ги соедини елементите во една целина и да создаде надреални чевли.
Во врска со неговата фото-серија Мишел вели: "Ги купив сите овие цвеќиња и листови и почнав да фотографирам.
Беше многу забавно и убаво и испадна токму како што сакав – тотална фантазија". | fineweb-2 |
Разно категорија ги вклучува содржини од различни сфери на животот.
Овде можете да најдете совети за спорт, пари, уметност ... Кои се здравствени придобивки од брзо одење, рекреација терапија, комуникација и различни интереси.
---------------------------------------------------------
Купување облека преку интернет
Во интернет купување денес е сè повеќе распространет и популарен.
На интернет може да се купи речиси се што ви треба.
Во интернет купување денес е сè повеќе распространет и популарен.
На интернет може да се купи речиси се што ви треба.
Наједноставниот е да се купи брендови и дизајнер облека која не е достапна во вашата околина, исто така, често се јавуваат во онлајн попусти и поевтини цени.
Преку интернет, се разбира, нуди многу поголем избор на облека, најверојатно, нема да се случи во градот ќе видите некој носи истиот фустан што неодамна нарача преку интернет.
Тоа е добро пред да го купат готови да се учат на броеви, особено ако за стока од САД, со цел да се избегне парче на стока не реагираат, иако тој всушност зборува за вашиот стандард прашање.
Мора да се внимава, и многу сум заборавил, бидејќи тие донесе ниски цени, тоа е стока подлежи на ДДВ и царина.
Кога сте ги додале цената на поштарина, пресметките често се разликуваат од почетната цена. | fineweb-2 |